Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Околу "ама тоа е мој став".

    Мој став е дека секоја религија е зло.
    Секоја без исклучок.

    Затоа не практикувам ниту една.
    Но утре да пробаат вас законски да ви забранат да практикувате религија, прва ќе сум што ќе се бунам против таквиот закон.

    Затоа што за разлика од вас, за мене слободата на единката е неприкосновена, без оглед дали во мои очи е исправно или не како живее.
     
    На 1209, dayla, Chantal и 21 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    За абортусот...

    Според статистиките, во РСМ бројот на абортуси се ближи кон бројот на родени деца во текот на една година.
    Тоа се оние-регистрираните абортуси, зашто дивите не се пријавуваат воопшто.
    Во светски рамки годишно абортираат по 42 милиони жени, што значи на секоја петта бременост завршува со абортус.
    Абортусот е штетен за жената, неспорно е тоа.Може да остави трајна последица во погледа на наталното здравје на жената, а дивите абортуси може да резултираат со смрт.

    И покрај ова, јас сум ЗА абортус.
    Никој, ама баш никој нема право да одлучува за креирањето на мојот живот и моето семејство.
    Дополнително, никој нема право да ме нарече убиец.

    Подобро абортус во на пример 22 недела, отколку немање услови за одгледување на дете, домови па и чедоморства.

    Сметам дека секоја жена која недоволно и неоодветно се заштитила (или воопшто немала заштита) при сексуален однос, може да и се случи несакано забременување и мора да постои опција да се запре таа бременост.
    Ради многу несакани бремености се уништени комплетни животи на жени и млади брачни парови.
     
    На 1209, JollyGirl, Ava.84 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Лани уште гуглав во врска со постапките за посвојување. Мислам дека имаше три пати повеќе пријавени фамилии за посвојување(дозволено и странци или да живеат во странство) од бројот дечиња во домовите.

    Е еден дел беа во добра здравствена состојба, еден со благи нарушувања, еден со потешки.
    Не е дека луѓето бираат, но треба да им се обезбедат услови за тие деца да добијат соодветна здравствена заштита, да посетуваат терапии...
    На жалост, помислив дека бројот на фамилии што би се решиле на таков чњкор е многу мал. Едноставно условите се лоши.
    Тешко на тие деца таму.

    Претпоставхвам имаат многу тежок живот во домовите и оние со потешкотии нема никогаш да бидат посвоени.

    Би било убаво добро да функционира и целиот процес на советување и поддршка во текот на бремениста па и мајки кои знаат дека немаат услови да го одгледаат детето да добијат помош да ја истераат бременоста до крај и да се најде соодветна фмилија.
    Трудна жена не е болна, но може да не наиде на поддршка од фамилијата, напротив, да наиде на осуда каде во помали места да повлече и други последици врз цела нејзина иднина. Може да се јават компликации и да не може да оди на работа или да обавува домашни обврски, плус финансискиот дел. Сепак, балансирана и здрава храна, витамини и е евентуални прегледи и лекови коштаат пари.
    Ако таа жена е оставена сама на себе како да ги истера тие 9 месеци за да го даде покасно детето на посвојување?

    Многу работи треба да бидат регулирани... не само за-против абортус.
    Најголем број се во таа сива зона и им треба малку помош и поддрша за да ја преминат другата страна.
     
    На 1209, Biljarkata, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  4. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    1.727
    Пол:
    Женски
    Се расправате за абортусот,секоја жена има прав на избор,не секоја жена абортира од кејф,сите имаат причина штом се решиле за тоа.А зошто не го кренете гласот за тоа што секоја втора жена има спонтан абортус.
    Најголеми причини се аеро загадувањето,со производите кои секојдневно сите ние ги козумираме со кои не трујат,лекарска небрижност,лекарски грешки кои никој не одговара туку сите се исповрзани како црева и не можеш да докажеш дека направиле грешка,дале погрешна терапија итн...
     
    На menov, Annath, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Мислам повеке од јасно е што зборам ,секогаш кога го изнесувам својот став важи за мене,туѓи одлуки не ме интересираат.
    Веќе реков дека ги разбирам и човечките причини поради кои се одлучуваат за абортус ,дека сум за закон,но јас сум против абортус и за мене претставува тоа што претставува.

    И покрај правото на абортус, во секоја држава се бројат аб на годишно ниво, и државите се стремат да го намалат бројот на абортуси баш со тие советувања пред АБ.
    Според статистиката, советувањата помагаат во дури 40%
    Холандија и покрај слободен избор за абортус до 22 недела поради истото го има намалено бројот на абортуси.
    Не е зголемен.
    Како ќе биде кај нас?

