Поскапи се тие тестови, ама и нив веќе им паѓа цената. ПРед 4 +5 гидини беше 850 еу, пред 1-2 веќе пола цена. Се прави од 9та недела, па додека стаса резултатот веќе би било 10та. Во Германија зеабрането им е да даваат информација за полот. Кажуваат дали има/нема даун синдром и останатите хромозонски нарушувања. Но, мене барем, во доверба демек, сите три пати ми кажаа уште 10-11 недела пол.
Језиво, скоро 500 гласови против на анкетата, со кое право туѓо гајле берете?! Ако некоја жена абортира нејзино е нема вас грев да ве фати уживајте, као демек некој морал пропагирате а две чисти немате у тиквите а посебно ако сте жени тие шт сте гласале против.
Се згрозив од веста за Алабама што мажи изгласале да се забрани абортус. Изроди. Мажи не смеат да имаат никакво, апсолутно никакво право да кажуваат што жените да прават со нивните тела. Абортусот на никој начин не ги засега нив. После модерна била Америка. Еве колку е.
Америка е едно од најтрадиционалните општества со неверојатно низок коефициент на еднаквост меѓу половите. Интересно е што левицата успева да добие битки кои би ја загрозиле положбата на жените во општеството, а не успева да добие такви кои би ја подобриле. Изгледа не е до традиционалната, туку до чистата мизогинија.
Јас ставив дека сум против,а тоа беше далечната 2014 кога едвај сум била 15години.Штета што не може да се смени. Он топик.Сум за личен избор.Секој има право да избира.Детето е трошок,да бидеме реални и не секој може да си дозволи таков трошок.Тоа е една многуте причини за кои жените се одлучуваат за абортус.Државата и владата не се тие што треба да диктираат на жените дали да абортираат или не. И да,најголемата иронија во сето ова е што мажите одлучуваат дека жените не треба да абортираат.
Финансии требаат точно............но кога ќе ги видам ромите(без пари,без облека,без покрив над глава)и раѓаат ли раѓаат еден куп дечиња(нека им се здрави и живи),мојата потреба од финансии се руши и испаѓа дека треба само јака воља,љубов,желба за дечиња,а финансии во МК Д секогаш ќе фалат и никогаш нема да ги има.......
Па да и не.И во на дедо времето се раѓале по 7,8,10 деца.Но,сега се други времиња.Треба тоа дете да се испрати во градинка,соодветна храна,облека,треба да се прошета.Понатаму,училиште,книги итн.Од друга страна и родителите треба да се спремни,да имаат љубов,трпение,воља. Ромите се друга приказна.Има и едуцирани,ама оние другите се поопасни.Јас се чудам тие деца каков имунитет имаат.
Порано раѓале што повеќе деца за да имаат повеќе раце за работа дома. Едно на пасење со кравите, едно со овците, три на нива... Така размилсувале барем така мене ми кажале. А трошкови освен јадењето немале за нив ни школување, ни курсеви, екскурзии, кафичи, кафани... Немало ништо тогаш
За жал не се живее само од љубов. Според мене себично е да раѓаат деца (општо ова, бидејќи има многу неедуцирани роми) а да немаат основни услови за живот ни за себе како прво. Само се изложуваат децата на непотребно страдање што можело да се избегне.
https://www.facebook.com/What.If.science/videos/1020696854795505/ Еве едно објаснување од научната и логична емисија What If за тоа што би станало со светов ако насекаде стане илегален абортусот. Болници полни со жени повредени пробувајќи сами да си предизвикаат абортус, полни затвори, уште плус огромен број на деца - посебно пренаселување на најсиромашните краишта и уште поголем недостаток на ресурси во нив, милиони непосакувани деца несреќни без љубов и во мизерни услови на живот... Тоа е тој life во самопрогласената комплиментирачка етикета pro-life. Нареден пат замислете се за што се залагате всушност...
А зашто мислиш дека ако на 18год затрудне девојка ќе и се уништи животот? Јас еве имам 19 и сум 8ми месец, со душа го чекам денот кога ќе си го видам бебушот. Среќни сме и јас и сопругот, а и ова бебе не е настанато "погрешка", туку со двострана воља. Не гледам дека сум си го уништила животот, напротив.
А зашто да немаат право кој го праве детето само мајка ти ли јас колку што знам мажите немаат право за телото на жената ама за детето и тоа како имаат право знаеш колку примери има такви каде што жените не сакаат да ги гледаат своите деца па ги гледаат татковците и не им фали ама баш ништо Јас се омажив на 20 год па не сметам оти мојот живот е уништен се борев за дете долго време и тоа ми беше приоритет а сега сега ќе продолжам со школувањето ми каде што застанав откако се омажив тогаш такви беа условите
Ако гледаме така, колку мажи има што само ќе и го „направат“ бебето на жената па потоа бегаат и не сакаат ништо да имаат со истото? И да, жената го има крајниот збор кога се работи за нејзиното тело. Ако не сака да роди, нема да роди и готово. Таа го има правото да одлучи, бидејќи врз нејзин грб паѓа ризикот доколку одлучи да го износи и да го роди. Мажи не треба да имаат право да изгласуваат закон што не ги засега нив, навистина жално..