Кога цитираш, те молам цитирај го целиот коментар бидеќи правиш забуни на другите. Да, кога сме во век кога сее достапно многу едноставно и брзо можиш да се едуцираш во научните, религиозните и другите видови на толкувања. Да се вратиме назад, секој има право на избор за СЀ!
Си го едитна после мојот одговор, а и ништо паметно нема да пропуштат за да бидат збунети. Бидејќи не даваш конкретни научно истражувачки докази, можам да кажам само дека Стојко не треба толку да мисли за работи што не го тригираат него. Во ера на прекрасна и релевантна литература точно знам од каде сум едуцирана, и на моја среќа веродостојна ,а не фиктивна.
Не е тоа pro-life, туку pro-birth. Битно е да се роди детето, не е битно каков живот ќе има. Да беше толку битно немаше да има куп деца по домови без родители. Никој не се запрашува за нив, битно е да се биде против абортус, битно е да ѝ се ограничува слободата на жената на секакви начини. Никогаш не било за "правото на живот". Спојлер Поздрав до мажите што мислат дека имаат право да кажуваат и/или одлучуваат за абортус:
Пак не кажа зошто по силување жената прави помал грев ако абортира. Помало убиство е? Црквата не прифаќа 'заштита'. Кондоми на пример. Не знам за коитус интеруптус. Членката со бог на уста пак не кажа дали ин витро е божја или небожја постапка. Дека нели бог создава .. Колку сте лицемери само...и не , немам абортирано.
Па не кажа зошто нема аргумент. Се научиле две реченици и сите истите ги кажуваат во варијации. АбОрТуСоТ е УбИсТвО!
Зошто дете кое е зачнато од силување ти е помалку човек од дете зачнато поинаку? Дали е исто да се убие фетус кој настанал од силување и да се убие 3 годишно дете чие "татко" е силувач (пупу)? Значи признаваш, фетус сепак не е жив човек? Фала пријатно.
Зошто ги мешаш религиозните толкувања, што ме засегаат мене? Тоа дали е поголем или помал грев си има кој да кажи. Мене ме интересираат пред и после какви ќе бидат: фактите, чуствата, што се случува со психичките и физичките болки, колебања, каење, солзите тажни или радосници, научните аргументи, религиските, атеистичките свафаќања и др. Едноставно човекот во каква ситуација ќе биде пред и после.
Факт е дека животот започнува при концепција.Буквално часови се во прашње кои се потребни за да се предодреди целиот живот на плодот кој треба да стане човек.Понатаму, секоја наредна фаза од неговиот развој е само различен стадиум, што не го прави помалку жив туку укажува до каде стигнало со развивање.Зависноста од утробата исто така не го прави неживо.Многу е игнорантно за ваков прекрасен процес да се прочита дека сето тоа е некаков склоп од клетки што си дремат во матката. Имам многу пишувано на темава и малку ми се променети ставовите, ама стојам на тоа дека абортусот не смее да биде забранет.Бидејќи забрана за абортус е само оправдување за контрола врз жената, а не дека на државата ѝ е гајле за децата.Бидејќи не им е.Понатаму, има состојби кога мора да се спаси животот на мајката и тука абортусот е едноставно неопходен.
За да не има деца по домовите, постојат разновидни заштити за време на однос а не само да се задоволат страстите. Човекот - мајка, татко, фамилијата
Жената што сака да абортира и е одлучна за тоа, после абортус осеќа олеснување. Што мислеш ти, после абортус ќе седне и ќе плаче и ќе се кае? Грешка си. Започнува со формирање и работа на срцето, а тоа е 6та недела
Не те прашувам кој ја создал. Те прашувам кај се наоѓа и како изгледа душата. Исто како да те прашам каде се наоѓаат и како изгледаат ушите.
Еден ембрион почнува да се смета како фетус +70 денови откако е извршено зачнување. Значи, ембрионот не е во ниту еден случај „жив“. Еден фетус пак, не може да почувствува ништо до 5.5 месеци. Ова се биолошки факти, а не рекла казала. Како некој што многу сака биолошки факти (ти) ова би требало да го знаеш.
Ти како машко може да го спречиш со тоа што ќе користиш заштита и ќе го вадиш на време. Ако не си го направил тоа после не те засега ништо околу иднината на жената чиј живот фатил друга насока поради твојата неодговорност.