Е сметан за човек ама каков живот ќе има тоа никој не може да знае и дали ќе го сака тој живот. Мајката сама знае дали е спремна на тоа да одгледува дете со деформитет и никој не смее да ја обвини ако не сака да го прави тоа, посебно не некок што ниту ќе дава пари за тоа дете, ниту ќе го чува, ниту ќе го храни, бања, носи во школо, теши кога ќе го исмејуваат, кога можеби нема да има партнер, другари и сл. Не велам дека треба да е така ама веројатноста дека ќе е такс е голема за жал и никоја личност не треба д биде принудена на таа болка.
Значи ако е ембрион тогаш е помалку од човек, да се тешиме дека само Х грама клетки вадиме и нема ништо лошо.
А ти теши се дека животот на жената е побитен од животот на ембрион, оти тоа е ембрион не е човек. Аман сфатете дека не секому му е најголемо животно остварување да биде мајка.
Секоја жена која има плод во себе има избор. А, државата може да овозможи соодветни улсови ако изборот е абортус. Ако не се легализира абортусот жените пак ќе абортираат, но кој знае во какви услови. А, ние сме никој и ништо да кажуваме дали некоја да абортира или не.
Дефинитивно и одговара на црквата ова и дефинитивно таа црква има многу следбеници. Ама мислам не е баш единствена причина. Само им доаѓа како win-win. Качински, како и секој политичар, ептен се засекира за црква, морал, вредности и што ти знам. Единствено се секираат за власт. Полска има исто масовен одлив на популација и работна сила. Мора да се надохнади тоа од некаде. Не му одговара да се досели некој од странство, како ќе го тера да го гласаат кога пропагира националност и религија? Затоа му требаат нови луѓе да ги задои со тие убедувања.
Ако убиец е човек кој е одговорен за умирање на кластер клетки дали си и ти тоа? Пошто кога вака ве читам ми умреа сигнификантен број од невроните, а способни си беа пустите за правилни когнитивни функции. Не лепам етикета, чисто ме интересира да знам.
Прееска одљупив парче кожа од раката откако се акнав случајно. Дали сум убиец пошто отстранив клетки од себе?
Тоа што има срцева реакција воопшто не значи дека е оформено, туку само има зачеток на примитивна циркулација. Куп од клетки ми е грдо да кажам, ама факт е дека не можеш да го израмниш ембрионот со равиен возрасен човек кој живее надвор од матката. Мислам стварно не разбирам од каде споредбава со човек со физички деформитет.
Полска пука по шавови. Земјоделците, значи тие што би требало да бидат најконзервативни, се придружуваат на протест против фамозната законска рамка за абортус. Не дека ги занима абортус туку затоашто преку такво им е од одлуките на власта. Па сега видете... https://notesfrompoland.com/2020/10...show-support-for-abortion-protests-in-poland/
Поентата ми е да дека абортусот е убиство со намера, без разлика дали е на 6 неделна бременост или било кој стадиум од истата.
Не е убиство затоа што ембрионот не е независна единка. Без матката од мајката не може да преживее. Затоа се разликува чедоморство од абортус. Биологија си учела? Изгледа не. Со мое тело нема кој да ми кажува што да правам. Кога не е дел од моето тело, тогаш може да зборуваме за "одржување на тој живот".
Кој рече дозвола да барате од мене? Ти тачна ли си што викаат кумановци? Дискутираме за сегашната ситуација за законот за абортус во Полска. Никаде не пишав дека треба оја или нечија дозвола не се глупирај. Иначе само ти ако ми правиш вазектомија, кај други не идам пошто гледа од се знаеш и се разбираш.
Добро бе како ви е полошо абортус од раѓање дете и тоа дете да нема никаков живот? Да се храни еднаш на неколку дена, да нема услови за хигиена, да живее по улици? Како ви е подобро дете да е дадено во дом, дете кое можеби никогаш нема да биде посвоено? Како ви е сеедно дали мајката ќе има услов да го расте тоа дете? Прашање до @Vitaly : Што ако жена има незаштитен секс со маж со кој сака да има деца и иднина, АМА дознава дека мажот ја изневерува, се разделуваат, а таа трудна. Нема финансиска стабилност и свој дом, а и не се чувствува спремна да расте дете сама т.е да е самохрана мајка. Ја осудуваш што сака да абортира? Прашање до @Timeless : Ако жената на пораѓај се бори за живот и треба да се одлучи кој живот да се спаси: на мајката или на бебето. Што мислиш дека е исправно?
Масовните протести во Полска не се за да си се е*аваат жените со кој ќе стигнат и да си абортираат без гајле зошто се неморални. Протестите се затоа што гледано низ историјата секогаш се почнува со забрана на абортус, се продолжува со укинување на други права на жените како гласање, образование итн а води кон тоа да се потчини жената. Не е забраната за абортус водена од мисла на родољубие, моралност и не знам ти што туку е донесен за потполно потчинување на жената и да се врати времето кога татковците си ги продаваа 10 годишните ќерки на 40 годишни чичиња, законот е за враќање на патријархатот на голема врата, тотално минизирање на жената во општеството а со тоа и педофилијата, така да носачите на тие закони се носени од педофили кои се маскираат како големи верници и заштитници на моралот.
@Vitaly душа има само плод на скинат кондом, а плод на инцест или силување нема душа? Чии чувства се запазуваат во вториот случај? Зошто и нив да не им се дае шанса?
Девојки, попусто се мачиме тука да објаснуваме на некој што е со закоравени сфаќања. Ништо не можеме да му докажеме, гледате и сами. Да го оставиме него со неговите ' морални' вредности, а ние да си продолжиме нормално да дискутираме.
Тоа што се случува во Полска е само израз на моќ и очаен обид да ја задржат таа моќ, ама не ќе да им пројде. Ги заболе нив за верата, само алатка им е. Како во среден век што ја користеле за манипулација на народ, епа таму се останати изгледа.