Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    Абеја, како не се мешаш, а велиш, би била среќна кога би убедила пола од форумџиките. Тоа не е ли мешање? Сакаш да наметнеш став. Да мислиме дека сме убијци, да имаме грижа на совест? Да раѓаме деца во било какви услови? Па после вие ќе мислите за нив?

    Среќа па способни сме сами да размислуваме.

    @Abeja
     
    На ivi1987, Lella, candy.cane и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.949
    Допаѓања:
    177.730
    Пол:
    Женски
    Абе да се плескаа повеќе за задоволство, немаше таа меѓу нозе да им чуе за да судат за други избори, вака ко криво да им е излага.
     
    На ivi1987, candy.cane, m.i.g и 8 други им се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    И после раѓањето ако не си веднаш спремна за второ. Или трето, или петто...
     
    На ivi1987, candy.cane, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не можете директно на жена што се исповедала за поминати абортуси да ѝ кажете дека извршила убиство, без разлика дали имате муабет или не. Исто како што на член/ка што се отвара на форум ко геј/би не можете да ѝ кажете дека е изрод, и ко на членка што при вжештена дискусија кажа дека е во брак со црнец не можевте да ѝ го повторите расистичкиот булшит.
    Зашто некаде длабоко во себе знаете дека етикетиве и осудиве ви се дно, и дека немате право на такви мислења за туѓ личен живот. Епа, newsflash - исто дно се и кога општо ги изјавувате истиве работи.
     
    Последна измена: 14 март 2019
    На ivi1987, Lella, ane.bella и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Кај виде дека наметнувам став? Пишав-би била среќна (значи-би била, плус додадов дека не ми е ни битно)
    Ако некој овде сака да наметне став сте вие поборниците за абортус. Упорно го напаѓате секој што ќе си го искаже своето мислење дека е против абортус и зошто така мисли, дури не размислувате со какви средства го правите тоа и дека навредувате на лична основа.

    @Someonespecial ај не измислувај муабети и "директни" навреди, знам дека ти се однесуваше мислењето на мене и на бабарада. Никаде не сум и се обратила на бабарада на оваа тема, ниту се обратив лично кон некој што абортирал. Кажав мое мислење.
    А ти како некој дежурач си по темиве и само бараш можност да предизвикаш некоја кавга, провоцираш демек дискутираш, провидна си веќе и точно знаев со која цел напиша уште пред да те прочитам.
    Па после имало кавги и офтопици, па ќе има, кога некој нема друга работа освен да "подгрева" атмосфера.
     
    Последна измена: 14 март 2019
    На nextredstyle, Selest и Petra777 им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.355
    Допаѓања:
    286.419
    Јас не бев спремна за третото....ниту телото поради тоа што сите три се блиску едно по друго, ниту емоционално поради здравствената состојба на едното дете.
    Сега ``за памет`` користиме заштита, не се пазиме природно. Не дај боже ако потфрли заштитата, и покрај неподготвеноста, пак не би можела.
    Претпоставувам влијаат и други фактори освен неподготвеност.
     
    На Lolipop23, M&M, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.126
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да се држите до темата. Разбираме дека е навистина остра тема, но пожелно е малку да внимавате при изразувањето. За понатамошни навреди ќе следува банирање од темата.
    Благодарам. :)
     
    На candy.cane, M&M, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Затоа што сум била силувана.
    Кога ме фати и ме крена со една рака, а со другата ми ги соблече фармерките (а тешка бев и тогаш), сфатив дека нема да избегам од силувањето, па го молев, барем кондом да користи.
    Изваде кондом и го остави на страна. Не го стави...
    И ме силуваше.

    Не знам како си отидов до дома... цело време се вртев да проверам да не ме следи.. Оти не сакав да знае каде живеам. Преплашена бев.

    Добив.. Среќа не бев бремена...

    По неколку години, се сретнав со една познаничка која шеташе бебе. Застанав да се поздравам, и ми се смили бебето, па побарав да го земам в раце.
    Ми го подаде. Го зедов и почнав да го задевам. Ептен слатко машко бебенце.. бомбонче.
    Ја прашав чие е.
    Ми кажа: На тие и тие.
    Само што го изговори неговото име, ми се пресекоа нозете, а во лицето на детето (кое до пред секунда ми беше бомбонче), го видов ликот на татко му ... онаков каков што го гледав додека беше врз мене. Како монстум, како чудовиште, како демон.
    Се згрозив од детето.
    Ми се врати сликата од она што го преживеав, и не можев да го совладам чувството на гадење.
    Физички ми се згади и и' го подадов веднаш.

    Свесна сум дека детето не беше ништо криво, свесна сум дека е 'нелогична' мојата реакција.. Но е нормална.
    Се вика: Пост-трауматски стрес синдром.

