Вајлд, од една страна промовираш граѓанска непослушност затоа што на сите ние јасно дека во недемократска држава не може да се избере демократска власт од друга страна, кај што се случува граѓанска непослушност, истата ја критикувааш затоа што требале да станат лиебрални и либерално да изберат власт. Ај одлучи се!!! Женските протести се најверојатно најдоброто нешто што и се случило на Полска во последните години и се баш тоа што цело време го бараш од сите да го напарават. Секоја поддршка, искрено, нека ги запалат. Нели ова го бараше:
Па тоа истото и во мк може да се случи. Не ме занимаат кој како се декларира, очигледно со 20 посто поддршка и влада се праи, и име се менува, чисто случајно се зафатени со други интереси па не им текнало да регулираат абортус како што ќе му се сони на Реизот или Господинот. И што да речам, така ви треба?
Не ги критикувам тие кои протестираат. Ги критикувам оние кои го поддржале системот кој сега ги опресира.
Јас ќе пишам општо мислење на темава зошто ми е мака да одам во детали секој месец на темава. Ембрионот не е бебе туку збир на клетки и има многу дур се оформи во бебе, па да се роди, па да е живо. Абортусот се прај на почеток кога "ништо" не се дешава после. Покасниот абортус е секогаш по строго регулиран и со добра причина, ради развојот на плодот. Заклучокот од ова параграфче е: не можи да убиеш нешто шо не е живо. Следно, домовите се преполни со деца. Деца кои никогаш не се земани. Ако детето е несакано ќе се случат една од две опции: ќе биди оставено во дом каде да, многу деца се земани ама уште толку многу остануваат до 18та година во институции или ако родителите го задржат несаканото дете, ќе се однесуваат лошо со тоа несакано дете шо би било 100 пати полошо за него. Абортусот е безболен за, не бебето, збирот на клетки. Последиците по менталното здравје од после се трајни и ќе ги влечи цел живот доколку би се родило. Заклучок од овој параграф е: грижете се за живите луѓе и животот кој ќе го живеат зошто вака испаѓа заеби живите, ама тие неродените ... Поважни! Чим се родат фрли на милост и немилост на суровоста на светот. Ако абортусот не е легален, во опасност ќе се носат животи зошто секогаш ќе биди тука на црно. Ако сме човекуљуби, ќе се грижиме за безбедноста на луѓето. Заклучок: абортус секогаш ќе постои вака или така, со тоа што е легален се гарантира дека е безбеден и не се носи живот во опасност. Дали некој е про живот или про чоис е личен избор. И секој треба да го прави за себе. Огромен дел од жените кои се про чоис не би абортирале од низа причини ама, сакаат да имаат избор и сакаат нивните ближни да имаат избор. Пошто несакана бременост и несакано дете е огромен терет по менталното здравје. И то е целта, да се има избор и притоа тој избор да е безбеден. Пошто ако е нелегален абортусот пак ќе го има. Само нема да е безбеден. Про лајф секогаш можат да ја носат одлуката да родат оти тоа им е верување. Про чоис се едноставно за избор, а тој избор вклучува и раѓање на детето, не само абортирање на детето. Заклучок од тука би бил: дека не е целта на легализација на абортус како заговор против деца, туку имање избор. Не мислам дека има една жена на планетава која несакано со ќеф затруднува па после со ќеф да абортира. Трауматично е, болно е и нема жена шо би сакала да помини низ ова. Као, радо не би затруднале ама се случват грешки и се комплицираат ситуации, луѓе сме. И на тој личен притисок и траума сега додајте осуда од општеството и згора на тоа да мора да се абортира на диво кај шо се става нејзин живот во опасност. Грижете се за веќе родените луѓе. Последиците по нивниот живот се многу поголеми. Заклучок тука е: никој не затруднува од аздис и користи абортус како контрацепција зошто нема жена која со ќеф би абортирала колку и да не го сака тоа дете. Сите абортираат од потреба и многу често со тешко срце. И многу често е вистинскиот избор, и место да им се става нахнаден притисок, треба да им се даде поддршка за тоа како во организираат својот живот. Заклучок: мајката е родена и живее и има развиен психолошки профил и живот. Фетусот е збир на клетки со потенцијал да биди нешто живо. Ама не е. Ни живо, ни родено. Нема развиен психолошки профил и живот. Со вакви мерки повредувате родено, живо суштество на сметка на нешто не родено и само потенцијално. И многу често како аргумент за "ако не е живо тогаш--" се користи тоа дека жени кои ги губат бебињата во спонтан во покасни месеци страдаат, а го забораваат фактот дека приспап кон сакано дете е различен. Саканото дете е очекувано и боли штом го снема. Саканото дете добива име пред да се роди и добива идеализација на тоа какво дете е. Многу луѓе кои сакаат да се родители го прават ова уште пред да зачнат, ама тогаш ни фетус нема. Зато и поќе боли. Со Криси мислам беше претходен месец ваква ситуација. Таа е про чоис, али сака дете нели и во касни месеци имаше спонтан или мртвородено дете, не се инвестирав во приказната. Шо ме погоди беа коментарите. Ако пола беа со сочувство за болката, пола беа осуди и ситење дека го изгуби тоа што го сака и зошто ја болело, про чоис е. Г а д н о. И за крај, ако сте про лајф до крај и покрај вакви констатации ме интересира: Како ќе направите родителот да си го сака непланираното, несакано дете? Оти ете ќе го роди ама ќе го малтретира, ќе проектира на него, ќе биди лош родител. Абортусот безболен, ама чим се роди и е малтретирано тука веќе има жртва. Која можеше да се спречи. Како ќе обезбедите