Значи да не паничам нормално е? Јас очекував премногу крв и во страв сум цело време ,прашалници и се ми е ново и за неверување.
Јас втората киретажа имав една недела бледо розе и тоа на бришење и после таблетите Циклопрогинова за три дена добивав.
Многу ми е жал навистина. Те разбирам многу добро, поминав и јас низ 3 киретажи заради престанување на срцето. Нормално е да крвариш, кога помалку, кога повеќе. Ако киретажата била со вакум, помало е крварењето, барем кај мене беше така. Биди силна.
Не знам дали е нормално,ама и јас пред 4 дена правев киретажа само првиот ден крварев,овие наредни ептен малце нешто што не е ни крв туку како светло кафено нешо... Воедно да прашам,дали некој се соочил со температура после киретажа,ноќеска кренав 37,3 ,крварење немам,малце болки во кичмата...
Јас имам многу дилеми,а баш викенд ме фати да не можам да се консултирам со матичниот. Значи денес ми е 5ти ден од киретажата,вчера вечерта почна да ми тече малку крв како менструација а претходно немав,е сеа ми искочи едно парче дали беше згрутчена крв или не знам што ама многу големо,големина на орев, не знам што да правам и дали е нормално.. вака крварење неам многу,ама тоа што ми испадна ме исплаши...
Скроз е нормално, и да е крварењето како нормална менструација. Јас после киретажа сум крварела по 10-12 дена, иако претходно ми кажале дека до 7 дена треба да ми престане. Откако ќе се јавев дека уште крварам ќр ме прашаа дали е тоа многу - не, и дали прометувам дека се намалува - да, значи се е во ред. И после киретажа коагулуми сум имала, некогаш со мала болка проследено крварењето, особено кратко откако ќе ги испиев капките што ги заборавам како се викаат. Плус и инекции сум примала од истите, и пак крварењето било подолго. Ако не е обилно крварење, кое трае, и неподносливи болки, мислам немаш простор да се плашиш, сепак е брзо кај тебе
Немам болки воопшто, што се вика,ми се случувало и при менструација да имам такви коагулуми ама ситни мали,а ова беше како топка,затоа ме исплаши..фала ти многу
Денес 12 ден само на бришење имам како кафено исцедок нема морис никаков освен на крв, дали е во ред? Др ми кажа дека од 7 до 14 дена е тоа нормално има ли шанси да ми сопре некако?
Мене денес ми е 13ти ден ,до вчера имав и јас кафено без везе нешо многу малце што се вика,крв имав само првиот и четвртиот ден,све останато кафено.. денеска пак прокрварев како добиено значи крв,се јавив кај матичниот сабајле ќе одам да ме види...денеска и вчера се исфорсирав малце повеќе заради реновирање дома можно е да е резултат на заморот,ама малце и ми е страв...ќе видам утре што ќе направам кај доктор Можеш и ти да се јавиш чисто консултација со докторот да си направиш
И мене ми рекоа демек немале место ништо порано,ама јас инсистирав и едвај ми закажа за сабајле кога ќе дошол докторот во 9ипол таму да сум била. Инаку ако не ми закажеше ќе си отидев до државна,не верувам дека ќе ме вратеа..
Да ама јас тука во Гермамија ако отидам во државната болница триста процедури покрај корона ќе треба да направам, вака фај боже да си е се во ред и да дочекам 3мај
Нормално е и не е ништо страшно. Може целосно да престане па пак да се јави мал исцедок. Се додека не е обилно крварење или исцедокот да има лош мирис, проследен со силни болки, се друго е во ред.
Ваљда помала болка е да гледаш дете од твојот силувател. Или од пропалица кој ти направил дете само за да те земе, па те малтретира и тебе и детето. Ај, барем не си го абортирала...
Сигурна сум дека на повеќето им е тешко да се одлучат да абортираат. Барем оние со кои сум разговарала, изричито ми кажале дека им била тешка одлука.
Немам болки никакви мирис е нормален на крв некогаш дури нема ни мирис. Но она онака е на бришење само, е сега ако не ми помине до 3 мај како ќе ме гледа ехо нормално или вагинално не зма тука кога ми водеше бременост секогаш вагинално мр гледаше