Морав да се надоврзам. Мислам дека не се работи за советување, колку што се работи за проценка дали жената своеволно ја носи одлуката. Мене ми е сосем ок во таков случај.
Па сигурно не е живо во третата недела од бременоста на пример. Кој спомна абортус во девети месец еве не знам, а и не сум прочитала досега некоја да пишала дека планира да абортира точно пред да се породи ама ете може ти имаш сретнато и таков коментар.
За чие право на избор зборуваш? За нероденото бебе или за мајката? Или пак беспомошните бебиња немаат право на избор и заслужуваат да бидат сецкани со парче по парче и потоа вадени? А што е и изборот на таткото? Бидејќи колку е тоа бебе на мајката, толку е и на таткото.
После 12 недела абортусот не правиме муабет за абортус туку за умртвување на плодот и раѓање на истиот. Неколку страни наназад има објаснување дека во 13 недела аобртусот не е безбеден за жената, туку медицината вели да се почека уште неколку недели, да се умртви плодот и да се роди со провокација. Не знам кое е објаснувањето и кои се причините заради кои е дозволен абортус до 22 г. недела т.е. абортус во 5от месец. Не можам да кажам дека разбирам зошто жена до 22 недела би сакала да го роди бебето а подоцна би ја сменила одлуката, но во секој случај, не е моја работа. Нејзина матка, нејзина одлука, ако законот дозволува, јас нема да судам. Исто така, не можам да разберам зошто некоја жена би сакала да абортира во 7миот месец од бременоста, според мене или сакаш да имаш дете или сакаш да ја прекинеш бременоста. Ама која сум јас да се мешам во туѓи одлуки?
Па и не можеш да "абортираш" баш во трет, и втор семестар. Живо е, но 100% зависи од мајката. Никако поинаку не може да преживее освен во матката. Развиен е нервниот систем, слухот. Фетусот реагира на својата околина, чувствува дразби и сосема самостално може да живее надвор од телото на мајката. Токму тоа е суштинската разлика, добро позната и медицински и правно.
Абортус во деветти месец или такозван пораѓај... Мислам дека при новиот закон станува збор за абортус до 22 недела а за после тоа можност да се изврши чистење на матката доколку се утврди дека плодот е мртов или има некоја сериозна компликација.
Новиот закон дозволува убиство на бебето до 22ра гестациска недела. Дали тогаш е живо? Плус тогаш и те како чувствува болка бебето.
После толку пишувања на темата, си ја раскажав мојата породилна приказни, мојата неспремност, страв и немање можност за чување две деца, мојот загрозен живот. Кој сака нека прочита, за момент нека се стави во моја кожа. Темава повеќе никогаш нема да ја отворам, зошто од тука никој не знае што е болка, бидејќи некој од тука чинам @DAngel рече дека многу се секирам за физичка и психичка болка на жена. Таа болка од абортусот проаѓа многу побрзо.
Доколку таткото го сака детето а мајката сака да абортира тогаш таткото е задолжена да ја третира мајката како сурогат за неговото бебе, т.е да и даде парична или било каква компензација, да и понуди здраствена и материјална нега за што и да и е потребно. Се разбира треба мајката да прифати да биде сурогат нели... не може маж да натера жена да му роди несакано бебе, па згора на тоа и да го гледа после тоа.. Не е живо. Како можеш да убиеш нешто што не е живо. Извади бебе во 22ра недела и остави го да видиш дали ќе живее. Да ти одговорам, нема да живее.
Да, ама не чувствува болка ако биде оставено во дом на пример или живее со ментално нестабилни родители или е малтретирано. Ниедна од овие болки кои може да траат цел негов живот не се битни толку како болката што ја чувствувало во 22-та недела, нели?!
И јас тоа се чудам. И плус ако таа неколку месеци сакала да го роди, а потоа во еден момент се премислува, од каде е сигурна дека нема пак да се премисли потоа? А после убиство, нема враќање назад. А пак ако го роди и се премисли, тогаш се дава во дом и никому ништо. После и да се премисли пак, ќе може да го добие назад. Тие три дена што ги даваше претходниот закон беа баш со таа намена, да има време жената да размисли... често пати знаеме да донесуваме одлуки во афект, под тензии, под притисоци. Често пати знаат дечко и девојка да се скараат и таа да мисли дека е сама и дека не сака да биде самохрана мајка и заради тоа да абортира. Но за 3 дена конфликтот може и да се реши, па таа пак да се премисли. И од каде да бидеме сигурни дека премислувањето на жената не е од притисок на партнерот, фамилијата и сл? Со професионален разговор има големи шанси да се открие ако жената е присилена да абортира. Можеби жената не си ги знае совите права.. гинекологот сигурно нема да и ги објасни. Од луѓе што работат таму знам дека ни во очи не ги погледнуваат, а не па сериозен разговор да направат со нив.
Не лажи. 1. Не се бебиња. Ова е бебе. Новороденче. Ова е ембрион, 4-5 неделен. Ако не можеш да ја увидиш разликата, што да ти кажам, сам се правиш ограничен. Ова на втората слика, не нема право на избор, како што ни кутрите сперматозоиди немаат.
Не постои бебе, зборуваш за фетуси и ембриони. Ќе ве потсетуваме на тоа until that sinks in. Другар ти и сличните драматизирате и лажете во врска со медицинската процедура на абортусот, сецкањето и такви ствари. Објаснето беше тоа од навистина СТРУЧНИ лица. Еве бидејќи се појави баш ти, ќе го ставам повторно линкот специјално за тебе. https://www.independent.co.uk/news/...oetus-girlfriend-madison-county-a8811576.html Во Алабама суд прогласил абортиран фетус за личност со свое име и легални права, па таткото заедно со него тужи клиника за абортус (патем и двајцата малолетни биле кога се зачнало бебето). Чекам да ми објасниш како ова ќе го оправдаш како нормално, збир на клетки да се води како човек и да тужи - додека во други теми отупе со ненормалноста на транс луѓе, па линкови со некои што се идентификуваат со животни, предмети и не знам што. Повели, баш ќе уживам во когнитивната дисонанца што следи.
Ама ти не се мешаш,искажуваш твој став . Не ти е прифатлив аб во 22 недела. Дали може на оваа тема да се разговара без 254358 пати да се повтори мешање во туѓи матки и одлуки. @NarCis@ За лично прашував,не за туѓи одлуки ,за нив а ионака не се прашува никој. Ни тој кој е против ни тој кој е за. Да го чуеме личниот став на подржувачите.На тоа мислев.
Секако дека не може Само ЕвАнгелос на пример мисли дека и во првата недела е живо, па за да доловам поента затоа така пишав
Абортусот не е убиство. Се додека правиме муабет за фетус кој не може да преживее доколку биде изваден од телото на мајката, фетусот е фетус, не е човек, не е бебе. Колку едноставно го пиша ова, се дава во дом и никому ништо. Додека фетусот не знае воопшто дека е абортиран, детето во дом и те како е свесно дека некој се ослободил од него. Советување е потребно, тука целосно се согласувам. Дали уште еднаш некој од вас душегрижниците ке пише дека фетусот се сецка на делови??? Ајде да повториме, не се сецка, или се извлекува со вшмукување или се умртвува и се раѓа со провокација.
Еве како изгледа бебето во 22ра недела во утробата на мајката: https://www.babycenter.com/22-weeks-pregnant