Власта не е крива... народот им е религиозен. Ако немале поддршка, немало да изгласаат толку ригорозен закон. Католици се. Католицизмот е против абортус, во секоја форма. There are 33 million Catholics (the data includes the number of infants baptized). The primate of the Church is Wojciech Polak, Archbishop of Gniezno. According to 2015 demographics, 92.9% of Poland's population is Roman Catholic.
Алатка за манипулирање им е. Народот им е религиозен, а не се верници. Да прочитале малце од религијата, ќе знаеле дека верник од било која речигија не си дозволува да суди на други. Зошто тоа во сите религии е рамнење со Бог. Лично познавам луѓе кои се стварно верници, и ниту еден не ни размислував на тема дали да е забранет абортус. Ова е испран мозок. Слушаш @Vitaly многу нехристијански од вас е ова
Не знам зошто мене ми објаснуваш? Агностик сум. Католиците се многу поригорозни во однос на абортус, развод, традиционално семејство. А Полска е најрелигиозна во Европа. Едит: Исланд е најмалку религиозна - рендом инфо
Абе не ти се објаснувам, не сум верник. Ти кажувам дека не е ствар на вера или религија. Ствар на моќ е. И политика.
Е ствар на религија. И тоа како. Ако беше либерален народот, либерали ќе изгласаа, немаше и левите да им бидат десни.
Кои сме ние да кажуваме, некоја што да прави со сопственото тело? Кому штети? Напротив, свесна е дека не може да му пружи на тоа дете достоен живот, каков што заслужува. Секако е подобро да не дојде до тоа, но има разни фактори кои можат да предизвикаат непланирана бременост. Мое тело, мој избор, мој живот!!!
Народот е глуп, ко секој народ секаде. И секаде народ лесно се манипулира, на овој или оној начин. Статистички многу мал процент од луѓето се разумни во еден народ. Овие нашле што упалило кај тој народ.
Епа то е... Зошто не гласам никогаш за конзервативни партии? Оти не верувам во нивната идеологија. И не сакам да ми кажуваат со кого-како да живеам, како и со кого да имам секс и други такви глупости
Ова е твојот емповеринг спич за денес? Жените се криви што се родиле во Полска? Прочитај малку за Полска моментално пред да почнеш да даваш рандом оценки. Или мене прочитај ме, доволно објаснив. Фертилити рејт 1.2 пред 5 години https://eacea.ec.europa.eu/national...aphic-situation-languages-and-religions-56_en Ама не, во пештера живеат и се котат како зајаци Како минува време во ,,демократија,, се потеократска станува. Абе златен комунизам.
Не се жените 'криви што се родиле во Полска', туку што поддржуваат догма која им го рестиктира правото на одлучување.
Па викаш дека е најрелигиозна земја и сама си го барала,па те прашав дали од искуство некое или онака?
92% во Полска не се како Витали. Да беа, немаше да имаат вакви масовни протести. Ама тие радо би сакале 92% од нив да се такви. Затоа тука настапува религијата. Како најубава алатка за контрола на народ, па масовно ја пропагираат. Очајни последни обиди да задржат власт. Да беа 92% Амиши, освен забрана за абортус ќе пропагираа да живеат без технологија, ако тоа им иде во прилог да ја задржат власта. Други не баш религиозни власти имаат пропагирано и бетер закони од ова, значи не е само религија. Тоа е одлика на сите тие десничарски влади кои сакаат да присвојат апсолутна власт - националност, религија, патријархија.
Какво искуство? Не сфаќам? Не сум религиозна. Абе Курц го изгласаа. Јасен и гласен беше за својата идеологија. Не гледаа за кого гласаат?
Не туку со напад на оние кои го донесле на власт оној кој ќе ги опресира. Тие што протестираат и разбираат зошто не е во ред законот, тие се ранливите. Нив им давам целосна поддршка. Ама за промени, треба и државниот мајндсет да им се смени... односно, мнозинството да се либерални, за да имаат либерална земја. Проста математика