@violetblue Тоа и јас викам, секоја со свое искуство, погоре @medena147 скроз убедена дека не треба да си гладна само затоа што на неа и рекле така. Бог да чува. Па ќе му кажат на девојчето на крај краева што како треба, немора да ја збудалуваме тука сите со свои искуства, едни гладни други жедни трети со крвна слика четври без... хаос Како и да е, ќе си види од нејзино искуство @Rada15 па ќе ни каже како поминала
Мислам дека се работи за многу помала доза на анестезија бидејќи е за ептен кратко време. На пример после анестезија при операции како нус ефекти од анестезијата имаш гадење и повраќање, главоболка, е после анестезијата при абортус немаш вакви нус ефекти од истата.
Не мора да значи. Кога волонтирав на гинекологија имаше случаеви пациентки со гадење и нагони за повраќање, а и со главоболки и вртоглавици. И во текот на интервенцијата некои имаат нагони, а може и да повратат, затоа не се препорачува јадење и пиење
Девојки, знам дека сум досадна малце ама дали некој знае да ми одговори дали постои ризик од целосната анестезија да не се разбудиш (не дај Боже) ? Има ли компликации некакви, да не се има случено Вам или некој близок ? Фала ви на сите
Lokalna ke bidi, i ne mi bese prasanjeto toa, prasanjeto mi bese dali i kolku ke boli I sigurno znaj nekoj da mi odgovori, bez ostanati podprasanja
Кога веќе одиш таму воопшто не размислувај дали ќе боли, и да боли ќе стегнеш заби и ќе издржиш, колку што знам тоа е 5-10 минути работа, кратко трае.
Зависи, индивидуално е тоа. Некои многу кратко крварат и штом имаш по малку, би требало да прекине наскоро. До две недели се смета за нормално ако не е претерано. Ако те мачи подолго и повеќе количински, јави се кај матичниот гинеколог и веројатно ќе ти даде или продолжи капки за стегање на матката (ако веќе ти дале).