Јас бев 7 недела и со аспирација абортирав. Процедурата траеше се на се 30 минути и после немаш никакви проблеми, јас истиот ден и на работа бев.
До 6тата гестациска недела(ако менструацијата доцни околу 12-14 дена) бременоста се прекинува со аспирација или „мини абортус“и само у овој случај не се шири грлото на матката, без анестезија, со помош на вакуум. Од 7 - 10 гестациска недела веќе има ширење на грлото на матката, со локална анестезија најчесто и со вакуум Бај д веј најмали са шансите за било какви последици од абортус кога се врши со вакуум У склоп на темата да кажам само дека сум ЗА абортус и дека секој има право на избор со кој после ќе мора да живее!!
Тешко прашање... не би сакала да се најдам во ситуација и да морам да размислувам за абортус. Во случај жената смета дека не е способна да го одгледа тоа дете или пак се работи за икс други причини подобро да направи абортус отколку потоа тоа дете да пати цел живот. Во животот ништо не е црно-бело, ниту пак апсолутно така како што замислуваме или сакаме да веруваме. Многу различни ситуации постојат и нијансите се тие кои не тераат различно да одлучуваме. Не е секој за родител, а да го дадеш на посвојување може да добие прекрасни родители а може и да заглави во системот по домови и како и да е траумата дека било напуштено ќе си ја носи и еден ден само ќе те побара дали од љубопитност дали за да те обвинува ... синџирот продолжува. Не сум ни за тоа само роди го па нека расте во мизерни услови, а ако не си спремен за дете како ќе го воспиташ? А зборот убиство е многу тежок збор и сметам дека не треба дополнително да им се отежнува на оние кои сепак се решиле на тој чекор. Животот е судница, па не знаеш што ќе ти пресуди во иднина. Можеби ке биде глупо од страна - и ке наидам на осудување но јас лично повеке сум за да се забрани секс до 18 год а не абортусот. абортусот на тие години им стана како вадење на заб. Можеби е глупо но самите ние сме сведоци дека почнаа деца од 10-15 години да имаат односи. Не се свесни за последиците, не користат заштита - да не го навредат дечкото нели... Оваа тема, абортусот, сексот итн. сеуште се табу тема а мислам дека не би требало да биде така. Се е до допашно воспитување бре! По школите идеа лекари, гинеколози луѓето сакаа нешто да ни пренесат, да научиме но на тие часови 70% од учениците или не доаѓаа или се кикотеја на предавањата.. нели ние се знаеме кој го ебе оној што се обидува да ни каже нешто, да научиме за наше добро.
јас мислам дека секој има право да одлучи што ќе прави со детето ..дали може да му овозможи услови или не .. така да секој има право на избор,иако би можел да мисли на тоа порано пред да ја направи бељата... п.с. има едно прашање,дали може девојче малолетно да абортира без родител..?
Колку што знам доколку девојката е малолетна, мора да абортира во присуство на родител. Ама не сум баш сигурна, така сум прочитала.
има право жената на избор, ама не на ШТЕТЕН НАЧИН! нека мисли додека го прави а не послем.. затоа што да убиеш И ТОА ТВОЕТО ДЕТЕ Е ГРЕВВВВВВВВВВВВВ :'(
eve i jas ke se nadovrzam na ovaa tema, jas sum golem protivnik na abortuson bez razlika na pricinata. ovaa go veruvav koga imav 18 god. i se uste go veruvam. ima mnogu pricini zosto sum protiv abortusot. prvo grev e da ugasnes necie srce pa makar da toa srce e na fetus. ( ako ne ste znaele crceto na toa malo nerazvieno bebe epocnuva da cuka okolu 5,6 ili najkasno 7 nedela, znaci koga nekoj ke doznae deka e bremena veke taa e okolu 6 nedela a nekogas i 7 nedela, veke na toj fetus site organi se razvieni i se vo funkcija) zatoa pred da odlucis da abortiras prvo odi na 4D eho i posle odluci no koga ke go slusnes srceto odlukata e mnogu teska , veruvam deka ke se premislete. Jas licno imam predavano na ovaa tema na zeni koj veke go imaat napraveno toa, i samo da znaete deka sekoja od niv den denes zali i place za toa sto go imat napraveno, edna od tie zeni e i majka mi. zalno no realno. vikate deka onie devojki koi imale sex a se 18 god. mali se da cuvaat deca toprva treba da ziveat i skolo, se bicnost i toa tolku golema sto treba da ugasnat necie srce,za da tie ziveat. jas bi komentirala na toa vaka, ako ne si spremna da cuvas deca i da se spravas so posledicite koi ke dojdat so sexot pred brak togas zosto i imate sex. ja ne mislam deka sexot treba da bide izvrsen pred brak zasto sexot pred brak e grev pred se a i ne samo toa tuku i devojkite stanuvaat nesigurni i samodoverbata im se rusi. kako i da e nesovetuvajte nekoj da naprave nesto takvo kako abortusot toest da se otkaze od svoeto dete i toa prvo dete za da uziva vo zivotot, zivot so vina, nestabilnost a ponekogas i neplodnost, znam luge oti kap ke kazam sum zborela so mnogu luge. pozdrav do site vie koi sto ste vo dilema i Choose Life [mod-kirilica:i2vogpy5][/mod-kirilica:i2vogpy5]
Јас сум ПРОТИВ абортирање на здраво и право дете. А за абортирање на некое дете кое е психички или физички заостанато, или со некој недостаток сум ЗА, бидејќи понатака само цел живот ќе се мачи. А ако било грешка, не користеле заштита и слично тогаш сум против "родителите" и тие заслужуваат да бидат убиени на некој начин - Исто така, абортирање на здраво и право дете после 3 месец кога веќе почнало да се оформува не поддржувам НИКАКО НИКАКО!
