Го видов коментаров на фб за вмешаноста на МПЦ и ИВЗ против абортусот и морав да го споделам тука: „Искрено се напнав на темава и морам пак. Што ако тоа дете има аномалии? Што ако тоа дете е последица од силување? Што ако тоа дете е направено од силување во брак? Што ако тоа дете не е посакувано од ниту еден брачен партнер? Што ако тоа дете може да ја убие мајката, чива матка не може да ја издржи бременоста(патолошки бремености)? Што ако веќе има таа мајка две деца и не може да издржи финансиски? Што ако воопшто не сака да биде мајка? Што ако таткото не го сака тоа дете? Што ако само едниот родител работи за минималец? Што ако тоа дете е инфицирано со Хив од само зачнување? Милиони зошто, ама МПЦ и ИВЗ им даваат ретардирано затоа. А ниту едните ниту другите не помагаат финансиски на оние што немаат. Па дури и земаат пари за крштевки. Дојдовме до стадиум да живееме во држава во која правото на жената да одлучи што ќе прави со своето тело е речиси невозможно. Што е женско право, привилегија? Срамота е да религиски установи кои не плаќаат данок, да одлучуваат за животот на жените. И после кога ме гледаат бело кога викам дека сум атеист и не ме интересираат празници, обичаи и останатите измислени дејствија. СРА МО ТА. Гнаси вампирски.“
Најјако кај верските фанатици ми е што одеднаш ради ова прашање станаа научници, експерти за биологија и медицина (иначе скраја да е од научен аспект да погледнат на нешто од бајките во кои веруваат), па и јутјубери - едукатори (ко оној Филип Иванов од сектине што регрутираат студенти). И секако тоа е изобличена, квази-наука. Не само во законите, туку и во сексуалното образование кое дефинитивно е потребно, не смееме да дозволиме овие луѓе да се замешаат со свои верзии на стварите. Едукатор не смее да се служи со хорор лаги како сѐ она кое се зборува за процедурата на абортусот. Нормално дека на објаснување од стручни лица (како што е Камелија овде на пример) ќе верувам дека абортус се врши до пред ембрионот воопшто да чувствува болка, а не на демонизирањето и небулозите од некој брадосан brainwasher што застанал пред камера да проповеда.
Како не е битно. Дали ти сметаш дека здраворазумна личност би направила 10 абортуси и би родила 10 деца а нема услови за ниту едно? Ова е пример кој веќе е даден, но го делам мислењето со Камелиа. И да повториме, абортусот не е убиство. Дали сакаш да кажеш дека секоја жена која направила абортус не е нормална? Ако мислиш така, не си достојна да ти обрнувам внимание, јер и ти со ваквото мислење, дефинитивно не си нормална. Без пардон.
Никако не можам да разберам зошто на некои им пречи правото на избор. Ако не сакаш да абортираш, не абортирај. Ама остави ги другите сами да одлучуваат за сопствениот живот и сопствената матка.
Се во 8 саат ма ТВ Сонце мој пријател Филип Иванов ќе гостува кај Јанко Јади бурек и ќе зборува на тема за абортусот. Гледајте го доста паметни работи ќе каже.
Јас не можам да разберам, како е можно во 2019. да се навраќаме на вакви теми и да зборуваме дали жената треба сама да одлучува за абортус
Вака да си го кажам моето мислење, јас никогаш не сум била ЗА авортус, секако дека секоја жена има право сама да одлучи дали ќе абортира или не, ама јас никогаш не би прифатила... И како што се вели никогаш не вели никогаш... Бремена сум 14та недела, бев на скрининг пред 2 недели, и нухалната излезе 13.88, 7 пати повеќе од нормалата, носната коска е присутна што значи не е даунов синдром, некоја друга аномалија е.. Уште по самиот преглед во извештајот ми препорачаа прекин на бременоста, бев и на второ мислење на приватно, истата препорака ја добив. Бев на комисија за прекин на бременост ми рекоа касно е за оној типичниот абортус, да идам во 16та недела за да абортирам со провокација т.е. да примам инекцуја што ќе предизвика пораѓај. Сега знаеејќи дека бебчето расте во мене, чекам да биде доволно големо за да го убијам. Скршена сум од болка, депресивна, ама ако не абортирам постои ризик и за мене, а и да се роди живо цел живот мака. Затоа секоја жена има право да избере дали ќе го роди тоа бебе или не. И не се абортира само оти ти е рано за бебе или не го сакаш. Се абортира и од мака, од немање избор.
