Знам што е расизам туку се повикувам на тоа бидејќи така функционира светот денес. Мене не расист што се ме направија само затоа што сум рекол дека лично јас не имал партнерка од друга раса. Повеќе како сарказам беше тоа што го пишав. Сигурно не мислиш дека имам такви ставови навистина.
Никој не се тригерна, што е добро Се сложувам со тебе иначе. Само pc culture е на најјако пуштена некогаш, затоа се шалам
Уживам во лепотата на мк веб просторот, тука уште дебатираме каква сукња треба да носат жени. Не знам која битка е потешка, со едниот или со другиот екстрем
Тие што ги посочуваш а им бил дијагностициран канцер, ако биле жени и биле бремени и им било предложено да абортираат од причини на бполеста, притоа не го прифатиле мислењето на докторот, родиле и живееле повеќе од прпгнозата - можеш да ги дадеш како аргумент, во спротивно во погрешна тема пишуваш за недостатоците на модерната медицина. До тогаш, збориме за закани како преекламсија, сепса, за кои во момент се одлучува што понатаму и секогаш животот на родилката се става пред таа на фетусот. Како некој што не е во можност да искуси таква опасност во најмала рака е неблагодарно да осудуваш други кои својот живот би го спасиле во таква ситуација. А ти пошто негираш ризици по живот на родилка, дефинирани од медицината, јас не би ти дозволила здравствена помош, читај Библија, моли се, оди кај врачар кога животот ќе ти е загрозен, пошто душата твоја е енергија, не и го пореметувај природниот тек кочејќи ја да остане во твоето физичко тело, притоа да ти овозможува да си присутен форумов каде осудуваш одлука на свесно битие да се оствари во улога што не ја посакува за себе, а со тоа прекинува развој на ембрион кој нема уште циркулација и нервен систем, или на фетус со аномалија некомпатибилна со живот. Пак добронамерно ќе ти кажам, немај секс со партнерка која е про чојс и ќе го завршиш твојот дел. Или воопшто немај секс освен ако намерата на двајцата ви е бременост
Бременоста не е болест. Сите живи суштества функционираат нормално во тек на бременост. Ловат, бараат храна, се движат и др. Освен човекот. Толку од мене.
Абортус подржувам само ако ми кажат дека нешто страшно не е во ред со плодот. Подржувам и во ситуации кадешто навистина мајката не е спремна за да се грижи утре за тоа дете. Секој си има право на избор. Во другите ситуации треба да се внимава.
Виталовци, Евангеловци и слични, да бевте исто толку засекирани за жените кои се деградирани во врска/брак, за тие кои се силувани, замолчувани, за тие на кои секојдневие им се закани и психичко/физичко насилство кое неретко завршува со фемицид, може и ќе ви поверував дека навистина се грижите за секое битие, а не за потребата да ја имате контролата над женското тело, женските избори и гласот на жените. Вака сте само ехо од минатото кое кога тогаш ќе биде задушено. Благодарение на она кое ви е вечна болка. Умот и гласот на жените. Чирс.
Не ми се допаѓа тој систем на феминисти па у све општо да го фурам зборот феми феми феми. Општо сум против силување и барам смртна казна за силувачи, без разлика дали нивната жртва е маж или жена. За разлика од тебе што рипаш само ако силувана или нападната е жена, за маж те заболе уво. Ти немаш никаков придонес со дремење на форумов и ширење на пропаганда за систем кој жената ја смета за натприродно битие а мажот само како банка за сперма. Жените па жените. Член сум на група која лови педофили низ Русија, Полска и Украина. Ајде ако толку ти сметаат сексуални предатори, стани, пушти глас, собери уште некој за да го смениме законот за да може истото да го правиме тука. Да ги заштитиме и децата и мажите и жените, бидејќи силувач или педофил не бира. Жртвите се и од машки и женски пол.. И немам потреба да имам контрола над жените ниту нешто слично. Едноставно не ми се допаѓаат општо луѓе (и мажи и жени) со таква идеологија како либерализмот. Па според тоа фала богу дека лично за себе ќе си барам некоја чиј приоритет се деца, семејство и слично нели? Еве на пример сигурно ти нема да земеш да живееш со некој кој има контра ставови од твоите, истото и за мене важи. За жал не живееш во свет кроен по твоја мера. По муабетов се гледа дека ниту ти ниту јас се бориме за еднаквост. Разликата е што јас сметам дека еднаквост не е возможна почнувајќи од биолошки причини, додека ти си огорчена од машкиот пол и сметаш дека жените треба да владеат со се. За абортус ќе одлучиш сама тогаш кога сама ќе го направиш тоа во стомакот. Без никаков удел од машкиот свет. Што не е возможно барем денес. Со твоето тело никој не ти брани да правиш што сакаш. Но бебто во твојот стомак не е твое тело и немаш право да кратиш нечиј живот само затоа што сметаш дека си семоќна и тоа што си жена. Во нормален систем така се смета. Што не е случај денес на овие простори. Ќе се согласиш дека сите кои се за абортус се веќе родени. Што би требало да те замисли. Ако сакаш да смениш нешто почни од себе. На пример еве неможе човек кој јаде мртви лешеви од животни да биде против насилство. Едноставно глупо е нема никаква логика, бидејќи за тој да ждере некој треба да умре. Почни со местење на креветот.
