Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    И комисијата не дозволува абортус толку лесно. Се испитуваат сите можности, разговараат со психолог, им се остава време да се размисли, и ако сепак не сакаат да го чуваат бебето, се оди на опција Посвојување.

    Одлука за абортус во толку касна бременост се потпишува ако, скраја да е, има аномалии плодот кои би се утврдиле со скринингот во 20-22 недела. Апсолутно не се дозволува во секој случај, и искрена да бидам, не знам ни дали абортусот во горенаведениот случај е направен легално.....абортирала затоа што мажот и` избегал од државата???

    Баш ќе прашам, оти ме интересира дали ваква „причина“ за абортус би поминала на комисија....
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А комисијата да дозволи да абортира затоа што носи женско дете????
    Ај оваа слепава што невидела дека мажот и се дрогира може имало бебето проблеми или комисијата утврдила дека е ризик за бебето???
    Што знам???
    Ама темава забега накај морбидности, абортус до 10 недела кога мора сум за.
    После законски дозволениот период се е УБИСТВО од егоизам. (со исклучок на медицински оправдани абортуси)
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Знам и ваков случај, 2 пати абортусите беа направени во 11та недела, кога со тестови утврдиле дека се работи за женско, а таткото сакал машко (не сум сигурна, ама мислам дека имал веќе 7-8 ќерки дома). Социјални случаеви, а сепак за тестовите за полот + за абортусот плаќал над 20.000 денари секој пат.
    Најстрашно е што преку разговорот со психологот увиделе дека тој уствари и` е лут на жена му, што раѓа само женски деца :D Никако не сакал да го прифати медицинското објаснување дека машкото го одредува полот, т.е. дека САМ СИ Е „КРИВ“ :D
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Тоа па најстрашно. Абортус заради лични желби и предрасуди. Примитивни луѓе како од 14 век во турско време. Синовите никогаш не можат да бидат такви лепотани, како што ќерка кога ќе порасне може да биде лепотица, нежна, мила... уф колку сакам женски деца.
     
  5. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ме расплака ...
    Верувам дека секој има право на избор... но нели ќе се сетиме на сите оние кои упорно, со години ги чекаат оние две цртички, паѓаат психички за повторно да станат некако, и да продолжат да се борат... Бог решил некого да го благослови, и тоа со најубавото нешто на светов... Нека избира секој, не судам, само сметам дека абортусот треба да биде нај нај последна опција...
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ова е жива вистина оваа девојка му е фамилија на мажот мој,немаме муабет со нив но сепак мал град сме све се разбира е сега колку е легален абортусот незнам тоа пошто мајка и работи како акушерка во нашиот град а ова се слуцувало во друг град.
     
  7. mmileni4ka

    mmileni4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    здраво јас имам едно прашање бев бремена пред 8 месеци забременив во декември касно откријав и абортирав у 10 недела се помина у најдобар ред но од тогаш наваму имам проблем кога имам секс мн ме боли стомакот во долниот дел со мислите вие дали е моЖно од абортусот матката да ми е слезена подоле и затоа ме боли ве молам за одговор :) :) :) :) :) :)
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за ова најдобро да се консултираш со гинекологот твој инаку ова не е прашање за зафрканција значи биди претпазлива со ссамото тоа што осеаш болка во стомакот ти укажува дека нешто не е како што треба да биде еден детален преглед на матката и се ке се разјасни
     
