1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.571 глас(а)
    72,9%
  2. Не, никако

    583 глас(а)
    27,1%
  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Живеам за денот кога ќе ја отворам темава и ќе читам само совети и прашања за абортус, а не дали е или не е правилна одлука.

    Не знам во какво меурче живеете, ама не секој сака и не секој може да биде родител во моментот.

    Како што рече @Tan4ence , вметнување на неплодност во темава (освен како последица од абортус) е апсолутно глупаво. Ако некоја реши да абортира или роди, нема друга да стане плодна автоматски.

    Или совет за давање на посвојување како подобра опција. Па 9 месеци не се малку за ти на крај да го дадеш негде детето и да не знаеш дали завршило во добри раце.

    Требаат пари, не е бебето голем човек па ај најевтиното ќе го купиме. Треба стварно добри финансии да се имаат, и во тие 9 месеци од бременоста, а и во наредните 18 години од животот на тоа дете.
    Потребна е поддршка, некогаш и тие во брак не ја добиваат а им треба. За самохрани муабет да не правиме, колку малку родители има што се спремни да го прифатат тоа.

    И никој не ве тера вас да абортирате. Јас се надевам дека никогаш нема да абортирам. Но доколку се случи, никој ама апсолутно никој (освен докторот што ќе ми ја води бременоста) нема право да ми рече да рече - не смееш.

    Две жени во мојата фамилија имаат абортирано во брак. Со деца. Децата си ги имаат израснато со љубов и внимание, ама затоа што абортирале, ќе ги рамните на убијци?
     
    На christinnn, thelittle17, Spidy и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Не се обидувам да ја предомислам, и самата девојка си има напишано дека размислува зошто не се осеќа спремна. А не дека е цврсто решена дека сака да абортира, барем јас така сфатив. Јас не можам да знам точно кои се причините поради кои не се осеќа спремна, дали е само дечкото во прашање или има и други фактори, не навлегувам, само сакав да посочам дека треба да размисли убаво, да си ги стаи на кантар работите за да не испадне да се кае после. Да пишеше дека е цврсто одлучена да абортира, сигурно немаше да и пишам да размисли убаво, сепак тоа си е индивидуална одлука во која на никого не би се мешала.
     
    На thelittle17, SummerGirl, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама како ти дава срцето да и речеш да размисли, кога пиша дека нејзините и збореле да се мажи и да го роди. Тие родители сигурно нема да прифатат да е самохрана.
     
    На Ana_71, S.W.A.G и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Пошо мајки терези ете како
     
    На candy.cane и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Не е наше ни да судиме, ни да претпоставуваме, ни да навлегуваме дали нејзините родители би поддржале да е самохрана мајка или со сила би ја мажиле, тоа си знае членката најубаво. Не знам ни колку години има ни ништо за неа, не можам да правам претпоставки. Самата кажа дека размислува, јас само дадов мое мислење дека не мора да се мажи ако не сака и дека ако тоа е причината не значи дека треба да абортира само заради тоа што 'мора да се мажи' .
     
    На Meckicja, tina2018 и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Кажа дека не ја поддржуваат нејзините:
     
    На candy.cane и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  7. Ssndra***

    Ssndra*** Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Kakvi se tie tableti?
     
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам да ти одговорам, не сум запознаена, единствено што знам е дека постои и такво нешто ама најверојатно е во зависност и од неделите. Отиди на гинеколог, ќе ти каже тој се. Секако мора да се препишени од гинеколог. Никако на своја рака.

    Ги замолувам другите доколку знаат нешто да споделат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оди на гинеколог.
    Ќе ти каже се' што те интересира.
     
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Се пијат една или две, ама ко што знам е многу болен процес и ќе мора да си под надзор на медицинско лице. Ко што ти рекоа, најдобро да одиш на гинеколог, да кажеш ситуацијата каква ти е, може и ќе ти помогне како да постапиш.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Медикаментозен абортус е тоа, се пијат таблети за да се предизвика абортус, и јас сум слушала дека е болен процес, меѓутоа е далеку понеинвазивен од киретажа при која би била под целосна анестезија. И двете опции не се страшни, оди кај матичен гинеколог и ќе ти ги објасни опциите
     
  12. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам до кој месец од бременоста можеш да направиш абортус и која болница е добра?
     
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Девојката не е спремна ни за брак ни за дете. Не може да се присилува на тоа. Да да знаеме дека може да гледаш дете без татко но таа може не сака. И крај.
     
  14. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    До 3-ти месец е со киратража,а после трери е со умртвување на плодот и пораѓај.
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.886
    Во ред е нејзино тело нејзина одлука си е тоа али за да останеш бремена треба некој да сврши во тебе па да останеш бремена и тоа во плодни денови. Порано можеби и не се знаело и не ни гледале не се образовале ама сега имаш се достапно на интернет и можеш да прочиташ ако веќе не планираш бременост или како членката што не сака тој дечко маж да и е зашто воопшто се нафатила на таков чекор да направи. Не е проблемот тоа што она останала бремена проблемот е психата после абортусот сигурно нема да лета од среќа. Ако не сакаш да останеш бремена се користат заштити од не сакана бременост, а радозналоста е друга работа
     
    На Butterfly1107, thelittle17 и Meckicja им се допаѓа ова.
  16. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    До 12та недела само со барање се прекинува бременоста, од кои до 9та може со апчиња (според последните измени, ама не сум сигурна колку ова функционира), и после 12та недела може да се изврши ама за тоа одлучува и комисија. Сите болници можат да изведат таков зафат
     
  17. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Вака денес другарката беше во Систина, влезена е во 7ми месец но не сака да го роди детето. Затоа што само 2/3 месеца и доцнеше неможеше да претпостави дека е дури 7ми месец. Докторот и кажал дека неможе да абортира и таа настојувала на тоа и докторот и одговорил дека може само со вадење на матката и дека сето тоа ке ја кошта 60 илјади. Има ли некој искуство со друга болница со сличен случај на ова... Знам дека и е многу доцна но доцна и примети и и е многу малку пораснат стомакот.
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе оформено бебе, подобро да го роди и да го даде...Плодот треба да го умртват и да го роди секако, нема едноставен начин да се изведе тоа. Знам во 5ти, 6ти месец поради аномалии така ги раѓаат ама веќе седми месец...
     
    На stefi23m, Idedemja, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Имала нередовен циклус или?
    Општо кога збориме за абортус збориме за кога тоа бебе е уште ембрион. Ама овде е скоро оформено и може да преживее и надвор од матка.
    Не знам, за оваа ситуација не можам да го кажам истото мислење кое го имам општо за абортусот.
    Ипак нека те посоветуваат кои се поускусни.
     
    На Martka и Meckicja им се допаѓа ова.
  20. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам...кога би се родило сега има шанси да преживее...од морални и етички причини не знам кој би се нафатил да изведе такво нешто...
     
    На Meckicja и Lovebug01 им се допаѓа ова.