Нормално е, може да престане крварењето па пак да има минимален исцедок. На контрола кога треба да идеш? Обично за 10тина дена треба на контрола за да види на ехо дали е се во ред.
За жал вчера на прегледот точно на 7 недели немаше срцева акција, му престанала пред 2-3 дена плодот беше развиен како за 6 недели и 5 дена на мојата тага и нема крај не можам да си дојдам на себе, а прва бременост. Ми даде упат за киретажа во државна најдоцна за 7 дена а јас уште имам симптоми гадење, болка во гради, крварење од непца може ли некоја да ми каже кога ке ми престанат и дали да правам киретажа во државна искуства ваши или на приватно многу ми е страв после да не дојде до стерилитет, тромбоза и други компликации не можам да се смирам од друга страна немам многу време, исто така кажа можно е да прокрварам телото само да го исфрли плодот како спонтан абортус ама не знам дали да чекам 2 недели тоа да се случи со плод во мене кој не е добар да не добијам сепса, и бидејки сум 7ма недела не знам дали ке ми прават со апчиња, вакум или класична киретажа
Отиди уште на еден преглед за секој случај на приватно некаде, бар да ти потврдат со сигурност, да не е некоја грешка,
Оди на уште еден преглед се надевам дека е грешка. Знам дека ова што ќе го пишам не е добро али верувај подобро што се случило сега отколку во понапредна бременост тогаш болката е неопислива верувам и сега дека е така . До 22 недела абортусот е медикаментозен пошто се работи за мала бременост може и за дома да ти ги дадат таблетите. Откако ќе заврши абортусот побарај да си направиш испитувања. Торч тест, генетски, мутации после првата менструација кога ке ти заврши околу 25 /6 ден направи си и 4Д ехо за да се види внатрешноста на мајката и ако има некој проблем да го елиминираш за следна бременост .
Истото го поминав и јас. Те советувам да не правиш медикаментозен абортус, туку да си отидеш на киретажа. Се си има свои предности и маани, ама киретажата ја прават со целосна анестезија, не осеќаш никаква болка и за 2-3часа можеш слободно да си продолжиш со животот, притоа целосно ќе се исчистиш, додека со апчињата цела недела ќе имаш болки и крварења и на крај никој не ти гарантира дека целосно ќе се исчистиш, па ќе мораш пак на киретажа. Исто и кај мене одприлика 9та недела прекина срцето, а киретажата ја направив некаде после 10тина дена. Немав апсолутно никакви болки, после процесот си полежав околу 2часа во болница па си отидов дома и за да не мислам на тоа, сопругот ми предложи да отидеме да си купиме некакви нови садови и прибор за во кујна и уште истата вечер правевме размештај во кујната (ова го зборам затоа што сакам да доловам како немав апсолутно никаква болка и нелагодност, сосема нормално се осеќав). Наредните 4 дена имав оскудно крварење (не беше крв туку како бледо розева водичка), поминував со дневни влошки и никакви болки, си функционирав нормално (зборам за физички, а психички мислам дека не морам да коментирам како се чувствував).
Јас имав речиси ист случај, исто така прва бременост, дури речиси 1 месец не знаев дека бебето е безживотно во мојот стомак бидејќи немав ниту болки ниту крварење, а повраќањето и болките си продолжуваа, немаше ниту еден знак дека нешто не е во ред. Матичната веднаш ми даде упат за киретажа во Чаир. Се помина во најдобар ред, без никакви болки, а особено сум задоволна од љубезниот персонал. Отпосле немав многу крварење, но сето тоа е различно кај сите, зависи од индивидуата. Од стерилност и други несакани последици се плашам и јас. Прва бременост ми беше и се израдуваме многу, но така требало да биде, од тоа што ни е запишано не можеме да побегнеме. На нас ни препорачаа 4 до 6 месеци да не пробуваме воопшто за следна бременост, потребно е организмот да се врати во нормала исто така и менструалниот циклус. Бидејќи се работи за missed abortus (неприметлив абортус) подобро е да се отстрани плодот со киретажа. Со апчиња е подолг процесот, а за тебе е штетно бидејќи во себе носиш безживотен плод.
