1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.570 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    581 глас(а)
    27,0%
  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Затоа што тоа е ембрион и не е паразит. Тоа суштество (ете суштество ќе го наречам пошто нели човек не е|( ) со ништо не заслужило да биде наречено паразит.
    Твое си е да одлучиш дали ќе го родиш или не и овде нас не треба да не интересираат причините за одлуката, ама по ниеден критериум ембриончето не треба да биде наречено паразит.
     
    На thelittle17, Shalitra, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Колку што ќе е помош за нив, трипати повеќе ќе им направи проблеми на тие што не сакаат да родат.

    Плус нема начин да се регулира ова затоа што државата не знае кој фетус е планиран, а кој би завршил со абортус. Што значи дека државата ќе мора да го финансира секое новородено дете во економски тешки услови, а први на листа ќе се тие што живеат во импровизирани колиби дозволувајќи им практично бесконечна репродукција. Не знам како планирате економски да се поткрепи ова.

    Зборот ми е, системов е фаличен, а и ја промашува поентата на планирано родителство. Не треба по секоја цена да се избегнува абортус.
     
    На theowndemon, Annath, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Паразит е различен организам од тој на домаќинот кој се населува однадвор, над домаќинот. Ембрионот е дел од жената, јајце клетката си е наша, со наша днк. Не може никогаш паразитот да е од ист вид. Така да, не, не е паразит.
     
    На Autumn_, fana и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    После 12 недела е буквално паразит кој со пипка(папочна врвца) конзумира материјал од мајката.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не се децата паразити. Организмот кој се развива во туѓ организам е паразит.
    Како што веќе реков, емотивно се врзуваме со плодот уште додека е во матката, затоа зборот звучи сурово.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.350
    Пол:
    Женски
    Ако е така и ние што сме родени,сме паразити. :rofl:
    Ама,не,тој збор не е соодветен,мада ќе ве разберев зошто го употребувате да се работеше за Мирор Синдром.
    Не е ни предмет,ни паразит иако без срцева реакција го сметате за неживо.Тоа што се развива е човечко суштество.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Се развива, ама не е развиено.
    И, да.
    И ние сме биле паразити
    ... ништо страшно
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.350
    Пол:
    Женски
    Некои ги вреѓа тој збор.
     
    На WildMk и fana им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Паразит никогаш не може да е од ист вид како домаќинот.
    Жената сама создава плацента која што го храни фетусот, да беше паразит ќе ја нападнеше жената и ќе земаше сам без воља на женското тело, а телото ќе се обидуваше да го исфрли.
    Многу цицачи, а и некои жени ја јадат плацентата после раѓање. Кај животните е инстинкт за мајката да не мора да се движи после пораѓај затоа што плацентата е нутритивна - односно, врската меѓу мајката и бебето е симбиотска.
    Едукација малце не е на одмет
     
    На candy.cane, Lovebug01, Cherry333 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Прифаќам (y)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Оти не е твоја матка да им кажеш!
     
    На Ana_71, Nausicaa, bokace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Абортусот е право на личен избор и ништо повеќе.
    Без разлика која е причината, ако некој не е спремен за дете, тогаш не треба ни да го има.
    Тоа не значи дека треба да сме неодговорни и да мислиме дека абортусот е метод на заштита од несакана бременост, туку крајно решение во таква ситуација.
     
    На candy.cane, Nightwish11, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  13. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Подобро да немаш дете,отколку да го имаш а да се понашаш како да го немаш.
    Така да, да, го поддржувам абортусот.

    А и крај краева не сме ние тие што треба да кажеме дали поддржуваме нешто или не.
    Секој си има право на избор.
    Сигурно нема да родам дете ако не сакам\ не можам да го издржувам , само затоа што комшивката така рекла.
     
    На candy.cane, H.VAGA, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Емотивни сте на тема абортус мислиш некој ти ја запечати матката и не ти дава да абортираш. И, ако дебатата тргне во правец кој очигледно ви е тригер, претпоставувам некои генерациски трауми, тогаш фрлај дрва и камења кон “заостанатите што се против абортус” иако никој не е против абортус, дозволен е, легален е, не гледам движења кои се борат против абортус уште помалку се на пат да го укинат или било какво апокалиптично сценарио (едвај чекаше handmaid’s tale да ја спомнеш :)) .
    Заостаната е дебатата, абортусот е легален и достапен, ако веќе ви треба да се борите, борете се со законодавството што предвидело дека од 22ра недела немате ексклузивно право врз своето тело, и комисија одлучува дали ќе може да абортирате just saying. Вака вие се борите со замислен противник, вештерки што би рекла ти.

