Све се оправивме, уште да одгатнеме зошто ви е гајле што прават луѓето со сопствените животи и тамам ќе сме. Па вака сакале, па така сакале, па вака требало, па така требало. До утре сакајте си некои работи, факт е дека секоја жена си одлучува сама за себе и нема вас што да ви е гајле за нејзината одлука. Не аборитра ваше дете, нејзино си абортира. Како не ви е мака да се мешате во туѓи животи и која ви е сатисфакцијата од истото нема никогаш да разберам.
Втф? Зошто ваква споредба со 'нашата' еволуција? Кога ќе ве прочитам вака дека си бирате во што да верувате, као мислиш религијата ваша е ова, па вие одлучувате дали е нештото реално Не знам искрено до кога спречува законот да се абортира, но познавам две девојки кои абортираа едната во 4ти, едната во 5ти месец зашто дечковците не сакаа да се женат, а овие мали беа. Едната во државна абортираше, другата во Систина. Те разбирам скроз. Мајка ми абортирала после втората сестра зашто не биле финансиски добри и плус ние мали сме биле. Фокусирана била на работата и не бил моментот. После 10 години одлучиле со татко ми дека сепак сакаат трето дете и се роди најмалата среќа наша. Многу ми падна криво кога дознав за абортусот, ми раскажа низ што поминала и не е лесно воопшто.
Сигурно не е наша еволуцијата пошто произлегува од луѓе кои се настроени анти христијански. И покрај тоа дури и самите велат дека тоа е само теорија. Разумот и логиката одлучува дека телефон неможе ни под разно сам да еволуири од парче метал милијарди години. Исто и со човекот. Толку е ниско што таа идеологија ве тера самите да се унизите до тој степен што дури сте горди на тоа.
Ама зошто телефонот го земаш како пример за еволуција? Прекинувам тука на темата еволуција, оф топик сме и уште сега гледам дека нема поента да продолжам.
Затоа што еволуцијата вели дека човекот настанало од ич ништо. Не само човекот туку и се околу. Од точка, од ништо. Ако малку истражиш ќе видиш дека тоа е хиндуизам. А дури и самата наука ви вели дека тоа е теорија а не факт.
Дали ти освен библија си прочитал некоја друга книга или дали воопшто си изгледал некој документарец што не е Индијана Џоунс и светиот грал? Имаш објаснувања како се буквално е настанато, од првите прости едноклеточни живи организми, целата еволуција на човеколикиот мајмун, хомо еректус до хомо сапиенс. Кое е тоа ништо? Разликата е во тоа што науката дозволува да згреши оти се работи за истражувања кои се константни. Ти дава простор да размислуваш, да шириш хоризонти, да учиш. Е сеа библијата е најлесно што можеш да направиш. Да си стаиш превез на очи и да повторуваш едно те исто. Дај жити бога не прави такви глупи споредби на мобилен со човек.
Да, Меин Кампф и многу други од сличен карактер. Теорија е, не се мачи да објаснуваш бидејќи тоа е исто како да веруваш дека телефонот настанал од парче метал. Дека прво бил на копчиња па еволуирал во сензорен. Милијарди години еволуирал. Од ич ништо така се настанало. И замисли ова ако го кажеш на некое неуко племе во Африка тие ќе веруваат. Библијата и научно се докажува доколку те интересира. Научници од матични клетки создаваат органи, а вам ви е чудно што Господ кој е семоќен исто од ребро кое содржи матични клетки создал човек. Вие верувате дека шимпанзата ви се браќа дека сте од ист предок само затоа што физички сме слични. Зошто не верувате дека мравките ни се браќа бидејќи тие и човекот се единствени кои водат војна помеѓу сопствениот вид, и тие се расисти како човекот. Дури и тие се робовладетели како човекот. Ларвите на непријателот ги замаат и кога новите мравки ќе се ''родат'' тие ги користат како робови, до тој степен што ги јаваат. Зошто не верувате дека човекот и пчелите се единствените живи организми кои користат јазик за комуникација?? Тоа не не прави сродни со пчели или мравки. Тоа е доказ дека сме дело на еден творец.
