Јас бев сабајле на контрола ,ме гледаше и вагинално и со вагинално ехо. Се испостави дека има во матката уште некои парченца па ми даде да пијам пак капки 3х20 3дена,па ќе видиме..
Мене ме гледаа на обично ехо преку стомак само, ама немав никакво крварење тогаш. Зависи лекарот како ќе процени дека треба.
Фала Богу. Можеби вака ќе се намалат нелегални абортуси и помалку страв кај жените што сакаат да абортираат но избегнуваат киретажа. Имав читано низ темиве мноогу беа барани овие таблети за абортус, иако се опасни многу беа користени во домашни услови и без никаков надзор се изложуваа жени на опасност.
Се фино тоа туку прашањето е кога ќе имаат време да ги препишат. Јас кога бев за утврдување бременост имаше уште две што чекаа од кои едната 15та недела веќе ја фатила,а другата помала недела беше и три пати ги враќаат рано им било . Кратко кажано за тие што сакаат да си абортираат зошто не ссакаат да раѓаат си ограат мајтап. Докторите добиваат плус пари за оперции, а вака со таблети ништо нема да добијат и не им оди во прилог. Во Македонија сме да не заборавиме буџетот пред се
Знам.. Баш поради тоа абортираат во приватни клиники за 300-400€. Познавам девојка која сакаше да абортира но не сакаше да чека, а и од киретажа се плашеше па фино лепо си закажа во приватна клиника со вакум чистење. Прашувала за таблетиве, и рекле во приватната клиника демек 9та недела си може да не се дочистиш со апчињата па пак да мора киретажа. Не е само заради кешот, не се ни обучени за со таблети да следат и да вршат абортус, ама ќе видиме како ќе биде.
14 ден од киретажата денес вчера имав болка во десниот јајник мислам не беше целовремена туку на моменти како да ме гореше нешто. Дури и ногата десна ми се вкочи, со ибу од 600 се смири болката , денес тапа болка имам не знам што може да биде ? Крварење немам денес послабо за разлика од вчера и претходните денови само кафенки остатоци при бришење на тоалетна.
После тие 14 дена крварење т.е лигавење, кога да очекувам прва менст? бев на контрола се е во ред докторката кажа дека секогаш е различно кога ќе дојде прва менст. но да чујам и од ваше искуство?
Мене гинекологот ми кажа оти ќе добијам 5-6 недели по киретажата, јас добив 23-ти ден. После спонтан кој помина без киретажа, добив 46-тиот ден. Мерам температура наутро и гледам дека додека не ми падне на (речиси) нула бхцг, нема овулација, ни менструација. Не знам дали практикуваш некој начин за утврдување на овулација, ако не, тешко е да се одреди кога ќе добиеш сега.
Ништо не практикувам, уште со тоа ми фали да се мачам и оптеретувам чисто онака сакав да знам како оди.... доволно ми бешентраумата што ја поминав.
Знам како ти е. И ич не се замарај. Јас мерам температура долги години и веќе ми е навика од која не можам да се откачам, за жал.
Се јавив во Чаир, само ми рекоа да дојдам од сабајле во понеделник, на гладно и работава кој доктор ќе биде на работа веројатно да ме прегледа. Немам од каде да дознаам повеќе информации, може ли некој да ми ја објасни поубаво целата процедура, јас сакам да правам абортус со вакум со целосна анестезија, колку би чинело тоа, што претходи на абортусот и после него?
Оди си на киретажа и мирна глава. Таблетите не гарантираат целосно чистење, може на крај пак да завршиш на киретажа, а да не спомнувам како ќе ти влијае на психата, па и болките и крварењето со таблети ,......
Здраво..... Абортусот сам по себе чини 12000 ден, конкретно во Плодност Битола. Прашањето ми е .... Дали тоа е сѐ или даваат и некоја терапија после интервенцијата? Фала