Ова се премногу зборови за само да кажеш дека немаш појма што збориш на темата. Гугл е бесплатен, побарај факти и митови за абортус. Друго, немаш право да кажуваш дали се прифаќа нечија бременост, дали да абортира или да роди, се додека ти не затрудниш и си збориш за себе, а не верувам дека во блиска иднина ќе можеш.
Токму така, со тоа што они го направиле зошто треба на жената животот да ѝ оди во насока во која не сака. Знаеш колку често машки не го вадат навреме намерно за да не случајно ги остави женската? И тоа без никакво предупредување, разговор или согласност, и ова е според мене силување на еден начин, манипулативна уцена за да те контролира некој мочко.
И ова не сум го знаела дека црквата не одобрува користење на кондоми?!! Уште поголем доказ колку црквата ги гази жените, не е проблем ако умреш од гонореја значи, сѐ додека протнуваш 100че во раката на попот дури му ја бацуваш, ќе одиш горе
Јас те прашувам што го придвижува телото? А зошто пред да имаш однос не му поставиш ултиматиум на партнерот доколку нема заштита - нема однос? Јас немам грижа на совест бидеќи од тоа што го наброја воопшто ниту едно не се случило бидеќи сум немал односи до сега и напразно само ме осуди. Јас ставовите ги кажувам од мое лично гледиште, од тоа што сум читал, разговарал, од етички аспект.
Штом не се случило не знам што бараш на темава, совет? Мислам дека треба да оставиме овде простор за совети и опции на засегнати членки кои сакаат да се информираат или да споделат искуство околу абортусот, а не да се полни со осуди, дефиниции, религии, филозофии, за сето ова од етичка гледна точка има мислам тема во оддел Религија или таму негде на форумов.
Ништо не е 100% заштита освен апстиненција. А немаме секс само за правење деца, туку за задоволство. Тоа што би бил нелегален абортусот нема да направи да престанат да абортираат жените, само ќе го направи сето тоа многу понебезбедно.
На прашање кое било на почеток поставено пред да го постави соговорникот неговото прашање, требало првин да одговори на веќе поставеното прашање а не да го игнорира. Бек Ап.
Процесот е неверојатен и магичен како што кажа, но и самата знаеш дека тоа се клетки кои почнуваат да се размножуваат една од друга па се формираат, групираат се додека не се оформи нешто што наликува на плод. Учевме ова хисто и тебе треба да ти е по свежо.
Репродуктивно силување е. Само кај нас нема закон кој го покрива тоа. ------------------------------ Место да зборувате за правата на фетусот, дебатата треба да ја префрлите на правата на жената. Фетусот нема права. Фетусот е паразит.
Не би го нарекла паразит , иако растегливо дефиницијата можеби може да се примени. Сепак самите си го внесуваме тој 'паразит' Иначе , да му одговорам јас на членот, што го придвижува телото. Мислата, преточена цо нервен импулс до мускулите . Исто , автономниот нервен систем, за активностите на внатрешните органи и неволните процеси. Се е диктирано од тие 100 милијарди прекрасни клетки во главата. Хааа , која замена на тези. Еднаш се грижите за ембрионот, еднаш за мајката и таткото. Ако еден ден се дојде до сознание дека фетусот доживува ужасни болки при доцен абортус, ( ембрионот секако не), и јас ќе бидам против. Но . Дотогаш , своите мислења ќе ги чувам за себе, ако тие вклучуваат блатење на непознати ранливи луге . Без провокација од нив.