Исто и мојот плод немаше срцева реакција во 6-7 недела. Јас па лесно поминав со апчиња. 4 цитотек ги ставив вагинално, ме бутнаа да спијам и станав во болки (појаки) кои траеа два саати, после бев како ништо да не било, никаква болка. Крварев 7 дена и 7 дена исцедок. На 15ти ден на контрола се беше исчистено и вратено во нормала. Добив после 37 дена. Не можев ни да замислам да правам болничка киретажа, психички ќе ми беше мнооогу полошо. Твое е да си решиш, имаме најразлични искуства и не сме баш од помош. Важно е тебе да ти е полесно
Zdravo na site. Na 02.01 imav spontan abortus bev 10nedeeli. Na 01.02 dobiv menstruacija traeshe 15 dena. Denes dobiv pak dali moze da mi dadete nekkj soveti dali e toa vo red ili.. Vi blagodaram odnapred..
Мојата сага продолжува веќе 3 ден, денеска бев во државна ме исплашија ми кажаа дека немам плод воопшто (а до вчера имав на ехо ме гледаа и вчера и завчера не знам дали може за еден ден да исчезне лаик сум за овие работи) и дека имам моларна бременост за која читав дека е доста опасна и после неа треба период од една година пауза за бременост (што за мене е незамисливо имам многу луѓе околу себе кои може нема да дочекаат да ме видат со тоа второ дете а јас сакам и тие сакаат вака само разочарување за двете страни) јас дали 5 пати сум била на доктор во животот и здрава фала богу и се наеднаш од една бременост што за многу жени е добро за здравјето, за моето здравје може да биде погубно и фатално во најмала рака, сепак прва бременост ми е до сега не сум пробувала лесно останав трудна и се заврши најлошо со абортус и тотално ме збунија, не јадам со денови иам големи мачнини и гадење, имам ептен високи вредности на бета хцг, што е симптом на моларна бременост се се поклопува а јас се чудев што ми е, не можам да јадам воопшто ( како викаат здрав човек јаде, болен не, епа јас сум во таква ситуација буквално) ке одам на киретажа понеделник или среда дефинитивно и тоа е тоа не биле сите родени да станат родители мора да се помириме со судбината, многу лоши работи ми се случија за краток период толку брзо што се ми е како сон не ми се верува и сега животот го гледам на друг начин, мислев дека бременоста е нешто најубаво во животот но испадна дека може за некого да е најлошо, јас сум психички стабилна и веќе го прифатив и се помирив и ок сум со тоа сега веќе си мислам што може да ми биде поголемо достигнување во животот од мајчинството да се стремам кон тоа, извинете на лошиот редослед на пишувањето и речениците но сега тоа е најмалку битно.
Прашај доктор за тоа морална бременост ама не е ништо поризичен таков абортус за да мораш да чекаш цела година. Мене исто ми ги извадија ангелите со таа морална на крај сепак се излезе добро. Гледам многу пишувате дека ви е страв, дека после абортус ќе останете неплодни. Немој да се плашите ич! Јас ко помлада имав несакана бременост и некаде во 11 недела абортирав. Толку сакав да се отарасам од тоа бебе што искрено не знам ни дали беше 10, 11 или 12 недела. Тогаш беше уште со локална. После многу години на возраст 30+ еднаш, само еднаш не пазевме со партнерот и останав бремена еве 5ти месец терам. Чувајте го здравјето, редовно посетувајте гинеколог, а за абортусот ич да не ве секира за во иднина. Секоја втора трета жена го имала.
Настрана ова треба да посетиш и психолог. Мислам дека во моментот ти е ептен нарушено психичкото здравје. А за бременост нема правила, и баш после абортус се поголеми шансите за бременост. Останување на стерилен после абортус е можно ако има компликации од абортусот, ако не е изведен стручно, пример на црно, во нестерилни услови. Друго не можеш да си поставуваш такви услови дека мора да останеш бремена за да те видат со дете. Не е здраво за тебе таквото размислување. Си правиш непотребен притсок. Фокусирај се моментално да се среди оваа ситуација, барај второ и трето мислење ако треба. А лекар ќе ти каже дали треба пауза и колку а не од читање на нет.
Odi si na mislenje na privatno.kiretazata ti e spored mene podobra solucija.jas imav spotan vo 7ma nedela ama prirodno sama se iscistiv,eve mesec dena ima pominato jas seushte nemam dobieno .isto mene plodot mi zaostanuvase,ama i prvata bremenkst od start mi ja vodea 1 nedela ponazad,pa 2 za na kraj za 5 nedeli da bide ponazad(nivnite merki se edni a sekoe telo e razlicno,jas sum premnogu sitna). Nadez nemoj da gubis kje se opravish za nekoj den,pa zdravje kje se druzime vo trudnicki