1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.567 глас(а)
    73,1%
  2. Не, никако

    578 глас(а)
    26,9%
  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Како викате така жените 10 деца раѓале па ништо не им било и тоа да го користите како аргумент.
    Ај влези во 21 век плис.
     
    На candy.cane, Autumn_, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Па кога нешто што не е мое се наоѓа во мое тело, апсолутно имам право да го извадам. Ако успее да преживее без матка - слободно.
    Ама матката е неопходна за „узгој“ на ембрионот. Вештачки матки не се ни блиску на повидок и веројатно нема ни да бидат затоа што науката тешко дека ќе напредне до тој степен да го рекреира создавањето на живот во женското тело, нешто за што томови бајки имате напишано, а толку убаво се случува пред ваши очи. Ако некогаш им успее, а глава сечам дека нема - слободно нека ги вадат ембрионите и нека ги ставаат во ветачки матки. ама не е ова Адолф Хаксли и „Храбриот нов свет“
    Има милион начини да се спречи несакана бременост без хормонална контрацепција. Замисли, не има и оние кои доволно си го познаваме телото да бидеме свесни во кои денови од месецот можеме да забремениме без никаква вештачка контрацепција.
    На крај краева, жените се оние кои се плодни 6-7 дена во месецот, мажите се оние кои се плодни секој ден. Зошто потреба да се контролира женската плодност, а не машката?
     
    На kalinaka, Nausicaa, Angel06 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Оти живееме во машки свет.
    Има хормонална контрацепција и за мажи, само не се користи... пошто нели.. жените се оние кои 'треба да го издржат сексот' за да забременат и родат...
    За шо сме друго? |(
     
    На Angel06, MilaSs12, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Не е работата дека човекот го гледаме и сочувствуваме со него, а ембрионот не го гледаме и не сочувствуваме со него. Баш има современи техники со кои се гледа ембрионот. Поентата е дека не можеш да изедначуваш жив и оформен човек со скупштина на клетки:fubar:
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Какви дезинформации шириш значи, не е труење употребата на контрацептивно-абортнивни средства.
    Тое е под надзор на лекар и е начин на намалување на стресот на жената од хоспитализации и намалување на трошоците од таква нега во услови кога има опција да се обави таблетарна терапија.
    Како не ви е срам на вакви теми да вртите муабети за труење, осет нешто, свест и совест, не а?:fubar:
     
    На candy.cane, Angel06, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Да ви беше грижа за што ќе се случува со детето и дали ќе има убав живот, правилен раст и развој и ќе ја добие потребната љубов и поддршка откако ќе се роди колку што ви е грижа за непосакувани ембриони, светот ќе беше поубаво место за живеење. :)
    Ембрионот бил човек што можи да се оформи. Па што? Сите јајце клетки и сперматозоиди се потенцијални носачи на живот, клетки што можат да бидат зиготи.

    Ама не, pro-life само додека не се роди, после нека му ја мислат оние што го направиле. Должност ти е да се жртвуваш и да немаш услови и да не си спремна финансиски и психички за дете. Бидејќи од сега тоа најбитно, ти повеќе не си битна.

    Или едноставно, дај го в дом. Секако таму има многу дечиња што чекаат да се сакани од некого, а се помалку битни од зиготите и ембрионите.
    Исто и дечињата кои растат во дисфункционални семејства, некој мисли за нив? За во каква индивидуа ќе израснат тие деца?

    Можи ќе речи некој можеле и мене да ме абортираат. Па искрено, гајле ми е. :) Планетава и универзумот ќе продолжеше да постои, со или без мене, или било кој друг.

    Никој не смее да одлучува и кажува како една жена ќе се справува со своето тело, најмалку некој што нема матка и никогаш нема да знае како е да носиш друго суштество во тебе.
    21ви век сме, аман.
    Некои од нас сакаат да се финансиски и психички спремни, да соберат искуство од животот пред да донесат друго суштество на свет за да му овозможиме најдобар живот и за да порасни во здрава и корисна индивидуа.
     
    На candy.cane, Nausicaa, Billy Idol и 23 други им се допаѓа ова.
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Браво:) Потполно се согласувам.:)
     
    На нина122 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Ова е нешто најапсурдно и најпогрешно на многу нивоа што го имам прочитано подолго време. Не знам дали е повеќе полно со непочит кон жените што направиле абортус и женскиот род општо, или кон жртвите на расизмот и полициската бруталност за кои гласно се зборува во последно време.
    Господ е најголем непријател на жената, indeed. Повеќе од толку не заслужуваш да ти се одговори.
     
