Зошто ми се обраќаш како јас да ги носам законите? И минатиот пат реков - ако тебе абортусот не ти е морален нека не ти е.Ама ти звучиш како сите ние да мислиме дека абортусот е најубавото нешто на светот.Како да жените што треба да направат абортус, идат со песна на лекар и после слават во кафана.Не бе, Витали, за повеќето жени абортусот не е заебанција како ти што си претставуваш, а особено знаеш колку е тешко за оние кои избираат абротус кај плодови кај кои со сигурност се знае дека ќе се родат со аномалија што нема да им дозволи да поживеат? Затоа викаме дека абортусот понекогаш е неопходен, од милион разни причини и секоја жена има право до пристап до него.Толку.И тежок чекор е, сериозно. Никој не поддржува абортус како контрацепција или мисли дека не е ништо посебно. Таа што не поддржува абортус, не мора да прави доколку се најде во ситуација да треба да избира. Генетика и генетски наследни болести се мнооогу покомплицирани за да се сведат на алкохол и цигари.Не викам дека овие работи немаат удел, но има многу поголеми фактори со кои не си запознаен.
100% заштита не постои - се согласувам, но за сите своите постапки треба да сме оддговорни, а не да бегаме и да убиваме.
Се согласувам, ти за твоите биди одговорна јас за моите важи? Гледај си ја твојата матка оти твојата бременост е твоја сакана последица на секс, а мојот или било чив абортус е наша одлука.
@Vitaly Кога ќе имаш матка можеш да збореш. Зошто? Оти не можеш ни да замислиш колку е мачен процесот на носење 9 месеци, раѓање, потоа издржување итн. Пред да обвинуваш жени кои што се одлучиле на абортус, небаре е најголем грев, размисли. Оти немаат сите такви луксузи од било која точка да раѓаат деца. А, има една поговорка нешто у стил „луѓе сме, грешки правеме“. Не е исто да родиш дете кое не го сакаш и да го дадеш на посвојување, а друго е да купеш блуска пет броја поголема па да ја продадеш. Може сме заостаната земја, ама најдобриот закон во Македонија последно време е тоа што е легализиран абортусот.
убиство мн. убиства Вид збор: Именка, среден род Ранг: 2991 1. Насилно лишување од живот. Англиски: murder Албански: ПравдаПримери: обид за убиство Изврши убиство. абортус мн. абортуси Вид збор: Именка, машки род Ранг: 11897 Предвремен прекин на бременост. Латински: abortus Англиски: abortion Употреба: Медицина ембрион мн. ембриони Вид збор: Именка, машки род Ранг: 18105 1. Зачеток на човек или на животно во почетниот стадуим на развитокот. Англиски: embryo Албански: Медицина Слично со: зачеток (м.)
Бременоста не е болест. Сите животинки во природата функционираат најнормално кога се бремени, освен човекот последниов век. Бременоста не е болест, и не треба да се трерира како болест. И тоа со матката престанете веќе матка па матка. Не дискутирам за матка туку за бебе кое настанало во стомакот на една жена со помош на маж. Не го направила таа сама. Ако никој не подржува абортус како контрацепција зошто протестираат? Абортусот е легален доколку жената е силувана, бебето е производ на инцест, има аномалии или животот на мајката е во опасност. Што повеќе? Инаку генетските наследни болести се производ на човековото невнимание и негрижа. Тоа што е многу покомплицирано нетреба да не охрабрува да пушиме и пиеме алкохол. Не и обрнувај внимание. Ти кажува за правопис а и самата користи латиница а се општи на македонски. Осеќаите на жената не се изговор за да абортира и да му го скати животот на бебето. Бременоста не е болест. Ќе го носи и тоа не е проблем. И вас ве носеле и вие ќе носите, по уабетов не верувам ама и подобро. Тешко на тие деца. Се случува спонтан поради негрижа, водеже нездрав живот и слично. Тоа што абортусот се случува така спонтано и природно нетреба да ни е изговор дека треба да се легализира и дека тие клетки не треба да ги сетаме како зачеток на еден човек. Боње спречити него лечити. Но спречи да не дојде до несакана бременост, тоа е пречувањето во ситуациава, а не абортус.
А ако некоја падне по скали и има спонтан што правиме? Ќе ја тужиш за убиство од небрежност? Викате може абортус ако е силување, инцест или има аномалии. Зошто? Што е разликата? Нели е исто живот за кој што вие сте презагрижени? Ај синхронизирајте се прво самите со себе, пред да се дрзнувате да уништувате туѓи животи.
Па тоа е тоа. Значи пукнал кондомот па ајде абортус. А кај гледал тој торко што го пикал братму? Мора ли до крај да го истури во партнерката? Значи какви површни нешто говорите, а возрасни луѓе. И не реков дека ништо чија е матката а чиј е пенисот. Матката буквално може да си ја извадиш никој ништо нема да ти рече. Се работи за бебе, кое се раѓа и расте во човек, како нас исто. Матката не се раѓа туку бебе се раѓа, не дискутираме за матка незнам што мантрате упорно. Не одлучувате вие саите што ќе расте бидејќи тоа во стомакот има и татко. Само ќе одлучувале... А што дојде до развод очи ќе ископаат алиентација да плаќал, тогаш и он треба да учествува а за абортус саите ќе одлучувале. Хахх..
Не ме разбираш а немам време да објаснувам, нема врска, остани поздравен.И не охрабрувам, за последната реченица.
