Некој и во овој случај не би до оправдал абортусот, лесно е кога судиме на другите, кога не сме во нивна кожа. Што е подобро да се уништи еден живот или пак со раѓањето на детето да се уништат многу животи? Ако не си способен да му пружиш пристоен живот тогаш подобро никаков да не му пружиш околку да скапува по домови и питачи по улици!
Gunshine... за да не дојде до ова се зема од плацентарната течност на испитување и тогаш се утврдува дали бебето е сосема здраво или има било какви пореметувања
А каква врска има тоа испитување со ставот околу абортус? Некој ако е против абортус ќе го роди и такво и ќе го измачи додека не умре за 2 месеци ако не и помалку. Овие случаи не се излечливи. Да не се разбереме погрешно, сосема си во право за испитувањата, само што има до толку закоравени луѓе што и покрај ова не би го промениле мислењето.
Според тоа што прочитав,сега абортусите ќе се наплаќаат приватно од 4000 до 6000 денари, освен за медицински оправдани случаи.. проблеми со плодот итн. За мене ова нема смисла. Не треба да се спречуваат абортусите. Секој што прави абортус има добра причина, дали економска или друга. Не го поддржувам,но го оправдувам. Зошто вака или онака ќе бидеш одговорен за нечиј живот.
Само ке речам вака: Не дај боже, да останете непланирано бремени сите вие што се траќате тука дека абортусот е убиство. Значи не дај боже, да ве силува некој, татко да треба да е ннекоја пропалица, да си 17 или помалку години со лоши финансиски и стамбени услови....И би го родиле? И кога ке се роди тоа дете што ке му се понуди? Каков живот? Не е само да родиш дете, треба пари, треба зрелост, стабилност, требаат ДВАЈЦА за да го одгледаат тоа дете. Го подржувам абортусот, тоа си е право на избор, иако немам абортирано сепак ги подржувам сите оние кои се решиле за абортус од оправдани причини.
Абортусот чини од 6000 до 13000 денари, ако плодот е до 10гестациска недела се плаќа 6000 ако е поголем тогаш е 13000 денари прочитав во весник пред некој ден. Секогаш ќе постојат спротиставени мислења во врска со оваа тема, јас сум за абортус ако се има добра причина за тоа, но не значи дека го оправдувам.
И најновата рекламна кампања.. Татко алкохоличар Мајка болна од сифилис 6 болни деца... Дали ќе постоеше "одата на радоста", ако мајката на Бетовен абортираше? ДАЛИ СЕ ПРИ ЗДРАВА ПАМЕТ?
Колку само морбидно звучи ова!Кој ли генијалец смисли ваков ужас?!!!!!!!![/quote AM NEKOJ KO0J ZEMA NE BROENI PARI OD VLADA ZA GLUPI REKLAMI ! NAMESTO DA ISPLATAT TRUDNICKO BOLEDUVANJE NA VREME SO TIE PARI TIE ZIVI GLUPOSTI DAVET A MAJKITE NEMAAT PARI DA IM KUPAT NA BEBINJATA NISTO ZOS MU KASNIT TRUDNICKOTO ! ZA SRAMOTA ! SO NASI PARI PO NASI GLAVI ,, E RABOTAVA !
Сака да каже дека Бетовен имал мајка болна од сифилис, татко алкохоличар, и кога мајката е болна се пренесува и на децата, ако абортирала ке го немало Бетовен а со тоа и Одата на Радоста.
^ Жити све? Ако не и кажеше немаше да претпостави. И дали тоа значи дека ако остане бремена девојка што има сифилис од наркоман момак, детето ќе се роди генијалец? Тоа е 0,001%, а за останите што правиме?
