Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.606 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Супер, ќе направите систем кај што ќе се продава лажен морал, а во тајност ќе си прават абортуси на велико. Дури и тие што се сега наводно против.
    Мислете си вие дека тие во власта ваша побожен живот водат.
    Blissful ignorance :)
     
    На Angel06, Lella, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Гинекологот не ти кажува како се осеќаш, туку ти дава совет/терапија/мислење од стручно знаење откако ќе биде прашан.
    Истото се однесува на моите права во однос на како ќе го третирам своето тело, не споделува мислење за тоа што не е прашан и на кое нема право да влијае.
    Па сега кажи ми кој пишува небулози?
     
    Последна измена: 2 ноември 2020
    На Annath, bittersweet и candy.cane им се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    I drogata vo mk ne e legalizirana znachi nema narkomani spored mislenjevo: zabrana na abortus- nema da ima abortusi?
     
    На Angel06, Annath, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  4. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Кога аборусот е со апче, не убиваш бебе, тоа се само грутка клетки. Твоето “убивање бебе“ важи кога веќе има хируршки зафат. За жената да легне на операциона маса, треба да помине комисија, хирург и анестезиолог кои кажуваат дали смее или не. Бидејќи сепак таа е веќе на средина на бременоста и со зафатот би можела да го ризикува своeто здравје (инфекција, сепса, стерилитет). Тоа значи дека на крај краева, жената не одлучува за никакво убивање.
    Превенцијата е клучна за намалувањето на бројот на абортуси. Но генските наследни болести, хромозомските аберации, не настануваат само поради нездрав живот, повеќето од нив се со идиопатска етиологија.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Timeless

    Timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    Не е проблем дали сме среден век, 21 век или 3020 година.. Моралните вредности на човекот се исти. Или битно е да сме "современи" и open minded па да ги подржуваме сите работи кои се пропагираат за "нормални", а вистинските вредности да ни бидат отфрлени како за потсмев и сметани за ненормални?

    Најлесно е сега да се бара заштита дека мое право е да одлучувам со се што се случува со мене, моите избори во животот, па и тоа што ќе правам со моето тело. Не е твое тело туку е нечија мала душичка, и што е најстрашно од се - дел од тебе.
    Ако некој е способен да убие сопствено дете, тогаш нема простор за било какви други морални полемики.

    Нема ништо да ве спречи ако еден ден решите дека немате финансии, сили, средства и време па земете и ја задушите собствената мајка ако е болна и закована за кревет, па вие пак да земете и да ги скратите маките и измачувањата на сите. И тоа ќе го сметате за ваше право за да си го олесните животот како и со абортусот.

    Има начини како да се заштитиме од бременост ако сите сме толку современи и едуцирани. Но ако дојде до бременост нема никој абсолутно никакво право да ме го скрати некому правото на живот. Јас разбирам дека има тешки и комплицирани ситуации во кои се наоѓаат бремени жени или девојки, но ниедна ситуација (невработеност, оставена од дечко, млада/стара, на сред факултет итн) не е ненадминлива и поскапа од човечки живот!
     
  6. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Каква глупа компарација, се чудам од каде креативноста.
     
    На Angel06, smooch, CareTee и 11 други им се допаѓа ова.
  7. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Во повеќето држави, доколку си во брак и мажот треба да потпише дека сака абортус? Зошто жената не потпишува за вазектомијата кај мажите?
    Ако вие имате исто толку право врз нашето тело, колку и ние, зошто ние да немаме врз вашето?
     
    На Annath, CareTee, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Od celovo mislenje se soglasuvam so ovie tri zbora: no niedna situacija
    Rechenicata bi trebalo vaka da zavrshi: No niedna situacija ne smee da ja sprechi zhenata SAMA da odluchuva za svoeto sopstveno telo
    PS sopstveno i apsolutno se pishuvaat so p
     
    На poppie, tinka-mace и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Матка и пенис се едно. Абортус е трето нешто. Со абортус се скратува нечиј живот кој веќе е зачнат. Јас не сум против абортус кога бебето е зачнато со инцест, има аномалии, девојката е силувана или животот на мајката е во опасност. Јас сум против абортусот да се користи како контрацепција. Доколку народот е правилно образован нема да дојде до несакана бременост.
    Санкции постојат. Немора да значи ако нешто ќе се прави илегално поради таа причина да го легализираме. Што треба хероинот да го легализираме? Пошто нели и така и така ќе се бодат у вена.
    А јас ти кажав ли како се осеќаш? Јас само кажав дека тоа што немам матка не сум лишен да дискутирам на вакви теми. И не дискутираме за матка туку за скратување на живот на бебе. Со вашата матка може да правите што ви годи. И каде се татковците во целата оваа дискусија? Кога треба абортус ваше тело и ваша одлука било а кога треба алиментација да се плаќа и тој е родител па како знае ќе плаќа..
    И ракот е грутка клетки но не настанува бебе од нив. Од овие настанува расте се равива и се формира човек. И штом ќе се легализира се легализира и така и така. Веројатно нема да речат еве само со апче нека е леглано. Инаку поради нездравиот живот на нашите предци може да наследиме нешто и ние.
    Еве јас, очила носам од 6 години. Превенцијата е клучна за намалување на бројот на абортуси. Едукацијата е клучна за намалување несакани бремености.
    Бебето заедно го направиле нели? Па поради тоа. А жената нема никаква врска со машкиот полов орган па поради тоа нема право да одлучи за вазектоија.
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.995
    Пол:
    Женски
    Абортусот ниедна не го користи како контрацепција..
    Се читаш ли што глупости тропаш?