Друже,селективен ти е коментаров. Прво велиш дека абортусот е убиство како и секое друго.ОК, не се слагам но тоа е твое мислење. Веројатно нешто во стилот дека тоа дете во утробата не е виновно за лошите одлуки на мајката (затоа што ПОСТОЈАНО мајката е причината,таа има неконтролирани страсти,таа не се чува...партнерот од никој од вас неподржувачите на абортусот не го споменува) Ама тогаш те молам немој да бидеш селектривен дека ако е плод на силување треба да се абортира. Па тоа „ бебе“ (на наводници затоа што не сметам дека е живо суштество) не е виновно што некој се решил некоја да силува?! Како за едното е убиство затоа што мајката не се контролирала, а за ова не е убиство?! И во едниот и во другиот случај бебето е живо и не е свесно на начинот на неговото зачнување. Малку лицемерно ми е размислувањето. Друга работа,како што веројатно си информиран 100% заштита освен апстиненција нема бе друже, така да би требало да имаме секс само за да се размножуваме. И последно,зошто постојано верата ја користиме за морализирање на оваа тема?! Па според верата не треба ни да имаш секс пред брак! Зошто тогаш не се повикаш на тоа ?! И тоа што највеке ме изидитира од твојов коментар е ЌЕ СИ ГО РОДИШ И ЌЕ СИ ГО ГЛЕДАШ ! Жената сама ќе си го роди и ќе си го гледа? Што доколку партнерот не се согласува со тоа,како во многу случаи до сега?! Пак нели сама треба затоа што самата е виновна,да се чувала доволно тој сиротиот немало да заврши работа во неа,така да веројатно и тој е жртвата. Абе ми се поврака од вакви двојни стандарди кои ги имате. Доста веќе со навредите кон жената. На крајот, те молам добро информирај се кога кај ембрионот се создаваат органи и сл, или најарно консултирај се со лекар за да ти објасни подобро ,затоа што инаку трескаш глупости
Тоа што емотивно се врзуваме со плодот, не го менува фактот дека функцијата на фетусот е паразитска. Се храни од 'домаќинот'
Баш заради тоа и го имам до некаде променето мислењето. Во моментот кога ќе се формира зиготот се предодредува и иднината на тој плод.Дали ќе има плави очи, дали ќе биде висок/низок, дали ќе биде посензитивна личност, дали ќе има наследна болест...цел тој "план" понатаму се реализира низ различни стадиуми на развиток, од ембрион до целосно оформено бебе.Затоа и арбитрарните датуми кога може да се нарече живо ми се исклучително глупави, бидејќи со самиот факт што нешто започнува да се репродуцира ја добива и карактеристиката на живо.Така е за сѐ во природата, не може ембрионот да биде исклучок. Не викам дека треба да се забрани абортусот, фала богу далеку од тоа. Реков, на државата не ѝ е гајле за живите деца, не па за неродените.Абортусот може да се дискутира од морални причини, ама сметам дека кога законски ќе се забрани е исклучиво за контрола врз жена, не за некаков морал. @staycalm те тагнувам за да не пишувам две мислења.
Жената е Џезабел! Вавилонска курва! Лилит! Мажот е 'само заведен' Полесно им е да се прават малоумни, отколку да преземат одговорност за своите постапки. @quattro знаеш за мене кога ќе биде валидно мислењето на маж, во однос на бременост, раѓање, абортус? Ко ќе можи тој маж да забремени и да одбира дали да роди, или да абортира. До тогаш, немате никакво право да дебатирате за проблематикава! Оди сега онаму на Религија коментирај, та и ти, та и жениве кои во тема за абортус цитраат делови од Библијата. Овде не е место за таков муабет. И барам модераторите да го контролираат ова. Ко за промена, темата да биде за жените и нивните репродуктивни права. @RainBow
Потполно се согласувам, на мажите не им е местово го темата. Затоа што освен осуда, ништо друго не прочитав
Функцијата не е паразитска, функцијата е физиолошка, од 2 солитарни клетки се намножуваат милијарди . И бебето е паразит ако цица, а ако не цица , не е. Сенслес мач? Не зборам за емотивно поврзување туку за тоа дека паразитот ти се 'закачува' за тебе и те цица и уништува,а плодот иако не расте надвор од тело, не е дека си шетал, си барал, и чап, ево жртва... Ама ако ти звучи соодветно, ок е. Јас не го викам паразит,ниту оној плод што ќе го абортираат. Не го сакаат, од разни причини, и толку. Не скокнал тој од прикрајка врз мајката и се уштекал за неа.
Па и фетусот се храни од тебе и ако не надоместуваш железо, витамини, калциум... доволно храна впрочем... ќе те убие. Баш емотивниот фактор е она што не ни' дозволува да гледаме на фетусот како на паразит. Оти звучи сурово.