А ние сме посебна приказна како земја. Секуларна држава, ама ставање темели на државен објект не поминува без попови и осветени лопати.
Да, доколку: во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје. За советувањето се согласувам. Неопходно е советување со психолог пред и по извршувањето на интервенцијата.
Вие што велите дека верските заедници немаат право да се мешаат во дебатата за абортусот заборавате дека секуларна држава не значи и атеистичка држава. Во секуларна држава верските заедници немаат право да се мешаат во донесување закони (и тоа така треба да остане!), но сите граѓани (од кои 90% се верници) имаат право во јавната расправа на ова контраверзно морално прашање. Ако верските заедници претставуваат 90% (со зборови ДЕВЕДЕСЕТ проценти) од граѓаните во државава, секако дека треба да бидат вклучени во јавната расправа. И не само тие, туку и психијатри и психолози и правници и гинеколози итн. Во демократска држава треба да се чуе сечие мислење, а не да се врши цензура и дискриминација на верниците, па ајде сега атеистите кои што не се ни 10% само тие ќе ни расправаат за законите. Моето мислење претпоставувам го знаеш. Јас сум христијанин и сметам дека убиството на неродените деца е убиство. Телото на бебето е во телото на мајката, но не е тело на мајката. Тоа си има засебна ДНК, засебен пулс, засебно срце, засебна мозочна активност итн. Да тоа извесно време е зависно од мајката, ама тоа е зависно и откако ќе се роди. Многу од инвалидите исто така се зависни од други луѓе, па сепак не ги убиваме. Плус што е со жените кои се присилени да абортираат од нивните партнери или семејства? Што е со оние кои се уценувани да абортираат? Како новиот закон ќе ги заштити нив? Зошто на жената и се одземаат правото на барем еден професионален информативен разговор и 3 дена да размисли? За вадење на умници или крајници човек ќе размисли некој ден, а не па за вадење и убивање живо бебе. А секако стариот закон не ја спречуваше потоа да абортира. И за крај би кажал дека абортусот не смее да се користи како контрацептивно средство. Си постојат кондоми, спирали, апчења за контролирање на бременоста. И ако некој или некоја сака да си се впушта во сексуални односи, треба да ја прифати одговорноста дека со сексот може да се случи и нов живот. Сексот не е спор, ниту играчка. После репродуцирање - нема каење.
За советување сум и јас потполно, не го прочитав законот, подобро би било во секој случај да има задолжително советување. Е дали ќе го намали ова бројот на абортуси или не не знам, но се надевам дека ќе го намали бројот на диви абортуси кои се изведуваат во несоодветни услови.
Од каде ти се податоците дека во Македонија 90 проценти од луѓето се религиозни? И дали тоа е доволно за ектремно религиозните организации како ИВЗ и МПЦ да имаат рамноправен удел во носењето на закони? Што самото по себе е и контрадикција на секуларноста. Исто така не значи дека некој е религиозен и припаѓа на екстреми религиозни организации како ИВЗ и МПЦ, или пак дека потполно се согласува со нивните ставови. така да тие организации немаат право да кажуваат дека ги претставуваат ДЕВЕДЕСЕТ проценти од граѓаните. Тој аргумент можеш да го имаш доколку ДЕВЕДЕСЕТ проценти се потпишат дека се согласуваат со гледиштата на тие организации во врска со абортусот. нејсе, религиските заедници не плаќаат данок, зошто тие би имале некое уважено место во нашиот закониодавен процес. Точно, секој фетус е различна ДНК од мајката, но е неспособен да постои надвор од неа. Дури и да кажеш дека бебе може да се роди и да преживее од 24/25 недела, тогаш ти си толку далеку од реалноста на тоа што какви се Хеклуови напори доктори и медицината прават за тоа да се случи. Никој тука не пропаѓира дека сите инвалиди луѓе требало да се абортиррат, напротив поголем дел од тие инвалидитети не можат ниту да се детектираат навреме за да може родителот и да го абортира фетусот. Инаку женското тело и самото често детектира мутации и доколку има некои тогаш се случуваат спонтани абортуси. Дали и тие се грев според тебе? исто така не сите жени се одлучуваат на тој чекор да абортираат доколку увидат дека плодот што го носат има аномалија. Всушност тој закон го овозможува ИЗБОРОТ на жената да биде пресуден, без да и вршат физичка и ментална тортура, и да може да и се укаже најдобрата и најбезбедната нега на кој и да е план. За тоа дека многу жени се принудно натерани да абортираат, сметам дека тоа е многу мал дел од жените, аргументот ти нема никаква логика бидејќи во законот добро вели дека жената треба да даде самата согласност за абортус, значи доколку ја донесат насила на лекар лекарот не смее да и изврши абортус. Никоја жена не смета на абортусот како контрацептивна мерка. Ти мора да ти толку далеку од реалноста и емпатијата да не можеш да разбереш дека секој жена што одлучува да има абортус МНОГУ ДОБРО размислила за тоа пред да го направи тоа. Посебно во Македонија како има толкава стигма врз овој чин.