    Абортусот може го користи некоја што и покрај кондомот или пилулата, останала бремена..

    Или од тебе треба да бара дозвола да абортира затоа што останала бремена поради пукнат кондом или е во тие 1% несреќни каде што таблетата потфрлила?!

    И да..пенис и матка е исто..

    Пенисот е твој орган..
    Матката моја..

    Самите ние одлучуваме што ќе расте во нашата матка..
     
    На Angel06, Annath, apple12 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да де, само не се удираме во гради ваууууу колку христијани сме ние и колку морални зошто е забранет хероинот. А па и реално, не е дека нема наркомани де. Да не речам скоро и да нема ефект по раст на наркоманија.
    А истите тие што сега ги величиш, се многу понеморални зад затворени врати од ова што ги мислиш.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ќе настане бебе, околу 20 проценти завршуваат со спонтан абортус. Тоа, не значи дека жената понатаму ќе не може да има деца. А со вазектомијата биднува целосна стерилизација, зашто ете сопругата да му е лишана од деца? Ако гледаме и вазектомијата е прекин на можен приплод...
    Мора да се легализира, да се прекинат илегалните абортуси и магичните рецепти за чаеви со отровни билки. Доста жени умираат од нив, нели сметаш дека државата ги убива нив? Абортусот нема да исчезне, доколку не се легализира. Веќе неколку пати пишав, превенцијата е таа што ќе ги намали. Како и ете некоја болест, bolje sprečiti nego lečiti.
     
    На mode-kristina и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Па цело време, токму тоа го правиш.
    Од каде ти знаеш како се осеќа некоја жена која во својата матка носи плод кој не го посакала in the first place? Од каде знаеш какво е тоа чувство да треба да се соочиш со несакана бременост?

    За какво скратување на живот на бебе зборуваш човеку?
    Во втори месец ли има бебе?

    Па ако е бебе во таа етапа и мајката не го сака да го задржи, тогаш може да се спроведе тоа што го кажа @Bezimenka90 . Ќе се извади „бебето“ по операционен пат и земи си го ти дома да го растеш, може?
    Или сепак жената треба да го износи, а?

    Татковците се оние господа кои најчесто се доволно себични да не употребат кондом.
    Исто така тие кои во најголем дел од времето забременуваат партнерка која не е подготвена на тоа.
    И само во некои поретки случаи, бременоста е последица на тој мал (но возможен) процент на неефикасност на кондомот.
     
    На Angel06, Annath, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Timeless

    Timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    Зошто чудна компарација?
    Ти си офлучила да го абортираш детето без да ну објасниш зошто, но би те чудело ако детето кое си одлучила да го родиш дојде после 50 години и те убие бидејќи според околностите што ги има во животот не може да се грижи за тебе и си му товар?
    Или мајката може да офлучува за животот на детето, но не и обратно?
     
    На Мишел* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Timeless

    Timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    Не се битни правописните грешки, битна е смислата на кажаното.
    И пак ќе повторам - не одлучуваме за сопствено тело туку за нечиј живот.
     
    На Мишел* и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Какви будалаштини ќе прочитам у темава божегосподе, ај под рака со Витали и правец у Полска кај родољубите.
     
    На smooch, CareTee, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  17. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    31.294
    WTF ? :x
    Не ми се верува шо прочитав :drunk:
     
    На mode-kristina, Someonespecial, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.397
    Допаѓања:
    113.342
    Пол:
    Женски
    Џокац кај си ти дали ни се скара и зошто да ;(
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.599
    Допаѓања:
    43.158
    Пол:
    Женски
    Ај не лупај глупости.
    Ти за твоето бебе и твојата матка можеш слободно да одлучуваш и да родиш уште 10 ако сакаш, за мојата матка или на матката на Петкана и за "бебето" кое е во неа, ниту ти, ниту еден маж, ниту еден закон не смее да одлучува.
    Каква глупост кажа со мајката примерот, алал да ти е. Како успеа толку добра споредба да склопиш ете уште не можам да ти се изначудам на паметот.
    Зошто бе ни една не се борите за закон што ќе ги обврзува мажите на вазектомија? Да можат само да имаат секс кога ќе сакаат дете да имаат и толку?
    Оти она за кое вие се борите практично им забранува на жената да има секс, зошто само немањето секс е 100% заштита од бременост, секаква друга заштита може да потфрли.
    Со ваков закон сите раат ќе се.
    Ама не, само зрцето бебе што не е ни бебе уште, е душа, мајката која може ќе си го упропасти животот ради тоа бебе не е душа.
    Лицемери.
     
    На Angel06, Lella, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не е точно.
    Немаш дете, ама дете не е дел од тебе, туку е единка сама за себе која и те како може да биде одгледана од било кој друг ако ти не сакаш.
    Ембрионот е дел од твоето тело и никој нема право да одлучува за твоето тело.
    Да, нема Матка и никогаш нема да биде во состојба да има ембрион во себе.
    Ти може немаш дете денес, ама утре може ќе имаш. За да гледаш дете не ти треба матка, не мора ни да си од женски пол, ама за да останеш бремена и те како ти треба матка.
    Абортусот е прашање на женското здравје, и нема што куп мажи да носат закони кои го ограничуваат правото на здравствена заштита на жените.
    Твојата споредба со "нема што за деца да зборуваш ако немаш" е исто со да кажеш "нема што да имаш мислење за абортусот, ако не ти е моментално потребен"
    Структурно целосно се различни двата става.
     
    На theowndemon, mode-kristina, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.