Супер ставот,браво. Не дај Боже ама сериозно не дај Боже тоа што го зборуваш и да се случи. И внимавај да не правиш грешки, секс строго со пилули и 3 кондома, за да не дај боже останеш бремена и ке треба да имаш избор како што многу жени се соочуваат. Или апстинирај најарно. Божја работа е секое дете, фала богу, ама па и да осудиш некој со милион болни операции пример,за да не направиш грев е нешто што не сакам да го коментирам искрено затоа што забегавме од темата.
Во центарот на опцијата за абортус е жената. Ти фетусот го ставаш над жив човек! Не си морална. Само си неинформирана.
Само да се надоврзам, единствена причина за абортус е несакана бременост. Никому не треба да му биде гајле дали е од силување, дали е поради неодговорен однос или дали бременоста е ризична. Нема „поморална“ причина за абортус.
Среќа советов твој не е добар па нема никого грев да го фати. Ако е дарба од Бога тогаш зошто не ги дарува оние кои навистина и со душа чекаат да забременат а се мачат со годиништа?
Какви верници имам запознаено, милина. Енергија боженствена, да обожаваш да поминуваш време до нив, те смирува нивното присуство, баш се олицетворение на Бог. Осуда никаква за никого, не им е секој втор збор, грев е ова, грев е она. И после имаш и вакви верници што мислат дека некоја посебна награда ќе добијат затоа што му се качуваат на глава на секого. Ништо не се добива за осудување, жал ми е дечки. Можеш да го филуваш, да велиш дека сакаш да ги спасиш неверниците, да велиш дека жал ти е за бебињата, ма како сакаш можеш да го спакуваш она што во суштина е осуда. Желба да се биде посупериорен од другиот. Ништо нема христијанско тука, само горделивост.
Верник може да ми држи предавање ако и само ако се придржува потполно според религијата на која припаѓа. Не може мене некој кој пуши, пие, се ебе пред брак, не се ебе само за расплод, има орал, анал, лаже, не дава пола од своето на сиромашни, работи у Недела, осудува, да ми кажува оти нешто правам што не чини според религијата. Кога некој ќе ја почитува максимално, тогаш може да разговараме. До тогаш се друго е л и ц е м е р и е.
Само секој да си гледа во својот двор е доволно. Јас мислам дека не би можела да абортирам. Ама можеби и ќе ми донесе животот некаква ситуација во која единствен излез ќе биде тоа. И да не е единствен излез, секој има право да прави што сака. И да е грев, на таа што го направила тоа е, не ваш. Не знам како ве засега што прават другите. Особено што абортуси се прават мнооогу, и ќе продолжат да се прават, било легално или не.
Абортусот е убиство исто како и секое друго убиство и немора да се гледа од религиозен карактер за да се прифати тоа бидеќи самата наука и медицина потврдува дека со самото зачнување веќе се формираат органи и душа (батерии за Атеизмот). Со откинување на тие органи или плод е исто како да откиниш орган од жив човек или да го убиеш. Не сакана предвремена бременост се прифаќа само доколку жртвата е силувана и тука слободно нека настапи правото за абортус (како што беше во Германија после војната, беа пријавени бремености од силувани германки од страна на американци и руси кои бараа абортус) но нее прифатлива предвремената бремеменост "заради задоволување на страстите" каде можело да се спречи несаканата бременост преку навремено умствено и физички реагирање при интимниот однос и преку користење разни заштити кои се достапни на секој чекор. За последново нема избор, штом при свест се направило ќе си го родиш и гледаш бидеќи си можел/а да го спречиш тоа.
Ти како маж имаш право на 0 (со зборови: нула) право на мислење поврзано за женско тело. Како што можеш да приметиш абортусот го опфаќа само женскиот пол, жените се тие што имаат 9 месеци бременост и жените се тие што имаат породилни болки.
Кој ќе ми кажи дали да го родам, освен самата јас? Кај е тука партнерот, мажот во сето ова, сама го прави жената бебето? Мажот има најмалку право да се меша во одлуката дали жената ќе абортира или не. Со тоа убиство само тоа цело време, дали знајш ембрион кога се развива?
Не, јас сум секуларен како и државата. Имаш право на избор - направи го никој не ти го брани тоа. Демократско опшество. Јас го произнесов мојот став бидеќи утре и јас можеби ќе бидам засегнат за истата причина како машки родител, таму каде што си можел/а да го спречиш тоа значи при здрав разум малце е нелогично, стави се ти сега на одлуката (жртва од абортус) која требале да ја донесат твоите родители.
Господе кој его трип. Маж никогаш нема да знае како и е на жената кога е бремена и низ што се треба да помине. Има неколку работи во кои не сте засегнати, а тоа е правото на жената да одлучи дали и кога ќе донесе нов живот. Смалете доживљај малце дека сте компетентни и во оваа тема да дискутирате.
@quattro Воопшто не е како убиство на жив човек, затоа што плодот во утробата буквално преживува од телото на жената. Што значи дека е дел од телото на жената, за кое таа самата одлучува. А, ако веќе имаш став дека плодот е жив човек, зошто тоа зачнато со силување ти е помалку човек? Тоа е доказ дека и ти самиот си знаеш дека не е така како што велиш ама ете, жена која има секс за задоволство не се совпаѓа со твоите морални вредности.