Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Секој човек си е своја приказна за себе и никогаш не се знае како и каде ќе заврши. Ваквите приказни со дечиња дадени во дом во денешно време не се ретки и не може нивниот живот да се смета за упропастен или однапред неуспешен само затоа што пораснале без родители. Нивните чуства и ментален развој се нешто друго исто како и причините за ваквите постапки на мајката а што се однесува до темата никако не го поддржувам нити го оправдувам "правото" на абортус и сличните патетики од типот "секој има право на избор". Нема да мешам нити религии, нити општествени психички или медицински последици. Абортусот е убиство и тука нема што да се дообјаснува.
    Ако едно нешто е загаранирано тоа е секако правото на живот.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако се забрани абортусот, не значи дека нема да се извршува.
    Девојката која се решила да абортира, секако ќе го стори тоа. Само што прашање е дали абортусот ќе го изврши доктор стручен за тоа, или некоја бабица што ќе ја осакати за цел живот...
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. me.92

    me.92 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми треба ваша помош, односно некои информации. Бремена сум веќе 9 недели и сум решена на абортус,а оваа недела е последната кога би можела нормално без проблем да направам абортус (според информации дека до 10 недела максимум е препорачливо да се изврши процедурата). Не го направив тоа порано поради недостиг на пари. Ако може да ми кажете колкав е ризикот да настанат проблеми и доколку настанат дали е проблем да се излечат како на пример инфекциите. И пред се ме интересира каква нега е потребна после абортусот и дали истиот ден после процедурата ќе има потреба освен после процедурата да се лежи и дома и нешто посебно да се внимава. Ќе правам абортус во ремедика и ги имам основните информации за до абортусот, а за после сеуште не сум информирана :/ Фала :)
     
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Само како информација во таа фаза од бременоста бебето веке има и срцева реакција : ( а инаку ризик секогаш постои како физички така и психички.А ако веке си решила на абортус докторот сигурно ке ти каже за што потоа да правиш
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Тоа што го кажав си е чиста вистина,ако те интересира отвори ја Библијата и прочитај што пишува ,зошто БОГ забранува педбрачен секс.Да,голем грев е предбрачниот секс,носи несигурност,двојно поголеми шанси за неверство,несакана бременост,полови болести...Грев како прво за себе лично,сам да
    си го уништуваш животот.Да,грешна сум и јас како сите,но тоа за предбрачниот секс сум го прочитала подоцна,но барем сум го сфатила.Оние кои се чуваат до брак,ќе ја запазат светоста и нема да имаат толку големи тешкотии колку со оние со предбрачни искуства,на пример еве ние младите во денешно време.Сепак го почитувам туѓото мислење,и само го кажав моето мислење ,без разлика дали го сфаќам ова од религиски или од личен аспект.И поповите апсолутно си немат врска со мојот став :hai:
     
  6. me.92

    me.92 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Да, решена сум на тоа иако сум свесна што е и како е. И секако дека ке добијам информации од докторот али сепак нема да ми штети и некоја информација пред тоа од некој кој имал искуство
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    На me.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Најбизарни ми се рекламите на владата против абортусот!
    Како сме тргнале се враќаме во среден век кога абортсот бил строго забранет, и илегален.
    А да бидеме реални секогаш ќе постојат несакани бремености и може да му се случат на секако, не дај боже, но може.
    Што се случува доколку некоја жена ќе биде силувана и по несреќа остане трудна??
    Треба да ја носи таа лузна засекогаш, ако е против нејзина воља??
    Никој не абортира од милина, или од каприц!
    Абортусот не е убиство, бидејќи тогаш сеуште не е ни оформен плодот, не постои душа, само зигот.
     
    На spacegirl92, solomun95, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Според мене абортусот го подржувам доколку е извршен до 12 недела а после тоа исто како да убиваш човек.
     
  10. Mama90

    Mama90 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    ГО ПОДРЖУВАМ АБОРТУСОТ.
    И да, се согласувам со претходниот коментар.
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Колку е лицемерно да го внесеш господ во ваква тема значи. Вие сте си верници најголеми со потенцијал за светици, строго го осудувате абортусот ама важно сакате да си се фукате пред брак, со изговор нели, упс, не прочитав на време, ко упатство некое да има во секоја религија ( не е само тоа изговор ама најтазе е што го прочитав во темава).