повеќе луѓе да посвојуваат деца, а не само да живеат на милост и немилост на институциите? Не е живот тоа, преживување е. И вервајте, имам видено. Како за про чоис човек јас многу сакам деца и се грижам за нивното ментално здравје и главен фокус на професионален живот ми е заштита на децата и нивниот психолошки живот. И зато сум про чоис. Зошто фетус нема ментално здравје. Фетус не е жив. Ама живите деца страдаат. Боли да трчкаат сите и да те прашват дали му си мама и дали дома ќе ги земиш. Боли ко ќе наполнат 4 и гледаш како ги пуштат Скопје јер одраснале и знајш дека од Скопје на крај се заглавени во институции до 18. И знајш колкав ментален терет е се ова и колку уствари се важни првите години од развојот на детето. Немам дочитано темата, ќе ја дочитам од кога ќе пуштам мислењето али некој спомна дека родител можи да си убие дете, ама не и дете родител. Не е точно. Не е точно зошто во абортус не се "убива" дете. Се чистат збир на клетки. Штом се роди тој фетус, и е жив, еве, нека проба родител да го убие. Тука веќе збораме за живо суштество. Исто како и шо родителот е веќе живо суштество. Законот е на страната на живите суштества, родените зошто веќе се тука и ако не ги штитиме нив, зошто воопшто се залагаме за неродените? За да се родат и да има поќе суштества за кои нема да се грижиме и нема да ни е гајле? И за крај, не можиш да натераш некој да сака нешто со сила. Секогаш ќе биди со сила. Не можиш да речиш дека "не треба да стигни до абортус" оти секој човек го знај то. Ама се случват грешки. До абортус ретко иди намерно, секогаш е несакана грешка. Thank you for listening to my TEDtalks.
Сета моја почит што сум ја имала према тебе и сум те давала за пример низ други теми умре со оваа твоја изјава. И не само ти, секој што жена и сама си го барала ќе ми спои во иста реченица. Илјадници жени се колатерална штета на валкани политички игри, билдање други интереси и хипокризија за морални вредности на тие што живеат во најголем разврат и без проблем би однеле жена што ја оставиле бремена да абортира а не им е сопруга. Завршувам со дискусија овде, срамно и жално е ова што го истреска.
Се колатерална штета. Како што секоја погубна политика прави колатерална штета. И тоа треба на сите да ни е јасно. И сите да сме свесни дека нашите одлуки, може некого да чинат здравје и живот. А не себично да се форсираат политики кои се мајка за едни, а макеа за други. Мора да се има емпатија за луѓето околу нас, ако сакаме здрави општества. Кај нас на колку нивоа има колатерална штета? Истото е секаде. Луѓе себични... политики себични... општества себични.
Колку контрола имаме ние во државата наша само со гласање? Со одлуки кои се носат, а не биле во програма? Затоа и постои граѓанска непослушност. Кога власта не ја користи моќта која му ја даваме на соодветен начин. Резултат на тоа се протестите во Полска. Значи народот се буни. Толку масивни, толку гласни, секоја им чест. И место тоа, викаш си го барале. Природно е некој да помисли "јер се родиле таму" на таква изјава, исто така да претпоставиме дека тие гласале за ова. Можи не гласале за него или воопшто, можи има во поголема или помала доза местени избори, како сегде. Така да ако ме прашаш, иако збораш за емпатија, се шо читав последниве страни е далеку од емпатично. Не можи да си го бараат ова само зошто Полска е високо религиозна земја. Ни пак зошто населението е доминантно конзервативно. Тоа не значи дека сега жените не можат да се бунат за ова шо е погубно за нив, или поболната искористена реченица: "си го барале". Никој не си барал ваква ситуација. Ама ете ја добиле. И шо сега е прашањето?
Јас сум против секаков абортус. Со тоа што кажав дека абортусот во Полска е легален доколку бебето е производ на инцест, силување, или животот на мајката е во опасност или пак бебето иа аномалии сакав да кажа дека нема потреба за повеќе да се бара. Тоа е задоволувачки и за едната и за другата страна.
А како е задоволувачки да не сакаш бебе, а да си приморана да родиш и тоа да не биде сакано и чувано како што треба? Тоа за кого е задоволувачки? Освен за тебе...
Доколку човек живее морално, човечки, како битие погоре од сите други на Земјата, без притоа да се спушта на ниво подоле од останатите живи суштества, не би дошло до несакана бременост.. Проблемот е во системот.
Проблемот во системот е што најчесто го водат луѓе со мали патлачиња, а големи ега. Проблемот во народот со мали патлачиња, а големи ега, е тоа што верува на овие првиве дека се некакви ми ти родољуби, а истите измислуваат бесмислени закони дур оргијаат во џакузи на Санторини.
Тие закони функционирале така со години и денес последниве 50 години се појавуваат развратници и велат тоа не е ок? Како може да е ок а очигледно е дека човештвото оди кон самоуништување и пропаст? Нема логика. Како порано межеле повеќето да живеат скромно и морално а денес не? Не, се зезам.
Јок Вајлд. Тоа можеш и кај нас да преведеш. Никој не гласа ни за едните ни за другите (ок, скоро никој, сигурно постои бар некој) заради идеологија, секогаш е тоа низ призма на некаква ветена стабилност, е сега што низ призма на таа стабилност пикаат помали и поголеми срања, тоа е веќе политиката. Ги заболе политичарите во Полска или кај било, за религија и морал, други математики се во прашање. Кого сакаш гласај, кога живееш во срање држава, тешко дека имаш ИЗБОР несрање партија да гласаш. Така што, не си барале сами, да си барале сами немаше да го има протестов што го има.