  9. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Кај нас во Македонија има се помалку родени деца а се повеќе абортирани. Абортусот е убиство на младенецот во утробата на мајката. Некои велат роди го па убиј го. Зошто се повеќе се одлучуваат мајките на абортус? Постои сериозна опасност за краток период да исчезнеме како нација, затоа што поголем е бројот на абортуси отколку на родени бебиња, кај нас повеќе нема наталитет, постои морталитет односно повеќе умираат од што се раѓаат, што значи секоја година се помалу и помалку сме на број. И уште еден податок да дадам дека овие податоци не важат и за муслиманското население, затоа што кај нив наталитетот е многу висок, според некои статистики што имам најдено Македонското население секоја година во просек се намалува за околу 2000, односно секоја година има повеќе умрени од родени за 2000, додека пак кај муслиманите во Македонија стапката се движи со околу 6000 повеќе родени од умрени на годишно ниво. Ако продолжи овој тренд наскоро треба да очекуваме дека ќе бидеме малцинство во нашата држава.
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    И пак истите муабети.
    Секако дека ќе има опаѓање на наталитетот, кога едвај крај со крај се сврзува, а не пак и дете да се чува.
    Која е логиката на пример јас да останам бремена, од љубов нели, да се омажам, а работа нема. Факултетот недовршен, за кој патем е фрлена голема пара, работа немам, ништо немам. А да, имам љубов. Ќе земам ќе продавам љубов на кило, може ќе заработам некој денар? :^) Можеби така ќе успеам да му купам за јадење на детето. Не е работата да го направиш и да го родиш, па цел живот да живееш на туѓ грб. Кога ќе застанам целосно на мои нозе, тогаш ќе родам дете.
    Јас СУМ ЗА абортус.
     
    На Hipster, Spidy, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Пораѓај или абортус

    Раѓање.
    Кога знаеш од љубов меракот да си го направиш,тогаш ќе знаеш и да го родиш..Според мене,абортусот е убиство-гледав клипови што всушност претставува постапката на абортус и како изгледа фетусот,колку е равиен,што чувствува и останав згрозена и натажена.А каде има за една уста-има и за две.
     
    На kjukli, friendy, Orthophill и 6 други им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ме вадат од кожа коментарите дека абортусот е убиство. Не, не е до 12тата недела од бременоста и тоа го имаат утврдено стручни лица од областа на медицината. Постои причина зошто е законски така! Па и после тоа, ако постојат аномалии кај плодот или ако постои ризик за животот на мајката, и ако сето тоа биде утврдено од лекар, подобро да се абортира, отколку цел живот да трпат трауми и мајката, и детето, и сите од семејството.
    Продавање лажен морал насекаде, да му се згади на човек. :x

    И покрај сите видови на контрацепција во денешно време се случуваат и инциденти, доста често. Може и апчето за ден потоа да не делува. И што сега, ќе раѓам иако немам работа, зависам од моите, незавршен факултет, немам поддршка од таткото на детето и општо сум во незавидна положба? Битно е да го родам нели, а каков живот ќе имаме и јас и бебето после тоа не е важно. Ќе се снајдеме. Љубовта е битна, од љубов ќе живееме, и под мост ако треба. ;)

    Значи мое тело, мој избор.
    И да е се во ред, и да сум во добра финансиска состојба, може да не сум спремна, ниту зрела личност за да чувам дете. Спремноста за секс не значи дека сум спремна и за одгледување деца. Треба да се разграничат некои работи. А од пропаганди како абортусот е ужасно нешто, абортусот е убиство итн. мислам дека нема потреба. Секој ќе си одлучи за себе.
     
    На Hipster, Noemi, fosil4e1 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Пораѓај или абортус

    [​IMG]
     
    На fosil4e1, Sherryl, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.899
    Пол:
    Женски
    Не е секогаш се црно бело драга, јас искрено не сум за абортус, никако, па сите живееме за тоа еден ден. Но прочитај во темата за трошоци за бебиња, колку кошта едно бебе, да не збпруваме за дете поголемо, не е дека каде има за една уста има и за две, ти можеби пиеш сок било каков, ама тоа малечко не може, тебе можеби америчкине батаци ти се топ, нему неможеш да му зготвиш такво. Пред се треба малку со памет да се влегува во животот на возрасните, а потоа да разграничиш, кои се твоите аспирации, кон што целиш ти. За абортус сум против, но за абортус од здравствени причини не можам да речам дека би било сеедно, никоја мајка нејќе да си го гледа детето уништено како расте.
     
