Не по мене и според мене. Морално и скромно живеење не се толкува на различни начини. Мислам дека знаеш што е морал така да ај да не ја полниме темава со офтопик мислења. Историјата кажува се. До само пред 50 години во повеќето земји сатанизам, содомии и различни развратнички дејствија биле или строго осудувани или на смрт. Денес тоа се нарекува личен избор.
Да да, затоа сифилис најраширен бил во среден век кога црквата владеела практично. Ти викам јас лажен морал се продава, ама ти не сакаш да видиш. И тоа од институција што има широко распространета педофилија внатре. И јас сум многу против педофилија, ама еве не гледам дека некогаш биле казнети.
Ми умреа мозочните клетки читајќи го детево. Сериозно не вреди веќе ни да му се цитираат мислења ни да се дискутира со него. Не знам зошто уште му е достапен пристап на форумов, сериозно не знам. Арно кажа некоја членка погоре, мали к*риња, големи ега се во прашање, си ја пренасочуваат сексуалната фрустрација и немоќ врз жените.
Нема потреба црквата да царува и владее за народот биде против сатанизам, содомии и секакви развратнички актови. Секој нормален и разумен би требало да биде против. А гледам инаку денес колку не се распространети болестите. Мешаш баби и жаби. Мисла знаеш дека сифилис не се пренесува само преку сексуален чин нели? Плус тоа највеќе страдале од сифилис французите. Сите знаеме за нивните навики и хигиена во тоа време. За убав ден да имаш за тоа пишува сеуште. Поздрав. Ti prakjam guski..
ако си доволно упорна ќе те блокира и нема ни да ти враќа. Тама мене ме има блокирано. Ако не блокира сите по ред ќе нема со кого да пишува Чепни го за рамна Земја, тоа слаба страна му е
Порано имале по 6-7 деца (жити моралот) и тоа на рана возраст и тоа децата биле приморани да работат уште додека се деца. Постари лица што познавам сите биле по минимум 4 деца. Значи морал е со секоја трудноќа да мораш да родиш и да ги наклепаш едно десетина.
Па зашто закон ондак за да се регулира абортус. Остајте на совеста на народот. Нешо педофолијава не ја спомна.
Совеста сама од себе не доаѓа. Со анархија и пропагирање деструкција не се создава народ со морални вредности. Затоа и постојат проблемите денес. Не велам дека е сјајно тоа што се прави. Од една страна се забранува абортус а од друга пропагираат деструкција и го учат народот на се и сешто. Просто кажано го учат народот на нешта кои подоцна му ги забрануваат. И тоа е дел од политичка игра. Бидејќи ако власта нема опозиција нема да опстои.
Не ги заболе идеологијата, ја користат црквата како алатка, оти народот верува во нејзе. Тоа што му е поблиску на народот, тоа поддржува... исто како и кај нас, и било каде во светот. Политичарите излегуваат од народот. Трамп како е на власт? Не можам да разберам, жена, или афро-американец, или работник да гласа за Трамп... Ама гласаат, нели? Па ќе “фаќа пи*иња“ после... оти да не?... му се можи.
На власт е Трамп оти французиве не можеа подобар противник да му најдат. Или не беше Трамп француски претседател? Ко Заев што е на власт оти опозицијата не можеше поарен противник да најде, Мицко 2 грама ги нема... Да имаше ВМРО подобар кандидат, жими пи*кава Заев ќе беше на власт.
517 гласа, скоро 30% има темава кои се против абортус. Со оглед дека грото на фемина се жени, ние имаме проблем со самите себе како пол. Епа драги жени кои сте против, ако сакате раѓајте. Но, тоа останува целосно право на жената како индивидуа. Не е бебе, не е човек, за да се декларира како убиство. Туку оплодена јајце клетка, ембрион, you name it. Барем задржете си ги ставовите за себе, затоа што, еден од најтешките моменти со кој се соочува една жена е токму абортусот. Таа жена не е убиец, туку свесна индвидуа која решила да не го продолжи развојот на тој ембрион поради причини со цврст темел.
Знаеш, исто така порано функционирало и тоа жената да се продаде за 3 коња. Тоа си се сметало за нормално и така луѓето си живееле мирно, скромно и морално без една ќерка, со плус 3 коња. Порано ќе ја запалеле комшиката жива оти била црвенокоса вештерка и сите ќе си продолжеле да си живеат мирно, скромно и морално. Ех порано... Ќе си го даеле седмото дете на богати, за мазга. И сите мирни, скромни и среќни. И морални. Општествата се менуваат, унапредуваат и прилагодуваат на моменталните потреби. И тоа порано што било нормално, не мора по секоја цена да е и денес. Посебно не по здравјето и правото на избор на жената.
Вајлд, политичарите не стануваат политичари од алтруистички побуди. Ниту луѓето гласаат од идеолошки побуди. Ангела од Кроејша арно објасни со нашиве, Заев го гласаа и луѓе кои беа и се против промена на име, па бојкотираа референдум, тоа што го гласале не значи и не мора да значи дека се согласни со секоја одлука на неговата влада. Остај ти најрелигиозна држава, да направат еден попис овде не сме далеку од нив, ама декларативно, жими ја што сме иначе религиозни и што религија ни' игра улога на избори. Ќе да е нешто друго во прашање.
Ве замолувам да се придржувате на темата. Ќе следуваат банови за понатамошни оф топици, ширење говор на омраза и провокации.
Здраво, во понеделник ќе одам во чаир да се договорам за абортус. Може ли да ми кажете искуства и препораки за доктор, како се одвива таа интервенција и што следи наредните 2-3 дена после тоа?
@Vitaly Колку што те разбрав, имаш најдено решение за инфертилитет и генетски абнормалности, биле производ на лошиот начин на живот. Нобелова награда? Или да си одиш од темава зашто е срамота. Ти не си у состојба да даваш суд за абортус зашто бременост не можеш да искусиш, тоа што можеш да го направиш е: пред да имаш секс да ја прашаш партнерката "што би направила доколку и покрај кондом+антибеби пилули остане бремена?" И ако ти каже дека би абортирала, ЕДНОСТАВНО ДА НЕМАШ СЕКС СО НЕА. Ете тоа дечко е у твоја моќ! Другото не е. Друго што не можам да разберам е зашто се споредуваат сиромашни деца, деца од домови, малтретирани деца, со абортирани ембриони. Овие првиве не треба да се аргумент за да натерате некого да го смени мислењето а е "против" абортус. /Против е во наводници затоа што додека законот кај нас гласи жената може да абортира по своја одлука до одредената недела, кој го шиша тој што е "против"/ А животот на децата што ги спомнувате а имале помалку среќа да се родат во околности во кои сте родени вие, е исто важен како и на останатите. Така што Да, многу деца не се никогаш посвоени, дел растат во сиромаштија, ама тоа не треба да се става во контекст на абортус, а со тоа да се мери вредноста на нивниот живот. Среќни, високо функционални и здрави индивидуи излегле и од домови за напуштени деца, од насилни семејства и од сиромашни семејства. Дискусијата за абортус треба да се држи до фазата на ембрион.
Не сум за абортус. Абортусот значи убивање. Свесно убивање. Дури и кога би ми бил животот во опасност, не би се решила на ваков чекор.