    На candy.cane, Nausicaa, Avery и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Изгледа нема шанса да се разбереме, ај малку порадикално да прикажам кај целам, нагласувам радикално само за да ме сфатиш дека не тргам од осуда на абортус иако сакајќи да поентирам лесно се претвара во нешто налик тоа.
    Значи замисли општество во кое јас, ти, средношколка, невработена жена, студент останува бремена, право да абортира законско и морално има тоа никој не го спори, ок барем не јас, ама кога неочекувано или непосакувано ќе остане бремена наместо рефлексниот одговор абортирај имаш право на тоа пошто нели е непосакувано, општеството/институциите да дадат простор за размислување на таа опција (ова не е манипулација туку нешто што во светот функционира), па наместо кога веќе постои правото на абортус да се бориме со системот абортусот да не е најчестиот избор иако е непосакувана бременост, а тоа значи на раб на егзистенција да не се оставаат децата или самохраните родители, студент родител да има дополнителни права околу згрижување на дете, да се даде опција за згрижување и посвојување ако реши да го роди а не може да го чува, несаканата бременост да не е стигма!

    А финансиите се валидна причина за абортус, ама не се валидни очекувањата на општеството за тоа во какви услови треба да живее едно бебе а во денешно време маркетингот има наметнато некои болни претстави за сите “неопходни бебешки додатоци”, не зборам за субстандарни услови претпоставував дека ме разбра, туку јас со минималистичкиот стил на живот, со мојата студентска заработувачка би можела да одгледам дете, ама рефлексот би ми бил абортус, затоа што системот не би ми дал шанса да сфатам дека постојат опции, а изборот е мој.

    Во развиените земји бебето се смета за виабилно со полна 23та недела, тоа не значи дека ќе преживее, но има шанса, кај нас со
    толкава гестациска старост не знам за бебе кое преживеало, а можеби постои. Е сега според последните измени ако жената реши да абортира по 22 гн, за нејзиното барање одлучува комисија, затоа што фетусот веќе има шанси за живот надвор од мајката, а во таа фаза абортусот се изведува со претходно умртвување. И затоа “мое тело мој избор” е застарен аргумент, па затоа што се возбудуваш кој смеел за твоето тело да одлучи, еве ти кажав, постои првостепена и вторпстепена комисија.
    И пошто се расфрли со процентиве, бебе во 25 и 26 недела со интензивен третман има 80% шанси за живот, а абортус над 22 недела од било која причина и крајно нехуман и за фетусот и за родилката, за која е и многу ризичен а тоа се валидни аргументи во борба за безбеден абортус, ама ок ќе почекам јас таа борба да стигне на овие простори
     
    На Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Овде за живите нема доволно заштитни мерки и можности, не пак за неродените.
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    На децата покрај пари им треба љубов и внимание. Ќе одиш ќе р'мбаш по 16ч. на ден 7 дена во неделата и никогаш нема да имаш време да му се посветиш на детето.

    Секој знае до каде можи да си дозволи, оставете секој за себе да си донесе одлука, не се мешајте каде што не ви е местото.
     
    На candy.cane, Nausicaa, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Се вратив на твоите први мислења, да видам, можеби сум ги измешала брзините, не велам не. Ама искрено, не ми личи така. Немаше во никој случај да те цитирам, ако не означеше валидни и невалидни аргументи од твоја перспектива. А еве сега уште еднаш, пишуваш за рефлексен одговор "абортирај", како една генерализација за секоја една одлука за абортус, навидум е толку лесно и едноставно и како да се работи за автоматска реакција. Не е рефлекс, туку е тежина, болка, тешка одлука. Се мери и премерува по 61555167 пати. Жената која ја носи одлуката, цел живот ќе живее со неа. Не и требам јас над глава нели, ради моето вери popular opinion, уште помалку притисокот од општеството кој нуди или не нуди финансиска помош за истово. Оти, како што претходно рековме, не се само финансии причина за абортус.

    И озбилно мислев дека расправаме причини за абортус, а не оваа, една многу поинаква перспектива што ја претставуваш сега и една сосема друга тема, но добро. Повеќе би рекла дека е одраз на утописко општество, барем, во нашата Македонија. Веројатно сакаш намалување на стапката на абортус, а повеќето тука сме за тоа, но не со контролирани услови, причини и уште повеќе, контролиран абортус и претставување на женското тело ко да е имотен лист во туѓа сопственост. Оти така се отвара можност за нелегални кланици во кои ќе ни ги касапат телата.