  15. tantela

    tantela Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15

    јас го поминав терминот сега сум 13 недела ми останува само да одам на комисија што не верувам дека ќе ми дозволат да абортирам...целата причина за тоа е мојот мил дечко вереник или како и да го кажам,затруднел некоја си и таа некоја си сега е цел месец трудна пред мене,тоа го дознав кога бев 8 недела со тоа што можев да абортирам а можеше и она...ама не он беше цврсто убеден дека тоа му било грешка една единствена,дека животот сака да го помине со мене дека она ке абортира бла бла...и знаете љубовта е слепа поготово кога се борите за неа цел живот и кога им вртите грб на сите околу вас што се против...е сега сум сама на себе без ебан динар,без подршка од моите и плус уште една трудница што не сака да чуе да абортира..па вие кажете ми дали има излез од вакво нешто :worried:
     
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Епа јас секако сум против абортус но да се вратам на твојов случај кога веке прашуваш излез дали има од сето ова.Штом вереникот сака со тебе да биде и се кае за грешката одкоја произлегло невин живот,продолжете си со подготовките за свадба и исто како да е тоа дете од претходен брак ке му плака алиментација или какоке се договорите со таа жена.ЗНАМ дека воа звучи како да незнам колку ти е тешко оти си изневерена ама те разбирам дека си повредена.Но кога веке си собрала сили да простис ако се решела таа на абортус собери сили да го прифатиш фактот дека тој што ке ти биде маж згрешил и се кае но ете има последица -дете.Зошто ако постои решение за сетоова да плака еден невин живот.Во 13та недела тоа не е само фетус туку мало човече со срце кое чука со рачиња и ножиња :inlove: :inlove: .Макар што тие се живот уште во моментот на зачнувањето тоа е научно докажано.Се молам да ти даде Господ силада донесеш мудра одлука и да ти даде сила да простиш ако не за друго за детето,иако пак ке кажам ЗНАМ КОЛКУ ТИ Е ТЕШКО :*
     
  17. tantela

    tantela Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Ти благодарам за мислењето...и ако воопшто некој би ме прашал ова мало суштество ми значи многу повеќе од било што на светов...само што работите не се така едноставни како што изгледаат во напишаното јас би го чувала и сама би се помирила и со тоа дека постои друга жена со негово дете абортусот би го ставила на нај нај најпоследно место...само се плашам дека нема да можам да му обезбедам живот како што треба затоа што како што напоменав немам никаква подршка од моите ниту пак од некој близок друг.
     
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    За почеток нели може таткото да работи,од неговите немате поддршка?Апотоа и ти ке си се вработиш...Само запрашај се што би направила ако веке е родено детето и наеднаш ја губите работата и двајцата и немате поддршка од родители.Дали би го убила детето затоа што ке немате пари??Или би продолжила да се бориш и ти и таткото.Сега ке речеш тогаш веке е родено завршена е работата.Ама па и ова во тебе е веке создадено :!: како што и го нарече веке мало суштество што ти значи повеке од било што на светот.По муабетот веке се родил и мајчински инстинкт и мајчинска нежност кај тебе:$ Сигурна сум дека ако се одлучиш за абортус болката ке биде многу поголема одколку ако нема да му пружиш на детето живот каков што посакуваш ти.Секој родител мисли дека би можел и треба да му пружи на детето подобар живот одколку што веке му пружил барем повекето родители така размислуваат.А и од каде знаеш дека нема да има твоето дете таков живот каков што треба од каде знаеш што ке се случи? :) Животот е непредвидлив денес си доле утре горе и обратно.Со самото тоа што си му простила на вереникот покажуваш дека си СИЛНА ЛИЧНОСТ СО ГОЛЕМО СРЦЕ КЕ БИДЕШ ДОБРА МАЈКА :* :inlove: Нека биде Господ со вас :* :inlove:
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Beba, жити паметот шо го имаш. Си претерала со шпанските серии.
    Шо не ќе се изначиташ.
    Заради детето да се смирела да опростела. Абе шо. Јас немам право да живеам убав живот со маж којшто ќе ме сака? Или треба да страдам цел живот за детето битно да е родено, а покрај такви родители не знам колку би било среќно кутрото.
    Понекогаш е потребен абортусот и точка, не гледајте само напред како коњи. Колку гревови правите во животот, а сте се фатиле за абортусот.
    А каде што ви одговара да излажете и да судите тука нема врска дека правите грев. Тогаш нема гајле.
     
    На Ognenija и TennisBabe им се допаѓа ова.
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Нема да коментирам дали сум за или против абортусот, само едно ќе речам: ДЕТЕ НА ГРЕШКА НЕ СЕ ПРАВИ!