Осуда е ова. Пошто фактички, не е прекин на живот, туку твое субјективно гледање на работите, кое се коси со човекови права.
Да. Во постот не пишува де факто за мене, ама не пишува и де факто за тие што абортирале. Пишува мислење. Крај краева и да е така ко што велиш - нејзино право. Секој има право да мисли што сака. Ние одлучуваме со кој ќе се дружиме а со кој не нели!?
Не е нејзино 'право' да шири говор на омраза. Чим има закон, кој попаметни од нас го напишале, сигурно има некакво значење. И чим научници тврдат дека не е, кои исто се попаметни од нас, сигурно има некакво значење. Значи осуда е. И' викаш, практично на некоја: Ти абортираш! Е убиец си! Ој докажи на суд да те видам. Де факто и де јуре, е говор на омраза. Како попросто да објаснам.. стварно не знам
Не е говор на омраза се дур не пишува како што кажа ти - ако некоја абортира е убиец. Игра на зборови е ова. Може адвокат да ти потврди срц.
И се нарекувате емпатични, а врска нема со емпатија тоа: 'Абортус е убиство'. Како си емпатичен, ко потребата на едно човечко суштество, да одлучи за неговиот/нејзиниот живот, и колку и дали е спремен за нешто или не.. се обидувате да му ја прикажете како 'грешка', како осуда, како неправилна одлука, како 'грев'? Ако имаш емпатија, ќе размислиш, зошто една жена, се одлучила на таков потег, ќе размислиш за сите нејзини емоции и психолошка и физичка состојба, причини и последици од некоја нејзина одлука. Значи доста се замарате со ембрион, кој е 5 клетки на крст. Земете го во предвид, интегритетот и вредноста на жива личност, која стои пред вас, и е човек со чувства, мисли, минато, иднина, луѓе кои ја сакаат и ги сака... не е предмет. Човек е. Во тоа е суштината на правото на абортус, не во 'величање' на несовесниот секс.
Камо да бевте олку жалостиви и кон личности кои се психички и физички малтретирани од родител. Ама не. Оти битно е само да го родиш, да не испаднеш убиец.
Не ми е ни мене јасно како добробитта на жива жена е помалку вредна од добробитта на ембрион. И само се вергла околу сексот од ќеиф. Со други зборови, се ебеше? Крива си! А секоја друга ситуација “не станува збор за тоа“. О, да, станува. Ембрион е ембрион, без оглед како е зачнат. Што е крив ембрионот што е плод на татко и ќерка? Зошто има помалку право да живее од ембрионот направен при доброволен one night stand? Сите ембриони се исти. Од доброволен секс, силување, инцест, епрувета... нема разлика меѓу нив. Не им е на нив жал за ембрионите. Туку им пречи сексуалноста и слободата и либералноста на жената. Ама нели, не иде да се каже тоа така.
Не е осуда. А на што е прекин ?Вајлд? Дефинирај.Што е зачетокот,бемка? Не осудуваш и ти сите нас кои сметаме дека зачетокот е живот , Што е абортус Вајлд? Дали ти е познато правото на nasciturus (зачнато,а неродено дете),? Ти мешаш .Кога е крајна инстанца како велиш ,претставува касна контрацепција или метод на планирање на семејство ,ако е прифатлив,зошто тогаш едукација? Еве кажи ми? Лесно,легално без проблеми,девојките ќе си влегуваат во незаштитени односи ,зошто не, кога последиците,ќе можат лесно да ги решат со абортус?Зошто кондоми,апчиња,спирали,кога поефтино и лесно решливо да завршиш со абортус. Стварно за ова се залагате,за хазард? Не за одговорност на поединецот?
Абортусот не е лесна, едноставна и небитна одлука. Залудно се трудите да го прикажете како таква низ очите на оние кои го поддржуваат правото. Абортусот не сакам да го направам пред се' ЗА СЕБЕ, за да се заштитам СЕБЕ од непотребни интервенции. И поради ниту една друга причина. "Подобро да спречиш, отколку да лечиш"
Ти очигледно никогаш не си се соочила со некој кој имал абортус за да видиш колку е лесна таквата одлука. За каква одговорност зборуваш? И зошто тебе те засега што прави другиот со сопственото тело? Негово тело, негова одговорност, па дури и да абортира 30 пати ако сака. Негово право. Само немој те молам со патетичните изјави за право на живот на ембрионот. Кога ќе вдомиш дете оставено на улица, тогаш може и ќе имаш лице да кажеш дека се грижиш за нечие право на живот, вака се само празни муабети и мешање во туѓ живот.
