Моментот е што и она не е невина, ама касно прочитала у Библијава ... Само незнам Господ зашо иначе ни пуштил уште од 12год да ни вријат хормони и да имаме сексуални желби од 12год до 50 таму ... Да беше он против секс ке не направеше ко животните, само за потомство и толку ... А абортусот треба да е право на секоја жена која треба да си го искористи долколку мисли дека е потребно . И што ако таа жена е пр хив позитив, или е наркоманка ??? И треба детево да го носи на душа цел живот ?? Значи да не идеме подалеку од др болести и аномалии ... И ај сеа да не абортира нека биде детево уште новородено зависно од дрога, или хив позитивно ... Ебате дарениот живот ...
Не ми е јасна една работа. Зошто на сите форуми и на секоја тема која има и најмала поврзаност со поимот 'секс', задолжително мора да се лечат комплекси околу невиноста? Што се однесува до богомолските проповеди, посоодветни се за тема во религија. Не сум против абортус. Постојат разни ситуации во кои може да се најде секој еден. На крај, никој нема право да и наметнува на оформена и зрела женска личност што треба да прави со своето тело и со својот живот. А за бременост под ризик од генетски аномалии и разни други болести, не сакам ни да коментирам. Абортус-ДА, единствено решение. Не се ни распламтувам околу ова прашање зашто знам дека нема шанси во блиска, па и во подалечна иднина со закон да се забрани абортусот. Иако понекогаш кога ќе подразмислам, а познавајќи ги помладите генерации во кои спаѓам и јас, мало ограничување не би било на одмет. Кога на малолетничките би им се одзело правото да абортираат (нормално со исклучок на бремености кои се случиле поради инцест или силување), уверувам дека два исхода се можни: -или младината ќе си го прибере паметот -или во државата нагло ќе почнат да никнуваат нови градинки ...
Во случајов да се истакнеш и да се направиш паметна ти си се изглупирала! Премногу простачко понашање! Доколку со нечие мислење не се сложуваш фино лепо напиши си го твоето мислење и како и во случајов поткрепи го со факти, јас ова го немам измислено како што имам напишано некаде го имам прочитано и баш барам каде го прочитав за да објавам. Во иднина пред да го испратиш мислењето најпрвин прочитај го како звучи, поздрав!
Не мислам да се правам паметна воопшто и одговорот ми е сосема коректен и како што виде поткрепен со факти- цитати од библијата оти таа е најверодостојна и единствено таму пишува за тоа што Бог нас не учи ти пишав и каде се нааоѓаат тие цитати,а додека ти не ми пиша каде си прочитала а во библијата ти гарантирам дека нема такво нешто што си пишала ти.Не викам дека не си прочитала такво нешто некаде,туку дека не е точно дека Господ од нас бара да имаме односи само за размножување,ниту пак пишува во која поза да имаме секс. ти пишав едно од местата во библијата каде што пишува за сексот помеѓу мажот и жената,да не се повторувам сега.И не ми е јасно зошто оние што се за абортусот секогаш ги вреѓаат тие што се против него.Јас мислам дека никого не сум навредила намерно а со сигурнот никого не нареков простачка.
bebaa Овде никој никого не вреѓа фала Богу се почитуваат сите мислења, ама мислам премногу е вметната тука религијата , ко небаре сите ние што сме за Абортус сме деца на Сатана уште тоа не не направивте. Сепак, не сум против религија , ама не сум ни за . Ова е лично право на секоја жена. И треба да се почитува зарем не ? Плус тоа не станува збор за никаков живот у први неколку месеци, така да нема што да се убива тука...
Беба, не можеш за аргументи во темава да користиш нешто што го пишува во Библијата. Мораш да сметаш дека во нашава држава живеат и жени кои се припаднички на други религии, а живеат и такви кои се атеисти и не веруваат во ниту една религија. Што со нив? Зошто тие да го немаат ова право, само затоа што така пишува во Библијата?
Кога нешто не ви чини, и имате поинакво мислење, веднаш го мешате Бог. Абортусот бил убиство, како тоа сме оделе против божја волја, забрането било од библијата да абортираме... Види бога ти? А да се сексате пред брак дозволено е? Ако се водите според Бог и библијата, тогаш чувајте се до прва брачна вечер бе! Или не ви одговара тоа?
