1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.571 глас(а)
    72,9%
  2. Не, никако

    583 глас(а)
    27,1%
  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Сексуална едукација и тоа како е потребна. За сите. Ама не, веронаука било потребно. И што дека учев веронаука во осново, воопшто ништо не ми значи сега. Перење мозок беше, кратко кажано.

    Се сеќавам порано пред 10тина години можеби, насекаде лепеа плакати на кои имаше слика од мајка со бебе и пишуваше "Абортусот е убиство". Која пропаганда замислете. Уште да се грижеа за вистински деца толку колку за ембриони.

    Жал ми е што мајка ми никогаш не ми зборувала за секс и како да се заштитам од несакана бременост. Се едуцирав сама, на Интернет и на форумов. И добро знам како одат тие работи. Ако имам ќерка во иднина ќе ја воспитувам за секс, како да се заштити, дека кондомите не се само за несакана бременост туку и за спб, дека во ред е да каже "не" и тоа треба да го почитува партнерот и сл.

    Имав 2-3 пати незаштитен однос со големо пазење, и кога ми доцнеше менструацијата 2-3 дена (прилично ми е точна секогаш) се поболев од грижи. Среќа ништо немаше и ми дојде. Ама тоа ми беше за ум, како си дозволивме да сме толку глупави. Оттогаш никако без кондом. А не се исклучува можноста и заштитата да потфрли, тогаш го имам секое право да абортирам.

    А за тие што ги нарекуваат убијци жените што абортирале едно ќе кажам - засрамете се.
     
    На Bender Rodriguez, Lolipop23, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Во таа сексуална едукација, посебно за абортусот која е и те како потребна, свештените лица т.е. долгобрадите треба подалеку да се држат. Кога се зборува на таа тема тие како троскот се појавуваат т.е. кај што не ги сееш, таму никнуваат, и стануваат едни од креаторите на јавното мислење, по принципот раздели па владеј, па стигматизирање, анатеми, на оние кои не се согласуваат со тоа.За мене силување е и некоја да принудуваш на сила да роди, со тоа усеруваш два животи минимум.
    ,,Црната мантија" на таа тема може само малтер да меша.
     
    На Sesil, JollyGirl, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Сексуална едукација треба задолжително да има. И за деца, а по тоа што го читам и слушам и за возрасни.
    Сум за право на избор, сум за тоа секоја жена да може да одлучува за своето тело.
    Многу жени од страв, незнаење и немање право на избор одлучиле да родат па детето трпи семејно насилство, може да биде фрлено во канта за отпадоци, река или тоалет. Да биде оставено во дом или на улица, да нема основни услови за живот.
    По последните неколку грозоморни случки со новороденчиња, зборувајте ми дека тие што абортирале се убијци и дека не треба да има закон за право на абортус.
    Познавам жени во поодминати години кои имале три и пет абортуси, партнерот природно ги пазел затоа што "не знаел" како се става кондом, и после две родени деца и немање услови за чување уште две, три па и пет деца се одлучуват за абортус. Некој ќе ги осуди и ќе ги нарече убијци, ќе ги направи ненормални. А јас ќе кажам само дека не им било ни најмалку лесно да донесат таква одлука и да поминат низ тоа неколку пати. И пак ќе речам, поради ваквите приказни мора да постои сексуална едукација.
     
    На darcy, Bender Rodriguez, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Факт е дека ние како генерација далеку помалку абортираме него средовечните жени денес што абортирале во младоста.

    Баш затоа што сме поинформирана генерација, растена во полиберален свет од нив. И затоа што како жени многу повеќе се заземаме за себе.

    Очекувам следните генерации уште попаметни и посилни од нас да бидат.
     
    На Bender Rodriguez, Doozy, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 да, јас реков дека е дискутабилно дали жена која извршила неколку абортуси е здраворазумна и стојам позади тоа. Јас зборам за жени кои абортирале во скоро време, познавам такви.

    Ама, не можам да кажам дека ги разбирам ниту постарите генерации. Се знае како се прават деца, ако имаш еден абортус, па друг, многу логично е да побараш помош од стручно лице, исто како што би побарал помош доколку имаш некоја друга болка. Бидејќи абортусот е болен, психички ама и физички не е мачкина кашлица.

    Кога веќе го начнавме и ова прашање, ме интересира, дали докторите кои го извршиле абортусот, а во историјата прочитале дека претходно пациентката имала 1-2-3 абортуси, и ја објасниле проблематиката на таа жена и дали и понудиле советување. Доколку одговорот е не, тогаш за осуда е медицинското лице со Хипократова заклетва кое не го направило тоа. Од друга страна, доколку пациентката добила совет за спирала (која често се препорачува доколку жената има 2-3 деца) а од срам не отишла на гинеколог, тогаш имаме сосема друг проблем.
     