    Да тргнам од фактот дека ги делиш причините на невалидни и валидни. И покрај финасиските опции кои би ги нудело општеството, валидно е да се одлучи за абортус. Од една причина, секогаш има и друга. Ама дури и тогаш, ќе се најде некоја ти или некоја јас, која ќе прави притисок или манипулација во смисла зошто абортус, сега кога од државата е обезбедено тоа и тоа. Повторно тргнувајќи од сопствена перспектива, за туѓа реалност. Луѓето зборувале и ќе зборуваат. Не велам дека не е ова опција за намалување на процентот, ниту сум против. Но велам дека не е единствена причина. Во утопиското општество, кое е на пример решението за силување, а особено во инцесоиден чин? Или е ова валидна причина?

    Бидејќи притисокот да се роди непосакувано дете, не ретко носи психички последици, како по детето, така и по родителите. Истово секако дека доаѓа и од недостаток на финансии. Моја бременост на пример на 18, ќе завршеше со абортус и покрај тоа да сум имала финансиска помош од општеството. Бидејќи не се чувствував подготвена да бидам мајка и имав други цели и уште се пронаоѓав себе. Што, треба некој да ме убедува дека го сакам детето преку низа психолошки манипулации? Па еден ден, фрустрациите од мојата несакана бременост, веројатно да му ги пренесам на детето уште во утробата. Велам веројатно, оти можеби и не би било така, но тоа би бил ризик, кој јас тогаш не би го превземала. На сметка на тоа, би имала можност да се остварам понатаму, до степен на кој се остварив. За некого невалидно, но за мене сосема валидно.

    Патем, не зборуваме за луксуз, туку за нормални, реални услови, а не маркетиншки трик. Барем јас. Ќе поминеш без оградица, ќе поминеш и без перница за доење. Ќе поминеш и без релаксатор, кенгур итн. Ќе поминеш и со минимум играчки или ќе се снајдеш со нешто од по дома. Но нема да поминеш без пелени, адаптирано ако не е на доење, лекарства и испитувања ако има медицински индикации, гардероба која ја израснува за нецели 3 месеци. Понатаму дохрана. Транспортер или седиште за во кола, кое апсолутно не е маркетинг, туку е потребен од безбедносни причини. И многу други натамошни, сосема потребни, а основни услови. Исто, да не го заборавиме фактот дека бебето не останува бебе, а со тоа доаѓа дополнителна потреба од финансии. И сега ти сакаш да ми кажеш дека се абортира поради маркетинг на бебешки додатоци, кои не се воопшто потребни, па дури и да се, рокот на траење не им е неограничен!? Сигурно не се разбудиле еден ден наутро со мислата дека немаат релаксатор да купат, па ај ќе абортираат.

    Тоа што го презентира општеството како маркетинг, не е правило. Реалноста не е секогаш прецизна и е менлива, точно. Неретко е и детерминирана од општеството како надворешен фактор, но изборот за оваа или онаа одлука е секогаш тежина на оној кој се наоѓа во таа ситуација. Можам едноставно да скратам и да кажам дека јас знам што е најдобро за мене, следствено мојата ситуација. А оние другите кои ми премеруваат одлуки, мислат дека знаат што е најдобро за мене, повторно мојата ситуација, но нивна перспектива. Целата филозофија на pro choice и pro life.

    Бидејќи многу пишувам, продолжувам во спојлер за процентите и нехуманиот дел.
    Твоите се извадени за гестациска недела 28, а моите, за многу помала. Еве тука, истото што го кажав претходно.

    https://healthcare.utah.edu/womensh...fants that are,weeks gestation and do survive.

    Во врска со другото. Не знам за кои развиени земји зборуваш, не потенцираше, а и немам време да ги проверам информациите, но еве конкретно Германија. Намалена стапка на абортус во 2019 за разлика од други години, а најпогодена возрасна група е секако младата популација од 18 до 25 години.
    https://de.statista.com/statistik/d...der-schwangerschaftsabbrueche-in-deutschland/

    И никој тука, барем не јас, не зборува за нехуман абортус и опасен по здравјето, па не знам од каде го извади ова. Ваквиот би се постигнал единствено преку контролираниот. И на жалост во текот на целата бременост, постојат шанси да се случат индикации за абортус. Инаку, рецептори за болка кај фетусот се создаваат во 24-та г.н. И мислам дека кортексот не е функционален до 26-та г.н. Има некои истражувања според кои ова се случува околу 20-та недела. Но ако не се лажам, мислам дека се уште не е докажано, а ова е причина за анеастетик на фетус при абортус на таа возраст.