    Јас сум растена во време во кое сите знаевме за норлево и каде може да се направи абортус, отворено зборевме со гинеколозите за несакана бременост, никој не ги осудуваше тие што абортираа all ok, некаде подалеку низ животов на мета се ставаа тие што сакаа да родат ама не ги исполнуваа критериумите што еве си ги наметнувате (реплицирав на финансиски аспекти, и на реализирани родители и ако треба да се дообјаснувам значи ништо не си ме прочитала, туку само си рече ај овде ќе се истурам). Ај малце и на таа тема мрднете од мртва точка пошто светот се придвижи напред. Во денешно време, со сите можности достапни, уште за цена на пелени и ад млеко се збори, мислиш тоа е најтешко достапно, не, со донирано мајчино млеко и еко пелени или безпеленство се растат деца, плус ако веќе ги ставате на мерење тие критериуми, што би им рекле на илјадници семејства максимално истрошени и задолжени заради борба со неплодност?
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Не гледам зошто е срамно ако некој емотивно ја сфаќа темава, но во ред. Тоа што ја доживувам на полично ниво отколку темата за интергалактички димензии не ме прави помалку компетентна да зборувам за истата, баш напротив за оваа тема имам жарче кое никогаш нема да ми згасне.

    Да, морав да ја спомнам Handmaids tale затоа што во многу држави на жените уште им се случува делот каде се користени за расплод. Насилно се мажат и се користат само за тоа, разликата е што не ги менуваат од еден маж на друг. И не е правото на абортус забрането само во земји кои се заборавени од Господ, во Алабама помина закон за забрана на абортус, кој замисли е потпишан од жена, Kay Ivey. Исто како во Handmaids tale каде сите ѕверства врз жените им беа убаво осмислени од жена. Среќа им го кочат цело време и не е имплементиран сеуште.

    Тоа што ќе рипнат абортусите на црно, што ќе почнат жени да си брцаат со све и свашта во матките, што ќе им ги прават абортусите во нехигиенски, нестерилни услови никој не го спомнува. Сакале да го заштитат животот а со самото тоа што ги туркаат жените во такви услови да абортираат им го загрозуваат лично животот. Поголем оксиморон здравје. Земи, прочитај малце за ставовите на екстремно десничарство и размислувањата околу абортусот, па после врати се овде и кажи ми како стравот од такви ретардирани политичари ми е апокалиптично сценарио.

    Со ова што ми го правиш муабетов и уште па викаш дека никој не ги осудува малце ми си нелогична затоа што да ја имаат жените твојата безрезервна поддршка немаше сега да се оправаме во темава. Туку контра си, па сакаш да го размлакнеш тоа со тоа што овде пишуваш како дете се растело и не било толку скапо и со поефтино се врвело а притоа не знаеш на секоја жена колку и тежи новчаникот.

    Последното прашање не ти го разбирам и ми нема апсолутна логика, односно
    Каква логика има борбата со неплодност со абротус, кога овие две работи се апсолутно суштински неповрзани, едните луѓе сакаат да имаат дете, другите веќе имаат зачеток на дете кое не го сакаат. Моја поддршка имаат сите кои се борат со неплодност, апсолутно навивам да им се оствари желбата да си добијаат дете. Тоа што оправдувам абортус не значи оти мислам дека луѓето не треба да имаат деца, не знам од кај тој заклучок? Секој си гледа за себе, ако некој се бори со неплодност од се срце посакувам да излезе победник во таа битка.

    Pro choice не значи да тераш некој насилно да абортира или да не фрла пари за вештачко оплодување. Секој си знае што сака и кога сака од животот нешта.
     
    На MinnieM, GirlRose, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Кревање дебата (демек застарена) со pro life класична манипулација, во време на легален абортус да, ама со заднинска подлога на повратни манипулативни обвиненија кои ги добиваат жените кои одлучиле да абортираат, религиозните мислења, општествената пресија како (да) се гледа на една жена, pro life реторики, инвалидизирање причини, па и патријархалните демагогии. Сакам да кажам, дел од оние кои ги употребуваш ти. Со изговор општествен притисок, никако реални околности. Нека летаат што повеќе осуди.

    Не знам дали има некакви движења кои се борат против, ама ги знам погорниве манипулативни наративи и психолошки притисоци. А знам и една невладина која употребува слични демагогии.

    За восхит е ова со каква доза на сигурност настапуваш, леснотија од финансиски аспект која секој може да си ја дозволи. Веројатно поради розовата обвивка не гледаш. Филозофија "од љубов и воздух се живее". Роди го и сакај го, скроз му е доста. Разбирање, нула!

    И уште една непотребна реторика, за оние кои се борат со неплодност. Споредба која нема допирна точка на едното со другото. Оти едните се спремни да вложат на секое ниво и да го изодат патот, другите не се. Во ред е и едната и другата одлука. А ниту една една од нив не е и не може да биде соодветен аргумент против другата. Ама не, кога можат едните, зошто да не им наметнеме на другите? Ич не ви е гајле за прагот на толеранција на една жена како успева да се бори со фрустрирачки емоции, психосоматика и социјални потешкотии, уште повеќе поради ваква низа на убедувања. Ма да, за психолошка тематика ич не станува збор!

    Затоа методологија за редукција на причините за абортус, да оспориме што повеќе причини! Оти систематиката ти улетува за да ги оправдаш причините како невалидни.

