Види, не е мое да ти се мешам во одлуката или разубедувам, ама не секоја е спремна за дете кога ќе остане трудна. Всушност, најголем бр не се спремни прво финансиски, потоа имаат недовршени планови, немаат доверба во партнер и слично. Не си ни прва ни последна што вака размислува ама за се си има решение. Не сакаш да се мажиш? Не мора да се мажиш. Можеш дете да имаш и да не си во брак. Може покасно ќе посакаш, никогаш не се знае. Ако си имала други планови не значи дека и со дете нема да ги оствариш. Ако финансиите се причина, сигурно имаш поддршка од твоите, штом се против абортус. Размисли убаво, ова е тешка одлука и нема назад што и да одлучиш.
Сакаш сама да абортираш? Немој да си играш играчки. Абортирај во клиника и после кажи цека си го изгубила бебето. И во иднина користи контрацепција.
Можеш да абортираш, па да ги излажеш дека си имала спонтан. Воопшто не си требала да им кажеш дека си бремена, ако знаеш дека не си спремна за дете и дека твоите ќе те осудат. Финансиски зависиш од нив?
Си избрзала со тоа што си кажала дека си бремена сепак тоа е твое право, и никој не смее да ти кажува или да те форсира што да направиш а кога ќе знаат луѓето си земаат за право да судат, и да кажуваат што да правиш. Ако не си спремна да имаш дете, уште кога си дознала требало да абортираш после од кога ќе си била сигурна за твојата одлука само со знаење од твојот партнер без многу кажување на блиски, сега во оваа ситуација кога веќе си кажала размисли си повторно ама дека ќе ги убедиш тие што ти викаат да го родиш дека е подобро за тебе да абортираш нема да ги убедиш.
Ако си над 18 години, што има твоите или кој било друг да ти се меша? Оди на доктор раскажи му ја ситоацијата сигурно ќе ти даде апчиња, зошто знам дека може така, па може ќе крвариш некое време.
На девојката што бара совет поголем проблем изгледа и е тоа што не може да се замисли во брак со дечко и. Членката со мислењето само и даде поддршка, на ниту еден начин не се обиде да ја предомисли.
Членката што побара совет не рече што мислите дали можам да гледам дете, а да не сум во брак, за да и давате поддршка. Само чувства на вина и правиш така.
И јас ќе ти го кжам истото како другите членки, абортирај на клиника и излажи ги дека си имала спонтан абортус.Само не пробувај нешто сама на своја рака.
Зошто би чувствувала вина доколку е сигурна дека сака абортус? Инаку за советот, кој каков сака ќе и даде, а одлуката си е нејзина.
Ако е сигурна дека сака абортус која е поентата на советот - можеш да гледаш дете и без да си во брак? По нејзиниот пост се гледа дека е сигурна за абортус, не праша дали може да се гледа дете и без брак.
Не! Не е сигурна! Девојката напиша дека размислува за абортус. Има разлика, независно дали ти ја гледаш или не.
Размислува, но девојката изгледа мисли дека за да родиш дете мора да си во брак. Инаку сум за абортус, кога некој не сака дете, било тоа планирано или непланирано. Но, сметам и дека членката со првото мислење беше океј и не проба да ја разубеди.
Следно коа ќе споредите абортус со неплодност, нека ви текне вас на милионите гладни деца низ светот додека вие си гнетете печено пиле и голема шопска салата. Викате глупа споредба а? Е глупа е, и јас тоа викам.
Тоа е веќе друга крајност, ај ич да не раѓаме деца пошо има гладни по светов. И едното и другото се непотребни крајности
Погрешно ме сфати мантуб Некои викаат грев е да абортираш зашто некој друг се бори со неплодност. И тоа е како да речеш грев е да јадеш зашто некој друг гладува. Што апсолутно е глупа споредбата нели?
Ако си полнолетна, отиди кај гинекологот и кажи што и како е работата. Тој ќе одлучи дали може да ти даде таблети за прекин на бременоста или сепак ќе треба да одиш да абортираш. Не им кажувај ни на твоите ни на дечко ти штом немаш поддршка. Нема тие да раѓаат и да го чуваат цел живот тоа дете.
Вака инспирирана да кажам збор два повеќе. Целосно ми е размислено за во случај да дојде до несакана бременост иако шансите ми се помали од 1% пошо не оставаме на случајност. Имам пари на страна и обавезно ќе ги искористам за абортус ако немам никаква поддршка од моите дома а не верувам дека ќе имам пошо нели ее толку години сте заедно нема потреба ние ќе ви помогнеме дрн дрн. Сакам тоа дете да не' израдува и двајцата а не да ни ги расипе моменталните планови. Се додека не си ги исполниме сите други планови и желби во однос на кариерата, патувања, уредувањето на домот, не би мислеле на дете.