мислам дека веќе имам пишано во темава ама како и да е.. имав една моја другарка девојката абортираше ама во 5ти месец замислете 5ти месец живо дете да убиеш и ден ден се кае и не знам воопшто зошто чекала до тогаш еве сега и ден денес не се опорави така е како изгубена и многу се кае. јас никогаш не сум размислувала за абортус. Останав бремена бидејќи сакав , а и со тој што го сакам и што сум сигурна во него. Можеби немам решено стамбено прашање , живеам кај мајками бидејќи имаме прилично голема куќа и сум сама сестрами не живее во Мак. брат немам. мм нема којзнае колку голема плата и не можам да си дозволам многу луксуз ама затоа го имам најпрекрасното нешто чуството кога нешто ти мрда во стомакот и едвај чекаш да се породиш. Со текот на времето се ке се среди коцките пополека ке се редат. И мајками кога завршуваше факултет јас бев 5то одд. па што. Не сум за абортус во никој случај за се може да се најде начин и решение..
Би сакала и тука да прашам бидеки не добив одговор во другата тема. Здраво, ако може да ми пишете во порака бидеки е многу итно. После колку време од абортус треба да дојди менстурација?Нормално или ..? Ви благодарам.
одприлика месец до месец ипол после абортусот со тоа што крварењето е значително поголемо во однос на нормалното крварење пред абортусот .
Јас никогаш не би абортирала мала душичка која што расте во мене. Ако немам услови би го родила и подобро би го дала на посвојување отколку да го убијам детето кое што е во мојот стомак. Секоја жена има право да одлучува за својата иднина и да си ја планира,некогаш бременоста не е дел од нивните планови,но тоа не е причина за да се скрати животот кој што е во нас. Јас сум против абортус бидејќи ако се сака се се може колку и да е тешко. Мајката е жртва за своите деца, па кажете зарем не вреди да се жртвуваме ако може да се нарече тоа жртва за својот потомок,за да оставиме невина душичка зад нас која што секој пат кога ќе ја погледниме нивната насмевка и мали очиња ќе не исполнува со неизмерна среќа и исполнетост.Таа детска невиност не може да ја замени ништо. Таа празнина што секоја девојка што абортирала ќе ја следи цел живот и ќе ја измачува прашањето дали можело да биди поинаку. Па девојки, жени, идни мајки ако имате желба да абортирате, ве молам прво помислете дали вие би постоеле ако вашата мајка се решила на абортус,дали ќе ги уживавте благодетите на животот и дали вреди да не го гледате вашето дете како расте поради вашата желба за поинаков живот и за поинаква иднина.
а нели ќе ти биде грев да го дадеш на посвојување? така ќе ти биде повеќе мака, а и со која душа би го оставила. мене то ми е поголем грев.
Секако дека би ми било грев и така, јас лично никогаш не би го дала на посвојување,но зборував од општ аспект на работите.Јас лично никогаш не би абортирала,ниту пак дала дете на посвојување колку и да се тешки условите.
Сите пишуваме дека вака или онака ќе направиме, дека нема да абортираме али ова е се додека не се најдеме во таква неизбежна ситуација. Многу е лесно одстрана да кажуваме и да судиме, незнам дали ќе е така да сме ние тие што треба да одлучуваме. Според мене многу, многу поголем грев и поголемо зло е да го дадеш на посвојување одколку да го абортираш зошто во тој случј детето буквално го фрлаш во пропас, не секое дете има среќа да биде посвоено, уште помалку во добро семејство. Што се случува со тие деца после 18 години дали знаете? Да завршуваат на улица домот повеќе не ги штити! Епа сега видете дали е подобро да се абортира навреме или да се фрли детето на милост и немилост, да незнаеш дали е збриенето, дали има јадено, дали има што да облече...