    Не ли ви е малку морбидно тоа што господ ве гледа додека вие се сексате и во тој оргазмичен момент одлучува да ви прати душа да се всели во вашето тело? Не сакам да делам теистички часови, ама толку ви немаат смисла работиве што не може да не се прокометира.

    Абортусот, како и се друго поврзано со моето тело, е лично мој избор, и ни господ ни било каква виша сила нема да влијае на строго мојата одлука. Не можам да кажам каде е границата од кај што започнува животот, дали од сперматозоид ( и со тоа секоја ејакулација би била еднаква на геноцид), или од јајце клетка (при што секој менструален циклус би бил геноцид), или при нивно спојување, а и не е тука место за дискусија на таква комплексна тематика, ама одено од тоа подобро да се спречи отколку да се лечи, колку ладно и бесчуствително да звучи тоа, да, го поддржувам абортусот ако е тоа одлуката која ја донела потенцијалната мајка лично, исто како што поддржувам раѓање на дете во соодветно време со соодветни услови.

    Искрено, ако абортусот е навистина убиство, повеќе би носела на душа нешто што го немам ни запознаено, отколку да се врзам за нешто на што би му го уништила животот со оневозможување на елементарни услови за живот.
     
    На spacegirl92, Leviosa2503, *sisi* и 13 други им се допаѓа ова.
  12. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Кога веќе ќе се одлучиш за таков чекор за Абортус, сигурно има многу причини од кои неможеш да го задржиш тоа дете, значи се случило несакајки а не со намера, така да овој твој став-,Па што го правела тогаш?Требала да мисли на време, - според мене не го оправдувам.
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Девојче, никој не абортира од хоби или од што му се сака да се мота по доктори. Како може со таков став требала да мисли на време, и кога мислиш на време се случуваат т.н незгоди, нема што да мислиш на време или да планираш однапред.

    Сакаш да кажеш дека ако случајно останеш трудна, ќе го дадеш на посвојување за да си го спасиш ти твојот живот, на сметка на уништување на туѓ?
     
    На spacegirl92 и DiPi им се допаѓа ова.
  14. Baronessa

    Baronessa Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    го подржувам абортусот зошто ако немам услови и средства да го гледам, еден ден детето можно е да рече: подобро да не си ме родела, за ваков живот да живеам....
    зарем нема овие зборови до срце да ве заболат...
    абортус од потреба да... ама од збес НЕ
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Оправдувам абортус иако не е до мене да оправдам или осудам...
    Кога силом прилике мора да се направи тоа, единствено што ти преостанува е правец гинеколог и крај на прикаската.

    Инаку, нездрави случаеви на аборус после 3 месец не сваќам уопште, скраја да е седми, имаше една таква македонка пред некоја година, ја даваа по вести, кокошка.

    Се што е пред 9-10 гестациски недели ми е прифатливо на мојава психа, убиваш само клетки, морула, што и да е.
    Инаку, 10 неделен ембрион.

    [​IMG]

    И сега, има срцева акција, мозок, се и оди и ишмукај го со вакум бидејќи си идиотка што не размислувала кога и било слатко.
    Абе ајде бегај...

    Сума сумарум- сум за абортус ама пред 2 месец.
    Не можам да сватам девојки што седат на шоља и се порааѓаат. За џабе постојат тестови? Решете си ги работите на време.
     
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    па не би рекла дека до тогаш е само клетка сестрами е бремена и околу петата недела имаше срцева реакција.а инаку мојот став е дека уштекога се зачнало тоа е живот што не треба да го одземеме.али не сум јас таа што треба да осудува па нека не се навреди никој.
     