    Кај нас според официјална статистика процентуално најголем број абортуси се извршини кај жени во брак кои веке имаат деца,додека најмал процент е кај тинејџерска бременост односно помал од 10%.

    Како кај возрасни жени,ќе се подигне свеста за контрацепција ?

    Дали воопшто треба да се подигнува,бидејќи е нејзиното телото и правото за креирање семејство?

    ако сака и 50 абортуси ке изврши,мислам ако одиме со таа логика,не ни треба едукација.


    Апсолутно дека е секогаш исправно законски регулирано наспроти илегално и диво,апсолутно сум за самиот чин треба да биде најхуманиот што може .

    Кај нас не е проблемот во морални осудувања за АБ.
    Проблемот што треба да се решава е едукација, сексуална.
    Не може абортусот да биде метод на планирање семејство туку некоја друга метода со висок процент за заштита.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Косми, зар не изведе заклучок од сопственото излагање?
    Дека жените од средна генерација денес биле млади во 80ти и 90ти, дека ние кои сме млада кон средна и млада генерација веќе не се срамиме од гинеколози и кондоми да си купиме сами?

    Не сме имале ние сексуална едукација, но сме имале интернет и можност за информирање.

    Просечна 50 годишна жена во својата младост тоа го немала.

    А ако да, почнеме да ги учиме младите на безбеден секс, очекувам природно стапката на несакани бремености, со тоа и абортуси, да опадне.


    Не сме ние истите девојки, како некоја девојка во 1980.
    И допрва нема да бидеме.
     
    На 1209, ivi1987, Rebecca_R и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Кој ја прави убиец жената Нарцис?
    Јас не!
    Доколку јас направев аб, ќе бев тоа,други судбини ,одлуки не ме засегаат.
    Мислиш секоја жена поминува низ психолошка голгота?
    Вие не познавате жени со повеќе од 5 аб, нели?
    Па колешка имав со 2 деца ,после 3 аб, друга ја прашува,зошто не користиш спирала,таа и вели ,за 5 мин работа ке носам во себе спирала,жена од 45 години.

    Незнам зошто ми поставуваш прашање дали доколку постои медицинска индикација јас би направила АБ?
    дали ти личам на религиозен фанатик или човек кој би одбил медицинска препорака?
    Мислам дека се подрзабира.
    Баш збориме за состојба, јас сум сега 22 недела ,сега не ми се допаѓа фактот дека треба да раснам човек,ај ке одам на аб.за мене е тоа неприфатливо,за тебе или друг може е,ваше мислење.а од друга страна е и легитимно,нели?
    @CameliaMiller
    Се надевам дека нема да бидеме рекордери во АБ.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.524
    Пол:
    Женски
    Косми, јас не познавам жени што абортирале после 12-та недела од чиста мира. Дека не им се вклопува во планот.
    Едно не ми е јасно. Дали доколку ти лично би морала да извршиш абортус поради медицинска индикација, сѐ уште би се чувствувала како убиец?
     
    На ivi1987, Purplelilac и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Како го кажувате ова бе, како некоја со шала и песна станува од сабајле, ај ќе абортирам.
    Колку мозгање, размислување, мачнина, согледување на услови претходат на таа одлука, не знаете ?
    Мислам дека знаете, ама во обид да ја докажете својата поента не бирате ни зборови ни начин.
     
    На JollyGirl, ivi1987, Rebecca_R и 16 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Зошто би биле?
    Се' повеќе попуштаат традиционалните обрачи и стеги, се' повеќе жени не ја кријат својата сексуалност... се' повеќе ние на нашите ќерки (ќе) им зборуваме за секс - се' помалку е сексот табу.

    Што очекуваш да направи девојче од 16-17 години, кое нема каде да купи кондоми оти е срамота, срамота е на гинеколог да оди, срамота е дома да каже.

    Истата таа нема да користи заштита во брак, пак под влијание на тоа воспитување.

    Како јас или останативе што знаеме како да не направиме "случајно" дете не сме абортирале? Мажени или не?

    Можеби зашто мајка ми дома од 14 години ми зборувала, можеби зошто на 14 години ме однесе на гинеколог, многу пред воопшто да се впуштам во сексуални односи?

    Како тогаш може да останам 5 пати "случајно" бремена?
    Кога знам дека моето здравје, мојот интегритет се поважни од "срамотата" на околината?

