Алал да им е. Браво. Кај мене тие помлади се малку повозрасни 20+ и им се чудам за некои моменти, но знам дека не се сите такви. Има разбудени меѓу сите. Е сега разбудените колку гласни ќе бидат е прашањето Ме пресмеа со едитот. Знам дека ништо не знам , АД Платон. @Die young , по абортусот докторот зарем не ти препиша веднаш антибиотици и тие другите лекови за да се превенираат вакви инфекции? Сепак си имала нешто како операција. Фармацевтот требало да ти каже за редоследот, но јас пак мислам да си се провериш на лекар, не го оставај така, не е којзнае колку честа појава. И прашувајте си се' чоек, јас за секоја ситница досаѓам ама не сме општество навикнато на непрашано се' да објасни. Се надевам брзо ќе закрепнеш.
Zdravo sto bi mozelo da znaci rozov vaginalen iscedok pomina veke 1 mesec posle medikamentozniot abortus i uste nemam dobieno menstruacija
Ми каснеше 10 дена менструацијата, купив тест и испадна позитивен и дознав дека сум во 5та недела. Несакам бебе а и не сум спремна од октомври започнувам на фалкутет а несакам да одам вонредно. Не му кажав ни на дечкото затоа што знам дека тој ќе сака да го задржам ама јас стварно не сум ни физички ни психички спремна за толку голема обврска. Дали можам да направам медикаментозен абортус и дали воопшто ги има апчињата во мк и како му се движат цените? Или какви други метпди на абортус има? Под голем стрес сум неможам на никој да кажам ве молам за помош
За се ке се консултираш со гинеколог. Во рана бременост си и веројатно може со апчиња, друга опција е класичен абортус. Што и да правиш мора да е под надзор од лекар. Со лесно.
Прво, многу е нефер да не му кажеш на дечкото, тоа е и негово дете. Верувам дека многу ти е тешко, особено затоа што си млада и неподготвена за тоа ама како и да е, треба да му кажеш. За останатото консултирај го матичниот гинеколог, нека те упати понатаму што да правиш. Немој никако да правиш нешто на своја рака и на тој начин да си го загрозиш сопственото здравје, има решение за сè.
Нејзино тело, нејзина одлука. Ако дечкото ја напнува да го задржи а таа не е спремна само ке има недоразбирања. Ако се еден за друг, ке имаат бебе кога ке е спремна.
За мене една врска претставува искреност и разбирање. Така што фер е таа да му каже, а тој секако да ја разбере и да се договорат што понатаму. Секако дека одлуката треба да е нејзина, бидејќи е нејзино тело ама јас не би можела да продолжам понатаму со истиот човек од кој сум скрила такво нешто. Тоа е мој став и мислење, а секако секој има право на свое мислење.
Да во право си дека треба да знае само што и јас уште размислувам на се и процесирам што ми се случува и уште не сум спремна на глас да го кажам тоа. А знам тој нема шанси да ми даде да абортирам затоа што е против тоа ама јас мислам и на тоа како ќе ми влијае на иднината а со дете и фалкутет баш и не оди
Те разбирам, во шок си и ти треба време да ја прифатиш ситуацијата. Разговарај си со матичниот гинеколог за опциите за абортус па потоа одлучи како ќе постапиш во целата ситуација. Со среќа и со лесно
Колку години си? Консултирај се со гинеколог, ти одлучуваш за твоето тело, ама сепак треба да му кажеш, тое не е ситница која се занемарува. Се надевам ќе најдете решение.
имам 18 планираѓ утре да одам на преглед со дечкото незнам како ќе се разбереме затоа што кога не ми дојде и кога ме праша што ако сум трудна и му реков дека ќе сакам да абортирам и остави коментар као дека ќе ме остави ако го направам тоа и сега многу се плашам незнам како што ќе биде
Нека те остави, услуга ќе ти направи. Не може да те тера со сила да родиш ако не сакаш. Твое тело, твој избор.
Премлада си, но не значи дека доколку сакаш и се одлучиш да продолжи бременоста, нема да успееш во животот. Иако би ти било ептен напорно, сепак можеш и факс да завршиш, со поддршка од дома, дечко, ќе успееш, млада си. Но, доколку не си спремна, не зе осеќаш доста зрело за дете, финансиски не сте стабилни ни двајцата, он е на пола пат, ти ни почната,нема кој да то помага, тогаш те разбирам доколку сакаш абортус, но мора отворено да разговараш со дечкото и да бараш разбирање, доколку не го добиеш.. животот оди понатаму.