  17. SamovilkaH

    SamovilkaH Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Zdravo mamo!
    Jas sum tvoeto bebe. Seuste ne me poznavas, zatoa sto sum stara samo nekolku nedeli. Nabrzo ke me zapoznaes ti vetuvam. Zensko sum! Mamo deneska bese mnogu srekna, na site im raskazuvase za mene, imas prekrasna nasmevka. Deneska koga mu kaza na tato deka si bremena ne mi izgledase sreken, mislam deka bese lut, zosto mama? Ne me saka, ne mu e milo kako tebe? Togas on napravi... nesto strasno, te udri, te osetiv koga padna, i kako so racete me zastituvase mene, jas sum vo red, ama se plasam za tebe, ti rece prosti mi i kaza deka te saka, no zosto go napravi toa. Ne mi se dopaga toa mama! Uste malku ke mozes da me vidis, stomakot ti e pogolem, gorda si na mene. Deneska bese vo prodavnica i kupuvase za mene mnogu raboti, bese tolku srekna. Isto taka mi peese, imas najubav glas na svetot. Mama mozam da mrdam so racete i nozete! Koga ke gi stavis racete na stomakot me skokotkas, i togas jas mrdam. Se smees. te sakam mamo! Deneska pak dojde tato i pak te udri, rece deka moras da abortiras, i deka ne me saka, me rastazi. No mama sto znaci toa abortiranje? Objasni mi, zosto ne me saka? Ne zboruvas so mene mama, dali e se vo red? Mamo veke ne go dopiras svojot stomak, ne mi pees, ne mi zboruvas nisto, zarem ne me sakas? Jas uste te sakam so seto svoe srce. Mislam deka si tazna! Stara sum 21 nedela, mama zarem ne se gordees so mene? Odime nekade, nekade kade sto nikogas ne sme bile, vozbudena sum, izgleda kako bolnica! Mamo se plasam. Srceto ti cuka prebzo, doktorite zboruvaat so tebe, imam loso pretcuvstvo deka ke se sluci nesto loso. Mnogu, mnogu, mnogu sum uplasena mamo, kazi mi dali me sakas, te molam, te molam! Jas tebe te sakam! Mamooo sto mi pravat? Me boli kazi im da prestanat, te molam mamo pomogni mi, te molam.
    Ne se sekiraj mamo, sega sum na sigurno, so angelite vo rajot. Mi kazaa sto si napravila, i deka toa se vika abortus! Zosto, zosto? Zosto toa go napravi? Veke ne me sakase? Mama mene mi e mnogu zal, dali nesto loso napraviv? Te sakam, te sakam so seto svoe srce, no zosto me ubi? Sto napraviv, zosto go napravi toa? Navistina te sakam mamo!

    SRCE KOE NIKOGAS NEMA DA CUKA!
    OCI KOI NIKOGAS NEMA DA GLEDAAT!
    RACE KOI NIKOGAS NEMA DA TE DOPRAT!
    NOZE KOI NIKOGAS NEMA DA TRCAAT!
    USTA KOJA NIKOGAS NEMA DA PROGOVORI.....
    Секој има право на избор и мислење...
    Моето мислење е СТОП за абортусот..
    Поздрав !
     
    На perlaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Секое бебе има право да се роди и да живее живот....а родителот ако не го сака тоа дете не требало ни да го напрај..не го оправдувам абортусот никако...освен во некои случаеви кога најдобро е да се абортира поради здраствени причини на бебето или на мајката...ако била силувана тоа дете не е за ништо криво...и нема потреба да се спречи живот...а пак уштте помалце ако забременила на некење...
     
  19. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Добро бе ако го забраните абортусот знаете ли вие колку векови ќе не вратите назад? Знаете ли вие колку луѓето се бореле за да ги добијат тие права? Јас сум за абортусот. Секоја има право на избор! Ако некој ве силува да не сакате да го родите тоа дете? Или ако немате финансии да го издржувате? Што ако сте во основно или средно училиште? Да, секако дека абортусот има последици но понекогаш е неопходен. Затоа за да се намали бројот на абортуси МОРА :!: да се вметне сексуално образование во училиштата!
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    А што ако детето е вакво?

    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Ги ставив во спојлер, бидејќи на некои им се чинат потресни и гадни.
    Слики од деца со ененцефалија (буквално без мозок), хидроцефалија (во черепот има ликвор -течност) и трисомија 13 (киклоп, како сакате)

    Недај мајко природо, ваква работа да ми се случи да носам во матката, би абортирала. Тешки трауми се од тебе да се роди ова.
     
    На koritsaki, innablood и Nymeria им се допаѓа ова.