Точно така .Секој си одлучува за себе и ке си ги сноси последиците на своите одлуки.Го кажав мојот став дека сум против абортусот и зошто сум против затоа беше неизбежно да се спмне Бог неможам тоа да го наречам религија ама не објаснувам зошто ке се оддалечам од темата.Не наметнувам мое мислење.ако некој праша што да прави дали а абортира тогаш можам да посоветувам ако го прфати советот арно.Но форумџиката под никот совршенство да го нарекува моето мислење простачко не е во ред.И уште еднаш.Никого не осудувам дека бил за абортусо сто пати сум пишала не сум јас таа што ке суди.Јас го поддржува факот дека уште од моментот на заачнувањето се работи за живот кој не се согласува е негова работа и немора да го нарекува тоа мислење простачко макар што и не ми е многу битно тоа но сепак нели не е културно.И да јас и мојот маж кога витински поверувавме во Бог и свативме дека Тој не е само обична религија немавме односи околу две години може и повеке додека не стапивме во брак.Ова не го кажувам за да се фалам нешто туку заради коментарите од типот на форумџиката што пишала пред мене
Не реков ништо за оние со друга вера и атеистите ко кажав мојот став и зошто е таков исто како што и другите си го кажаа својот дека се за абортус и зошто.така да незнам зошто да неможам да кажам така макар што во тој пост ја ставив библијата за најверодостојна во друг контекст прочитај убаво кажав дека Бог не вика нигде да имаме секс во мисионерска поза и само за размножување и дека во библијата не пишува такво нешто а јас само на библијата верувам за тоа што не учи Бог мислам дека имам право да си го кажам тоа а не реков дека другите немаат право да веруваат во друго или ич да не веруваат.Ниту пак да немаат право на поинаков став од мојот.
Потполно те подржувам Bebaa , и јса го имам истиот став што се однесува до абортусот. Тоа е убивање иако се уште е во утробата на мајката и е многу мало.
Ќе сакаш ли д ами кажеш нешто повеќе за тоа апче што предизвикува спонтан абортус,колку најдоцна може да се земе? колкава му е цената? дало мора да биде препишано од лекар? што како да ми акжеш ако не ти претставува проблем.
Норлево, се зема најмногу 72 часа по односот, се купува во аптека и чини некаде 500-700 ден. и не се препишува од лекар. Друго апче што прави спонтан не ми се верува дека постои.
Има и апче за абортус. Се вика RU-486. Само изгледа уште не допатувало до Македонија. Се користи на запад до 8ма недела бременост. Терапијата се состои од два дела и исклучиво се дава под надзор во клиника.
Немав слушнато за вакво нешто, сепак благодарам за информацијата, очигледно не е стигнато во Македонија, или јас немам информации Инаку фемина90, и мене ми беше малку чудно за терминот спонтан, ама ајде си реков може јас сум погрешно информирана.
Девојки, сакам да Ве прашам до која гестациска недела се врши абортус со вакуум аспирација. И дали при тој абортус жената е под анестезија т.е. заспана???
Девојки не ја мешајте религијата и здравиот разум и разумното расудување. Не е само да го родиш, тоа дете си бара внимание, спремност (психичка и парична) и здрава средина за растење. Кратко и јасно, го подржувам абортусот како право на избор, ама на вистински избор со цврсти факти.
Jas imav dva spontani abortusi prviot na 13 nedela vtoriot na 5. Proziveav mnogu traumi i do den denes neznaat da mi kazat od sto se predizvikani spontanite.I jas i mojot maz gi napravivme site potrebni ispituvanja i ispadna deka se e vo red.Sega maticniot ginekolog mi veli deka mozam da ostanam no pomalku mi e strav da ne mi se sluci pak istoto nema da mozam da izdrzam poveke.Dali nekoj ima slicno iskustvo?
bremenost/spontan-abortus-t4910/60.html еве тема за твојот проблем можеби ваму ке најдеш нешто.поздрав и не губи надеж.