И по стотти пат: Немаше да е олку лицемерно ако ви беше барем малку гајле за детето откако ќе се роди. Пошто ниту еден хуман човек не би осудил невино дете(дете а не ембрион!) на мизерен живот. Ниту пак ви е гајле дали тоа дете е најадено, напиено или љубено. На силување ќе премолчите еј. Вистинска жена ќе го гледала и такво, жени со трауми кои со бебешки чекори се учат да љубат повторно очигледно не се вистински жени.
Јас не посочувам личности,општо коментирам. Ако не постои психички и/или физички проблем,абортусот не е за оправдување.
Точно. Но не може да правиме закони врз основа на налудничаво однесување. Не се тие жени репер за право на избор. Затоа се согласуваме. Задолжително психолошко советување. Таа што абортира 8 пати просто не знае за подобро.
И мислиш дека таква, во најмала рака психички лабилна жена (а можеби и со некое психичко растројство) би можела да се грижи за тие деца кога абортусот би бил забранет?
Ама тоа ти по дома така. Твоето мислење за моите причини да родам или не... небитно е. А најмалку е битно за законот.
Секој има свое право на избор. Многу е лошо од страна да се суди. Сепак секој е со различно искуство. Битна е едукацијата уште во помала возраст, арно ги учат од мали да кажат кај им е кулето или дундето, епа истите тие деца на 14-15 треба да се научат што е контрацепција и како се користи. Некогаш има индикации за абортус, некогаш во многудетно семејство без многу услови за живот и одгледување е оправдано, силувања и други случаи да не ги набројувам. Си има временски период до кога може абортус, има ризици и за мајката, физички и психички, не се за занемарување. Затоа за подигањето на свеста треба сите да работиме, а не потоа да плукаме зошто некој направил или ненаправил абортус
Колку пати само се повтори тоа дека штом има отчукувања на срце, значи е готово. Ако е така тогаш два месеци да се носат децата наместо девет? Не може, а? Не сум се изјаснила до сега на темата, но секогаш сум ЗА право да избор, независно за што се работи. И колку само е патетично, како што е веќе спомнато во претходните коментари, тоа што многу, ама мнооогу повеќе се грижите за ембрионите, но не и за родените деца кои секојдневно страдаат.
Абе па ти со тоа општо коментирање се запна и во секој пост тоа па тоа, а тешко ти е да сфатиш дека жените треба да имаат право на избор да абортираат доколку сметаат дека на тоа дете не може да му обезбедат онаква иднина каква што заслужува или едноставно затоа што не се подготвени да се најдат во толку одговорна улога. Тоа се луѓе кои зрело размислуваат и проценуваат. А не „абе ќе го родиш па после ќе видиме дали ќе можеме да го изгледаме или ќе го оставиме на улица во првиот момент штом веќе нема да сакаме да бидеме родители“. Значи не оди тоа така, не знам како да ви објасни човек. На кинески да зборевме па пак треба да се разбере. Се работи за човечки живот за кој или сте подготвени да го создадете и да се грижите или пак ќе се роди а после животот пекол ако му го направите шо има врска, битно се нарекувате несебични мајки. Епа не!
Ја стварно не знам зошто сте се запнале за тоа чукање на срцето, ко божем тоа да е главниот и единствен критериум кој означува дека некој организам е жив. Знаете како се вика состојба на човек без никаква мозочна активност, кој има респираторна и срцева акција? – Мозочна смрт. И е апсолутно подеднакво валидна дефиницја за смрт како и клиничката смрт (онаа без пулс), и од биолошки и од правен аспект. Упорно се обидувате да докажете дека зигот, ембрион и фетус е нешто еднакво на човек, упорно велите дека ако нешто има срце кое чука, тоа нешто е живо. Проблемот е во тоа што ова не е работа на нечие лично мислење или став, туку нешто за кое биологијата и медицината, како прилично егзактни науки, дале дефиниција базирана врз факти. А кога се работи за научно поткрепени факти, тука нема простор за „јас мислам“ или „според мене“. И уште нешто, кога сме на тема лични мислења и ставови – прекинете да протнувате научни небулози, пропаганда и осуда на неистомисленици под паролата „тоа е мое лично мислење“. Ваше лично мислење на темава може да биде – „Јас никогаш не би абортирала“ или „Би абортирала само под такви-и-такви услови“. Изјави како „абортусот е убиство“ излегуваат од рамките на лично мислење и преминуваат во областа на осудување на сите кои абортирале или го поддржуваат правото на избор како убијци, т.е. соучесници во убиство. А тоа се две прилично различни работи.