    И на крајот, let's agree to disagree. :D Јас завршувам тука.

    Многу пишував и се извинувам. Разберете ме, сабота е. :D
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  13. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    @Meckicja ако сметаш дека е океј ти да не си го живееш животот како што сакаш туку да го посветиш на некој друг поточно на непланирано дете, океј твој избор. АМА да ми кажеш дека девојче од 16 години што било силувано МОРА да рмба за да чува дете коешто не ни помислила дека ќе го има, дете коешто ќе ја потсеќа на тој грозен чин, НЕ Е НОРМАЛНО.
     
    На Traveler91, Nausicaa, Angel06 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.689
    Допаѓања:
    322.244
    За абортус.

    ...и да не се мешаме во нечиј живот и дс се обидуваме да наметнеме убиства и незнам ти што.
     
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna
    Валидни и невалидни причини и рефлексниот одговор “абортирај”, не знам како не сфати дека зборам за третата страна , незасегната, ние тука што коментираме, упорно ми ги испревртуваш муабетите, ај вака: кажувам некому дека сум решила да абортирам, и рефлексно ми вика па да ок е да абортираш бидејќи немаш партнер, имаш мали примања, млада си и не си прошетала, сето тоа е непотребно одобрување, туѓо, на комшиката, цела фамилија и така се шири на општеството. Право да абортирам имам, а причина не мора да е било што од тоа, и не е потребно да се нфрлаат оправдувања за абортусот, затоа што е законски и достапен и право на секоја жена.
    Од друга страна, јас не осудувам ако некоја абортира заради финансиски аспекти, ама мислам дека ти ќе осудиш ако студентка без партнер роди, детето и го чува мајка и додека она работи и студира, има доволно пари само за најевтините пелени и најевтиното адаптирано млеко, позајми облека и седиште за во кола, и ќе има големи фрустрации во првите неколку години затоа што животот ќе и е хаос, ама! бебето ќе е сакано.
    И не не мислев дека навистина ти ќе го осудиш тоа, туку сакав да ти покажам на кој начин ми ги испревртуваш или не го разбираш тоа што го пишувам, а е мое видување на она што што се случува кај нас.
    И зашто си упорна дека манипулирам со емоции, право на абортус постои, никого не разубедувам од абортус, психолошко манипулирање се прави со наметнувањето на стандарди во кои се расте дете, од типот ако не прошетала ок е да аборираш, не! ако во 7ма недела сум решила или сеуште размислувам да абортирам нема да ме прашаат колку земји сум прошетала, туку имам право да абортитрам а таквото мислење е нерелевантно а причината е неважна.

    Исто така, убаво би било да не ги осудувате жените кои се борат со неплодност па со негодување зборат за абортус, затоа што нивото со кое општеството и здравствениот систем ја третира нивната траума (да траума е тоа и не, тие жени ретко или никогаш немаат психолошка поддршка) е истото она кое ви го дава правото и евентуално треба да ви го унапреди правото на абортус. Додека во односите помеѓу жените не се развие емпатија и разбирање, борбата со системот за правата на жените ќе ни е многу назад, како што и е!
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Сте пишале дека децата ке пораснат, без разлика како ги чувате.
    Дали знаете колку чини едно пакување памперс? Колку адаптирано млеко ако не цица? Алишта?
    Веројатно планирате да им давате разредено млеко од тетрапак и памперс со мочки да им стои по 5 6 часа.
    Една жена има три деца, им давала разредено алско млеко. Жално.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не мора никому да се објаснува зошто абортирала, онаа која абортирала.
    Секоја си знае за себе најдобро.
     
    На Angel06, tina2018, Bebce1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Да знаеме, едно пакување памперс чини 300денари, и едно пакување адаптирано млеко чини 300денари, облека има на hand me down, односно кога група на мајки си разменуваат користена облека, и тоа не е израз на сиромаштија а и да е е во ред, ама е нешто кое е многу популарно во поново време. И се ова не е во контекст на тоа дали треба да се аборитира или не, туку тоа се опции. Дали ќе се раѓа или абортира е чисто одлука на жената и партнерот евентуално.
     
    На Angel06, tina2018 и WildMk им се допаѓа ова.
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Не е никој компетентен да кажува што треба жената да прави со нејзиното тело и плод. Не знам зошто има ваква тема.
     
    На candy.cane, Angel06 и Annora им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Уште мажи кажват шо смеат жените да прат со своето тело? Ништо не се сменало од последен пат актуелна ко била ова тема на форумов.
     
    На candy.cane, Nausicaa, piksooki и 3 други им се допаѓа ова.