@A.n.g.e.l.a.V Сигурно многу ти е тешко, ама мисли на тоа дека го правиш вистинскиот избор, по препорака на доктори.
Аиии, пријателот на научникот со брада и мантија се јави! Доволно зборува самото тоа на која ТВ и емисија гостува другар ти, за и тие што не го дознале досега инстантно да сфатат колку паметни работи кажува. Не фала, мили ни се мозочните ќелии.
Знам дека е вистинскиот избор, и знам дека имам само 23 години, млада сум, ќе си имам бебенца.. Ама е премногу тешко, прва бременост, неизмерна среќа, премногу планови.. И наеднаш се се сруши, како повеќе ништо да не има смисла.
Утре - задутре да се најдам во ситуација да треба , т.е со мм заеднички да се одлучиме на абортус ,убијци ќе бидеме?! Кој знае колку им е тешко на жените/девојките кои се одлучиле на ваков чекор ,па уште и ние да им проповедаме овде Еве јас лично за мене ќе си кажам Иако од петни жили се борам да станам мајка , никако не можам да тврдам дека никогаш и по никоја цена не би абортирала . Затоа ,избор мора да има . Дали одлуката ќе се донесе заеднички со партнерот ,дали жената сама ќе одлучи , не битно . Важно никој нема право ниту да и се меша ,уште помалку да ја осудува . А тек па убиец да ја прави !
Duso moja,znam deka sega ti e tesko,nema zborovi koi seto ova bi go ublazile.Edno samo ke ti recam,ne me svakaj pogresno,mnogu potesko ke e da go donosis,mnogu godini da go gledas kako se maci,toa se golemi maki i za tebe i za nego,na kraj povtorno da go nemas,toa e bolka dozivotna.Ne deka i ova sega ne e tesko,pretesko e,no drugovo pekol na zemjata.Podrska i silni guskanici ti prakam
Крива е државата што не би понудила соодветна медицинска заштита и финансиска помош за тие лица. Што нема градинки, училишта, работилници и домови за тие лица. Што родителите од старт се оставени сами на себе.
Технички гледано, така испаѓа. Во денешно време е апсурдно да се мешаат религиозни институции во абортуси како и во правото на жената да располага со своето тело. Мило ми е што се изгласа законот денес со кој всушност го вративме истото право кое го имавме пред лицемерните душегрижници од минатата власт да го укинат. Не сме Гилеад, за среќа.
http://www.femina.mk/здравје/интимн...PNa4yYTncQ4bVWjG_16TrADyfT0RWjviuFe3-deMXpKGM Еве го законот. Може да го прочитате и да водиме дискусија конкретно за тоа што пишува во него, што се согласувате, што не, шо би можело да се измени, додаде, итн.
Ако некој не треба да се меша во закон за абортус тоа се верски заедници. Убаво си пиша и понатака зошто. И не е само кај нас вака, секадд има анти абортус пропагатори, најчесто предводени од некои религиски организации.
Премногу сте изнапишале . Во меѓувреме и кај нас го донеле законот.. Нека го донеле .Јас ниеднаш не бев против законот,ниту против легализацијата туку јас не сум за абортусот како чин. Е сега во Холандија е законски абортус до 22 недела,со постоење струја која сега инсистира и до крај жената да одлучи дали ќе роди или задржи дете. Претпоставувам дека како подржувачи на абортусот поддржувате абортус и после 12 недела. Нешто друго ми падна во очи,во нивниот закон кој дозволува аб до 22 нед.задолжителни се 5 дена тајм аут за размислување и советување ,тоа што го зборев неколку страни пред,тоа е одговорен абортус. Значи и покрај волјата на мајката,постои советување кое кај нас ќе го нема. Бидејќи нели нема потреба. Допрва ќе видиме колку либерализацијата ќе придонесе во намалување на бројот на абортуси на годишно ниво.