Искрено сте заостанати секогаш кога ќе бидете против одлука која не ве засега. Реално која си ти да бидеш против ако јас абортирам?
Исто е. Полицаецот, односно државата која ја претставува, ќе го сноси товарот на апсења, судења, хранење, облекување на осомничениот. Вака ќе го убие и сите среќни и весели. Ќе ја куртули државата, а и себеси од непотребни трошоци за некој непожелен член на општеството. Исто ко мајката, што наместо да менува пелени, ќе ака по барови и плажи, а можеби и ќе прави и убива нови невини душички. Како што мајката се грижи за своето дете, така и државата за своите граѓани. Исто е. Така да колку што има криминалецот право на живот, толку повеќе има и ембрионот/фетусот, кој не направил никаков престап! Ама нашето (т.е. вашето, не моето) лицемерие е што сочувствуваме со едниот, зашто го гледаме, а со кутрите неродени деца не сочувствуваме оти не ги гледаме.
Па има логика - еве на минатата страна @нина122 напиша за луѓе кои намерно ги абортираат женските деца.Дали и во тој случај е оправдано само заради личниот избор на жената? На крајот на вакви теми може бескрајно да се дискутира зашто не се дали 1 + 1 е 2, туку секогаш има аргументи и од двете страни.
Убиство на човек не е исто со абортус особено во првите недели. Значи и она кога мажот ќе го издрка во вц шолја е генетски материјал и може да биде бебе ама он го фрла. Така и ова жената го фрла ама малку покасно.
Семето не е човек! Зиготот, ембрионот, фетусот и човекот се исто. Личности кои физички имаат по 46 хромозоми. Сперматозоидите и јајце-клетките имаат по 23.
Аааа... не се 'цел чоек'... Епа види брат... и ембрион од 12 недели не е цел чоек. И бубрегот има 46 хромозоми, па не е чоек.
Не е човек ама може да биде така? Исто како и детето што жената ќе го абортира што може ама нема да биде бидејќи тоа е нејзин избор.
Материјата е неуништлива. Атомите, молекулите циркулираат цело време. Дел од мене и тебе бил и во Анјштајн, бил и во Хитлер, бил и во се живо и неживо и на планетава. Дел од мене и тебе пред многу години бил и камен, и дрво, и дел од животно, и дел од атмосверата. И што сега? Знаеш низ што помиува женското тело за да одржи бременост? Не знаеш, нормално. Знаеш што претставува биолошки тој ембрион за женското тело? Страно тело, паразит, туѓи клетки населени во телото. Кога научиш кои промени се случуваат во телото за да се одржи таа бременост, тогаш може да зборуваме за колку е „човек“ еден ембрион. Од друга страна, помалку религиски приповедања на теми кои се однесуваат на ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ. Абортусот претставува здравствена заштита, а со оглед на тоа дека абортусот ви е смртен грев во религијата, а силувањето не е - се гледа колку ви е гајле за здравјето на жените. Ајде, марш.
Ембрионот па дури и зиготот е човек, кој уште не е развиен, но ќе се развие. Исто како што бебето кое кога ќе се роди нема заби или коса е човек, така и ембрионот е човек. Во тоа не навлегувам, но јас ни ти, не сносиме одговорности за грешките на нашите родители. Така да ако татко ми или мајка ми направи некоја глупост јас не сум виновен. Исто и тие кои се зачнале на тој начин.
А, која е смислата да не сакаш да раѓаш ради икс причини, сосема небитни. Ама да се предомислуваш да го родеш само ради тоа шо мисле народот? Ако сакам ќе го родам, ако не, нема. И треба да се легализира секаде абортусот. И мажи треба да бидат банирани од темава, најозбилно.
Па и сама кажуваш дека бебето во жената не е исто со телото на жената. Што значи мое тело - мое право не се однесува на правото на утробно чедоморство. Жени и по 10 деца раѓале па здрави и живи биле и по 90 години, ама сега не чини да раѓаат, ама чини да се трујат со контрацептивно-абортивни средства. Ако ме поздравуваш со марш, јас те поздравувам со симфонија!
Во САД криминалците ги сметаат паразити во општеството, значи полицајците смеат да ги убиваат слободно.
Ти чоек немаш право да коментираш за здравје на луѓе кои имаат матка. Ко ќе имаш матка, тогаш ела на темава. Нема да дебатирам повеќе со тебе што е човек, а што не е. Оди читај Библија