Па горе анкетата вели вака: Да, секој има право на избор 1.147 глас(а) 70,5% Не, никако 480 глас(а) 29,5% Ни сите верници веќе не се против правото на абортус, далеку од тоа. А и тоа дека атеисти сме 10%... мало морген
Добро не зборев за законско прецизирање туку за лично мислење. Јас сум против и во 3 и во 22 недела. Имаше многу членки што напишаа до 12 недела. Што после тоа ,кога е вистинско мало бебе? Дали и тогаш е оправдан доколку не се вклопува во распоред или лајфстајл?
Ма секако дека треба, и тоа не само по ова прашање, туку и за се останато. Нешто како во Саудиска Арабија, рајот на земјата.
Саудиска Арабија не е секуларна земја. Македонија е секуларна и демократска земја. Секуларна не значи дека само атеистите смеат да зборат и дискутираат за законите. Демократска значи дека секој има право на глас. И да бидеме на јасно, никој одвде не вели свештеници да донесуваат закони или да гласаат во парламент. Збориме за јавна дебата по одредено контраверзно прашање кое во себе носи и морална димензија (убиство или не?). Еве погледни ги јавните расправи по вакви прашања и во развиените земји и ќе видиш дека таму имаат учество и претставници на верски заедници. Али нејсе, не е тоа битно за темава. Еве Јанко го стави веднаш видеото на јутјуб, така што кој не го гледал, препорачувам. Прво Филип зборува за неговите мисионерски матувања во Уганда (Африка), а после 59тата минута зборува за абортусот.
Си ги кажав ја моите аргументи во претходниот пост. Нема потреба да ги повторувам. Видеото го постирав за кој сака да го види. Сепак е онтопик на темата.
Па поентата е дека мене лично не ме интересира која, кога и зошто ќе абортира. Значи не е важно дали јас оправдувам или не. Дали јас би абортирала после 12 недела доколку не се вклопува во мојот распоред? Најверојатно не. Но доколку друга го направи тоа, не знам како воопшто тоа мене би ме засегало и како ќе влијае на мојот живот. Најверојатно никако. Морам да се редактирам: во законот стои во кои случаи се извршува прекинување бременост после 12-та недела, а тоа се сериозни индикации.
Никој не рече дека оние кои се верници немаат право на мислење, но нивното мислење ќе се смета за валидно само доколку се однесува на менталното и физичкото здравје на жената. Религијата тука нема што да се меша, затоа што единствено што може да произлезе од истото се осуди од овој тип како што ги читаме во темава. Доказ еве си и самиот ти со изјавава: И повторно истото, жив човек не е исто со фетус. Once and for all.
@EvAngelos Слободно нека направат анкета колку жени се про законот, колку контра. Еден индикатор го имаш горе, 1.149 гласа vs 481. Дупло повеќе. И ќе расте таа бројка, се повеќе и повеќе жени се опаметуваат дека нема што некој друг да им одлучува за НИВНО тело. Ако толку сакаш да ги заштитиш жените, во метод на контрацепција ти спаѓа и подврзување на семеводи, слободно подлегни на таа, кога веќе си ги наведил сите методи на истата. Подигај ја свеста за таа метода, ете уште еден безбеден начин како да се спречат несакани бремености. Ама сектата јасно поентира кон жена, никогаш кон маж, маскирана зад добродушност а уствари влече корени на манипулација. Џабе ви е, нема да ви помине.
Со кои организации е тој Филип Иванов афилиран и зошто тој треба да ми биде некој религиозен авторитет? Да не зборуваме за вистинската цел на тие мисионерски патувања... Македонија е секуларна и со тоа значи дека црвката и државата се одделени и црквата или било која друга религиозна институција како организација нема место за законодавјето и тие не се институции кои го претставуваат народот, туку пратениците и министрити кои ние ги гласаме. Јас немам гласано за никој поп за да он мене ме претставува. Посебно тоа што нема жени на никакви функции освен чистачки во тие религиозни објекти...
Не знам која им е научната позадина, но не верувам дека на слепо донеле закон. Исто како што не верувам дека до 12та недела има советување. Јас сум за избор се' до оној момент додека фетусот не може да преживее во надворешниот свет. Морал не ме интересира, туку наука. Се' додека фетусот не страда, немам проблем со абортус никаков. И искрено, да треба да абортирам, не сакам со никого да се "советувам" околу тоа, посебно не во рана бременост.
Верниците слободно можат својот избор да си го прават врз основа на своите убедувања. Нивните рачишта подалеку од мене и моето тело.
Ништо контроверзно нема во пружање право на избор. Ти, другар ти, Г. Г. Стефан, поглаварот на ИВЗ (кој и да е) - немате матка. Верничките (христијанки, муслиманки и сите останати) имаат право секоја да избере за својата. Оние кои се држат до верското убедување на темава никој не ги тера да абортираат, макар и 10 деца да имаат. Во ниедна туѓа не смеат да се мешаат - ниту на совернички/жени од друга вера, ниту на атеистки. Е толку е едноставно.