Знаеш што? Во ред е да си против абортус, ама не е во ред да ги судиш тие што се ЗА. Второ, ми се повраќа од луѓе што пропагираат лажен морал како тебе. И ОСТАВИ МЕ НА РААТ. Со МОЕ тело што сакам ќе си правам. Ти се сметаш за добар човек?! Не ме смеј, те молам! Човек што е националист, шовинист, сексист, хомо- транс -, бифоб и многу други работи, не е добар човек. Ти најмалку имаш право да ми кажуваш каков човек сум јас. МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ЛАЖНИ ВЕРНИЦИ КАКО ТЕБЕ! Вистинските верници не осудуваат, а уште помалку пропагираат морал.
А најјако од се е што е комплетно ignorant и oblivious и да земе да прочита неколку работи може ќе му се разјаснат. Уште ако продлабочуваме, се претпоставува дека абортусот на црно варира од 10.000 до 150.000 број на жени кои го направиле. Плус бројки на жени кои идат во соседните земји да го направат таму по легален пат. Тие што немаат пари или одат на клиники на црно или нажалост сами пробуваат со најразлични работи да се повредат, при што има огромен број на случаи на загрозување на сопствениот живот или на стерелитет. Виталијците не сфаќаат дека многу побезбедно за наталитетот е легално да може жена да изврши абортус затоа што тоа ќе го прави лиценциран доктор и жената ќе помине со минимални шанси да умре или да не може повеќе да има деца. Да ја натераат да го роди не можат затоа што таа жена што не сака да има дете ќе се снајде за да го нема. Ова математички, во етика со глуперди не ни планирам да се расправам. Од секоја гледна точка легализацијата е побезбедна, ама кој да ти каже Ивана.
Чекај јас најмалку имам права да ти кажувам каков човек си ти ама затоа ти имаш на мене да ми кажуваш? Зошто сметаш дека не уживаме исти права? И најмалку 100 пати имам кажано дека не сум верник. Ќе бидам против секаков вид на содомии и деструкции кои и физички и психички ги разоруваат луѓето. Ако анкетата е правена од страна на подржувач на абортус ова што го гледам на сликата не ме чуди. Доколку видиш анкета од опозицијата изгледа поинаку. Учете да користите контрацепција и да живееме човекчи, со морални вредности. А не развратнички. Тоа ќе резултира да нема ниту несакани бремености, ниту болести, ниту абортуси како легални така и илегални. Проблемот го гледате во оние кои се против абортус, наместо во себе и своите убедувања кои ниту се природни ниту се хумани ниту имаат тронка морал во себе, го уништуваат човека и на духовно и на физичко ниво.
Јас подржувам абортус. Тоа е личен избор. Има многу причини за абортус. И никој не можи да одлучува за нечије тело. Како можи да си земаат за право не знам. Мило ми е шо се во толку голем број на протестите во Полска и дека ќе се изборат. Ова шо се случува во 21век посебно, е срамота!
Татко ми еднаш ми рече дека колку човекот е попрост, толку е полош. И добро кажа. Исто така мојот професор по филозофија во средно училиште рече вака: „Со неписмен човек подбoро можеш да се разбереш отколку со полуписмен.“ И тоа е точно. Во последно време и на форумов ги имам искусено oвие нешта. Не се мачи да објаснуваш на човек со ограничени сфаќања. Прочитај ги неговите мислења во другите теми и се' ќе ти стане јасно. Мене ме нарече нечовек поради тоа што реков дека попрво би го 'убила' отколку да го родам и да го осудам на пропаст. Сите знаеме дека никој не барал да биде роден. Поентата ми е дека колку и да се трудиш, нема да му докажеш дека не е во право. Не само нему, туку и на другите како него.
А зошто негираш дека абортусот никогаш нема да се искорени и само би се одвивал во небезбедни услови што се ризик за здравјето и понатамошно потомство на жената? И друго, ти сметаш дека е убиство и дека бебето е посебно од жената, што значи дека мое тело мој избор не треба да важи.Добро.Но што правиме со фактот што тој посебен живот не може да преживее надвор од матката и е комплетно зависен од мајката?Значи, не можеш туку така да го одвоиш и да кажеш дека жената нема никакво право да одлучува за него...
Ova mi se pojavi po netot, malce druga perspektiva dava. Istorijata ne naviknala sekogas u rabotite na zenata da mislat deka imaat pravo da se mesaa
Nekoi mislenja na forumov me pottiknuvaat da mislam deka se ushte trae sreden vek. Taka da dobredojdovte vo sreden vek, kade zhenata e mashina za ragjanje i nishto povekje, ne smee ni da pomisli shto saka da pravi so svoeto telo
Добра идеја. Ете нека не прават абортус. Нека го извадат фетусот од жената и нека му го дадат на загрижениот татко да си го носи и чува.
Па јас искрено сметам дека треба да е задолжителна вазектомијата Секако нема никаква, ама никаква штета ни врз психичко ни врз физичкото здравје.
Уште си стојам на тоа дека ако немаш матка не смееш да коментираш на вакви теми во кои: 1. Не ти е место 2. Доста се сензитивни. И, да, мое тело, мој избор. И ако имам во мене дете кое не сакам да го родам треба да имам избор да го абортирам ВО НОРМАЛНИ УСЛОВИ. Абортусот секогаш ќе постои. Некоја ако реши да аботира многу ќе ја гајле што ќе каже некојси Витали на темава.