    На Nausicaa, Annath, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Искрено ми е жал што биле неинформирани и што немало кој да ги седне и да ги насочи, да ги научи на основните работи поврзани со сексот. Исто како што не сум била ни јас зошто нели "срамота" било да се зборува за секс, ама среќа сум во такво време растена па имав начин сама да се информирам и едуцирам. Да знам како да се заштитам од несакана бременост и сексуално преносливи болести. И знам дека на време ќе почнам отворено да зборам со моите деца на таа тема.
     
    На Bender Rodriguez, Nausicaa, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Жено... срам им е да одат на гинеколог!!
    Срамота е за некои.
    -Таа на 50 години уште се е*а?
    -Оваа мажена, ама маж и' неподвижен, шо бара на гинеколог?
    -Оваа маж и' е умрен! Шо бара на гинеколог?

    Знам такви, кои немаат отидено откако родиле.. По 20, па и 30 години..
    Можеш да замислиш да не оди некоја 30 години на преглед?

    Кога се донесе закон, првиот ПАП во годината да биде бесплатен, баш го прашав матичниот, дали се зголеми бројот на жени кои посетуваат гинеколог...
    Ми рече дека не. Тие што си одат редовно, си одат.. тие што не одеа, не одат.

    Кога бев тинејџерка, пред да имам секс, испадна да имам мака со јајниците, и морав да одам на гинеколог.. нормално...
    Мајка ми првиот пат ме однесе, пошто ми беше страв..
    Знаеш што тогаш, а и наредните... па... 5-6 години, сите кои чекаат што ме прашуваа: А ти мажена си?
    И кога ќе им речев: Не - одма фаци се праеја.

    Срам ми беше и мене искрено, ама одев... пошто, фала Богу, логиката ми била релтивно асолна, па 'премерив' дека побитно е здравјето, од срамот. Е за некои.. срамот е појак.. За жал..
     
    На 1209, Bender Rodriguez, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    За жал и докторите од тоа време не препорачувале и не давале совет ни за контрацепција ни за спирала. А и рачунај дека во ординација се извршувале повеќето абортуси, нелегално (за 6000 денари без проблем извршувале абортус). И затоа зборам дека е жалосно што немале сексуална едукација, што повеќе пати од неинформираност завршувале така. Ама и во тој случај не ја обвинувам жената, зошто по нивното зборење им останала црна дамка и траума за цел живот. И затоа ние како жени треба да имаме малку повеќе емпатија, и никогаш да не го изговориме тоа "убиство" зошто и без тоа им е тешко.
     
    На Bender Rodriguez, Doozy, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @WildMk Јасно ми е сето тоа, ама до кога ке се вадиме на срамот од комшии? Еден куп теми се табу, со години нема никаков напредок, а причината секогаш е срам?

    @ivi1987 Не дека јас ја обвинувам, ама истите требало да се борат против тоа. Да знаат подобро и да се заинтересираат за своето здравје. Ако сите сме индиферентни, еден куп проблеми никогаш нема да бидат решени.

    Добар дел од жените кои ни сами не оделе на гинеколог, имаат ќерки кои исто така не одат на редовни контроли. Жена која била премногу срамежлива да рашири нозе без ништо да ја боли најверојатно никогаш не била на гинеколог, а со тоа нема ни искуство кое би и го пренела на ќерка си. Не е правило, ама најчесто работите одат по тој редослед.

    Јас не можам да имам емпатија за личности кои не се борат за подобра иднина. Ако сакаш промени, мора самиот да направиш чекор. Зборам за сексот како табу, како и сите пропратни работи како редовни контроли и контрацепција.
     
    На Nausicaa, Annath, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е, де...
    Истото го велам и јас...

    Ама како да 'допреш', до оние кои се срамат?
    Посебно тие, што се повозрасни?

    Јас не гледам да има начин.
    За секоја таква, ќе треба посебно психолошко советување, долго време... со надеж дека еден ден ќе го надмини срамот...
    Нема логика...
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Не е тешко секому.
    Не можете да тврдите такво нешто. Не го знаете тоа.Знаете само за себе,а за некој е исто ко вадење заб,бидејќи не гогсмета ембрионот за ништо.
    Има жени кои не толку емотивно реагираат на абортуси.
    Тетка ми е пензиониран гинеколог во КБЦ.Загреб.да не ви кажувам по колку абортуси жени си правеле .
    Туку добро што Нарцис спомна, абортуси поради пол?
    Дали за вас се и тие прифатливи како чин?
    Еве јас отворено ќе кажам без грам грижа на совест, ни емпатија ,дека тоа се ужас од жени,дно!
    Да правиш абортус зошто после две девојчиња и третото ќе биде девојче.
    Со изговор моја матка,мој избор.
     
    Последна измена: 15 март 2019
    На fana, LollySky, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Е за тоа треба да се почне од најрана возраст. И тоа спаѓа во таа сексуална едукација. Колку порано, толку подобро (нормално, со термини соодветни на возраста).
     
