Никој со сигурност неможе да каже кога и дали човек може да умре. Имам случаи во семејство каде им било кажано дека ќе живеат не повеќе од некој месец поради канцер. Луѓето не една уште 10 години повеќе проживеаа. Така да пу пу не ви важи тоа како причина за абортус.
Убиство? Какво убиство? Кој е убиен? Некој што никогаш не живеел? На мислењево оди истото од погоре, за да некој умре, треба прво да живее. Компарациите кои ги давате се апсурдни.
Не се апсурдни бидејќи медицината неможе да каже дали и кога ќе умреш. Тоа се глупи претпоставки тресени од ракав. Како што кажав. На луѓе им беше кажано за смрт да се спремаат. Луѓето старост длабока доживеаа наместо смрт. Ова е исто како да бидете против излегување од дома бидејќи може кола да ве лупне или гром не дај боже. Секогаш постои шанса нели? Дури и помала од процент да е.
Епа тоа и ја викам. Тоа не е причина да абортирате само затоа што постои шанса дека ќе умрете еднаква на тоа ако излезете надвор дека ќе ве лупне гром.
А ако бременоста е ризична, то ест може мајката (недајбоже) да умре при породување? Мислам за такви ситуации се мисли.
Абортусот е убиство на неродено дете од страна на машкиот пол, маж да чува жена како што треба не би ни дошло до абортус, јас лично не ги обвинувам жените.
Како може нероден ембрион да се споредува со човек, да дочека старост, кога воопшто никогаш не живеел? Ехо, зборуваме за ЕМБРИОН. Не бебе, не тодлер, не дете, не тинејџер, не човек, не старец/старица. За споредбата со колата што да кажам, НЗД немаат со темва, и како не е апсурдна тогаш?
Да, ќе си умриме ама барем не му го одземам предвреме животот. Никогаш не би била убиец на сопственото дете свесно. @CameliaMiller
Не ризикувај. Требало медицина да ти гарантира.. Пфф.. Сама треба да си свесна дека природата е таква и плус сама си придонесуваш за тоа дали позитивно или негативно со твојот начин на живот. Правилен или неправилен. За тоа и дискутираме. Како што кажав пак ќе кажам дека никос со сигурнос неможе да каже дали и кога ќе умрете. На луѓе им кажуваа дека ќе умрат за месец дена од канцер а тие живееа уште 10-15 години. Така да не спијте на тоа дека медицината е бонбона и све што ќе каже е точно и е ок. И ембрионот расте и тоа е човек. Сите сме биле такви. Проблемот е сите кои што се против абортус се веќе родени. Во заблуда и ќор сокак ве носи еволуционизмот. Човек е човек и има душа без разлика дали е бебе од 2 години дали е дете 15 години дали сеуште не е родено, тоа е живо суштество. Бидејќи расте и се развива, му чука срцето и има душа.
Ок. Само ќе го одземеш детето на твоите родители свесно, она што го родиле, чувале, сакале. Јака логика, признавам.
Смири се малку. Интересни ти се фантазиите и се тоа убаво, ама душа имало? Важи. Не е докажано дека ние имаме душа не па ембрион. Човек е друго, ембрион е друго бебе е трето.
Во ред, велиш ние сме змии. И си против убиство на ЕМБРИОН? Противречиш сама на себе, или да? Оти тоа што го проповедаш со другите мислења на форумот ти противречат исто. Или уште не си најасно што е океј, и што не е според тебе? Ембрионот не секогаш расте и се раѓа. Значи не сите, и фала што има таква опција.