    И ве читам и се мислам... И ќе ви кажам...
    Заради тоа што ќе следеа вакви прашања ако тужев.. Затоа одлучив да молчам.
    Знаев дека ќе се впери прст во мене.
    Дека ќе се извади на тапет мојот сексуален живот.
    Дека ќе се доведе во прашање дали воопшто е силување.
    Знаев, дека ќе бидам осудена од многумина.
    Знаев дека ќе има жени кои ќе сведочат дека не е насилен со нив.
    Знаев, дека нема да има никакви физички докази за силување, заради тоа што, и покрај целиот стрес и страв, мојата вагина не соработуваше со мојот мозок и логиката и емоциите.. Си беше влажна, како при нормален секс... и се' што ќе докажев, бидејќи ејакелуришае на мене... беше дека со тој-и тој сум имала секс.

    Ми беше страв од осуди, ми беше страв од одмазда од него... и ми беше страв од се'.

    Сега сум спремна да се носам со вашите осуди.
    Не ми е гајле дали мислите дека сум психички нестабилна, ненормална, сама сум си го барала, неспособна жена, неспособна мајка.. ју нејм ит...

    Е сега, ова е само една приказна.. која, за среќа не создаде ембрион.

    Би ви препорачала, да не ме слушате мене... пошто ме 'знаете', и многумина веќе имате јаки конструкции во главата, за тоа 'каква сум'...
    Земете прочитајте сведоштва од жени кои родиле дете кое е производ на силување, и прочитајте истражувања за психолошкиот и емотивниот развиток на тие деца, и психолошките и емотивните последици врз жените кои родиле производ на силување.

    Значи не јас... Други искуства и научни истражувања.. И ќе видите, дека е многу тешко да се носиш со таква одлука.

    Секоја чест, на оние кои го надминале тоа, и успеале, да останат нормални и да си ги сакаат тие деца, без разлика на нивното 'потекло'... Капа им симнувам...

    Но за мене... претпоставувам, дека тогаш.. ако забременев и родев..
    Многу лошо ќе завршеше.


    Друга работа:

    Сите, кои го нарекувате абортусот убиство, директно ги напаѓате оние кои абортирале.
    Не сме нормална земја. Факт е.
    Да бевме, законот, кој вели дека говор на омраза е казнив.. кривично... Ќе беше спроведен, и секој/а која користела говор на омраза, ќе беше казнет/а...

    Нема да навлегувам во научните факти, дека ембрион, не е човек... пошто тоа се учи во основно.. Вие очигледно сте го прескокнале тој дел, и уште го прескокнувате, години.. децении покасно.
    Па сигурно нема јас, во еден пост да ви докажам, дека ширите говор на омраза.
    Дека осудувате жени, кои само тие знаат зошто нешто направиле, или не направиле.

    Сексуалната едукација, би ни била од помош на сите.
    Заради тоа што, и возрасни не знаат се' што треба да знаат, а и нивните деца не знаат.
    Ретко кои родители, навистина отворено разговараат со своите деца за секс.
    Многу ретко...
    Си ги осудувате децата на фрустрации, непромислени одлуки, себе-деструктивност, сексуална дисфункционалност, себе-обвинување, срам, аннксиозност, депресија, склоност кон злоупотреба на наркотични супстанции и алкохол.. итн..

    Ова се фактите.
    А вие продолжете да судите...
     
    Последна измена: 14 март 2019
    На Lolipop23, ivi1987, Lella и 52 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.503
    Пол:
    Женски
    Пред се 2 пати го прочитав ова што го пиша и многу ми е жал за тоа што ти се случило, искрено од срце.
    Јас не пишав дали е убиство абортусот или не, кажав како гледам на тие работи кога се работи лично за мене. Ако јас имам желудник за нешто не значи дека ти МОРА да имаш за истото. Сосема е во ред.
    Многу работи би сакала во моментов да кажам но ми е глупо зошто си го осетила ова на своја кожа и би ја скратила дискусијата до овде поради тоа.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Интересно е како низ темава се правда абортусот како метод на контрацепција.Така ќе ги едуцираме децата?

    Сексуалниот живот е прилично долг и ако една жена имала 8 па и 80 абортуси зошто не е прифатливо?
    Сосема е легитимно ако одиме со ставот нејзина матка нејзин избор.

    Но ако збориме за одговорност и за сексуална едукација тука не смее да се земе абортусот како метод на планирање семејство и контрацепција.

    Тогаш терминот одговорност при влегување во сексуални односи ќе значи правење "одговорен" абортус,1 ,2 15 ,колку сака .

    Со таков став моја матка мој правила е џабе воведување сексуална едукација.

    Да се разбереме, не сум за забрана на абортуси,закони и слично ,туку за поголема одговорност на поединецот.

    Темава е конфузна,да не речам турлитава.
    Може да се тргне во некој друг правец на дискусија.Дали мажот има права да учествува во одлуката за абортус.
     
    На nextredstyle, Selest и Abeja им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Мажот, нема никакво право да одлучува.
    Може да даде мислење, ако му побара жената.
    Ама да одлучи, нема право.

    Се правда абортус како контрацепција, затоа што повеќето се неедуцирани.
    Да беа соодветно едуцирани, сите , може после да се дебатира за одлуките на некои да го користат абортусот како контрацепција.. Вака, не го адресираш проблемот, туку последицата на проблемот.
    А и во таква ситуација, разумно да се дебатира и да се предлагаат начини, за да се едуцираат оние кои сеуште го користат контрацепција..