    На Annath и WildMk им се допаѓа ова.
  13. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    А зошто правеле абортуси? Дали тетка ти како лекар ги посоветулава за трајна контрацепција или стерилизација? Има еден куп жени кои не знаеле баш за контрацепција и се срамеле од тоа, посебно пред неколку децении. Абортуси поради пол според мене е неприфатливо и лекарите секако прашуваат зошто се одлучува жената за тој чин и имаат право да ги пратат на советувањее доколку е поради такви причини. Абортусите поради пол се многу почесто во земјите како Кина, Индија, и Средниот исток каде што луѓето не им даваат значење на женските деца. Што е најжално, во Кино и Индија моментално има милионски дефицит на жени и има еден куп стари ергени. Плус тоа што сиропиталиштата се полни со женски деца и има огромен степен на чедоморство на женските деца. Тие се симптоми на религиозно и длабоко конзервативно општетство што може да се искорени смао преку поголема и подобра едукација на девојчињата и со тоа и нивна еманципација.
     
    На ivi1987, Bender Rodriguez, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не ми се прифатливи, ова е веќе екстрем, па и сексизам - исто така дел од патријархален затуцан концепт. Такви луѓе воопшто не ни заслужуваат да бидат родители, сигурно и родените деца ги третираат и ценат според полот.
     
    На ivi1987, Yowannty, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Точно дека на многу жени им е срам да одат и ден денес гинеколозите, уролозите, контрацепцијата и сексот се табу тема.
    Брррр страшно и срамно.

    Гинеколозите од тоа живеат, а ти сама ако не побараш помош, кој друг би знаел што ти се случува таму долу, нели?
    Вака е во денешно време, а не па порано.

    Не знам дали имам пишано ама порано сами си извршувале "абортус" или со чаеви или бремената жена легнувала на стомак а некоја друга ја газела по грб за бебето да се изгуби.
    Ова лично баба ми ми го кажуваше. Баба ми ја газела по грб нејзината немажена трудна пријателка, ама сепак бебето се родило, а тие направиле свадба и ден денес се во брак.
    (facepalm) Брилијантна идеја (facepalm)

    Муабетот ми е дека срамота е во денешно време некоја ако решила да абортира тоа да го прави на примитивен начин и здравствено да се заебе, кога може да има опција да отиде на доктор.

    А тие што абортираат заради пол (Индија, Кина) или абортусот го користат како контрацепција, си имаат други психички проблеми со кои се занимаваат други доктори наречени психијатри.
     
    На ivi1987, Doozy, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl пред некоја год 25 годишна албанка во чаир раѓа 7мо дете девојче. Мажот сакал машко ама ни по 7 пат не добива. Мораат да лежат повеќе јер девојчево проблеми со дишни патишта. Ма какво лежење втор ден тој потпишува зима жена и дете. Докторите му велат детето нема да преживее ако излезе сеа. Око не му трепнува. Женско било, ако живее живее ако не тоа е.
     
    На WildMk и JollyGirl им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Екстремно е да,ама и нејзино легитимно право да одлучи што ќе прави со плодот во нејзината утроба.
    Ист принцип.
    Нејзина матка нејзин избор .
    Зошто едни причини се прифатливи,а други не се?[/QUOTE]
     
    На LivingGlam, nextredstyle и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.840
    Пол:
    Женски
    Не ми е ниту мене прифатливо, ни на докторите кои имаат етика и морал, а се надевам голем број се такви, а ниту законот го поддржува тоа. До 12-та недела полот ретко може да се потврди, освен со пренаталните тестови преку крв, значи абортусот би се извел неколку недели подоцна од 12-та недела. Законот не поддржува абортус поради "непосакуван пол" на плодот и мислам дека е и излишно да се дискутира ова воопшто.
     
    На ivi1987, Rebecca_R, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Забрането е да го кажат полот пред 12 недела.
    Јас со сите три правев околу 10-11, ама викаа дека полот не смеат(освен кога во диверба ќе ти кажат(facepalm)).
    Значи и они се свесни дека некој свесно забременил и го прави тестот порано само за полот...
    Јас со сите три го знаев порано, “во доверба” беше кажано, иако ми беше нагласено дека не смеат.
     
    На ivi1987, LivingGlam, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За жал сигурно не е само тој единствен случај.
    Им кажуваат дека и третото е женско и одма на абортус без трошка жал и почит кон жената.
    Пак за некое време останува бремена, пак женско, пак абортус.

    Ова не се луѓе туку монструми.

    Ако не направат абортус, туку се решат да го родат девојчето, треба да се пријават такви случаи во социјално, па тие да испитаат како живеат тие непосакувани и кутри девојчиња.

    Тие мажи немаат почит ни спрема жена, ни спрема ќерки.
    Монструми, само се надевам се помалку ги има во денешно време.
     
    На Amellie13, ivi1987, LollySky и 7 други им се допаѓа ова.