Ама ти преиспитуваш. За да можеш да кажеш дека некој има или нема доволно *материални причини*, и да ги оправдаш истите, треба да имаш инфо за тој некој, и да се замислиш. Затоа пред да пишаш нешто како противаргумент во конотација да ама не, секој бира ама треба да роди, види што реално проповедаш. Инаку, да, пред се', ако ги немам финансиите кои сакам да ги имам пред да имам дете, во случај на бременост- ќе абортирам. Без да барам дозвола од било кој, јер не ми треба. П.С. @Meckicja што сакаш да постигнеш со таа страна?
А, кои сме ние да и кажуваме на сите жени што да прават со својот живот и своето тело? Може да си против абортус само кога ТИ ќе си бремена. И со твоето против ќе нема да го абортираш ТВОЕТО дете
Сум за абортус, не навлегувам од кои причини некоја жена се решила за тоа, затоа што тоа и не е моја работа. Мое е да не ја осудувам и да ја поддржам во одлуката. А оние со групи против аборутус ми се патетични, место да си гледаат за себе ќе се замараат зошто секоја жена има право на сопствен избор за абортус.
Ми се гади од луѓе шо си земаат за право да коментираат туѓи постапки. Ако не ти чини, не го прај. Остај ги другите да прават така како што одлучиле. Јас сум ЗА абортус. Сега да останам бремена дефинитивно би абортирала. Имам уште многу работи коишто треба да ги остварам. Тоа дете ќе треба некако да го хранам, одгледам. За мене лично, поголема глупост од тоа дека МОИТЕ родители би требало со НИВНИТЕ пари да го чуваат МОЕТО несакајќи направено дете НЕМА!
Бидејќи не е твое тело! Јас го почитувам твоето мислење ти не сакаш абортус и не те осудувам тоа е твоја одлука, ама ти не го почитуваш туѓиот избор. Тука лежи проблемот.
Зошто не е твоја работа тоа, нит ти ќе и го раѓаш, нит ти ќе и го чуваш, гледаш и воспитуваш. Ти можеш за тебе да си имаш мислење да си против абортус немаш право да наметнуваш сите да размислуваме како тебе со тоа групите. Остави не нас другиве со посовремени размислувања да направиме тоа што сметаме дека е најповолно.
Стварно? Има процес додека да стане тоа ДЕТЕ. Кажи ми што е со живот на жената? Кажи ми како е океј тоа дете да се роди и да пати цел живот? Има милиони причини зошто жена би го направила абортусот и доколку не си ТИ таа што одлучила да го прави, не смееш да коментираш. Темава вришти од конзервативност. П. С. Заради вакви размислувања никогаш нема да имаме еднакви права со мажите. Жената е створена да биде машина за раѓање, слугинка и ред други бедни ствари. Не размислувате дека животот на жената најдрастично се менува кога ќе стане мајка. Доколку реши да стане мајка, таа треба да биде спремна на таков чекор.
Не ми одговори на прашањето, ама на некој начин даде одговор со коментаров индиректно. Не можеш да им кажеш ништо, ако не понудиш некаква помош пред да наложиш свое мислење. Во спротивно треба истото да биде скроз ирелевантно и не значајно за тој што чита. Дали твојата страна нуди некаква ментална поддршка? Притоа не мислам на обични граѓани со свои мислења, туку стручна од психолог/ психотерапевт? Дали нуди некаква помош од лекар, гинеколог, или друга финансиска помош при бремност, како терапија и слично? Дали згрижува новородени подоцна, ако родилката не сака да го задржи кога веќе не абортирала? И многу други... Ако одговорот на овие прашања е НЕ, тогаш твојата страна е супер неважна, и треба да се затвори. Мислењата, т.е. убедувањата на тебе и сите кои пишуваат таму, не треба да ги земаат во обзир членовите кои пишуваат или само ја читаат групата, пред да донесат било каква одлука околку абортирање. П.С. Ако сакаше само да ја испромовираш истата и да добиеш/дадеш поддршка, не успешно е досега.
Епа работата ли е тоа дете да се роди без разлика на се и да се оставе само на себе? Да живее без љубов, без финансии? Не е работата роди го и маани го. Плукни залепи. Секој нека си гледа у свој двор. Ако јас сакам деца ама Петкана е бремена и нема пари да го издржува кој фактор сум јас да и се мешам? Не е во ред детето да има лош живот само ако "мора да се роди по секоја цена".
