Твое тело е, твој избор. Родител се станува и по твоја желба а не само по желба на партнерот. Нека те остави. Не ќе те тера со сила мајка да си, а ти имаш други планови за во блиска иднина. Начини има, ќе изберете со докторот, за друг пат заштита, па макар и пилули, ако имаш вака партнер што ти иде против твои желби.. Извини ама така е, не фер е од негова страна скроз ова однесувањево На секого може да се случи, збунета си сега, ама ќе мине
Фала ви за советите ќе разговарам со дечкото па ако немам подршка однего и сама ќе се изборам и справам сепак размислувам на сите околности
Здраво девојки, За жал треба да правам абортус бидејки бременоста не ми се одвива како што треба односно бета хцгто опаѓа, се работи за рана бременост па матичната ми кажа дека најубаво е со таблети па ме упати во државна. Дали некој правел скоро со таблети за да ми каже дали во државна ги има или да знае некој на друго место каде има ?
Му кажав и разговаравме отидов на гинеколог и се Разговарав со дечкото и прво ми рече размисли твоја одлука е несакам да те пречам во фалкутетот те подржувам во одлуката и да абортираш и да не. Отидов на гинеколог и се одлучив да абортирам и сега тој откако му кажав 360 се смени и ми рече дека ќе ме остави и дека ова не било љубов откако се убаво му објаснив зошто не сум спремна да бидам мајка и на таква обврска и да ме разбере како се чиствувам. Незнам како може вака да ми каже и да мисли само на себе а не на мене исто така ми рече несакал да биде негов гревот. Сега уште толку сум разочарана што немам подршка
Прво не се разочарувај, ако ти значи имаш виртуелна поддршка од мене. На слична возраст сме, те разбирам дека ти е психички претешко за да пребродуваш вакво нешто. Точно рекол дека ова не е љубов штом пробува да те манипулира и да ти ги измеша емоциите во ваков тежок и чувствителен период. Ама, за твоето тело и за твојата матка само ти смееш да одлучиш. Никој друг.
Рачунај да родиш и да се врзеш за него цел живот и цел живот да ти се заканува за секоја твоја одлука, која нему не му се допаѓа? Размисли како ќе ти биди, до крајот на животот со таков да се расправаш? Јас ќе го носам, јас ќе го раѓам. И за детето не чини да го родиш, а да не сакаш. Ќе се одрази на врската меѓу вас (мајка-дете)
Во твојот живот најважна си ти! Знаеш дека најмногу се менува животот на девојките кога ќе станат мајки, а за жал има такви дебили од татковци кои се тука само да го направат и после ги нема. Направи како ТИ што сакаш, не како тој. Ваква врска не е функционална. И да го родиш, после пак за други одлуки дечкото вака ќе се однесува. И прашање е колку тој ќе му се посвети на детето, да не биде само твоја обврска. Прави како ти што сакаш!
Остави го ти него штом немаш поддршка и штом тој нема разбирање за ситуацијата. Многу си млада и сигурно ти е многу тешко ама донеси си одлука што ќе е најдобра за тебе и друг пат внимателно бирај партнер и пред да се одлучите на ризични односи разговарајте како би постапиле во ваква ситуација. Со лесно и држи се, ќе помине сè
@Unicorn_ имаш целосна поддршка од мене за абортус доколку не си спремна за дете. Знам која е одлуката во врска со бременоста и со тоа гледам си на чисто, ама после ова треба да размислиш дали треба воопшто да продолжиш со овој партнер. Ти посакувам да си ги реализираш сите ТВОИ планови со образованието и кариерата па потоа да се радуваш и на деца.
Види колкава поддршка имаш тука. А и ако имаш блиска личност, би те поддржала сигурна сум. Дечко ти е себичен, само тоа ќе ти кажам. Не се врзувај за таков човек, нека те остави, неговото не е љубов а не твоето. Ако он те сакал, почитувал, ти ги знаел плановите што не пазел кога веќе практикувате секс без заштита? Имаш многу пред себе девојче, а овој жими дечко, освен за ова, за се ќе ти праи вака. Ти имаш веќе одлучено, не си спремна за дете и тоа е. Не ти треба некој додатно да ти праи стрес, туку да те поддржи. Дечко ти, за жал не е таа личност.
