Другарка ми непланирано остана трудна на 16-17 години, со партнер 2 години постар од неа. Доколку не абортираше и сама кажа дека животот ќе и се уништеше, нит средно ќе завршеше ко што треба ни факултет ќе запишеше, а на страна што тој на крајот испадна тежок токмак и после одреден период раскинаа. Услови во тој момент за одгледување на тоа дете таа немаше. Значи ќе требаше да биде самохрана мајка, без завршено образование, без финансии, и да си го уништи и сопствениот и животот на бебето без да може да му овозможи најосновни работи и да ги проектира сопствените фрустрации зошто не го сакала тоа бебе врз него. Друг случај, една девојка имаше ризична бременост, ја прележа цела во кревет, роди дете со триста компликации и после неколку недели откако го родила пак остана трудна, им пукнал кондомот. Отишла на доктор, и рекле мораш да ја прекинеш бременоста, секако и она не сакаше уште едно дете, и абортираше. Ама според вас мажишта она не требала да абортира и требало да си го доведе животот во опасност, па не дај боже детето што веќе е дојдено на свет да остане без мајка. Или па еве и во случај да остане жива, таа пустата кај беше цела исушена и истоштена од претходната бременост плус првите неколку месеци најтешко е бебе да чуваш, особено прво кога ти е и ништо не знаеш, она уште една бременост да треба да ја лежи во кревет и да се измачува. Абе само нека го роди, па нека цркне после утепана целата нека чува две бебиња наеднаш, со триста компликации, ама битно не е абортирано. И ај кажете ми тие 9 месеца дур е трудна и не смее да мрдне кој ќе и го чуваше првото дете? Трет случај, постојат жени што имаат фобија од бременост и од пораѓање, имаат страшно тешки бремености, и од несакано бебе може да им се јави постпородилна депресија (и депресија и дур го носат уствари) и зошто некој си маж таму бил против абортирање они треба да не абортираат? Кога вие ќе можете да осетите како е да носите бебе во вас 9 месеци, да осетите како е да ви прават царски рез или природно да ве породуваат, тогаш да ве видам давајте коментари. И да напоменам, јас во сите овие случаеви не зборам абортусот да се користи како контрацепција, за тоа сум строго против. Ама како што кажа некоја членка погоре, апстиненцијата е 100% контрацепција, така што се може да се случи. Јас поддржувам избор на жената, а тоа подразбира и раѓање и абортус.
Дури и да е можно тоа што го пишав, а знам дека е. Далеку сме од тоа и може само да правиме претпоставки кога тоа би се остварило во пракса кај сите луѓе. Не треба да се истребат бидејќи тие животни се месојади. Тие ловат, имаат нагон за лов. Човек нема. Човекот е глуперда која дига востанија против насилство врз животни а вечерта дома крка и се дави од месо. Тоа е апсурд и за тоа зборев. Кога веќе јадеш месо барем батали таква пропаганда против насилство врз животни. Па да, од причина што мразам безредие од дното на душата. Дисциплина и закони. И ако едно бебе расне со омраза од мајка тоа е болест, психичка. Не е нормално мајка да мрази бебе какво и да е од кој и да е. Бидејќи неговата вина е 0. Во таков случај би требала самата себеси да се мрази, а не бебето. Тоа е себичност и болест.
Да има нормален систем, да има дисциплина и закони не би дошло до такво нешто. Мислам има секогаш исклучоци ама денес тоа е честа појава. Реткост е невеста да не е бремена на својата свадба, тоа е и причината за свадбата, бременоста.. Во нормален систем за брак треба да имаш услови и да исполнуваш критериуми. Здрав прав, психички најважно. Денес е луда куќа па нека не те чуди тоа што останала бремена на 16 години. И дај ви се молам од тоа фобија од бременост. Разликувајте нормално од нешто што не е нормално. Бременоста е нормална и природна појава. Каква црна фобија. Тоа не е изговор да кажеме дека бременоста е нешто лошо, туку проблемот лежи во жената која има таква фобија и треба да најде решение за тоа намесот да пропагира дека бременоста е понижување за жената и е нешто лошо.
Според Витали сите форумџики овде имаат патолошка бременост, поради нивните гревови и грешки. Што се трпи оваа земја??
За ова се сложувам. А зошто да не тој што ја силувал? Силувачот скокнат, никаде не го спомна. Значи да потврдиме, ти немаш ништо против да ја казниш жената што била силувана.
Мислев за несакана бременост, не мислев на силување. Нема причина да се казни силувана жена туку треба да и се даде право да му пресуди на сторителот по нејзина желба и мера.
Сеедно, останува дека најбитно нешто за бременост е матка. И тоа ви е проблемот, што таа матка мора да биде во ваша сопственост и во ваша контрола. Затоа сите контроли на абортусот, оти матката. И човекот е животно Витали. Сите тие востанија против наситлво кон животните се повик за човекот да се однесува повеќе како животно и како дел од сите животни, а помалку како да е над животните. Оти човекот е единствено животно што си дало за право да малтретира други животни од забава или од мисла дека е над нив. Од иста појдовна точка ти доаѓа и контролата на абортусот. Од мисла дека си "над жената", како што мислиш дека си "над животните". Дека светот е создаден за тебе, како маж, и се во него е за тебе создадено. Од таму потекнува сето уништување и целото насилтво и врз жени и врз животни. Не од јадењето месо затоа што човекот е сештојадо животно. Целиот дигестивен тракт на човекот не е граден како кај тревопасните за да тврдиш дека на човекот не му е потребно ништо од животинско потекло. И да, тоа не е темата.
А оние кои не се 120кг,а имаат патолошка бременост? Друже ти немаш мозок што пишуваш, преиспитај се. Го вреѓаш целиот женски род.
