човек дури нема свое дете никогаш не е спремен или не може да се спреми за дете. Така да твојата амбиција до каде може да оди не знајме. Секој човек си е приказна за себе. Некој сака прво студии пари и после дете, некој пак сака порано. Еве јас на моја 20 годишна воздраст се мажив немам студии не учев едноставно, и то не значи дека јас не можам да излезам од чинии миење или од домашни обврски. Од ништо не сум скратена апсолутно и живот и шетање и слобода, забрана немам ни за сама да излезам ни за со друштво . За тебе бракот е изгледа некоја црна мисла каде жената е малтретирана и мачена и дека нема слободие за ништо, но не значи дека то е така сега жената има исти права колку и мажот.
Не нема шанси вие шо пишувате дека исто и е у брак и слободен да си ајде излези со другарки пиј глупирај се дој си сабајле у 5 пијана нека те остае некој со кола, искрена да бидам тие работи кои се убави ги праеш само со маж и толку и на кафе со некоја колешка, јас далекоо дека мислам дека брако е ропство за жената, и на мажо и на жената и се менат животите во брако и треба да се 100 посто сигурни во што улаваат за да воспитуваат дете и да не го оцрнат со тоа што ни самите не знаат кој се и што се а не па дете да чуват. Дете кога ке бидам доволно зрела со стабилен партнер и двајцата оделени да си имаме посебен живот а не со пуна куќа и секако финансиски стабилни и позади нас 4 5 години заедничко живеење
@minne992 не сакаат сите да имаат обврски. На некој може му е приоритет да шета, патува. Познавам такви што не се пронаоѓаат во тоа да бидат родители. Секоја жена има право да одлучи што ќе прави со своето тело.
Да постојат и такви што сакаат да шетаат или кариера да бркаат стеќа што во денешно време има милион опции да си замрзнеш јајце клетки,ембриони и што уште не. Али да би го немале тој луксуз мислам дека многумина ќе се запрашаат дали би бркале кариера. Никого не обвинувам и некој да има несакана бременост свое право е дали би го абортирала или не ама реално колку луѓе се борат со неплодност во ова време и бараат помош и грдни пари фрлаат само за да успее се и колку остануваат и ги губат бебињата мислам дека секоја бременост е драгоцена
Не многу интересни повторувачки декламации. Не осудувам абортус, ама ги осудувам причините за абортус. И идеме повторно. Никого не обвинувам, ама... Сепак, ова е веќе напреден левел и многу често се провлекува како аргумент. Многу поинтересен ми е феноменот на психичко наметнување манипулативни наративи и грижа на совест. Небаре малку проблеми имаат околу одлуката и болката, па што да не им ја наметнеме и онаа од неплодност предизвикана.
Секој си гледа за себе не треба да се гледа моменталната ситуација и да се залетуваме сите затоа што не знаеме понатака што не чека. Секој си е одговорен за себе и последиците
Во Хрватска премиерот имал јак предлог да се намалат абортусите, водителката го пита а што ако е девојка силувана тој одговара замислите ако е силувана нека разговара прво со родителите дали треба да абортира алооо... наместо да дават доживотни касни за силувачи они како ветер у грб, девојките да се договориле со родителите боже боже
Не осудувам ниедна причина за абортус, немам право, осудувам наратив од трета страна (никако неповрзана со абортусот) за тоа во какви услови се очекува секое новородено да живее како некое општо очекување од општеството, а најчесто наметнато врз мајките/трудниците/жените. Кога жената би истакнала дека заради недостаток на финансии ќе абортира разбирам, ама како од страна тоа толкувате дека нивото “мизерија” е оправдување за туѓ абортус кога истото ниво е нормален начин на живот за семејство во кое растат среќни деца
Не дека е тоа темава, ама имам доаѓано пијана во 6 сабајле, маж ми спиел не ме чекал да види во колку ќе дојдам, со другарки сум, или па да ми забранува. Не мора бракот да е робство
Изгледа природно му доаѓа на човек да си рече, јас се борам со неплодност, види оваа за што абортира, ама тоа не е во ред, секој си има право да го живее животот без да има чувства на вина за некој друг.