Абортус Една загрижена мајка отишла кај својот гинеколог и рекла: “Докторе,имам сериозен проблем и очајно ми треба вашата помош! Моето бебе нема ниту една година а јас сум повторно бремена.Не сакам толку брзо бебе.“ Па докторот рекол: “Добро,што сакаш да сторам?“ ... Таа рекла: “Сакам да ја прекинеш мојата бременост,и сметам на твојата помош за ова.“ Докторот размислил малку,и по кратко време и рекол на жената: “Мислам дека имам подобро решение за вашиот проблем.Тоа е понеопасно за обајцата.“ Таа се насмевнала,размислувајќи дека докторот ќе го прифати нејзиното барање. Тогаш тој продолжил: “Знаеш,бидејќи не сакаш да гледаш две бибиња одеднаш,ајде да го убиеме она што ти е во рацете.На тој начин,можеш да се одмориш малку пред ова другото да се роди. Ако убиваме едно од нив,не е важно кое. Нема ризик за твоето тело ако го одбереме тоа што е во твоите раце.“ Жената беше престрашена и рече: “Не докторе! Колку ужасно! Криминално е да се убива дете!“ “Се согласувам.“ одговори докторот. “Но тебе тоа ти изгледаше во ред,па си помислив дека можеби тоа ќе биде најдобро решемие.“ Докторот се насмевна, сфаќајќи дека таа ја разбра поентата. Љубовта вели: „Се жртвувам себе си за доброто на друга личност.“ Абортусот вели “Го жртвувам доброто на другиот за моето добро .“
Боже што се не ќе прочиташ. Цел пост е врв, посебно болдираново. Бог ни дал невиност, бог бог бог... ти се молам. Ти као невина до брак ќе бидеш? Ахм, да. И јас таа мислев кога имав 12 години.
Јас лично не го подржувам абортусот, (со исклучок). Секој треба да одговара за неговите постапки, и треба да го реши проблемот, а не да го убива(во овој случај). Го подржувам само во случај кога мајката има болест што ќе му се пренесе на бебето(приказната за Бетовен не ме освои). Искрено мене мајка ми ме родила на 17 години,со татко ми оделе 3 години останала трудна и... требало да ме абортира оти била млада 3та година средно, што разбирала таа нели??? Но сепак не се случило тоа, и баш се соочила со големи проблеми... татко ми заминал војска таа сама тука 5 месеци криела(била многу слаба можело да се скрие изгледа), кажала кога веќе шансите за абортус не постоеле, се вратил татко ми пред време, се направила свадбата најбрзо што може, и 2 дена после свадба сум се родила јас Спојлер убава уште од бебе .Средното го довршила вонредно но факс не завршила иако имала шанси,и желба.И што и фали денес пак се снашла некако, таа работи татко ми работи си зимаат плати, имаат две здрави деца. Во денешно време (кога абортусот е многу популарен станат) Спојлер поправение к*рово згрешение, што викаат бугарите да се случе истата ситуација како тогаш 90% девојката сама ќе сака и прва ќе биде таа што даде иницијатива за абортус, бидејќи луѓето се себични станати, мислат само на себе, и го прифаќаат ризикот, да добијат процент плус да станат не плодни (што го дава абортусот) одколку да се жтвуваат себе(како што им било убаво додека го правеле) и да дадат се од себе да се роди тоа мало бебе. Како и да е секој има право на свој избор...
Многу ми е смешно кога читам мислења во стилот ‘‘ Јас сум против абортусот, Бог е тој што одредува кој да живее, а кој не ,а и библијата го осудува абортусот‘‘. Жити се абе ептен сме по веронауката и ептен ја поштуваме религијата само нема да е лошо оние ‘‘верниците‘‘ со ваквите мислења убаво нека ја прочитат библијата и нека видат дека и сексот пред брак е забранет, и сексот како начин на задоволување на потребите е забранет туку тие потреби треба да се потиснат. Библијата убаво вели дека сексот треба да се користи само за размножување (и како што се сеќавам само во мисионерска боза беше ), а не за задоволување на полови страсти. Имам кажано и пак ќе кажам големо ДА за абортусот. Секој има право на избор подобро уништен еден сеуште не започнат живот (ако тоа може да се нарече живот ) одколку да се уништат многу животи, зошто овде не станува збор само за животот на девојката овде се и нејзините родители, нејзините најблиски и нивните животи се во прашање. Многу е лесно вака хипотетички да зборуваме ама верувам кога би се нашле во таква безизлезна ситуација и многу од оние кои демек не го подржуваат абортусот, демек тоа било убиство одма ќе отрчат на абортус. Твој живот, твое тело, твој избор...