Zdravo mamo! Jas sum tvoeto bebe. Seuste ne me poznavas, zatoa sto sum stara samo nekolku nedeli. Nabrzo ke me zapoznaes ti vetuvam. Zensko sum! Mamo deneska bese mnogu srekna, na site im raskazuvase za mene, imas prekrasna nasmevka. Deneska koga mu kaza na tato deka si bremena ne mi izgledase sreken, mislam deka bese lut, zosto mama? Ne me saka, ne mu e milo kako tebe? Togas on napravi nesto strasno, te udri, te osetiv koga padna, i kako so racete me zastituvase mene, jas sum vo red, ama se plasam za tebe, ti rece prosti mi i kaza deka te saka, no zosto go napravi toa. Ne mi se dopaga toa mama! Uste malku ke mozes da me vidis, stomakot ti e pogolem, gorda si na mene. Deneska bese vo prodavnica i kupuvase za mene mnogu raboti, bese tolku srekna. Isto taka mi peese, imas najubav glas na svetot. Mama mozam da mrdam so racete i nozete! Koga ke gi stavis racete na stomakot me skokotkas, i togas jas mrdam. Se smees. te sakam mamo! Deneska pak dojde tato i pak te udri, rece deka moras da abortiras, i deka ne me saka, me rastazi. No mama sto znaci toa abortiranje? Objasni mi, zosto ne me saka? Ne zboruvas so mene mama, dali e se vo red? Mamo veke ne go dopiras svojot stomak, ne mi pees, ne mi zboruvas nisto, zarem ne me sakas? Jas uste te sakam so seto svoe srce. Mislam deka si tazna! Stara sum 21 nedela, mama zarem ne se gordees so mene? Odime nekade, nekade kade sto nikogas ne sme bile, vozbudena sum, izgleda kako bolnica! Mamo se plasam. Srceto ti cuka prebzo, doktorite zboruvaat so tebe, imam loso pretcuvstvo deka ke se sluci nesto loso. Mnogu, mnogu, mnogu sum uplasena mamo, kazi mi dali me sakas, te molam, te molam! Jas tebe te sakam! Mamooo sto mi pravat? Me boli kazi im da prestanat, te molam mamo pomogni mi, te molam. Ne se sekiraj mamo, sega sum na sigurno, so angelite vo rajot. Mi kazaa sto si napravila, i deka toa se vika abortus! Zosto, zosto? Zosto toa go napravi? Veke ne me sakase? Mama mene mi e mnogu zal, dali nesto loso napraviv? Te sakam, te sakam so seto svoe srce, no zosto me ubi? Sto napraviv, zosto go napravi toa? Navistina te sakam mamo! SRCE KOE NIKOGAS NEMA DA CUKA! OCI KOI NIKOGAS NEMA DA GLEDAAT! RACE KOI NIKOGAS NEMA DA TE DOPRAT! NOZE KOI NIKOGAS NEMA DA TRCAAT! USTA KOJA NIKOGAS NEMA DA PROGOVORI((
Ее, ај со овие патетикус причи. Мислам, не дека не е греота де, и јас сум да се одгледа бебето кога се може и се има услови. Макар и сама била. До 12та недела сме ко мрсули во матката бре. Јасно, ако веќе жената се решила на таков чекор, подобро е што е можно порано, после ќе е тешко и за мајката а и малото греота. Инаку сум за рабортус. Избор си е. Има некои леб немаат да јадат бре, невработени, немаат кров над глава, а ете, се случило, нема тука пазење-не пазење, едноставно биднало. Што ќе пружат тие на детето? Вошки? Ако била силувана, не е должна трауми да трпи цел живот гледајќи дете од некој си манијак. И што ќе каже на тоа дете за таткото? „Знаеш, на сила ми го опна и ти се роди. Син на незнаен јунак си.“ И тоа дете бре ќе биде ставено во незгодна ситуација, ќе го боли, а децава какви се на денешно време, едвај ќе чекаат тоа по нос да му го плеснат. Мене што моите се разведени, а во брак биле кога сум се родила и се’, па се наоѓаа фаци да речат „Е па што знаеш па ти, многу си раснела со татко.“ Не иде, ќе си набива комплекси, па малку самохрана мајка, па уште и за тоа да се секира. Ако има некоја фалинка, зошто бре цел живот да се мачи и детето и родителите? Да биде зависно од нив. Тие нема да се вечни, кој ќе се нафати да го гледа после баш кога ќе остари и опадне? Треба малку да се размисли надвор од она „Леле, наивна душа е, греота.“ Греота е, да, ама не се само тие девет месеци во кои треба да го жалиме. Треба убаво да се анализира ситуацијата, па после да се донесе одлука. Лесно ни е вака „Да“ и „Не“ да викаме, ама ако ни дојде јајцето на газот, тогаш којзнае како би реагирале. За посвојување да не ни зборам, бетер е од абортус. Е тогаш кога на 18 ќе остане само, баш тогаш на душа ќе го носи родителот, што не знае ни кај е, ни дали е добро или дали е воопшто живо .