Zasto da nema ti ako si za nekoj ne e za abortus I neznam zasto samo se nadpisuvate jas kratko ke kazam napisete si samo ili ste za abortus ili protiv jas ke si kazam oti sum protiv abortusot I tolku nema zasto da obrazlozuvam zasto sum protiv ednostavno toa e moj stav vo vrska so ova tema
http://www.femina.mk/здравје/интимн...PNa4yYTncQ4bVWjG_16TrADyfT0RWjviuFe3-deMXpKGM Еве го законот. Зависи кој како ќе го толкува, али опфатен е и тој момент. Мило ми е што те насмеав. Инаку се замараат, ако ме прочита некоја страна поназад ќе знаеше дека неколку доктори одбија жена да абортира поради непосакуван пол.
Имаше на Нетфликс еден многу добар документарец за оваа проблематика. Или во Ask the Doctor беше или во тие кратките видевца што ги прават за појаснување на работи, ич не ми текнува како се викаше серијалот. Ако сакаш, ќе протарашкам и ќе пишам. Многу интересно да се види и размисли, се предвидува дека една гранка од правото во иднина ќе се развива во таа насока, што смееме, а што не смееме да менуваме при зачнување. Едит - најдов, Explained се вика серијата, епизода Designer DNA
На жалост голема е веројатноста жената да си го знае сопругот дека е таков каков што е и се нафатила на рускиот рулет машко/женско... Оти според примериве што ги кажувате, ете, има такви.
Во која недела од бременоста? Ако е после 22ра, да треба да помине одредени комисии (ако нема врски се разбира).
Таквите и да нема закон ќе најдат начин да абортираат. А во најмала рака ако родат несакан пол, тоа дете во такво семејство цел живот ќе е малтретирано, омаловажувано, третирано нееднакво дури и тепано.
Море на крај краева кај тој проблем, абортусот не е тоа што е сумнително, туку мизогинија што таквите религиозни екстремисти како вас и другар ти Филип ја практикуваат.
@NarCis@ Абортусот не само законско прашање,па ќе се водиме само по него. Законите се менуваат,јас зборам за двојни аршини или принципи.
Ниту јас, ниту Филип немаме ни омраза, ни предрасуди кон женскиот пол. Напротив, поддржувачите на новиов закон евидентно покажуваат дека не им е гајле за женските убиени неродени бебиња. А не им е гајле ни за жените кои се присилени од своите мажи или партнери да си го убијат бебето во утробата. Но, кому зборам јас. 1000 пати е видено на форумов дека кога некој нема аргументи, веднаш се свртува со ад хоминем и напад кон личности.
Ова се проблеми со многу подлабоки корени. Ако мажот ја условува жената да абортира поради пол, замисли низ кои други тортури поминува во секојдневието. Тука веќе треба да работат социјалните служби. Точно Косми, не знаеме во која насока може да се менуваат законите. Но, за мене овој закон одговара на моите принципи. Не знам на кои двојни аршини мислиш. За мене е убиство девојката која го фрли новороденото бебе во полско веце. Да имала прекин на бременоста, која најверојатно била непосакувана, од тој чин ќе се згрозеа само оние кои се против абортус. Вака, сите сме згрозени.
Имам професорка феминистка, силен поддржувач на правото на абортус меѓу правата на жената. Баш од неа исто така прочитав и дознав за документарецот Neželjene ćerke Crne Gore, кој зборува против ситуацијата во Црна Гора со абортирањето женски деца поради полот. Не ме смеј те молам, верски проповедници и конзервативци ќе учите борци за права како да бидат борци за права. Big lol.
Правиш едноставно пребарување за деноминацијата во кој се тие членови баш и ти излегуваат резултати како се суделе за 'самоубиството' на некоја членка кој сакала да ги обелодени сексуалните насилства што се случувале во конгрегацијата...
Тоа што некој на челото ќе си напише „борец за права“, не го прави и борец за права. Најчесто оние кои се нарекуваат себе си „борци за права“ не се ништо друго освен најголеми дискриминатори, ширачи на перверзни идеологии и деструктивни штетници на човечкиот род. Христијаните од секогаш биле најголеми борци за права. Мајка Тереза позната хуманистка, Мартин Лутер Кинг кој се борел за правата на црнците, Денис Муквеге кој секоја година оперира по околу 3,500 жени и девојчиња жртви на силување.... сите овие се христијани и наградени со Нобелова награда за мир. Еден живот ти е малку да учиш само од овие што значи да се биде вистински борец за човекови права. Прими мое соочувство.
Јухууу така беше и до сега Пробуваме тоа да го потсмениме. На крајот, може и по дома да си абортираме, како во златните стари времиња. Законски не е дозволено абортирање после 12 недела, никако освен поради медицински индикации. Пол на плодот не е медицинска индикација. Пред 12 недела во принцип не знаеш пол. Инаку, ич не ми е гајле дали сака строго женски или машки или пар непар да раѓа, се' додека не е присилена на истото.
Ајме мајко мила, сериозно постои некој што уште верува во ова?! Да да, хуманистка која дозволувала луѓе да страдаат во беда наместо навистина да им помогне. Па не ме ни чуди од вас верници кои се чудите за немање услови како причина за абортус, за вас сиромаштијата е тест од Госпо, товар што го става на силни раменици, пат до просветлување... Тоа се тие идоли и вредности.
И тука имаме многу посериозен проблем од абортус; на пример животот и психичкото и физичкото здравје на жената и веќе родените деца. Баш госпоЖа Тереза ја најде од сите, за не вјеровати
Моето иде до сите студенти што со другар ти и сектата ги врбувате, а да не зборувам па за оние што од уште помали нозе сте ги завеле во т.н. Мисија за евангелизација на деца и слични „секуларни“ ствари.