Не знам дали е реалност или монтажа, дека има слики и од baby shower ама раперов е хит на социјалните мрежи со трудничкиот стомак. Во денешно време каде медицината е доста развиена се е можно. Спојлер
Well, no. Ако е така, ниедна жена во земјите со глад нема да може да роди, оти сите ќе умираат дека фетусот ги исцедил. Не е така, ама ако тебе ти одговара, фајн . Ко што ти велам, и бебе што цица се храни од тебе,па не е паразит. Не е тоа дефиниција за паразит.
Не е реално труден Го прави ова за шоу и маркетинг, да привлече внимание и да го претстави новиот албум. Албумот му бил "како дете" па овој буквално го претстави така.
Не не е така.Паразитарна функција е која еден организам се "прикачува" за другиот само за негова придобивка, а другиот трпи и се оштетува, а може и да умре.Нормалната бременост не го вклучува ова.
@WildMk не е паразит зошто прво паразитот никогаш не е од ист вид како домаќинот. Паразитот сам напаѓа, а телото на домаќинот пробува да го отфрли, во бременоста ние создаваме плацента која го храни, не си зема сам фетусот ништо. По никоја дефиниција не може да е паразит. Во некои земји кај што е забранет абортусот, да се модификува треба, кога веќе мора да родат, а не сакале, да им се дадат бебињата на татковците да ги гледаат сами, потпишувам со две раце дека преку ноќ ќе станат либерални.
И да не сакам да родам, гарант нема да му го дадам на некој ако нема интерес и ако не верувам дека ќе биде добар родител. Е сега, као мисловрн експеримент, има поента. Факт е дека онаму каде што е забранет абортус , сепак има абортуси. Мене не ме допираат дежурните 'душебрижници' , оние кои менуваат закони се вистинските оаоби кои можат на полошо или подобро да сменат. Пример Тексас. Овие што на фемина глумат совесни, се налик на комарец. Досаден,ама ако не ти пренесе Нилска треска или маларија , ќе.пробаш да го сплескаш само и ќе продолжиш да спиеш.
Професорка по педијатрија на првото предавања, првата реченица беше "плодот во утробата на мајката е најголемиот паразит" и многу убаво се сеќавам на таа реченица.
Треба веќе да знаеш дека повеќето професори се субјективни кога кога предаваат. И повеќето субјективни мислења са многу далеку од издржани научни факт. Фетусот не е паразит. А мажите додека не почнат да раѓаат, можат само да хабат заби со празни муабети како последната одлука е нивна и дека нивното мислење значи.
Неколку мислења наназад кога пишав дека фетусот во утробата зависи од телото на мајката сакав да пишам ко паразит ама се воздржав. Мислам секако сметам дека не е така и професор не би требал да го каже тоа на предавање, ама дефиницијата горе-доле се поклопува.
Го кажа тоа компаративно, секако после тоа следуваше дискусија и објаснување, a кој не знае може да прочита дека ембрионот се споредува со паразит и многу убаво е објаснето зошто е тоа така.
Ако сакате да дискутирате за абортусот од религиска гледна точка отворете нова тема во Религија, не е тука местото. Мислењата се избришани и зашто потекнаа од препукување и расправии. И без навреди само. Темава е за дискусија за или против абортус, за клиники, цени и друго поврзано со абортус има друга тема. Убаво би било да беше и во реалноста така, да забраниме на мажите да имаат мислење за абортусот, да не смеат да гукнат во врска со абортусот, но, како што знаеме, законите претежно ги носат мажи. Така што и нема некоја поента тука да им забраниме да дискутираат, ништо не сме направиле со тоа. Подобро да дебатираме. Продолжете со он топик дискусија и без навреди.
И претходно некаде пишував. Еден многу познат факт: Една жена во една година може да има секс со 100 мажи, но сепак да износи само една бременост. Додека пак еден маж, во една година може да има секс со 100 жени и потенцијално сите или повеќето да затруднат. Потсетете ме, зошто сеуште во овој прост и глуп 21ви век се дискутира за правото на абортус воопшто? Кватро дарлинг, @quattro и сите останати душегрижници за нечие друго тело, зошто вие толку многу да ми се секирате за сиротите убиени ембриони, кога вие како мажи можете тоа да го спречите. На пример кватро, ќе си направиш вазектомија, која е реверзибилна до моментот кога ќе си доволно ментално и финансиски спремен за дете. Чим како мажи толку ви паѓа тешко за убиствата на ембрионите, почнете петиција за вазектомија на секое машко дете од раѓање. За танго се потребни двајца, нема што целата одговорност да е на жените, при тоа некој таму од страна ќе цица палец дур оправа дека абортусот е убиство. Еве мажи, ова е ваше време да покажете дека навистина ве заболе патак.
Да. Толку е едноставно. (Не се убива никакво бебе, туку се отстранува фетус, btw.) Не мора ни да е силувана, ни да има некоја друга потресна приказна како „оправдување“. Непосакуван ризичен и болен процес во телото се прекинува, that's it. Ако не ти е сфатливо тоа, не ти е местото во медицина, особено гинекологија.
A kaj se mazhive vo prikaznata 'ke si go rodish i gledash'? Zhena ne mozhe sama sa zabremeni. Znachi za da se sozdade bebe potrebno e jajce kleta i spermatozoid, kolku shto uchestvova zhenata vo proces na sozdavanje, isto tolku i mazhot. Bebeto ne e obvrska na zhenata. A, abortusot e samo nejzin izbor, bez vashe mislenje zaradi toa shto ona e taa shto ke go nosi vo sebe, sho pretrpuva mnogu promeni vo i posle bremenosta. Sho praime so onie "mazhi" koi koga devojkata ke im kazhe deka e bremena, begaat od odgovornost? Treba ona da go rodi i sama da go gleda cel zhivot?!
Жена во Европа во 21 век починала бидејќи согласно со драконскиот закон за абортус во Полска, докторите одбиле да ѝ пружат соодветна и навремена помош пред плодот со фатални малформации сам да умре. Вакви се последиците од патријархатот и мешањето на религијата како негова најсилна алатка во државата и законите, ова се случува кога правата на ембрионот ќе се стават пред женската автономија. Анти-абортус политиките потенцијално ги загрозуваат животите на сите бремени жени. #NotEvenOneMore
Од сепса да ти умре родилка во 2021... В У К О Ј Е Б И Н А. Куче да е, ќе извадат све живо и диво и ќе го спасат. Срам и брука се овие гревовиве, безмозочни суштества.
И после ова некој пак да се залага за анти-абортус закони, да го прави ембрионот побитен од самата жена во која расте, па треба ептен да не е нешто во ред со него. Sorry, not sorry. Жално за жената, таа си го однесе.