    Не е мајка ми посебна, ама попосебна е од нејзината мајка. Како што верувам сите вие што имате млади ќерки ги учите како прво себе да се заштитат, и ако ги воспитате да бидат доволно силни и самостојни, нема да им е гајле дали на партнерот поарно му е без кондом, или не му е филингот ист, итн.

    И знаеш што Косми?
    Секогаш кога купувам кондоми ме загледуваат. И продавачот и тие зад мене. Како да правам нешто погрешно, ороспија низаедна.
    Ама пак ќе кажам, не се сите девојки Камелија, па да не осеќаат 0% срам.
    Некои осеќаат. Некои знаат дека ќе има реперкусии и се плашат.

    Е затоа сексуална едукација, затоа бесплатни гинеколошки прегледи и кондоми.
     
    На 1209, Biljarkata, JollyGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Сексуална едукација треба.
    Мислам дека не треба ни едукација да се нарече, зашто тоа сите ги асоцира на предавач и слушатели, непосредни разговори , прашања и одговори може да помогнат многу.
    Но, темата не е тоа.

    Има абортуси и тоа многу.Само по темите на форумов колку млади жени бараат чаре, а уште колку читаат без да се зачленат..
    Јавна тајна е дека матичните гинеколози и без дозвола за таа работа вршат абортус до 12 недела без проблем, со локална анестезија за 4000-6000 денари.
    Во Систина, Ремедика е нешто поскапо - мислам околу 12000-14000 со целосна анестезија
    На клиника е бесплатно, ама мораш на советување прво, па на комисија да оцени дали е неопходно...мака да ти падне од прекори , осудувачки погледи и еден куп совети.

    Кога читам статистики бројот ми е зачудувачки голем према реакциите низ социјалните мрежи и форумите.
    Некако сите против, сите верски фанатици, а ваму фрчат и легални и нелегални абортуси:?:
     
    На JollyGirl, Chantal, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.524
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на твојот пост, знам за случај каде жената сакаше да абортира поради полот на плодот, и тоа некаде околу 18-19 недела. Се разбира ниеден доктор не им потпиша и не се нафати.
     
    На ivi1987, Rebecca_R, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.658
    Пол:
    Женски
    Јас и претходно спомнав, сексуална едукација за секого, како за децата така и за родителите. Оти што ако јас детето го учам да носи кондом секогаш, ако јас истото не го практикувам?

    Имаме сериозен проблем со основни работи за сексот кои денешниве деца а и возрасни не ги знаат. И тоа не баш деца. Девојка од 22-23 години мисли дека ако се измоча после незаштитен секс, нема сперма да и остане во телото и завршила работа. Епа како таа девојка што мисли дека иста дупка е за мочање и плескање ќе го едуцира детето утре? Дека абортус е превенција? Нема да ме чуди.
    Сексуалната едукација треба да дигне свест за одговорностите што секој сексуално активен човек ги носи, и јас верувам дека стапката на абортус би се намалила доколку луѓето се отворат повеќе за едукација на тоа поле.

    И да не претеруваме, не дека на абортус ќе ти текне додека си седиш во парк, лижеш сладолед и слушаш црцорење на птици, животот е убав, и во еден момент си велиш што го ебам ќе го сечам.
    Одлуката за абортус е веројатно една од најтешките одлуки што една жена ја носи во животот. Посебно ако го сака тоа дете, а е свесна дека не може да му обезбеди услови кои му се потребни.

    Факт е дека, забраната за абортусот нема да го искорени од пракса, туку само ќе ги направи условите на интервенцијата крајно небезбедни за жената. Ниедна забрана за абортус нема да натера една жена што веќе одлучила, да се премисли.
    Правото на абортус треба само да напраи разлика каде ќе се изврши истиот, дали во некоја шупа без основни санитарни услови, или ординација со потребна опрема.
    Жената секако нема да донесе таква одлука во ефект, без претходно милион пати да си ја преслуша одлуката во нејзината глава.
     
    На 1209, fana, Ambitious и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не само за жените, сексуална едукација и теми за абортус задолжително и за мажите. Не користел кондоми оти не било исто, не го извадил на време оти убаво му било |( Поима немал он како се случило, да не е од друг? :^) Тие најчесто вршат притисок на жените да се опуштат и да им веруваат. ништо нема да се случи, искусни ебачи се они, нели. Секако дека има начини жената сама да се погрижи за заштита ама редовно со години да пие таблети за контрацепција или да стави спирала која можеби и нема да ја прифати телото или да настанат компликации не е исто како едноставно ставање кондом.
     
    На 1209, fana, Ambitious и 21 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И најбитната изјава од сите: "голем ми е за кондом, тесни ми се."
     