Јас не велам дека абортусот ќе се искорени. Напротив. Туку велам дека тоа нема да ви пали во Полска и уште некои нормални држави барем наредниве неколку децении. Нема да можете да воведувате таков систем кој е зло за човекот. Тоа што човекот деградира и оди кон пропаст е Библијско пророштво така да не сум до толку да мислам дека нешто ќе се спаси или слично. Но тоа не значи дека треба да се помириме со тоа и да прифаќам секакви содомии и деструкции. Детето и да се роди е зависно од тебе. Ако го оставиш ќе умре. Така да не ти пали тоа што го кажа. Тоа што немам матка не значи дека треба да молчам на воведување деструкција во земјата во која што сум се родил и израснал. Тоа не ви пали во Полска, куферот и на Запад. Да имам власт и моќ и авионска карта би им платил на сите и со живеалиште би помогнал. Матката не ти дава никакви привилегии ама баш никакви со што би го ставила целиот машки род подолу од тебе. Може само така да мислиш. Твое тело твој избор, се сложувам. Но не убивање на бебе во стомакот бидејќи и тоа има душа која не е дел од твоето тело.
Немам поим во која земја си се родил и ич не ме интересира ниту е некако битно за темава. Тоа во Полска не е воведување деструкција, одземање на стекнато право е. А кога се одзема некакво право, нормален е револт на тие чие право е одземено. Од 1956 абортусот е легален во Полска, може мајка ти не била уште родена тоа време и сигурно не биле злите западни сили кои го легализирање.
На власт дојдоа нормални луѓе, родољуби а не поклоници на запад и бафомет. Нормално е дека ќе менуваат се што е деструктивно и уништувачки за народот таму. Нормално е и да има отпор, се навикнале луѓето. Несакана бременост и ооп абортус. Чекај сега ќе видат дали ќе биде така или ќе се научи народот на морал и дека не се што е кажано од либерална уста е добро, е избор или слично. Повторувам дека границите се отворени, соседна Чешка им е тука доколку сметаат дека Полска им крати одредени права. Мојата слобода завршува онаму каде што твојата почнува. Така да џабе се препираме. Мнозинството ќе одлучи.
За ова првово, сакам да те прашам, што правите вие како машки род со векови наназад? А за второво, абортусот можеш да го направиш до 12та недела од бременоста. До 10та недела, абортусот може да се направи по желба на жената, по десетата недела комисија одредува причина за абортус (штети на здравјето на жената, хромозомски аберации и слично). До 10та недела абортусот може да се направи и со апче, со која само го исфрлаш од телото (слично како парчиња засирена крв за време на циклус). Дури во подоцните недели се прави зафатот, и тогаш е обично поради здравствена причина. Што сакам да кажам, дека абортусот треба да биде одлука на секоја жена. Но, пред се јас сакам едукација на луѓето за превенција од таа несакана бременост. Ако ете, несакаш да останеш бремена, зашто едноставно не пазиш? 21 век сме има милион начини на контрацепција, милион начини на кој можеш да планираш семејство. Дефинитиво ни е потребна сексуална едукација. Ако нема во школите, барем учете си ги децата вие. Не треба тоа да биде табу тема.
Никаде не одлучува мнозинството. Интересот одлучува. Да одлучуваше мнозинството мк немаше да биде северна, немаше да има миноризација на мнозинството со рамковни квоти, немаше да има приватно здравство....Да редам уште?
За тоа што го кажа за контрацепција јас се сложувам потполно. Незнам зошто за тоа никој не протесира зошто сите се крстат во абортус. Па ако внимаваш ако користиш контрацепција нема да дојде до абортус. И не реков дека абортус неможе да се направи со апче. Само затоа што се прави со апче не значи дека не му се скратува животот на тоа бебе. А доколку нормални луѓе би основале семејства а не пушачи на цигари, луѓе кои пијат алкохол, се дрогираат и водат нездрав живот многу мноогу ретко и би доаѓало животот на мајката во опасност, аномалии кај бебето и слично. Полска е држава а Македонија е протекторат. Во Полска народот ја изгласа сегашната политичка власт која носи вакви одлуки. Во Македонија луѓето се хипнотизирани од вмро и сдсм, врежани се во мозокот на луѓето затоа тапкате во место 30 години веќе. Се појавуваат нови партии ама народот само нив ги гласа бидејќи у дале работа за 300 евра. (Ќути има и полошо, барем под суво си, од тоа си пати македонецот) Тие име менуваат а народот седи дома. После не одлучувал народот епа како да одлучива? Преку седење дома?
Отприлика вака некако звучиш: Тоа што немам менструација, не значи дека не можам да раскажам кои влошки ги користам или како болат јајници.
Вака му велиш на гинекологот кога одиш на преглед? Или тие матка имаат ама изгледаат ко машко? Ви нема крај на небулозиве.
Витали, точно е дека не е правилно да ти речат - немаш матка, не можеш да збориш за абортус. Испаѓа исто како кога најмамичките ќе речат - немаш дете, не знаеш ТОА и ТОА.. ДА, не знам. Ама не значи дека не смеам да имам мислење. Ама НИКОЈ нема право да одлучува за матката на жените.. Исто како што никој не може да донесе закон на мажите од раѓање да им се направи вазектомија... Ти би поддржал таков закон? Некој друг да одлучува за твојот пенис?