    А не 'храбро' да истапувате со изјави: УБИЈЦИ!

    Да не пишам како се осеќам кога ќе го прочитам тоа 'убитсво', 'убиец'...
     
    На ivi1987, Purplelilac, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    @WildMk убаво ја опиша твојата ситуација. Нормално, не можам јас да ти судам, но кога веќе јавно проговори...
    И самата си била свесна дека на почетокот не си сакала секс со човекот. На почетокот додека читав очекував трагичен завршеток, бебе, абортус ова она. Ама кога стигнав до тоа дека самата си била свесна дека немало физички доказ дека си била силувана, не си пружила отпор, бидејќи како самата што кажа "Знаев, дека нема да има никакви физички докази за силување, заради тоа што, и покрај целиот стрес и страв, мојата вагина не соработуваше со мојот мозок и логиката и емоциите.. Си беше влажна, како при нормален секс... и се' што ќе докажев, бидејќи ејакелуришае на мене... беше дека со тој-и тој сум имала секс" ... бев љубопитна па стигнав и до навредите. Подобро што сме "скокнале" лекција. А ти си имала избор да пријавиш.
    Тоа што си се згрозила од детето го припишуваш на пост трауматски синдром. Ме интересира дали сеуште го имаш тој синдром и како се справуваш со него со оглед на фактот дека имаш свое семејство, свои деца.
    И дали тој стрес понатаму имаше влијание врз твојот сексуален живот.

    Овие разговори подобро да се преместат во тема-силување.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Мислам дека Вајлд се обрати на овие што урлаат колку останатите се лоши.
    Не може твоето мислење ниту Вајлд ниту никого да повреди, од причина што ти за себе зборуваш, без еднаш да се обратиш недолично кон некој кој поинаку размислува.

    Знаеш што е недолично?
    За мене и мојот живот знам дека ќе абортирам ако било како не ми се уклапа во план дете.

    Ама, да кажам вака: не се нормални оние кои во 50м2 со стари заедно, еден вработен, раѓаат прво, а не па второ дете. Сигурно не се нормални. Бесчувствителни, навистина, како бе така деца ќе растат?

    Итн.

    Да, зборувам општо. Ама ова мое општо излагање сигурно ќе повреди некого, и тоа длабоко.
     
    На ivi1987, WORRIED.BT, Amellie13 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    сигурно има последици... за кои не сум ни свесна.
    пост-трауматски стрес синдром, немам повеќе, тоа беше првите неколку години после силувањето.
    Знам, пошто го имам видено и знам дека не реагирам повеќе така на него.. и на ништо поврзано со него.

    Моето дете, е зачнато со љубов... и беше посакувано и именувано, уште кога видов две црти на тестот.
     
    На ivi1987, Alishan30, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Косми, пак и пак истото, од каде го извади тоа дека абортусот е контрацепција?
    Која од нас тоа го рече, која го имплицираше?

    И не, жена што ќе роди 30 деца, веројатно не е психички стабилна, исто како онаа што ќе абортира 30.
    И ни едната, ни другата, не може да биде репрезентативен пример за нашава дебата.
    Оти тоа се жени на кои им е потребна помош, советување, а не осуда.

    А за мажот дали може да одлучува... може, кога ќе има матка. До тогаш, јок.
     
    На ivi1987, candy.cane, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Не ти ги мешав децата, ме интересираше само дали имаше промени во погледот кон сексот после тој настан.
    А и по случката, изгледа како да го знаеш и дека е во твоето опкружување, штом има дете со твоја пријателка.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Нема дете со моја пријателка.
    Има дете со роднина на моја познаничка.
    Која му е жена бајдуеј.. и која пропати многу со него, според изјавите на познаничкава, ама сеуште е во брак со него.

    Иначе, беше еднаш обвинет за силување, девојката беше и претепана, ама изгуби на суд.

    А.. да...
    Сите кои ги знам, и го знат него, ги предупредувам дека е силувач, и да си ги пазат жените и ќерките од него.
     
    На ane.bella, M&M, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Аман Камелија со овие осуди,па осуди.Никого не осудувам.По милионити пат.За мене е абортусот прекин на живот и јас не би го направила никогаш.Да почнам да вперувам прст сега и на сите што велите не е фетусот никакво дете и живот,а за мене е.
    Aко остане една жена трудна и не и се вклопува во лајфстајлот дете и го абортира,што е тогаш Абортусот,ако не контрацепција?
    Ако абортусот не е естетски зафат,не е медицински зафат поради болест,што е?
     
    На nextredstyle, Selest, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.503
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller дека ме имаше цитирано вајлд па затоа.. Сепак некои луѓе вредат да им се објасни ако мисли човек дека не бил разбран..
    :)
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Контрацепција е кондом, вазектомија, апови, спирала не абортус.
    Не мешај поими.
    Абортус е крајна инстанца, кога КОНТРАЦЕПЦИЈАТА потфрлила.
     
    На ivi1987, Purplelilac, M&M и 9 други им се допаѓа ова.