Ах, пак имало дискусија со Витали интересно.. Во врска со темава, тотална глупост е ова на Полска, со кое право одлучуваат за правото на жената, што сака тоа ќе си прави. Нејзино тело, нејзин избор. Едно прашање, мислам дека тука прочитав дека ако се во брак треба согласност од сопругот. Што ако и мажот и жената не го сакаат плодот и сакаат абортус? И тогаш ли нема да смее да абортира?
Тоа е несреќен случај не мешај баби и жаби. Не дека сум за абортус и во такви ситуации туку сакам да кажам дека има доволно причини за да не се бара преку леб погача. Да не се бара абортус од причина бидејќи жената така сака и поради нејзино невнимание.
Македонија е протекторат на незнам кого, Полска е протекторат на католичката црква. Да не беше Јован Павле селебрити, може друго ќе беше. Небитно. Во последните 10 години многумина Пољаци се оддалечуваат од црквата, затоа е ова насилно натурање на вољата на една институција која слабее. Ако недајбоже ги попушти уздите, сите може усвет да фатат, па за кого ќе биде црква ако нема кому да проповеда морал. Власта верувам ја избрале како и во мк, династијата Качински 20 години ја владее Полска како што ќе им текне. Во ковид правеа избори, избраа претседател со 51 посто, колкумина воопшто гласале можам да претпоставам. Така што не ми објаснувај за политичкиот благодет во од бога избраната земја. Друго, што имате да кажете на клаузулата дека и оштетен плод не смее да се абортира, ако постои можност да се роди жив? Требало да го родат и да го крстат детето, за да можеле да го погребат крстено Жена, мајка, психа, шо е тоа битно...
Za nechij zhivot stanuva zbor koga bebeto ima razvieni organi od 3 mesec natamu Zatoa i do 3 mesec se pravi abortus Inaku toa se grupa kletki od koi potoa se razviva bebe. Znachi kletki se
Витали ти дете уште си на форумов? Те игнорирав па заборавив дека постои некој што е толку индиферентен кон другите луѓе, што отворив што се запустив. Да ти објаснам нешто како на дете оти како возрасни ние ти објаснуваме што значи забрана, ама ти не сфаќаш и лупаш глупости. Ако на некоја жена и е најголема желба и остварување во животот да биде мајка може слободно да има бебе никој не и забранува, ама на некоја жена ако најголема желба и е да има пример кариера која и го одзема сето време на светот, бебето не и е ни на крај памет и таа е најсреќна што може да биде сега без бебе, ама ете контрацепцијата потфрлила и таа е бремена и светот и се руши оти не сакала бебе, нејзе законот и забранува да го абортира тоа бебе оти не ги исполнува условите за абортус, таа мора по секоја цена да си ја уништи среќата оти ете едноставно имала секс. Која про лајф парола е ова, спасуважш живот за да уништиш живот, спасуваш ембрион без чувства, мисли, спомени, а уништуваш живот со сето ова. Лицемери и садисти. И не велам дека само ако имаш матка имаш право на одлука, туку велам дека за се што е внатре во моето тело одлучувам јас и само јас и тука нема место за дискусија.
Аха, значи смеам да си ја извадам матката. А место абортус, да си ја извадам матката со се детето и да му ги дадам на таткото? Таман јас закон запазувам, он дете ќе си чува.
А знаеш ли дека уште од 5 недела (т.е. прва недела од задоцнување на менструација) има срцева реакција? Или и тогаш не е дефинирано и не знаеме што уствари убиваме? Т.е. клетки убиваме само? Човек со физички деформитети на телото не е баш целосно сметан за човек?
А човек со мозочна смрт е жив или мртов? Оти срцето му работи... Кога више споредуете ембрион со човек де...
Секој треба да има право да си одлучува за своето тело. Ако ти го сметаш за убивање, што ти е грижа, не го носиш ти на совест? Или ти ги носиш на совест сите убиени? Тоа не претставува убиство, само прекин. Сметам дека психички здрави лица, доколку знаат околината во која живеат или доколку не можат да му ги обезбедат примарните потреби на тоа дете, би прекинале со бременоста. Колку деца гледаш по улици? Колку бебиња гледаш во рацете на просјаци? Тие бебиња умираат, од глад и од жед, од немање услови. Голем дел од тие жени се пораѓаат на улица, сечат папочна врвца со што стигне, добиваат сепса и умираат и мајката и детето. Тоа го сметаш ли за убиство? Земав најрадикален пример. Но, ете постојат и психички нестабилни лица, со различни ментални растројства ( биполарни, депресивни, социопати и ред други дури и потешки болести) кои не се сметаат дека се способни да одгледаат дете. Абортусот не претставува контрацепција и ниедна жена не го користи како така. Дали два абортуса можеш да направиш во животот, а да не останеш со стерилитет. Ретки се компликациите кај легалните абортуси, но далеку почести кај илегалните. Таа жена ги прифаќа можните компликациите, само за тоа дете понатаму да не страда.
Ај трк тогаш вазектомија да ти направат, за да нема ништо оставено на случајност. Важи, ќе го прашаме Виталко од ФЕМИНА форум дали е проблем. Срцка си колку мислиш дека си битен, па следен пат и за секс дозвола луѓево ќе ти бараат. Уживај. Фактот дека не можеш да ја спречиш гласноста на жените кои си ги бараат своите права, е доволен. Поздрав и убава вечер.
Леле аман не забегувајте. Толку е тешко секој да си го гледа своето, и да не се меша во туѓите животи, маси, проблеми, можности, капацитети...Како мое родено или неродено дете, здраво или болно, вакво или онакво, вас ве засега?