Поповите се против право на избор на жената, но затоа се ЗА лопужење, дрпање, прељуба и педофилија! Не знам кој нормален човек го зема во предвид нивното мислење од тие искварени мозоци.
Баш ме интересира како ќе се толкува ова “во одредени случаи” а се однесува на абортус од 12-22 недела. Абортус во 22 недела, од немедицински причини за мене е нехумано. Можда звучам осудувачки а навистина се трудам да не е така, ама знам како изгледа тој абортус... убаво би било информираноста за овие теми да е поголема, највеќе заради тоа што вака ставено 12-22 недела, некоја жена би можела да рачуна на тоа дела има време за да изврши абортус, без точно да знае што ја чека. Тоа што во развиените земји 23недела се смета за fetal viability (гестациска недела кога фетусот има реални шанси да преживее) ми е во прилог дека не е хуман доцниот абортус, no judgement!
Кога има тешка деформација бебето и реално похумано е да се абортира него да се мачи подоцна и тоа и цело семејство.
Тоа е медицински оправдан абортус, зборувам за одлука на жената која не е од вакви причини, туку од социјални или други
Затоа има комисија која одлучува. Не знам по кои точно параметри, ама составена е од 2ца гинеколози и еден социјален работник
Тоа е за абортус после 22недела, до 22недела жената одлучува, претходно беше како ти што напиша, и не беше ограничувачки законот, абортусот беше дозволен, со тоа што ако на пример била дијагностицирана аномалија на плодот, во одлуката за абортус беше вклучена и комисија која на жената и би објаснила кои се последиците од таквата аномалија (што вклучува и дека не е контраиндицирана со живот и квалитетот на животот на бебето нема значително да се намали)
Бременоста ќе може да се прекине со писмено барање од жената и по 12тата недела во одредени слуачи - „Во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или после породувањето, врз основа на научни сознанија дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, или доколку до зачнувањето дошло со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице или полов напад врз дете.“ - Министерство за здравство.
А, да си жива и здрава. Нека напраат таков закон ама да се донесат и закони за кривично гонење на големи мужи под чијшто притисок и уцена девојката ќе мора да го абортира детето и нека се легализираат потерници по сите оние што бегаат откако ќе ја забременат девојката, со парични казни, со родителски одговорности со све. Ако сакаат удел у одлука, нека имаат и удел у одговорност, зашто да не. Мужи пред жени ќе искачаат на протести за права на жената после. До таа утопија мудро да си ќутат. Еден ми кажуеше бившата се вреѓала кога ставал кондоми, демек се гадиш од мене, ме мислиш за болна ова она ја проститутка ли сум,...Он ѝ викал ја сум можда болен на чело ли ми пишува .. на дечково капа му симнувам, кешки сите тој осет за одговорност да го имаат. И за жени некои треба едукација, такви жени го напраија у одредени случаи абортусот замена за контрацепција, вероватно водени по таа филозофија, заедно сме, немаме проблеми, детенце само ќе нѝ ја убрза свадбата. Е па, не баш. Или пак, можда девојкава вака мисли јер таа идеја некое друго опортунистичко муже ѝ ја стаило у глава, коа прашала за заштита може ѝ рекол „Срце, ти од пред МТВ тие што стојат ли си, јас те сакам тебе, не сакам да биде вештачки односот“. Слично нешто на ова ѝ се има кажано на другарка, еве касно можда ама ми текна. Едукација за сите. Единствена алатка за планирање на семејство не е абортус, но во никој случај не смее да се санкционира.
Сакам да прашам дали е во ред и после колку време по абортус може да се пие апче за ден потоа? Или може компликации да има?
А оти да мора да се пие? После абортусот нели памет во глава треба малку, повеќе внимавање и секако однос само и само со заштита. Знам дека се случуваат инциденти, ама ако е човек внимателен, може да се избегнат. Инаку конкретен одговор немам, оти не знам. Компликации секако може да има, без разлика дали имало или немало абортус.
Да знаеш само дека после абортус најлесно фаќа. Треба да си пазиш а и не знам докторката зашто не те предупредила..
Ако смееш да имаш односи не значи дека повторно треба да бидат незаштитени, баш напротив треба да пазиш повеќе од било кога. Не знам зошто самите си правите дополнителни проблеми. Не може после абортус да си дозволиш пак да одиш на ризик. Не те разбирам искрено. Не треба докторката посебно да те предупреди за да знаеш дека можи да се фати кога не користиш заштита. Инаку во ситуацијата е најдобро да се консултираш со матичниот гинеколог, не би знаела како да ти помогнам, освен да ти кажам дека МОРАШ да внимаваш. Не се игра со овие работи ама ич.
Не дека немам пазено, туку не знам, може пукнал? Лошо ме сфаќате. И баш за да не остаам на случајност прашав за апчињата.
Ако си користела заштита тогаш немаш потреба од апче за ден потоа. Тоа се пие во исклучително ризични ситуации. Не можеш после секој однос да пиеш апче нели? За да ти е мирна главата, проверувајте го презервативот после односот. Така ќе знаеш дека нема потреба од грижи.
Ovaa tema e mnogu bolna. Vo 21 vek grevota e bebe da se abortira ima razni zastiti za da se spreci nesakana bremenost.
Во 21 век греВота е да се дискутира дали абортусот треба да е легален или не, или да се присилува жената да роди, ради лажниот усилен проповедан морал. Планетата е пренаселена, секојдневно умираат деца од сиромаштија, место на таа тема да искажувате болка, вас ве болело за фетус. За малце па ќе поверуваме.