Чекај, ќе пробам пак. Темата е абортус, не е квантна физика, ниту расправаме дали Армстронг стапнал на Месечината. Расправаме деликатна и болна тема. Дискусијата почна од валидни причини за абортус, меѓу кои и финансии, кои, не знам дали забележуваш, ама апсолутно ги преиспитуваш и тоа на многу манипулативен начин. Ако ти можеш да ставиш акцент на сопствена перцепција дека детето нема да живее во несоодветни услови, како си земаш за право мислењето на комшиката која има спротивно мислење на твоето, да го означиш за непотребно? Оти комшиката одобрува право на избор, а ти ги класифицираш причините за непотребни. Оти не се работи за тоа дека трета страна треба да абортира од таа и таа причина, туку дека има право на избор. Застарените ти аргументи, односно причини се опфатени и во законот за абортус. Економски, социјални, медицински, криминални, во една правна рамка. Мериш тежинска основа на едни и други причини, притоа додаваш сопствена перспектива, за нечија друга реалност. Сепак, твојата перцепција за сечија разнолика реалност, најмногу до израз доаѓа тука, кај што настапуваш со многу контрадикторност, на едно место. Е не е непотребно. Може да одлучи да абортира затоа што нема партнер, зашто животот со дете го гледа од поинаква перцепција, односно со двајца родители. Не е подготвена да биде самохрана мајка. И таквата одлука е во ред. Исто како што е во ред да одлучи да не абортира, иако самохрана. Млада е, на 16 години, па и на 20 нека е, животот е пред неа, да учи, да се едуцира, да се образува, да се пронајде себе си. Може да одлучи да абортира. И те молам објасни ми како ќе гледаш дете без доволно приходи? А најинтерсно ми е ова, делот каде настапува совеста што јаде живи луѓе до коска и убива психа. Ова е таа патетична филозофија за мечот со две острици. Па да знам дека еден ден со сигурност ќе имам, веројатно нема ни да бидам доведена пред толку тешка одлука. Постојат луѓе кои бираат карта сигурност. Многу нормално и многу валидно. И тука, апсолутно предизвикуваш каење, кое наводно го смести во непотребни аргументи. Не знам како е невалиден аргументот "мое тело, мој избор" побогу? Па и застарен. Чие е телово и кој смее да одлучи освен јас? Патем, пошто е непотребно телото на мајката, бебето по 25-та недела има 50% шанси да преживее надвор од него.
Можеби не е најдобро и најхумано решение, ама понекогаш абортусот е најнеопходно. Има мал милион релевантни причини зошто некоја жена во моментот не е во состојба да одгледува дете - финансии(не е хумано да се роди дете во услови на длабока сиромаштија кои ќе му оневозможат правилен раст и развој) потоа здравствена состојба на мајката, па можеби е на средина на студии, можеби е во врска која не сака да ја продолжи, аномалии на плодот кои не се компатибилни со живот.... Ако повеќе се цели кон тоа сите од најмала возраст да бидат информирани и да знаат сѐ што е потребно за ризици и превенција на бременост пред да имаат односи, верувам дека бројката на оние на кои ќе им биде потребен абортус ќе биде помала, нема да исчезне секако, но би била помала. И законите за забрана за абортус апсолутно никогаш ништо добро не донеле - најчесто во тие случаи жените се изложуваат на опасни и небезбедни абортуси извршени нелегално од луѓе кои не се стручни.И тогаш, не се намалува стапката на абортус во такви земји, туку останува иста или се зголемува додека истовремено носи огромен број ризици по здравјето на жената. Значи, секогаш ќе бидам за тоа на жените законски да им биде овозможен пристап до сигурен и безбеден абортус, но исто така сум и за формирање здрави сексуални навики кои првично би ја намалиле шансата да се дојде до потреба од абортус.
Финансии се наогат не е тоа оправдување за абортус ќе се стегнат ќе работат и ќе спечалат ако треба ќе работат и на две работни места за да имат децата
А овие што го абортираат плодот кога ќе дознаат дека е женско. И тоа ли е право на избор? Иначе за темава треба да се внимава да не дојде до бременост која не е посакувана но ако дојде до тоа нека имаат право да абортираат. Пример овие што имаат по 15-16 години тоа одма на абортус мислам дека треба да иде ако останат трудни. А овие што ги абортираат кога ќе дознаат дека се женски не знам што да кажам.
Баш оти ти така си им рекла, одма ќе те послушаат. Да, финансии не треба да е оправдување. Единствено оправдување треба да е: „ќе абортирам оти така сакам и нема потреба да се оправдувам никому, најмалку на рандом форумски ликови.“
Зашо две работни места, зашо потешкиот пат? Ќе се скапат од работа и детето нема да ги види уопште. Нема ниту еден валиден аргумент против абортус, сѐ додека е избор на жената.
Oва ми личи ко некој републиканец од САД да кажи: Не е битно дали нечија причина за убиство на црнец (или било кој сомнителен), вам ви е валидна или не. Битно е да е валидна за оној полицаец, кој ќе се одлучи да пука.
Елаборирај... дали озбилно напраи паралела полицаец - мајка која би го носела бебето у себе 9 месеци и веќе оформен човек со фетус или ембрион?!