Чисти глупости пишуваш, не знаеш бременоста колку го менува телото, физичката и психичката способност, не е болест, напротив, ама не е ни воопшто лесно и едноставно. Еве јас водев здрав начин на живот, не сум пушела, не сум пиела алкохол, дрога исто, па пак се разболев, не во бременост. Другарка, цел живот води здрав начин на живот, вежба, јаде здрава храна, на се пази, не можеше да остане бремена, подоцна остана и имаше компликации, мораше да абортира. Апсурдно ти е да збориш и тврдиш нешто што не си го поминал, најмалце да осудуваш бремени жени, замисли како им е на тие што изгубиле бебе, кога ќе те прочитаат, како ги "накривуваш" за нешто што, воопшто не се виновни. Тука нема избор, некогаш е природна селекција, некогаш така сакало и требало да биде, стави се во улога на жена или мајка, па збори и донесувај заклучоци како тоа е прелесно да поминеш ризична бременост, ти се молам со вакви ставови....
@Vitaly си чул за Робертсонови транслокации, за илјада други наследни болести на кои можеш да си носител дури и најздрав живот да водиш?
А тогаш зошто дремеш на лап топ и апсорбираш зрачење од истиот? Посебно па у скут ако ти е, милина за цел репродуктивен систем. Според твоево пишување, ако затрудниш некоја и детето има некоја маана тебе треба да те кривиме?
Уште па и струка му е тоа, неплоден за цел живот. Затоа он така, фрустриран од сопствените проблеми кутриот.
Девојки, оставете го, колку и да го цитирате, ништо нема да постигнете, само ќе се изнервирате, ништо повеќе.
Така де, ни ја отече тука дека нездраво живееме, нездраво се храниме, сами сме одговорни за зголемените проблеми што се јавуваат кај трудници, а тој дреме на лап топ и не оправа, на направа која докажано штети на квалитетот и квантитетот на сперматозоидите. И да не седи на лап топ, еве од телефон да е и за тоа има статии како зрачењето ако се носи во џеб има влијание врз тестисите. Ќе му каже некој дека и тој нездраво живее или само жените се криви ако дете има некаков проблем?
Не бе, не постојат генетски измени, спонтани мутации, стресот е избор и само гојазни, наркоманки и алкохоличарки имаат компликации. Ме напнуваат мислењава, најмногу зашто читаат жени што поминале ужасно тешки периоди, и психички и физички, а некој тука им вика дека сите си се сами криви и заслужуваат.
@Vitaly е баниран од темава. Секој може да изнесе став, ама некаде мора да има граница. До тука мислењата ќе останат, не сакам да ве бришам зашто имате одлични реплики и убаво би било да се прочитаат. Ама, не мора повеќе да одговарате на банираниот челн, поради тоа што, нели, нема да може да реплицира. Нека продолжи дискусијата со зошто да, зошто не за абортус, без навреди.
Здраво, Некои што поминале да изнесат мислење/искуство околу абортусот односно како се одвива процесот и колку време трае, дали е задолжително целосна анестезија (дали таа анестезија може да предизвика дополнителни проблеми пр. да чувствуваш се а да не можеш да збориш) и колку време после процесот се будиш/те будат или може да се избере локална... Дали е еднакво безбедно државно/приватно? Ве молам само за лични искуства или искуства од блиски, без непотребни дофрлања и коментари... Фала Ви
@Rada15 Еве јас ќе ти кажам, имав такво искуство од што морав, не по моја желба но како и да е. Во Систина ми правеа киретажа. Не јадев ништо и не пиев мислам од претходниот ден поручекта така нешто. Кога стигнав таму ми ставија прво некоја таблета вагинално за да се умртви плодот (за полесно да го извадат мислам) па после 2 часа ме однесоа во сала каде што ме пречекаа околу 6-7 лица анестезиолози,сестри,докторка итн и сите си имаат посебна задача, па и се женска екипа ми се погоди малце ме смири тоа (преферирам жени доктори кога се работи за доле иако одам и кај машки ) ти ставаат нешто на нозете како заштита и за 1 сек од како ќе ти ја вбризгат анестезијата се губиш. Целосно ми правеа зошто така било побезбедно ми рекоа, можело мала болка да се осети при локална анестезија и за секој случај целосна. Пошто првпат ми беше бев скроз преплашена, дали ќе се разбудам, па да не ми направат нешто несакано доле...1000 прашања. Но немој ! Нема потреба, си ја знаат тие работата. Цела процедура беше завршена за 20 мин и се разбудив дури лежев уште таму. Потоа ме однесоа во соба, малце ми се спиеше од анестезијата онака си лабав ама болки никакви значи, тие ти ставаат што треба, само кога станав после 2 часа мн крв ми течеше што е нормално, ќе си однесеш влошки обавезно.. и после право си одиш дома. Толку е. Само да знаеш после за следно правење деца од 3-6 месеци треба да се почека. Тоа ми беше ептен тежок дел мене. Со лесно и не се плаши не е страшно.