Еве бе Витали златен уште еден доказ колку те тригернува темава. Ниту тагнат во коментар, редовно си следиш што се зборува тука, па и одговор со цел реферат. Ова ти е маката, затоа што не ни знаеш што всушност претставува феминизмот, само знаеш дека си против истиот затоа што движењето е започнато од ЖЕНИ, нешто што тебе најсилно те погодува. Но, она за кое поим немаш е дека тие кои ти сметаш дека уво не ги боли за мажите, кои ги нарекуваш мажомрзци, за кои сметаш дека имаш право да им кажуваш дека местото им е во кујна и со деца, се всушност оние кои на своите раменици ги носат промените во општеството за да се слушне сечиј глас, без разлика на пол, раса, религија, сексуална ориентација, тие се оние кои се против секаков тип на насилство и ја подигнуваат свеста за тоа дека и мажите може да се жртви на истото, тие се оние кои ти овозможуваат да покажеш емоции без секој втор да ти рече „не биди лигле бе, види го како плаче, маж си или што си, не смееш солза да пуштиш“, тие се оние кои ти даваат шанса да може да бидеш во било која професија без некој да ти се изнасмее во фаца и да ти каже дека работиш „женска“ работа. Те боли фактот што истите права за наследување, заработка, гласање, стапување во врска/брак, барање на развод, начин на облекување, одлучување за дистанцирање од религиите, одлучување за имање/немање деца, слободно излегување во пабови, барови, клубови ги имаме и жените без да треба да ве прашаме вас. Па секако дека либерализмот не ти е пријател, кога во идеолошкион графикон се дружиш со Хитлер. Што повеќе од тоа дека си во друштво на некој кој поради желба да владее со светот, убил милиони луѓе кои ги сметал за попаметни од него и воедно не мислел дека ќе може да ги замолчи, па секако тоа било решението за тој да се најде како главен диктатор на сите останати животи. И кажи ми пак дека ти си против абортус поради грижа за се' уште неживо битие. На тоа само во фаца можам да ти се изнасмеам.
Витали, знаеш на колку трудници им се појавуваат ненадејно компликации и итно мора да се спаси нивниот живот?Фетусот не може во било кое време да преживее ако умре мајката, зар треба да се стави неговиот живот пред нејзиниот? Знаеш воопшто колку промени се случуваат во бременоста?
Да, точно. Бременоста не е болест, но само ако е уредна. Колку трудници има со патолошка бременост што не смеат од кревет да станат, знаеш ли? Епа ѕирни во другите теми.
Кажав и повторно ќе кажам. Поддржувам абортус и ќе поддржувам. Секоја жена сама си одлучува за своето тело и јас не сум никоја да се мешам. Бидејќи и јас сум жена, сама си одлучувам за моето тело. Да, треба сексуална едукација. Ама, за жал, единствено нешто што нуди 100% заштита од несакана бременост е апстиненцијата. И уште нешто, подобро да сум убиец во очите на другите, отколку да го родам и во иднина да му го уништам животот само затоа што не бев подготвена да имам дете. Јас дури и да не би абортирала, ќе поддржувам затоа што не сум никоја да се мешам во туѓи одлуки, а уште помалку да ги етикетирам како убијци. Некои жени не воопшто не сакаат да имаат деца. Многу е лесно да се рече дека бременоста се планира, ама во најголем број случаи нештата не одат по план. Во ред е да бидете против абортус се' додека не ги напаѓате тие што се за или тие што веќе абортирале. Да, на форумов не' читаат и членки кои веќе го сториле тоа. Мене нешто овде ми е чудно. Како тоа некои не поддржуваат абортус ( зашто е убиство, нели), а поддржуваат ќотек, викање и не знам какви насилни мерки како 'воспитни' мерки за да не биле децата разгалени во иднина. Реално, тоа повеќе штети и е научно докажано дека е така, ама сигурно нема да го смените вашето мислење затоа што така кажав јас или некој друг. На крајот на краиштата, жената сама си одлучува за сопственото тело. Не е наше да се мешаме. Ниту ако реши да роди, ниту ако реши да абортира. И да, стојам на мојот став.
Единствено што не е се уште возможно (и нема да биде наскоро) е да се оддржи ембрион без матка. Ембрион без активен секс е возможен. Ембрион без матка не е. Сите мачки и кучиња и лисици и волци и сите месојади животни треба да се истребат?
Знае, знае. Ама веќе си знаеме дека е мизогинист. Реалноста е дека против абортус е затоа што сака да ги казни жените за нивната сексуалност. Кажува дека се однесува тоа и за мажите, бла, бла....ама на крај останува фактот дека мажите не остануваат трудни, не го ризикуваат тие животот за да родат несакано бебе. И да не го сакаат бебето, мажите единствено сносуваат парична одговорност, во понормална земја. Гледаш, не е битно што жената е силувана. Не е битно што бебето ќе расне со омраза од мајката кога цело време ќе ја потсетува на тоа. Битно е жената мора да роди, мора да плати за тоа што го направила.