Со пренаталниот тестови сега не може да се дознава пол и во 10 недела? Дозволено е.Прочитај го уште еднаш законот. По 12 недела ,може и доколку: дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје. Ова дава огромен простор за толкување.
Ако абортира во 8ма не ме интересираат причините ич. Фетус во 22 и во 8 не се ни слични. Ако е принудена да абортира поради полот, е тоа е друга приказна.
@Cosmi кај нас мал процент можат да си дозволат за пренатални тестови. Останатите, на скрининг ќе дознаат, и пак е прашање во која недела. Јас за двете ќерки дознав пол накај 20-та недела, за втората дури и подоцна.
Со претходниот закон, беше дозволен абортус до 10та недела. Со триста потписи, и дозволи, од цела држава. А можеше и над 10та, доколку: врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето. врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.
Кога сме кај 'одбирање на полот' ... дали знаете што направи, законот за 'Едно дете', во Кина? Кој има желудник, нека го изгледа документарецов:
Има и текстови... да не гледаш видео. Ако се роди женско дете, некои ги оставале во домови, а некои, си ги убивале женските деца. Пошто сакаат син де... Researchers may have ‘found’ many of China’s 30 million missing girls
Во Кина најголем кривец е владата, т.е имало закон со кој не смееш повеќе од едно дете да имаш, тоа стави го во такво конзервативно население, посебно во провинциите од бога заборавени и ете го резултатот...ете го скратеното право на ИЗБОР од една друга перспектива, ако сте паметни ќе ја сфатите паралелата.
Сега жалното е дека во Кина има над 35 милиони стари ергени за кои едноставно нема жени, па има настани и организации за родителите кои им бараат жени од секаде. Таа бројка се очекува да расте, иако од пред неколку години закон е променет за максимум две деца (излезе дека луѓето не можат да си дозволат повеќе од едно).
Имав прилика да разговарам со еден Кинез, и кажуваше дека во Кина било најнормално мажот да плаќа се на девојката до ручеци, кафиња па дури и сметките дома ако живее сама. Ако немаш пари не те погледнува одма може да си најде друг што ќе и ги исполнува овие работи. Најнормално било ова. Се изнасмеав кога ми рече "во Кина колку и да си грд ако имаш пари ќе имаш и женска". За жал, тражили сте гледајте е работава
Искрено, воопшто не ми е грижа колку некој е за или против абортус, колку за некој би била монструм доколку абортирам. Ама ВООПШТО не ме допира. Исто колку што на никој/а од оние кои упорно тврдат дека не смее да има абортус, не им е гајле каков живот би имало тоа дете, а и јас како мајка која не го сака и била принудена да го роди. Таков притисок единствено би можел да развие поголем гнев кон тоа дете. ( барем јас тоа така го замислувам ) Се додека правото на избор постои, душава ми е мирна. Доколку сметам дека НЕ САКАМ/НЕ СУМ СПРЕМНА за дете, нема сила што ќе ме спречи да абортирам, а најмалку коментарите дека ќе бидам убиец.
По оваа логика ако баба ви ја абортирала мајка ви во исто време ве абортира и вас Потрагично е што ова го имаше шернато ембриолог од позната клиника, како тоа јајце клетката сме ние, кога во комбинација со различна сперма ќе биде различен човек?
Mozete li da mi odgovori nekoj imav abortus na 4ovoj mesec no ne krvariv mnogu samo toj den malku dali e normalno I gradite uste me bolat na dopir ve molam odgovorete ako nekoj znae I posle kolku vreme mozam da dobijam menstruacija
И безразлика или учеството на спремата ова е тотално неточно од биолошка гледна точка. Ние не се раѓаме со сите јајце клетки веќе формирани. Отприлика кај 14та недела во женските фетуси се развиваат јајниците и во нив клетки огониум, од кој после пубертетот секој месец се ствараат јајце клетките. Така да, Да баба ти во некој период била бремена со мајка ти, но тоа на сликите не е воопшто точно.
После абортус, на телото му треба време да ги врати хормоните во рамнотежа, така да за еден па и до два месеци, би требало да добиеш мензис, зависи во кој период од бременоста е извршен абортусот...нормални се болките во гради во половина, стомак...но ќе помине, не се плаши.
Здраво девојки, бремена сум 5 недели вчера дознав. Размислувам да абортирам зошто стварно не сум во можност да го задржам,во врска на далечина сум.. При крај со студии, финансиска состојба катастрофа и уште ред други работи. Се јавив во неуромедика за процедурата со вакум,па доколку некоја е запознаена до нештото би сакала би сакала да сподели искуство... Или било каква информација би ми била барем малку олеснителна. И ќе ве замолам без предрасуди и разговори од типот деќа ќе бидам убиец и слично. Ако некој може да ми помогне ќе бидам благодарна ако не..игнорирајте го долгиов пост. Фала однапред