Треба да биде прва опција доколку е ризично по животот на мајката или самото бебе! Или доколку станува збор за силување. Убиство може да кажам дека е кога би бил плодот оформен убаво после 12-15та недела освен доколку не се работи за ризик. Твое право е дали поддржуваш абортус или не, но секоја жена има право да прави што сака со своето тело. И тоа не ја прави помалку вредна од друга која одлучила да го зачува, а нема услови.
Како бе кој се фатил на оро ке си го доигра? Првин, никоја доброволно не се нафака да ја силуваат,доколку затоа станува збор. Друго се ужаснувам кога овие коментари доагаат од друга жена,затоа што како жени знаеме (или претпоставуваме) кој пат и кои промени ни се случуваат додека донесеме дете на овој свет. Се ужаснувам од вакви размислувања во 21 век.Без разлика кои и да се причините,силување,финансии,аномалии,секоја жена има право на избор. Генерално како народ многу сакаме да осудуваме, ако абортира убиство е,си го убила нероденото дете.Ако го роди,а нема финансиски средства ништо да му овозможи,кај и бил паметот пред да го роди.Ако го чува сама, што мислела како ке го чува без татко?! Сите правиме грешки,имаме искушенија,ама имаме и право на избор. Секогаш!
Прашај некоја девојка која тежина носи, и ќе добиеш одговор. Јас не знам како ви се пишуваат вакви работи,ама тоа е,суровата страна на светот. Фаќаш патот и бегаш што дајле од луѓе со вакви ставови.
За ваквите подобро е да се чува дете без воља и да се малтретира па некогаш и без храна да остане дали силувана или не исто им е, но се додека не се осети на свој грб кога ќе осети како е ќе го смени мислењето дека не е само да се роди тоа дете по секоја цена.
Да, верник сум. Не ме разбра. Со тоа кој се фатил на оро ќе си го доигра мислев на тие што доброволно одлучиле да имаат интимни односи (а и покрај тоа знаат што се случува кога не се внимава) и доаѓа до бременост кај жената. Ете на тоа мислев. И секако дека секоја жена има право на избор, ама постојат и лоши и добри избори. Сепак секој со своите избори и мислења.
Добро, зошто ве боли патиката дали некој абротира, или не? Ако ти не сакаш да абортираш, не абортирај, ама не му кажвај на другите како да праеле и шо да праеле! Си земате за право, нешто кое не ви следи!
А во која света книга пишува дека абортусот е убиство? Зошто ако се повикуваш на тоа животот почнува со првото дишење надвор од телото на друг.
Чекај па ти сега доаѓа она интересното,буричкање прсти кај што не треба. И по 20 години студии нема да научат како функционира женското тело и каде не треба да буцкаш најјако. Е сега тоа што останала бремена мора да го роди,жената е крива. Мажот е иначе само “жртва” што не знае да го држи во гаќи. Траги-комично,читај и крсти се.
Абе каква 'Света книга', какви црни камења!? Бибилијата е пишувана пред повеќе од 2000 години. Размислете како живеле и колку се разбирале од човекови права тогаш. Луѓе кои верувале дека каменување е 'фер казна', ви се рефернца за животот во 21иот век, кога луѓето одат на екскурзии во орбита околу планетата?!? Дајте ви се молам... Спиритуалноста е многу значаен сегмент од сечиј живот... Ама не се повикувајте на 'правилници' кои ги пишувал некој маж пред 2000 години. Стварно нема смисла.
Според мене е одземање на живот, не знам зашто се осеќате повикани да одлучувате кој какви ставови да има у животот и у што да верува.
Прифаќам и почитувам да имаш принципи. Ама твоите принципи, само на себе можеш да ги применуваш, немаш право да бараш друг да живее по твоите принципи.
А кој ви брани да си верувате? Јас никаде не сум видела некому да смета верба, размножување и слично. Ама сум видела протести пред клиники за абортус, набивање вина, покажување со прст, зллупотреба на човек кога е максимално дестабилизиран и други одвратнотии. Има огромна разлика.
Го промени ставот веднаш? Имаш лајк на мислењето на @calm-girl Значи оправдуваш ако е силувана треба итно да роди? За малце ќе ти поверував