Да се надоврзам само. Баш вчера искоментирав дека ме шокираше фактот за Полска дека има најголем број на извршени егзорцизми во светот и дека дури и во овие модерни услови, докторите работат со попови. Па честопати доктор може да ти викне поп. Читав полјакиња како вели дека сеуште е доста чудно ако жена се одлучи за кариера, место да раѓа и да тера домаќинлук. Потоа ми излезе веста за абортусот. Полска веројатно на Балканов би можела да се премести без адаптација. Ко домче. Имаат легални егзорцисти кои изведуваат перформанси на ментално болни, и нелегален абортус. Некој слободен да ја прогласи Полска за умрено?
Иначе ме радува што се олку масивни протестиве. Буквално илјадници жени (а богами и убава бројка на мажи) се испаднати да протестираат. Ај тоа, него и од цел свет добиваат поддршка, еден куп невладини низ цел свет застанаа и се запишаа над нив. Препрека им се ултранационалистички групации, што се про лајф а дадоа изјава дека ќе ги скршат од ќотек сите што и се закана на мајка Полска. Колку мирољубиво и полно со живот изјавиче. Типично вернички, никако насилство врз бебе ама затоа сите што протестираат ќе бидат сомелени. Talk about неуспешни абортуси, од прв до последен тоа лејките празни
@Vitaly што ако е силувана? Зашто е она должна цел живот у очи да не гледа плод од љубов, туку плод на емоционална траума? Абортусот не е одговор само за несакана бременост, постојат паталошки бремености кои го нарушуваат здравјето на самата жена или пак е нарушено здравјето на плодот. Јас верувам дека ако не сакаш да останеш бремена, ќе користите со партнерот контрацептивни средства. Не знам како така 90% имаат незаштитени односи и после се жалите на кандида, ХПВ и несакани бремености. Ако се превенира таа несакана бременост, не ни треба да дојде до абортус.
Абортусот е легален во такви ситуации. За во Полска зборам бидејќи за ситуацијата таму почнавме да дискутираме.
Аман ви се молам, какви црни нелегални услови. Пограничен туризам со Германија и Чешка поверојатно... или нема да останат млади жени во Полска... Не знам во кој бед трип влегле и што им е бизнис логиката. Никој не може да ме убеди дека нема бизнис интерес, во денешно време скоро сета политичка багра брка бизнис интерес. Ворлдвајд
Абортус кој е решен да се направи ќе се направи на еден или друг начин. Оние што имаат финансиски услови ќе отидат во Германија или Чешка, оние што немаат ќе си го направат сами дома или во клиники на "црно". Има начини, а такви одлуки само ги продлабочуваат класните разлики. Најпогодени се секогаш тие што немаат доволно за да си дозволат друг начин, да си ја платат својата безбедност, т.е. своето здравје.
Читав утрово дека полјакињите, да си го бранат правото на избор добиваат поддршка од сите страни, многу ми е мило. Абортусот никогаш не треба да е предмет на дискусија, и никој никогаш не смее толку горделиво да носи одлуки за туѓо тело!
Јас сум ЗА абортус. Прво, секоја жена сама си одлучува за своето тело. Второ, ако е абортусот е убиство, а не е, тогаш попрво би го 'убила' отколку да го родам и да му го уништам животот. Ова за несакана или непланирана бременост го зборувам. Извинете вие 'моралните' што ги судите тие што решиле да абортираат, ама немате право да ги судите. За силување, аномалии, ризик по здравје и слични работи, да не зборувам.
Официјално најмасовен протест досега што и се случил на Полска. Сум рекла неколку пати, ќе речам пак, нема позафркната работа од жена кога ќе спизди.
Полска, рај на земјата. Место каде државата и забранува на жената со закони што да прави со своето тело. Јеј Виталии Инаку, се надевам дека ќе успее протестот и ќе престанат со донесување вакви без веза закони.
Рај за нормални и морални луѓе. Родољуби а не поклоници на се што доаѓа од запад. Жената што сака може да прави со своето тело, точно. Тетоважи, пирсови, да вгради и 3 раце, да вгради пенис, поголеми гради и слично. Но со бебето кое се наоѓа во нејзиниот стомак не. Бидејќи тоа не го создала сама, ниту е должно тоа да му биде скратен животот само затоа што мајката врска нема за контрацепција и живее развратнички. Границите се отворени на сите ако не им се допаѓа Полска.
И вака и така му го уништуваш. Барем дај му шанса. Можеби ќе биде подобар човек од тебе сто пати, само раскажиму дека си планирала да го абортираш и тоа со сигурност ќе биде подобар човек од тебе. Ако ние немаме право да ги осудуваме немате право ни вие да кажувате какви закони да има во држава каде мнозинство се против абортус. Просто и едносатвно.
Лично не сум за абортус и имам свои лични убедувања. Арно ама, низ годините научив дека тоа што јас го мислам и верувам не можам и не треба да му наметнувам другому како единствено исправно (дури и да е докажано како апсолутна вистина), исто како што јас не сакам некој да ми наметнува што тој мисли. Можеме да не се согласуваме, ама не би требало да си наметнување мислењата. Е сега, дури и јас, со моите убедувања, сум ПРОТИВ ова што се случува во Полска. Едноставно сметам дека секој треба да има право на избор, и тоа е лично право, секој сам се носи со својот живот и постапки, не ми се допаѓа диктатура од било какви причини, колку и да се "добри" мотиви, кога узурпираат нечиво туѓо мислење е рамно на тиранија.
Јасно ми е зошто некои се против правото на абортус. Со шовинистички, диктаторски, мизогини размислувања, „непланирано“ забременување на партнерката им е единствена надеж за да ја задржат покрај себе. Инаку цела поддршка за жените во Полска да си го добијат правото кое го заслужуваат. Секоја чест за масовноста на протестиве.