    На 1209, fana, m.i.g и 8 други им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.524
    Пол:
    Женски
    Знам дека е сериозна тема, ама ако некој слушнал гласно смеење, јас бев :rofl:

    Инаку, мајка ми ме седна уште првпат кога добив менструација и ми кажа нешто повеќе за репродуктивниот систем кај мажите и жените. И да, за избор е. Еве ме, со ниедна несакана и непланирана бременост позади себе, а и јас како неа мислам дека секоја жена има право на избор. Гордо можам да кажам дека и нејзината мајка - баба ми, била со истите ставови уште во тоа време. Жалосно е што некои под сексуална едукација подразбираат само апстиненција и оттука произлегуваат многу, многу непланирани и несакани бремености кај тинејџерки и малолетни лица. Девојче на 13 години, една генерација после мене, остана трудна и се омажи. Девојче за пример, скроз одлична и примерна. Но, забраните од родителите да се дружи со машки, дека не е во ред да сака на таа возраст, ја доведоа во таква ситуација. Кај некои може ќе упали тоа, ама кај поголемиот број тинејџери тешко.
     
    На Ava.84, JollyGirl, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.781
    Пол:
    Машки
    Лица припадници на религиозни организации немаат ама баш никакво право да се мешаат во женски одлуки.
    Абортусот е лично право на жената. Дали таа сака да абортира, смета дека не е спремна или од други x, y, z причини, е лично нејзино право и само нејзино и тука е крај на муабетот. Сите оние кои толку се загрижиле за уште нероденото бебе мислам дека немаат попаметна работа во животот и желба да се мешаат во туѓи животи и судбини. Од кога ќе се роди , го земе првиот здив, го запишат во книгата на родените е друга работа, но пред тоа никој нема право да се меша во одлуката на жената дали ќе роди или не, па ни несудениот татко. Ако не му се допаѓа одлуката нека си најде друга и нека ја затрудни, пошто нити тој ќе го носи нити тој ќе го раѓа, нити тој ќе го цица. А овие другите, загрижените, во светот има толку деца без родители, можеби попаметно би било да се позанимаваат со нив отколку да придонесуваат нивниот број да се зголеми.
    Секако дека жената ќе ја имаа таа пред и пост абортирачка психичка голгота, на која ќе и треба поддршка, со цел враќање во нормалниот животен колосек. Едукацијата секако е неизбежна, но на крај зависи од самите единки, како ќе постапат, свесни, кои можат да бидат реперкусиите и последиците од тоа. Лошо е кога се става знак = на абортус со убиство. Дали јас ако убијам сега некој, можам да се правдам дека сум го абортирал?!
    Абортус =/= убиство.
    Вториот збор е многу потежок...
     
    Последна измена: 15 март 2019
    На ivi1987, Purplelilac, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш дека претходниот закон имаше советување и временска рамка од 3 дена? Дали тоа ја намали стапката на абортус?

    Дали знаеш дека имаше временско ограничување до 9-та или 12-та недела? Не сум сигурна до кога. Дали со тоа престанаа абортуси во 22 гестациска? Не. Особено не оние со сериозни медицински индикации.

    Но затоа што немаше законска регулатива, знаеме ли колку лажни извештаи се напишале за абортус во 8-ма, а тој се случил во 22 гестациска? Знаеме ли колку пати, лажно е наведено дека абортусот е од медицински и биолошки причини, а не од социјални, етички или криминални? (Кои исто така се оправдани и валидни) Знаеме ли колку пати животот на жената бил на незавидно ниво? Знаеме ли колку абортуси не се евединтирани, токму поради вакви закони? Можеби ги има повеќе од претходно.

    Косми, жена не заминала на абортус, пред да размисли. Сигурно нема јас да станам едно утро со мислата: еј чекај, сакам да абортирам. Ќе одам денес да абортирам.

    Точно е проблемот во моралните осудувања. Ние не сме убијци. Милувате да играте на морал и емотивност. Па така, чим ние сме убијци, овие муживе кога исфрлаат сперма, прават геноцид.

    А ние не сме за сексуална едукација? Сме. Повеќе од било кој. Особено помладата генерација родители се залага за ова и сигурна сум дека ќе сторат се за да им ги доловат на децата ризиците.

    Колку повеќе посветуваме време на ова, толку повеќе ќе се намалува стапката на абортус. Но и натаму ќе ја има. Но не поради правото на избор.

    Секако дека и јас моите деца ќе ги научам како да се заштитат. Но тоа не е гаранција ниту дека норлеово ќе помогне. Секогаш го има оној 1%. И во таков, краен случај, јас ќе стојам зад нив и нивната одлука. Нема да си дозволам децата да ми сокријат несакана бременост. Ако тоа се случи, моја ќе биде грешката.