Што зборуваш ти? А што ќе кажеш за вториот случај што го кажав?? Девојчето си беше младо, со нормална тежина и без никакви здравствени проблеми и пак имаше ризична бременост! Милиони девојки имаат ризични бремености, јас само имам куп примери околу мене. Ајде искоментирај нешто и за вториов случај што го кажав. И никој не кажа дека бременоста е болест побогу, само дека и те како постојат ризични бремености и опасни по животот на мајката што доктори кажуваат да се прекинат, а не јас или ти на форумов. Друга работа, да Витали, јас имам фобија од бременост, мило ми е што се запознавме. Имав бивши што цело време ме убедуваше како ќе сме имале бебе, и толку потпаднав под негово влијание викав да, да а после со денови сонував кошмари како сум трудна и треба да се пораѓам. И ќе кажам само дека не секоја жена сака деца и има мајчински инстинкт. Јас не велам дека бременоста не е природна, само дека ЈАС и многу други жени имаат фобија од неа, и тоа е факт. Јас не пропагирам нит дека бременоста е нешто лошо нит дека е понижување за жената. Убаво реков, жената треба да има право на избор - за раѓање или абортус.
Озбилно оставете го. Нели гледате детски памет има. Само може да се изнервирате, нешто плус дека ќе научите од него или сличните на него, не.
Јас те разбирам потполно и се согласувам со некои работи ама причината поради тоа што некои луѓе се против абортус е тоа што сметаме дека не е ок да скратуваш нечиј живот. Сите кои се за абортус се веќе родени. Нема никаква корист ако си против абортус само за да бидеш над жената, глупости. Лично против абортус сум од причина што сметам дека треба да му се даде шанса на тоа во стомакот да стане подобар човек од нас, ако ние не сме биле како што треба. За храната нема да дискутирам повеќе од причина што сум вегетаријанец па таа дискусија би водела до кавга така да тоа што сметаш дека е најдобро за тебе така терај.
Не сум ослепела уште. Гледам кој дел од моето мислење го болдираше. Стануваше збор за силување. Силување, најчесто е несакана бременост секако. Нешто за што ти се изјасни јасно. Абортус при силување одобруваш единствено затоа што мислиш дека е однапред изгубена битка за тебе. Ни јас не сакам безредие. Ама јас и ти имаме огромни разлики во нашите дефиниции за безредие. Јас сакам еднаков третман на секој човек и еднакви права. Ти сакаш да го убиеш слободниот избор на секоја личност да решава за сопствениот живот. Сакаш животот да им го моделира државата, единствено ако државата ги дели истите ставови како тебе. Не е безредие она што мразиш од дното на душата. Го мразиш слободниот избор, затоа што имаш Господов комплекс. Сметаш дека само ти си во право и само твоите ставови и убедувања се прави и вистински. Тоа во комбинација со фактот што ко кокиче се појавуваш во секоја тема каде што се дебатира алтернативен начин на живот, треба да е доволна причина да се запрашаш дали вреди да се убедуваш со години за работи кои длабоко во себе знаеш дека нема да се остварат како што си замислил.
Медицината неможе да каже точно што е ризично а што не. На мој близок му рекоа дека ќе живее не повеќе од неколку месеци поради канцер. Човекот и докторите ги надживеа. И не е само една случка ваква. Еден куп има. Медицината неможе со сигурност да каже дали е ризично или не. За вториот случај што да кажам, се се случува и се е можно. Не реков дека нешто може да се спречи 100%, туку да се намали. И фобијата се средува доколку сакаш ти. И не реков дека е лошо доколку некоја не се одлучи да биде мајка. Всушност тоа е и многу добро во споредба со тоа да го направи бебето па да одлучи да не биде мајка. Се согласувам со доста работи. Ама само ќе кажам дека ќе си останам на своето, што и да кажете. Како и вие исто.
Ма дали вие, сироти обични смртници, уште си мислите дека ќе успеете да докажете нешто на најсовршената божја творба? Срамотилаци! Јас се откажав 2 страни претходно. Чат пат мезнувам пршута со вино, па си велам чек шо праам јас? Каква грешница! Не сум достојна да дебатирам со божји совршенства. И така... Мислам, кој си фатил работа со ѕид, никогаш на крај не излегол, без разлика колку е совршен ѕидот.
@Vitaly Не, не секој пие алкохол, се дрогира, се храни нездраво, води нездрав начин на живот. Па и да прави се' од погоре, не значи оти нема да има бременост како по книга. Генетика, претходна медицинска историја, претрпени трауми нешто? Си слушнал за овие термини? Стварно си толку ограничен во погледите? Јас сум океј со верници, ама не и со фанатици. Особено со фанатици кои се силат врз база на НИШТО.
Ако ние имаме лош начин на живот секако дека тоа влијае на нашите потомци. Сакав да кажам како да се намали шансите за такво нешто, не реков дека може 100% да се реши. Тоа ми беше поентата. Имаше една членка кога кажав дека сум против абортус вика иииии а што ако падне по скали трудницата? Зборуваме за начин на живот и како тоа би придонело да нема ризични бремености и аномалии кај децата, а не за несреќен случај. Незнам што гледаш ограничено овде. Или само ви искача од уста тоа штом дискусија водите со некој кој има различни ставови од вашите.
А да ги избрише некој модератор мислењава? Некој си има мака за абортус,ние Витали ќе го оправаме овде , што очигледно никогаш не попушта колку и да му се глупи размислувањата. На крај краева и не е жена, не може никогаш да доживее абортус, нека не замара по 100 страни Има луѓе кои бараат помош на темава. Му годи вниманието, само затоа и е тука. Да беше некоја друга тема,да пишуваа вака безвезе ќе беше баниран до сега.