Се надевам дека има модератор на темава и дека барем ќе се потруди да ги брише навредите на лична основа. Ниту сум должна да ти давам лични примери ниту имам обврска да ти одговарам на замислени ситуации за моите деца. Засрами се ти! Тоа што го имав го кажав а не се грижи ти за ќерка ми, ќе се потрудам да и покажам како функционира светот и ќе ја насочам сексуално да се едуцира. Ако не си способен да го утешиш своето сопствено дете, да му ги објасниш ризиците и предностите од некоја постапка и ако го доведеш до апче за самоубиство тогаш пиши пропало, тогаш не заслужуваш да си мајка. Не знам ни на која возраст си, не знам ни дали имаш деца или си абортирала, ама не си ни најмалку компетентна да зборуваш за бесчуствителност. Бесчуствителен е оној кој убива, оној кој злоупотребува, како што употреби cosmi термин-елиминира ако не му се уклапа у распоред. Да дозволиш да згасне едно срценце кое можело да го види светот само затоа што ти било трето а доста ти се две, или ако можеш да се ебеш ама немаш пари да го исчуваш. Тоа ти е бесчуствителност, око да не ти трепне додека згаснува невин живот. И претерано се држите до тие силувања, аномалии, мизерни домови. Тоа се посебни области, за посебна дискусија за тоа како не функционира државата. Аха, многу контрадикторен заклучок. Што е битно колку абортуси имала. Еднаш убила, пет пати убила. Веќе не е битна бројката. Штетата е направена и со првиот пат и по тоа се гледа колку е "нормална"
Кого лично навредив? Едно е да кажуваш став, друго е да му мешаш деца на некој и лично да го навредуваш.
Ако твојот став е дека сум "бесчувствителна" и "убиец" тогаш ме вреѓаш. Немој со тие "општи" ставови Колку што ти имаш право на "став" за мојот живот (и на било која) толку и ние останатите на твојот. Ако сакаш фер дискусија, дискутирај фер.
Нарекувај ги како сакаш тие што се против абортус а јас ќе ги нарекувам како сакам тие што се за абортус. Ама нарекувај ги без да цитираш и да навредуваш некого директно. Никој за никого не знаеме ништо на форумов. Нема потреба од навреди упатени лично кон некој, Ако ти се дискутира, дискутирај без лични навреди. Мојот став е за абортусот не за твојот живот лично или за животот на таа што се дрзнала лично да ме навредува.
И сега ШТО... јас сум ненормална и убиец оти сум имала три абортуса..господе боже, кои ненормалности има овде за читање...абе дали ке разберете еднаш дека бројот на децата јас си го планирав, а непланираните ги абортирав,,, и немам грижа на совест никаква.
Секогаш кога ќе кажеш "убиец" "ненормална" "бесчувствителна" ме вреѓаш. Може 3 пати сум абортирала, нели? Воздржи се од такви коментари, па после жали се. Или за други кога збориш не боли?
Мизерно било да се абортира иако се нема услови за дете. Значи да резимираме: -не е мизерно и сосем во ред е тоа дете да расте без да може да му се овозможи соодветен здравствен третман и добар педијатар, -во ред е ако не можеш да го храниш квалитетно, како беше она нема лоша помија...?! -во ред е да не можеш да му купиш квалитетни цуцли и други потребштини, кинеските отрови исто ќе завршат работа, -во ред е ако спие во соба каде ѕидовите прокиснуваат и капе од таван, -во ред е да му родиш на насилник, оти споделената болка е помала?! -во ред е да расте со викотници и психичка и физичка тортура, како иначе ќе ојача?! Пффф.. ќе се снаоѓаме бе! -сосем во ред е да родиш ако си силувана, оти божји грев е да абортираш, -ама ни под разно, никако, дедо боже да не дае, сосем во ред е да абортираш ако тоа дете има некаква аномалија, е во тој случај грев нема да ти се чита пред портите на рајот. Само да се роди! Па ќе се снаоѓаме...