Ниедна психички стабилна и нормална личност не би го правдала абортусот како метод на контрацепција. Како што беше спомнато, абортусот е крајна опција кога и заштитата потфрлува. А ниедна заштита не е 100% сигурна, освен апстиненцијата. Тоа што сме pro-choice значи дека оправдуваме сексуална едукација и користење на методи на заштита при сексуален однос. И право на избор што понатаму ако се случи несакана бременост. Право на избор и донесување на одлука што за жената во тој момент ќе биде најисправна за неа. Не е мое да и судам или да и се мешам во одлуката. Ако јас не би абортирала ако останам бремена непланирано, не значи дека сите други мора да родат ако им се случи истото. Поентата е да не покажуваме со прст кон оние кои ќе одберат да абортираат од причини што им се само нив познати и логични, доволно им е тешко и без нашите осуди. А што со мажите што уво не ги боли за контрацепција? Уво не ги боли дали жената ќе остане трудна и ќе си ја треска главата што понатака? Како тој да одлучува дали треба таа да абортира или не?
Дали сум имала намерен абортус? Не. Дали би можела од Х причини да имам намерен абортус? Мислам дека не, барем не сега и во оваа ситуација. Не дај Боже да дојдам во таква ситуација. Дали сакам да имам право да избирам што е најдобро за мене и мојата фамилија по ова прашање? Ооооооо, да! Дете би родила само ако е здраво, барем од тоа што може да се види нели, со пренатални тестови. Тоа е мој факт, за себе. Да се осудам себеси, фамилијата и детето на цел живот мачење тенка работа. Посебно не со две здрави и прави деца Фала му на Бога. Право на избор треба да има секој. За мојата матка можеме да одлучуваме јас и стручно лице кое ќе ме советува. Сите останати можат да бидат пасивни посматрачи. Мене ме воспитуваа од дома за безбеден секс од кога подраснав малку, така ќе ги воспитувам и јас децата. Без пари за такси и кондом, од дома не се излегува. Имаш партнер со редовни односи? Има милион начини за да се заштитите доколку не сакате деца. Овие приказни за мали деца напишани по страните за убиства и слично ми се нон сенс. Не во овој век каде се' е достапно за информација, најмногу докторите со нивните стручни мислења каде објаснуваат ама баш се' што ќе прашате! Мојот сопруг 10000% се согласува дека тоа е мој, и само мој избор. Не само за мене како единка, туку и за цел женски свет.
Sum Za,da imam pravo da odlucam dali ke go nosam ili ne,sama svesna za moeto telo i dusa.Nikoj od strana da ne odlucuva vo moe ime,osven partner ili bracen sopatnik,i pri toa da se vazi moeto pravo na odluka.Nikoj ne znae zivot sto nosi,ima sekavi problemi,finansiski i zdravstveni,dali e zenata spremna ili ne.Ne bi navleguvala vo temi koi premnogu bolat,zatoa pravo na izbor Da.
Читам низ темава страници наназад и пак не сфаќам зошто постојат луѓе (повеќето жени) кои се против тоа жената да може да прави што сака со сопственото тело? Зошто постојат луѓе кои уживаат да се мешаат во животот на туѓи НЕПОЗНАТИ личности и нивните фетуси? Зошто уживаат да наречат некого убиец дека аботрирал без да ја знаат причината за абортус? Без разлика дали е силувана, уценувана, тепана, неподготвена за бебе- НЕ Е БИТНО! Или ќе го роди детето или е УБИЕЦ и треба на клада да се стави! Никогаш не викајте никогаш, пошто никогаш не знаете што носи следното утро. п.с. Во меѓувреме ова ми излезе...Може и кај нас вака ако не. Unwanted babies for sale in France during World War II, 1940. Битно да се роди, па и нека почине од глад така обесено.