    Јас сум сега бремена со трето. Минимум 2 години е планирана оваа бременост. Од псхички до финансиски аспект. Со планови и цели, за да се овозможи подеднакво и доволно за сите три, а да не се крати од првите две и пак да нема за ниедно доволно, со што ќе страдаме сите.

    Претходно имав заштитени односи, а во брак сум. Ама ако се случеше да бидам во тие 1% не би дозволила никој да влијае на одлуката која ме засегнува мене и влијае на моите деца, моето семејство, мојот живот. Од социјални и етички до биолошки и медицински причини. Мојот сопруг, ќе застанеше на моја страна.

    Не постои жена која со песни и тапани оди да абортира, особено не по 12-та, а 22 гестациска недела. Освен можеби онаа која не умее правилно да рассудува.

    Абортусот не е и не треба да биде средство за контрацепција.
     
    На Lolipop23, 1209, Chantal и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.781
    Пол:
    Машки
    т.е. ,, ме стега, не ми станува".
     
    На LiliBoz, LejlaD, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    :D:D:D
    Шо слатко се изнасмеав... :D:D:D

    Едукација ни треба. Дефинитивно.
    Јас сум од постарите генерации, и се имам изнаслушано глупости на вакви теми.
    Навистина, на многу жени, од моја и порана генерација, им е сосема нормално абортусот да им биде котрацепција.
    Ми е криво што има и млади кои појма немаат, ни како се забременува.
    Има теми по форумов, со такви надреалистични и чудни прашања и коментари.
    Жално е... во време, кога секоја информација ти е оддалечена, само едно пребарување.

    Ги кривам родителите, тие колку мене и повозрасни.
    Знам како е да се живее во семејство, во кое за сексот е срамота да се зборува, и прашање за било што поврзано со секс, завршува или со дерење: Срамота е!!, или со шамар.
    Многу е грдо да имаш прашања, посебно додека растеш, никој да не ти ги одговори, ами само да ти се дери и удира.
    Ќе научиш само дека е 'срамота', а нема да знаеш 'зошто?'.
    Така настануваат табуа, и исфрустрирани деца.

    Со таков начин на 'воспитување', ќе ги научиш тие деца, да се срамат од она за кое чувствуваат физичка потреба.. она кое е сосема нормално и природно..
    Посебно женски деца... Кои во иднина, при секс, нема да доживуваат оргазам, и нема да знаат зошто не доживуваат оргазам.

    Ама како да 'натераш' стотици, илијадници родители, да зборуваат отворено со своите деца за секс?
    Јас би рекла: Никако.
    Исто и тие се така растени, и тие јаделе ќотек, ако воопшто се дрзнеле да прашаат нешто..
    Нормално дека не знаат поинаку.

    Иначе, знам жена, која имала абортирано 13 пати.
    И ова го дознав... односно го наслушнав разговорот меѓу таа жена и мајка ми.. кога бев мала.
    И го кажа тоа како сосема нормално, со насмевка.. и мајка ми се насмеа.. Не и' рече: Еј шо прајш мори?!

    Да си ги собериме децата... тие имаат шанса да бидат подобри од нас.
    Да ги собереме на задолжителна сексуална едукација.
    И тоа за се' да се учи на тие.. часови.. или како да ги наречам..
    Од начин на зачнување, до контрацепција, до сексуални префернции, до фетиши, до сексуални девијации.. се' што се знае, и е поврзано со сексот.

    Ако може да навлегуваме до детали за правилен начин на исхрана.. Зошто да не и за сексот?
    И потребата од храна, и сексуалноста се нагони.
    Од исто место потекнуваат... Нема потреба да се третираат различно.

    Друга работа.
    Абортусот е хируршки зафат.
    Значи.. кога одиме на операција за нешто.. било што: Кој го прашуваме за мислење и кој треба да даде согласност за да се изврши одреден хируршки зафат?
    Овде можат и мажите да се пронајдат.

    Нели доктор ти кажува дијагноза, кој е медицински соодветен начин да го 'решиш' проблемот, а ако се одлучиш на операција, ТИ само потпишуваш ..односно, само ТИ можеш да дадеш согласнот... никој друг.?

    Тука завршува муабетот, за тоа, кој има право да дели мислења, а уште постриктно го дефинира правото, кој може да одлучи
     
    Последна измена: 15 март 2019
    На Lolipop23, 1209, Feminka22 и 25 други им се допаѓа ова.