Добро од моја гледна точка 2 посто се такви како тебе а другите 98 несмеат никаде без маж или без жена заедно одат секаде гледано во каква околина живееме јас не сум мажена нити планирам да се мажам. Пример ретко гледам мажени жени собрани да одат на одмор заедно 7 дневен, сум живеела и во странство и праам разлика таку е обратно 2 посто седат дома и се само со мажите другите се во отворен брак и слободен.
Е де де. Ако ми е маж мора ли да му давам отчет цело време? Ако сакам ќе излезам со другарки ќе се напијам. Не дека е нешто незамисливо. Отворен брак не е за секого, ама мора да се има слобода во бракот. Не е дека ако се земат магично ќе станат две глави во едно тело. Инаку за темава сум за опција "секој си одлучува за свое тело". Низа на неспремности може да доведат некој да се одлучи за абортус. Психички, финансиски, емоционални итн. Некои жени не сакаат дете и тоа е океј. Сепак при односи треба да се пази од несакани бремености. Боље кондом отколку апче за потоа, абортуси итн.
Се уште не се добро информирани за психичкото и физичкото растројство од едно силување. Мислам дека никогаш нема ни да бидат ,нити да го сфатат се додека се водат по она “Сама си го барала". Јас сметам дека абортусот треба да биде избор. Никој не треба да биде присилен да роди.
Не е битно дали нечија причина за абортус, вам ви е валидна, или не. Битно е да е валидна за онаа која ќе се одлучи на абортус.
Исто како што трета страна се осудува да процени дека се тоа нормални услови за живот. Сакам да кажам, ти. Како и претходните и ваквите ритуализирани мислења таргетираат пресија и класична манипулација. Економски причини се валидни причини за абортус и е доволно да натежнуваат повеќе за жената која одлучила да абортира, а не за мене и тебе. Мизерија е скоро па и еднакво на сиромаштија и сигурно не подразбира само (не) доволно за сметки. За бебе не е потребно само струја и вода, туку многу повеќе од тоа. Можеби дефиницијата за мизерување е различно перцепирана од различни индивидуи, што е и нормално. Ако веќе се донела одлука за абортус, премногу манипулативно е размислувањето за проценка на нечии услови како доволни за да не се случи абортус. Логиката вели дека се тргнува од претпоставката дека нешто е под можностите или условите од психичка и емотивна природа не кореспондираат. Ма да, нема потреба ниту да претпоставуваме. Оти на абортус не се оди со музика и тапани. И не гледам јас потреба зошто една жена да истакнува од која причина ќе абортира. А уште помалку преиспитување на нејзините одлуки, проценување какви услови има, па и потенцирање примери во несоодветна конотација во еден многу ранлив, емотивен момент. Мешање во туѓ живот, за туѓа матка, не е наша работа.
И јас не гледам причина да се истакнува од која причина се абортира, ниту преиспитување на одлуки, исто како што не се согласувам да се преиспитуваат одлуките на семејство/самохран татко или мајка да растат бебе со минимални приходи, затоа тие површни материјалистички аргументи не се релевантни, барем не кога доаѓаат од незасегнати комшики на пример. Поентата ми е баш твојата, да не се мешаме со сопствени аргументи зашто нашата реалност е поинаква од сечија друга. А долго сретнувам непокането одобрување на абортус заради тој статус на материјални добра, кој е релативен! исто како што е непотребно: - зашто ќе абортира кога некои парови се молат за бебе... - ќе се кае ако абортира - после кога ќе сака нема да може да има деца Епа исто така е и: - нека абортира или во ред е да абортира штом нема доволно приходи -млада е треба да шета и да гради кариера - нема партнер Овде колку што е заостанати правата на жените толку е се и аргументите за да се абортира, плус пример е “мое тело мој избор” кој е валиден до 23та недела кога веќе “твоето тело” не е неопходно за виабилност на бебето. И тоа јас не го кажав, го напишал некој во вид на закон
Сите луѓе имаат разлилни карактери и не се ова заостанати права дека ако не роде поради тие причини се заостанати порано биле заостанати кога раѓале уште на 16 имале по 10 деца и границата на стареење била 35 години тогаш се сметаш за стар. Секој си има различна приказна зад себе зошто абортирал
Ne se zaostanati sekade vo svetot ima luge sto se protiv abortusot i jas imam I grupa na fb protiv abortus oti sum protiv abortus