Башка што и на девојчето не и е сеедно што ќе мора да минува низ абортус сепак ќе се врши некаква интервенција врз нејзиното тело + хаосот од хормони, треба со овој да се докажува љубов што е и да го трпи сол врз глава да и трие. Глупак
Исто така НЕ Е ЉУБОВ некој да те тера да станеш родител а не си спремна. Не е грев да прекинеш рана бременост, грев е да родиш дете за кое ти е јасно дека не можеш или не си спремна никако да го чуваш. А партнер што сега си дозволува да те условува можам само да замислам што се ќе прави кога ќе те "врзе" со дете. Ќе останеш и без независност и без школо, а и без љубов и поддршка зашто вакво однесување не е љубов. Размисли си со своја глава, макар што ми се чини дека си знаеш што сакаш. Имаш време да се оствариш како мајка, и оваа одлука иако тешка, само ќе ти овозможи ЕДЕН ДЕН, КОГА ТИ ЌЕ БИДЕШ СПРЕМНА, да бидеш прекрасна мајка со партнер кој Вистински те почитува тебе и твоите потреби и одлуки. Да додадам: имаш поддршка од мене, како и сите што ти пишавме
Апсолутна поддршка од сите. Ти ќе си одлучиш што и како ќе правиш. Никој друг. Ни ние, ни дечко ти, ни мајка ти... никој Ти ќе живееш со последиците од одлуката, не ојле-дојле.
@Unicorn_ немој да бидеш смотана и да дозволиш некој да те манипулира, ПРЕМЛАДА си и имаш пред себе други нешта пред мајчинството. Овој хаос ќе помине за неколку недели, ако дозволиш некој друг да одлучува за тебе ќе биде доживотен хаос. Нормално, ако сакаш да го задржиш и тоа е ок, ама да бидам искрена не звучиш така. Поддршка и пишувај за што и да ти треба!
Devojki kako sto pisav abortusot mi bese na 2 avgust i seuste nemam dobieno menstruacija jas i pred abortusot nemav redovna menstriacija dali vo godinata ke doebiev 7 8 pati , posle abortusot imav odnosi posle 35 dena no bez zastita no ne svrsi vo mene , posle toa imav rozov vaginalen sekret mislev deka ke dobijam no nema uste nisto , Se plasam da ne sum pak bremena strav mi e da otidam na doktor ili da kupam test , posto posledniot pat koga odtifov na doktor ne ni odcekuvav da sum trudna , inaku nemam nikakvi drugi simptomi za rana bremenost samo so nemaam dobieno
После толку страв, мака и болка со абортусот, не знам како имате односи без заштита? Сами сте непријатели на своето тело и здравје.. Пак и изненадени сте ако испаднете бремени, ау..
Направи си тест ќе знаеш дали си бремена или не. Те препрочитав пак, претходно по твоја желба ти беше абортусот или неуспешна бременост? Ако не си сакала бременост требало да се заштитиш, ако ти е сакана бременост, ако си бремена може да е успешна иако телото веднаш не е спремно. Знам неколку случаеви после порагај веднаш останаа бремени, и тоа со царски породени па имаа успешна бременост. Јас на толку внимавање, исхрана, витамини па гледам ептен се офајдив. Некогаш медицината е ептен непредвидлива.
за ова не си во право. Јас кога одев на факултет една колешка во прва година одеше бремена на факултет. Наместо 3 го заврши факултетот за 4 години а кон крајот на 4та година пак остана бремена и идеше. Друга страна на приказната е дека си млада и поради тоа не сакаш и си неспремна да родиш. И тоа е во ред. Ама (ова не се однесува на тебе туку општо го кажувам) кога знаете да имате секс треба да знаете дека нa тој начин се зачуваат деца. Така да штом сте "влегле во тие води" би требало да сте и спреми на "последиците" Напоменав дека последната реченица не се однесува лично на членката. Јас лично безразлика дали на 18 или 20 не би абортирала. Па посебно ако дечкото го сака тоа дете.