Трае околу 20 минути, може и без анестезија, ама подобро е со бидејќи е болно. Со локална не може. Се будиш 5мин после процедурата само што си поспан. Си одиш дома пола час после тоа, само не смееш да возиш. Крварење малку пообилно од циклус и појаки менструални болки, секако можеш да се напиеш бруфен/кетонал. Ова што го пишала @Fontana е за бременост над 3 месеци од медицински причини. За бременост до 12 недела процедурата е поедноставна, значи нема врска јадењето, те гледаат на ехо, во вена ти ставаат анестезија, се будиш за мах.пола час, ќе полежиш малку и си одиш дома. Ќе ти дадат капки и таблети против инфекција и за да се запре крварењето и ќе ти кажат кога на контрола.
. Јас бев 11 недела кога ми ја правеа киретажата. Дали медицински причини или своеволно, процедурата е таа. Може да е различно во приватно или државно процесот еве незнам, ама си го опишав искуството во приватна клиника. Не ја плаши со болки, еве како јас немав, ставаат нешто против болки (бар во приватните) за во државна тогаш имав слушнато мн негативни коментари ама како и да е, секој различно поминува. Инаку над 3 месеци нема процедура киретажа, го раѓаш сестро мила.
Не го кажав како плашење туку само како можност ама не е нешто што нема да помине со таблетка, независно дали ќе те боцнат против болка или ќе се напиеш апче. На државна не ти ставаат вагиналета и не мора да е на гладно, барем така беше пред неколку години.
Има врска јадењето со анестезијата. Еве во државно ќе ви кажам како е. Треба да биде гладна и жедна. Прво се испитува крв, се носи жената во сала и ѝ се става општа анестезија. Веднаш заспива. Се прави киретажа и вакум. И за 10тина минути е готова постапката. Се буди жената, се носи во соба и мора да леже 2 часа. Тоа е процедурата
Јас имав спонтан ме чистеа со локална не осетив ништо ни болка ни ништо треба да си гладна дасе јаде само до 20часот,15 минути е процедурата треба да лежиш потоа два часа да си испиташ крвна група ако си рх негатив ќе треба да примаш инекција ако плодот е позитивен тоа не го заборавај за наредна бременост многу значи.
@medena147 значи одма приметив дека не ме читаш како шо треба туку право тоа што најмногу ме нервира, пуштањето рогови. Убаво си кажав погоре дека ПРЕТХОДНИОТ ДЕН НЕГДЕ ОД ПОРУЧЕКТА ми рекоа да јадам последно, може околу 20 и јас сум јадела последно, еве не се сеќавам вчера што јадев не пак пред 8 месеци. Добро ? И сабајле се оди гладна на киретажа, било во државно или во приватно, прашај кој доктор сакаш. Сигурно не е тоа кажано безвезе. Значи немора на секој пост да ме демантира некоја, убаво си потенцирам по едно 100 пати дека тоа е моето искуство, немојте да кажувате КАКО БИЛО ПРАВИЛНО САМО ЗАТОА ШТО БИЛО ТОА ВАШЕ ИСКУСТВО. Може вашето е погрешно а моето правилно, а, што викате на ова ?
@Fontana сите кажуваме свои искуства и никој не те демантира туку се надоврзуваме на твојот пост. На некој може му кажале на гладно, еве мене не, процедурата беше во 17 часот попладне во државна болница и не ми правеа крвна слика, можеби кај некој лекари тоа е ок и таква им е процедурата, чисто споделуваме искуства, а секој доктор и болница варираат во вакви финеси.