    Ексклузивитетот над твоето тело, дај го на кого сакаш. Моето, не е право на никаква комисија, туку е само мое примарно право, чиј ексклузивитет нема цена и нема да го поклонам на никого, особено не за безначајни и бесцелни наративи за е*ење во здрав мозок. Оти несаканата бременост и психосоцијалните ефекти од истата, никако не влијаат на комисијата, туку на онаа која го носи плодот.

    По 22-ра недела, абортусите се поретки и најчесто се случуваат поради медицински, односно животозагрозувачки индикации на жената или плодот. Па ќе се прашаме ич за тоа за чие тело станува збор, кога во таква итна ситуација се спасува животот на жената и се прави абортус (пази) без комисија. Оти е апсолутно право телото на жената на комисијата, покажува фактот дека истава е за ова подоцна, по свршен чин, од специјалистот известена. Затоа намали со тешки психологии за "будење" совест во завиткана форма, па и преку погрешна перцепција уште од твоите претходни писанија во контекст на ова, цитирам: "нехуман абортус по 22-ра г.н од било која причина". (?) Трепкај слободно за туѓи избори кои никако не те засегнуваат.

    Емоциите како аргумент се на твоја страна. Презентирање емпатија исклучиво еднострано и само за да доловиш контрадикторна поента во неколку наврати, без ни малку емпатичност за жените кои минуваат ваков пат, ама затоа шема за оспорување на нивните причини.
     
    На Annath, Mishela, MinnieM и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто се убедувате со коментари на темава... Едноставно тоа е лично мислење и избор на секоја жена и јас еве почитувам и ако некој е за и ако некој е против абортус. Некој го гледа како ткиво до 12та недела, некој само што ќе дознае го гали мешето небаре разбира бебе. И сето тоа е ок. Да ми рече утре блиска пријателка или сестра дека сака да абортира, ќе и речам само ок, ама размисли 2 пати. На кантар стави си што би се случувало ако родиш и ако не го родиш. Па дали ќе можеш да се сносиш со психичките последици од абортусот или ќе го родиш и гледаш..И така натаму, си има стручни лица што советуваат на оваа тема ама на крај одлуката е индивидуална.
     
    На thelittle17, candy.cane, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не сум ти логична зашто не можеше да ме разбереш дека не ги допирам тие што сакаат да абортираат, несакана бременост за мене не е предмет на дискусија никаде погоре во мислењата, беспотребно ме напаѓаш дека ги осудувам. Зборам за тие што САКААТ да родат а не ги исполнуваат општествено прифатените критериуми, и шејминг и булинг. Не знам каде живеете, но јас осуда на абортус не сум сретнала, а и не верувам дека сум во заблуда затоа што клиники и ординации на неколку километри го извршуваат, што би значело дека не е реткост и дека жените се слободни да го извршат.
    Борењето со неплодност го спомнав за да ви посочам во какви случаи расфрлањето со критериуми за финансиска стабилност е непотребно, како што е непотребно да се даваат мислења на која возраст е прифатено да се има дете, со или без завршен факултет, прошетана или непрошетана по светот и слични небулози што ги читам по темава.
    Многу убаво си ми реплицирала ама да зборев за несакана бременост (несакана бременост = абортус), ама не можете да ја присвоите темата дека тука само се “одобрува” абортус, затоа што тука читаат и пишуваат и дел од тие ШТО НЕ САКААТ да абортираат, а од некоја причина им е опција, ама не им е желба.
     
  19. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ги испревртуваш моите зборови до бесвест и на тоа дополнително се жустриш па стануваш емотивна и така во неколку навртати.
    Нема да ти одговорам на се затоа што тотално ми ја промашуваш поентата и во ред е, сепак сфатив кое е нивото на дебата во конкретно оваа тема ( не е ова лично ни најмалку, туку сигурно имам пропуштено многу од неа па помислив дека иде поинаку и ригидно не се судат сите што покренуваат спорадични прашања, кога главното е веќе апсолвирано)

    Чисто информативно, во случај на опасност од сепса по родилката, во случај на абортус по 22 недела, комисија одлучува дали ќе го извршиш, фала на бога што живееме во толку развиена земја па одлучува потврдно, може само емотивно а без да ме разбереш настапи во репликата или навистина не веруваш во тоа, можам доказ од прва рака да ти пратам да се увериш, и не! не ми објаснувај во какви случаи се извршува! ако имаше поим што значи и како изгледа немаше да помислиш дека зборот “нехуман” сум го ставила за додадам вина на таа што го извршува, туку за да ја опишам процедурата!
     
  20. Ssndra***

    Ssndra*** Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki.. Bremena sum 6 i pol nedeli ama ne se osekam spremna deka sakam da go rodam i razmisluvam za abortus. Problemot e shto nemam podrshka od nikogo vo vrska so toa site mi velat trebat da se mazis da se pomirish so sudbinata a jas nemozam da se zamislam da go pominam zivotot so decko mi.. E sega me interesira kako bi mozela da napravam da ispadne kako spontan abortus za da ne me obvinuvaat i voedno i od doma da ne se otkazat od mene bidejki za niv toa e najgrozniot cin.. Vi blagodaram na sekoj sovet