Не знам шо ви е муабетов, ама намалете малку со овер-хипер-модерна-коректност. Тие без матка се викаат мажи, ако мислеше на нив. Инаку жена може да остане без матка, ама тоа не и го менува некако битието, нели? Ааа, ок, за телефонската природа бил муабетот, ок, продолжете со дискусијата. И не заборавајте дека патките имаат паткина природа
Може така се осеќаат дека имаат? Нели во такво доба живееме каде што секој треба да биде прифатен онака како што се чувствува. Зошто такви расистички изјави. Ајде ти се молам.
@Vitaly Дечко, телефонот настанал од парче метал, не знам библијата што ти кажала од што настанал? Од светите чешми со вода што лечат од очобол можда, преку надприроден процес? И да прво беше на копчиња и онолкав ко табака, сега е фин сензорен, практичен. Му требале 30тина години да еволуира. За вториот дел да, сите сме фамилија на светов. И сите сме зависни и потребни едни со други. Читни да видиш како природниот баланс на земјава се нарушува со истребување на одреден вид животно или растение. Тоа нема врска со еден или три-четворица творци. Процес е кој никогаш не престанал да еволуира, надежно нема ни да престане, сем ако не се деси нов биг бенг.
Па телефонот не еволуирал сам од себе, тоа сакам да кажам.Телефонот има творец, исто како што има човекот и се наоколу. И мислам дека треба да разликуваш Библија од суеверија и слични верувања за кои Библијата е против, за некои дури и глава лета. Така да те молам не ги мешај. Несакам да читам повеќе еволуција бидејќи знам доволно и не паѓам на тоа ниво да бидам унизен до тој степен, па дури и горд на тоа да бидам. Не, божја творба сум како и сите луѓе, мајмунот не ми е брат. Сите сме зависни едни од други. И затоа и постојат животни и растенија. Човекот владее со нив и тие му служат и помагаат до степен што е зависен од нив.. биг бенг ти е произлезено од хиндуизам, тоест сатанизам. Проверетеси информациите пред да пишувате.
Абе и ја понекогаш така си мислам дека сум творба на Моцарц или на мојот омилен Алекс Греј, тоа сепак не значи дека сум во право. Иначе во право си. Мајмунот не ти е брат. Братучед ти е, од подалечно колено. Јбг. Пријатели можеш да бираш, ама фамилија не се бира, таа е сакал ти или не.
Inaku, malo potsetuvanje temava se vika abortus, a ne evolucija. I da ima i da nema evolucija, abortusot e pravo na zhenata i nema nikakva korelacija so evolucijata.
Можеби тебе ти е братучед или брат. Што угодно. Грешно се изразив што реков сите, ве навредив можеби. Мене ми е срам дури што на некои луѓе толку им е испран мозокот што се горди на тоа дека веруваат дека настанале од ич ништо пред милијарди години, и се никој и ништо во бесконечен простор. Не е џабе пишано во Библијата дека ако учиш незнабожец го примаш неговиот срам.
Јас само да кажам дека Библија и наука/научен факт/доказ ни под разно не се за во иста реченица. Исто сакам да кажам дека некој треба да прочита дефиниција за расизам, чисто за да знае што збори.
Постојат научници креационисти. Тоа што ти ги негираш не значи дека ни под разно не се става во иста реченица.
Под “членови без матка” мислев конкретно на мажите, по аналогија на “no uterus, no opininon”. И алудирав на @Vitaly , зашо очобол ми се неговите мислења у темава. И општо, во други теми... Само кога сум станата од спиење, не размислувам многу како се изразувам, па сфаќам како може да се сфати многу погрешно мојот коментар.