Ако има алергиска реакција од најевтиниот памперс? Ако не го прифаќа тоа млеко и мора да пие од 900 денари? Ако има атопична кожа? Не бидете плитки, за бебе ти требаат пари, не можеш да се потпреш на некоја ситна пара што ја имаш во касичка.
Со кое право ти збориш за емпатија кога направи триста гимнастики на темава да ги инвалидираш причините за абортус на една жена? Дури и да ми плати државата буквално сè поврзано со детето од почеток до крај, пак нема да го родам ако не ми се раѓа. И искрено не мислам дека ќе е добра идеја да има таков систем. За што ќе служи? За уште поголем притисок на жените што не се спремни да бидат мајки? Да трупаме деца безвезе? Сево ова за да се заштити еден грст клетки што немаат никаква сентиентност, а успат да се поремети емоционалната состојба на веќе постоечка личност со чувства, со цели, со планови. А и не знам според која логика би се промовирало раѓање повеќе деца кога благодарение на едукацијата од 21 век знаеме дека прво, планетета е пренаселена, второ, неизживеани родители најчесто не се добри родители и трето, ако за нешто не си квалификуван не треба да го правиш. Ама не, ќе создадеме системи за опции, за предомислувања, за притисоци, за мешање во штипки, бидејќи ,,моралот" што го имаме вреднува буквално сè повеќе од животот на една жена.
Едно пакување памперс од 300 денари ти е за една недела, ако не и помалце. Едно пакување млеко од 300 денари, ако има такво, е за помалку од недела, оти замисли, детето пие 5-6 пати на ден, некогаш и повеќе. За алишта - ако имаш кој да ти даде, арно, ако не, ќе се снаоѓаш со купување. Не е евтино да гледаш дете, ама на крај краева имаш право на избор. Pro choice е мојот став на темава. Секоја жена да има право на избор дали ќе абортира или не, без триста души од страна да се мешаат.
Па ти како тргна може ќе забраниш некому да раѓа, пошто пренаселена била планетава, и да не сфатев дека е бесцелна дебатава ќе те прашав кои се нереализирани родители и каква е оваа констатација дека се тоа лоши родители, кои ти се критериумите за тоа кој е во ред да раѓа?! Понебулозно нешто немам проочитано
Леле...ама сте чудни... Кој сака ќе раѓа. Не сака секој да биде родител. Може некој не е спремен во моментот. Единствено што не ми се допаѓа е кога ќе слушнам - Ништо страшно ако останам трудна. Ќе абортирам. Па абортусот не е играчка.
Ама зошто да не е во ред таков систем?Тој не би ти забранил тебе да абортираш но би дал шанса на некој друга. Еве замисли некоја млада жена забременува и има желба да го изгледа детето но истовремено и студира и не е финансиски осмостоена па на крај е приморана да одбере абортус.Поинаков систем како што предлагаше членката би ѝ помогнал да ги оствари своите амбиции и да го роди детето.Можеби утописки ама нема нишо лошо да се размислува и во таа насока. А тоа да не се охрабруваме да раѓаме деца заради пренаселеност нема логика тука да го кажуваш кај што секое семејство во просек има 1-2 деца, тоа може да помине на други страни на светот кај што е нормално и по 10 да се има.
Ако најдеш 1, со зборови ЕДЕН пост каде pro choice жена и вика на некоја друга дека има ЗАБРАНА да раѓа, пиши овде, јас ќе и кажам дека така не треба. Него немате апсолутно никаков друг издржан аргумент зошто сте против доброволен избор на жени за нивни тела, па неуспешно пробувате да ги насликате како немајки, вештерки кои идат наоколу и им кажуваат на жените што сакаат да раѓаат дека не смеат или не треба да раѓаат. Ви помина времето кога сте можеле шејминг на жени што сакаат да абортираат да правите, во 21 век, 2020 година каде секоја жена има лап топ/мобилен со неа, доволно е да го отвори да си најде поддршка во такви тешки одлуки, да најде клиники каде може да го направи тоа и уште 1000 други платформи за поддршка после таквиот чин ако воопшто и е потребно. Се дури не не рокне апокалиптично сценарио како на The Handmaid's Tale може само да си се надевате дека ќе ви успее булинг и шејминг кон жени кои не сакале да родат или да се приморани да раѓаат. Светов се освести, се промени, мрдна од мртва точка, време е и вие да мрднете од среден век.
А што е со оние девојки/жени кои останале бремени како резултат на силување? И тие не треба да абортираат?
