Има огромна етичка разлика од тоа да се абортира поради силување, напуштање од партнер и немање поддршка од никого, немање услови да изгледаш дете, аномалија... и полот како единствен фактор за тоа дали го сакаш или не плодот. Сигурно и сама ја согледуваш, излишно е да се објаснува.
Кој закон ,каде? Законите не се секаде исти Нарцис,а и се менуваат. Не ги следите трендовите,спомнав во тек е иницијатива за слободно прекинување на бременост кога жената ќе одлучи! Мислиш дека е некому проблем да плати приватен аб од5000 еур.во 19 недела во Холандија? Ајде да не споменувам други држави.
Е ова не го знаев. Ама запознав жена која самата ми кажа дека правеле пренатални тестови и доколку третото било ист пол како првите две, планирале да го абортираат. Па "среќа" испаднало да е "посакуваниот" пол и си го роди. И со причина не кажуваат пред 12-та недела. Ама пак ќе кажам, за вакви случаи не ни вреди да се дискутира воопшто.
Па за кај нас Косми зборам, за законот кој сега го донесоа. Искрено, за Холандија не ме интересира, ниту пак за било која друга земја каде што не живеам.
Џабе не викаат кога едно нешто ќе си го достигне својот максимум само ќе се уништи. Исто и со нас луѓето.
95% од населението ќе бидат мажи. Што убаво ќе им биде на жените ќе можат да бираат и да имаат повеќе мажи
Па до 12та недела не се гледа пол мислам. Така што... сеедно. После тоа мислам дека треба сериозна причина. Сепак 12 недели се доволни за одлука. НО Не се дрзнувам да кажам за кого било дека е ужасен или дно. Просто не сум во негова кожа и не можам да знам.
У име свих нас из седумдесет и неке... Вајлд, генерација, немој да не потценуваш. Јас мислам оти и поедуцирани и поизградени личности бевме, отколку децата на независната Република... Не оти децата се криви, ќе да е републиката, и тие што ја јавнаа да ја владеат/крадеат. Кому му треба едуциран, само свесен поединец, што не може да го замајува? Поарно да менуваме закони за абортус, за пушење, па за веронаука, па ќе се мати некоја вода и секој ќе мисли дека има право на мислење за теми шо ич не го засегаат, ама ете секој може да мисли за правата и слободите на комшијата, оти реално никој ни права ни слободи има... Баба ми, беше генерација 1920 и некоја, и понормални ставови имаше за секс и абортус и све со тоа поврзано, од овие денешниве, локални и глобални просветители. За мој вкус не е пристојно, да се мешам во туѓи животи, кој, кога, зошто и дали, имал секс, абортирал, ватевер...Live and let live. Едукација мора, слобода на избор мора. Е, сега пусто турско како да се искорени од балканите, не сум толку умна.
Ова е рутинска практика кај ИВФ инаку, бидејќи машкиот и женскиот ембрион имаат разлика тежина, може многу лесно со голема прецизност да се избере полот на ембрионот, и тоа не сметам дека е некоја морална дилема искрено. попроблематични ми се овие мизогинисти како што беше спомнато погоре каде што сакаат со сила да добијат одреден пол без разлика на последиците врз жената или пак 'непосакуваните деца'. Да не збораме дека обично тоа се многу конзервативни патријахални мажи кои што сакаат некој да им продолжи лозата.
Со претходниот закон беше дозволен абортус до 12та недела, период кога не можеш да го дознаеш полот на детето. Со новиов закон (дозволен абортус до 22ра недела) можеш да се абортира и откако ќе се дознае полот на детето. За жал во многу случаи тоа ќе значи убивање на неродените бебиња само затоа што се од женски пол. Исто така со претходниот закон постоеше задолжително советување на жената и три дена чекање при што можеше да се дететкира присилен абортус од страна на некој ваков монструм кој ја принудува жената да абортира поради непосакуван пол. Очигледно новиот закон помалку ја штити жената и женските неродени деца.
Прочитај го законот и прати ни на сите тука каде пишува дека може да абортира ако нема медицинска индикација, односно ако се работи за непосакуван пол.
Ме интересира баш дали има ставки како психички терор, жртва на домашно насилство и сл. Оти нели, мажот ако дознае дека е женско нема да го сака, па ќе ја тера, може ќе и се заканува... Дали законот би ги оправдал овие ситуации.
Абе не ме смеј. Од нога се пишуваат причините зошто сакаш да абортираш, никој од специјалистите не се замара со тоа. Чиста формалност е тоа. А да не зборам па во приватните клиники. Ако тој гинеколог не те абортира, парите ќе ги земе гинекологот од другата приватна клиника. Така што ќе те абортира додека трепнеш.
Е нема сега -за ова може, за друго е неприфатливо. Не е ни наше да знаеме зошто некоја абортира па да судиме правилно е или не. Нели -нејзина матка, нејзино право. Ако не е убиство и е нешто за што не треба да се потресуваме, зошто тогаш да се потресуваме ако некоја абортира заради пол? Да не се правиме наудрени дека после 2 или три деца машки на пример, некој си сака женско. Може не звучи убаво ама рековте да не прашуваме зошто некоја абортирала не знам колку пати. Нејзино си е. Исто глупаво е да абортираш често оти не знаеш како да се заштитиш ама пак тука не смееме да се мешаме, а во ова може? Освен ако се работи за присила од партнерот, тоа е друго. Во спротивно, нивна работа, не е задолжително да кажат зошто а не е ни наше да знаеме. Законски дозволено е, тоа е се' што треба да не интересира.