21 век сме За абортусот одлучува жената, нејзино право е што ќе прави со телото. И не се битни причините за абортус, дали имала или немала финансии ако смета дека треба да абортира, нема право никој да и кажува што да прави И да има финансии, може не е спремна за бебе
Колку што ја разбрав @Autumn_ зборува за обезбедување соодветни услови и финансиски можности, за оние жени кои ќе одлучат да родат. Да биде достапен абортусот, ама и оние кои не сакаат да абортираат, да имаат можност да бидат самохрани мајки. А не како до сега, да се препуштени на милост и немилост, отфрлени од заедницата, некогаш и блиските, посебно ако се невработени.
Секој си има право на избор, тоа е одлука на секој засебно и многу ми смета кога тие што не се согласуваат со ова ќе се истепаат за да го наметнат нивните мислења, читајки ги овдека мислењата за какви најмали ситници се фаќате сите. Не секој треба да е родител, ама нели мора да имаш дете мора да родиш само така ќе се оствариш како жена
Затоа што гледам уште сега што ќе се пишува. Тогаш ќе викате државата сè ти даде, само си бараш изговор. Уште потешка одлука, уште повеќе осудување. И кој ќе ги добие тие финансии? Како ќе одлучат кој фетус да финансираат, како ќе знаат кој ќе завршел со абортус? Непланирано родителство просто не е океј, и верувам дека не мора да објаснувам зошто, очигледно е. Затоа нема причина да се пропагира. Државата со пари да купува несакани деца, утопија нема што.
Без разлика сакан/не сакан, нели е срамота и греота за ембрион да речете дека е паразит? Понекогаш, кога ептен сте во фазон као да доловите поента, не се контролирате што пишувате и само небото ви е граница за гнасотиите што ги пишувате. Бљак
Па технички е паразит. Работата е во тоа што емотивно се врзуваме со тоа страно тело, затоа звучи грозно зборот.
Не знам, би имало категории на луѓе кои би добиле помош, исто како што има за се друго во општествово.Збориме за идеја, нема јас утре да формирам комисија и да одлучувам. Инаку, што поточно "пропагираме"? За некого може тоа непланирано родителство во моментот е океј и не сака да абортира.Не можеш да им наредиш на сите кои имале непланирана бременост да абортираат.
Проблемот е што дури и абортирањето како избор, стана прва солуција за девојки/жени кои останале во друга состојба поради своето невнимание. Не зборувам за плод како производ на силување (мислам дека ова секако е најлошо сценарио), но плод како резултат на сопствената небрежност и моментално кратко задоволство кое носи трајни последици. И што е со лапањето на Норлево како да е бонбона? Што е со маалскиве ординации каде што се вршат абортуси на малолетни лица без никаква документација? Ало! Абортус? Против сум, јас лично. И убиство ми е, прежал и страв. Страв ми е од понатамошните последици. Не сметам дека тоа што сме 21век ни дава повеќе за право да го поддржуваме ова. Напротив, мислам дека посебно ние младите, треба да ставиме прст на чело и да размислиме. Незаштитен секс со рандом лик во ситуација кога сме изгубиле допир со реалноста, колку и да е убаво во моментот, може да доведе и до нешто вакво. (Имав случаеви во близина, затоа ја издвојувам конкретно оваа ситуација). Младата популација има општо проблем со одење на гениколог, не разговараат со своите дома, слушаат другарки, се смеат на часови за сексуална едукација и после абортус. Истакнувам дека не осудувам пред да ме нападнете. Секој има право да прави што сака со своето тело и да одлучува за својата иднина. Ми смета што како бек ап се користи абортус како прва солуција.
Зошто е срамота и греота кога се однесува на несакани бремености? Бременоста е процес пропратен со болни промени и тегоби, како физички така и психички, побогу сите органи во утробата се дислоцираат. Кога зад сето тоа го нема клучниот емотивен фактор што ве води низ саканата бременост во нормални услови - желба и план за дете, како треба да се нарече? Дури и ако се работи само за неподготвеност, немање услови, поддршка... за силување веќе и да не зборуваме. Паразит, болест, траума... сигурно не нешто здраво и позитивно. Извинете, но тоа е реалноста од таа гледна точка. А секако дека исклучиво за несакани бремености се зборува, тоа што некои неизбежно прават паралела со планираните и сакани деца или со жени кои се борат со неплодност, е нивна проекција.
Затоа што има жени што си раѓаат деца од срце и глупо е нивните деца да им ги нарекуваш паразит. Јас прва ќе ја поддржам секоја една во било каков избор, ама некои термини ви се крајно безобразни. Траума е чинот на силување, не е ембрионот паразит ниту болест. Можете скрос да се борите за право на избор на секоја жена, без користење на некои термини.